Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    И јас еден ден ги слушав како ме оговараат, кажуваа глупости..толку се нанервирав шо мислев срцето од гради ќе ми излези им појдов долу се исплашија ко ме видоа не знаеа дека ги слушам. Им кажав нели ви е срам бе. Сакате почит а каде е почитта од ваша страна? Нели почитта треба да биде обострана? Ви ги чистиме губрињата секој ден, сметките ви ги плаќаме ништо не ви преговараме и пак не сте задоволни. Одвај им го кажав ова, само прашуваа зошто сум им ставила сол во кафето(шо нема врска) на секој мој збор тоа го спомнуваше. Им се заколнив дека не го направив тоа и викам ако сум направила такво нешто нека ме тресни господ одма и стариот вика еми нека те тресни. Ко дојде золва ми ( и кажав што се случува оти сме блиски) лажеа за се што прават и имаат кажано. И јас им кажав ако мислите дека сте во право за тоа што го правите оти не ја кажите вистината, оти лажите? И ги снема..глас не испуштија.
    Вчера сабајлето ја слушам старата му вика да испрскал отров насекаде тоа било решението. Се вратив од работа нашиот спрат мирисаше како на бензин...мош стварно имаат испрскано. Ненормални!!! :(
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    6.808
    Пол:
    Женски
    Зошто не си го преградите спратот? Во ред, скалите се внатрешни ама горе ќе си преградите и ќе си ставите влезна врата која ќе ја заклучувате кога нема да сте дома. Не знам зошто да минувате низ толку проблеми и стрес, кога решението е многу едноставно. Така ќе бидете целосно одделени, нема потреба со нив да минуваш време, дојди си од работа, ќе си се качиш горе, ќе си заклучиш.
     
    На Skorpija25, Nevenche26 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Има и горе врата за излез на тарасата. Му спомнав на мм вчера ама не сака. Вика ако продолжат ќе заминеме од куќава.
     
  4. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    6.808
    Пол:
    Женски
    Зошто не сака? Значи подобро му е да те гледа да се нервираш отколку да прегради еден ѕид. На крај пак се сведува на тоа дека проблеми имате со мажите а не со нивните родителите. Нема да заминете ако немате можности за тоа, посебно со оглед на тоа дека веќе сте вложиле голема сума на пари во куќата. Кога веќе сте таму барем обезбедете си приватност.
     
    На Veta, Puffy2019, SummerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Може едноставно не сака повеќе да вложува таму. Згрешиле што инвестирале и овие сега само лоши работи им прават. Ако сакаат старите да наштетат ќе најдат начин. И јас не би инвестирала повеќе таму туку би се иселила под кирија.
     
    На SummerGirl, Skorpija25, Nevenche26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Порано им кажа дека сака на горниот спрат едниот зид да се сруши за да се спојат двете соби и татко му кажа не може не дозволувал. Такви се непредвидливи од инает којзнае што можат да направат.
     
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    И јас не би инвестирала ни денар. Ама не би седела ни минута тука. Сопругот се лаже ако мисли дека тие ќе се освестат и ќе прекинат да ве замараат
     
    На crazylady, Skorpija25, noteforself и 4 други им се допаѓа ова.
  8. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Се прават од инает. Не можат да се помират дека син им е поуспешен по нив. Не сфаќаат дека се што правевме беше и за нивно добро. Да не им се смеат комшиите што 5 врсти черги има на подот да се покрие циментото...ама уште циганската си ја тераат пак постели черги оти ладни им биле плочките, а влечки има за сите. Плус летно време ако се ладни јас главата ќе си ја сечам. Обувките ги реди нагоре по скалите а им купив чевларник и ги наредив таму. Јас ќе ги тргнев таа пак ќе ги наредеше од инает. И веќе ја оставив шо сака нека праве.

    Неколку пати проба на мирен начин да им даде до знаење дека од нив ништо не бараме само да не растураат толку и да зборуваат зад наш грб..последниот пат беше убеден дека ќе се сменат а јас му кажав дека не верувам дека ќе издржат. И така беше 2 дена баш ко ќе се вратев од работа стануваше од кревет и ја земаше метлата да видам дека мети. После пак по старо ќе го гази губрето не и текнува да замети. А пак за дворот да не правиме муабет, шишиња и книшки на сите страни. Еден ден ме виде дека го метам дворот и шишето од зејтинот го фрли од вратата. И после кажи ти дека не е за инает. Извади ја свињата од калта таа пак кал ќе направе. Иначе стопиравме со реновирање.
     
