Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Бидејќи на горниот спрат е бањата..долу немаат.
     
  2. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    6.808
    Пол:
    Женски
    Така кажи, непотребно се објаснуваме овде за посебни влезови, спратови, преградувања, кога вие првенствено не ни можете да функционирате како две одделни целини бидејќи користите заеднички тоалет...
     
    На mssuniquee, crazylady, Justicija и 3 други им се допаѓа ова.
  3. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Бањата ние ја направивме. Во корито се бањаа предходно.Тие си имаат полско вц надвор во дворот. Старата ја слушнав како му кажува не оди горе дојдени се. Значи ние ко сме дома тие не идат горе.
     
    Последна измена: 25 август 2020
  4. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    А зошто е океј да живеете во куќата на родителите на маж ви? Таа куќа не сте ја граделе вие, туку неговите родители. На нивно место сте отидени да живеете, затоа после милион проблеми имате. Како што може женското дете откако ќе се омажи да се оддели од нејзините родители, така може и машкото. Создајте си свое. Нем син им ќе се оддели од мамичка, уште со папочна врвца на 30 години се поврзани?
    Тука не е најголемиот проблем свекорот и свекрвата, туку сопругот што нејќе да се оддели од неговите!
    @mrsfreak убеди го некако маж ти да се одделите. Никогаш нема да се сменат неговите. Аплицирајте за купи куќа, купи стан. Ако не пробате, како ќе дознаете дали би ви одобриле?
     
    На warrior, Mencia, Meckicja и 11 други им се допаѓа ова.
  5. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    547
    Допаѓања:
    2.912
    Пол:
    Женски
    Што да каже другарка ми на темава. Се омажи во фамилија со 9 деца. Мајка на свекор, свекорот, свекрвата, 2ца браќа со жени и по две деца, 2те немажени сестри и другарка ми со мажот и. Сите седат во ЕДНА куќа, едвај и своја соба имаат. А не е дека не можат повеќето од нив да се оделат.
    Според мене дефинитино не би живеела во заедница.
     
    Последна измена: 31 август 2020
    На Meckicja, Justicija, Skorpija25 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    42.971
    Пол:
    Женски
    Свекрва ми има куќа од нејзините, стара, зеле кредит да дигнат уште еден спрат за синот да има еден ден, сега плаќаат огромен кредит. Со маж ми го опремивме долниот кат, таму живееме имаме се посебно, маж ми сака да се сели и јас исто, вчера го кажа ова и имаше многу расправии, како за кој правеле куќа, за кој плаќале толку кредити, не знам кој е виновен у ситуацијава.
    Не знам зошто го обврзуваат него да седиме тука со лутешки и префрлувања, прво реновиравме нешто што не е наше кое ни е грешка у старт, второ утре ние ќе треба да го плаќаме тој кредит за нешто кое не го сакаме, за нешто што голем дел од животот треба да го делиме со некој. Ако не се вратиме пак во Англија најверојатно ќе бараме стан, ама очекувам дека маж ми повеќе нема да си живее со татко му после тоа, свекрва ми ќе проголта некако, ама тој не. Стварно е многу незгодна и глупава ситуација. Не барам совет, онака само сакав да си си кажам дека е глупост е да градиш за синот да има еден ден и да го обврзуваш на живот до тебе на некој начин.
     
    На warrior, ma4e1311, tambelina и 16 други им се допаѓа ова.
  7. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Знам неколку парови кои се одлучија да живеат во заедница, најчесто од финансиски причини и сите на крајот се каат. Зошто? Затоа што има јаз меѓу генерации, мешање, оговарање. Ќе вложуваш пари да средиш некој спрат, ќе заглавиш во кредити и пак секој ден ќе ти се збори дека е нивно...јас никогаш не би инвестирала во имот што не е на мое име, зашто утре може да каже го препишувам спратот на ќерка ми. И што ќе правите во таква ситуација? Па и со деца? Затоа подобро помал стан или под кирија и мирна глава. Јас за викенд кај мајка ми што одиме па ќе ме изнервираат нешто ќе се скараме, не па кај свекор и свекрва. Мирот е бесценет, нема поголем уништувач на здравјето од секојдневен стрес.
     
    На warrior, Meckicja, tambelina и 19 други им се допаѓа ова.
  8. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.856
    Допаѓања:
    19.558
    Пол:
    Женски
    Овие размислувања се сега се се погласни ,изминативе години се знаеше куќа градат за синот ко ќе се жени ,да е во нивна близина