    Последна измена од модератор: 25 август 2020
    На crazylady и Skorpija25 им се допаѓа ова.
  9. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Абе психопати! Не е дека ние не ги оговараме, АМА јас све и кажувам во лице, ама нема едно нешто што не и е кажано во лице, и кога си се жалам кај комшиката, тоа е зошто одам да се искажам. А она мене ми ќути, не ми збори, ми се прави фина, оди по комшии се жали. Кажи ми мене што сакаш, кога јас ќе знам, ако сакаш на 30 куќи отиди и кажи што сме збореле.
    А ти пази се, тие полоши биле и од моиве.
     
    На mrsfreak му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    6.808
    Пол:
    Женски
    Ако веќе вложиле голема сума на пари и не сакаат или не можат да се исселат тоа им е најдобро решение засега. И онака не е некој голем трошок.

    Тоа е веќе друго. Значи ви дава спрат ама сепак сака по негово да биде. Во тој случај голема грешка сте направиле што сте реновирале. Едно е да даде од срце и да си наместите како што сакате, ама сосема друго е да даде половично со цел да ве контролира. Се надевам дека ќе успеете да се одделите.
     
    На Taurus777 и mrsfreak им се допаѓа ова.
  11. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски

    Ajdee... site vikaat najstaroto, vasite najmladoto...
    Izvini sarkasticno, ama cudno mi padna, prv pat slusam.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Само за себе си мислат.

    И оваа ми се праве фина а зад грб какви глупости ми прави после се правда за да излезам јас крива за нешто што таа го прави. Тоа е проблемот кај нас што неможеш човечки и на мирен начин да разговараш. Јас им кажувам едно тие друго и џабе е само губење време. Исто ко со магариња да зборуваш. Злобата и зависта им се преголеми. Најлошо е што ми ја пренесуваат негативната енергија мене. Па во себе си ги пцујам и ги нарекувам со погрдни зборови. Пробавме на секаков начин да им докажеме дека не се во право а единствено од тоа добивме само нервози оти се повеќе дознаваме колку се нечовечни и без осет.
     
    Последна измена од модератор: 25 август 2020
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.195
    Допаѓања:
    36.640
    Пол:
    Женски
    Штом е така, не ви требаат. Ако можете одете под кирија. Ама можно е да ве уценуваат дека они ви дале да реновирате.
     
  14. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Ако заминеме после ако сакаат нека искршат се. Ако ги прави тоа среќни. Најголем страв им е да не замини син им оти ќе нема кој сметките да им ги плаќа...Искрено се надевам дека ќе успееме да се спасиме од нив. Па макар и во една соба да живееме само да имаме мир.
     
    На jaaagooodicaaa_, Miss666, Puffy2019 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.195
    Допаѓања:
    36.640
    Пол:
    Женски
    Маж ти треба да пресече. Сфати ме како сакаш....ич не требало да вложувате во куќата. Јас да сум на твое место не раѓам деца додека не се среди ситуацијата.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Е треба ама не можам да го натерам на сила. Не е дете и сам гледа што се случува. Според него ќе се среди ситуацијата..Од каде да знаевме дека вака ќе прават? Да знаевме не почнувавме. А за деца му кажав и на него да не планира.
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.195
    Допаѓања:
    36.640
    Пол:
    Женски
    Се знае каков е животот во заедница. Колку и да се фини, фали приватност. Се може да се очекува од старите.
     
    На Taurus777, Puffy2019 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Во право си. Ама таква ни била среќата што да правиме. Кога би имале можност сигурно не би останале во оваа куќа ни ден повеќе.
     
    На Taurus777 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    A што менува дали влезот е заеднички или не? Тој дел не го сфаќам. Во зграда, еден е влезот, тие се внатрешните скали, ама после секој со своја врата, клучот на врата и ајт чао.
     
    На Mimmi39 и eli25 им се допаѓа ова.
  20. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    6.808
    Пол:
    Женски
    Разговарајте за тоа како планирате да се среди ситуацијата. Точно е дека не можевте да знаете како ќе се однесуваат, но зошто од старт не сте планирале да го заградите целосно спратот за да имате приватност? Тој дел не ми е јасен. Барем ќе знаевте на што сте уште пред да почнете со реновирање.

    Не менува влезот многу. Секако подобро е сосема различен влез, ама и ист влез да е, со влезна врата за секој спрат, секој си има приватност.
     
    На cresa-jagoda и kukla21 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.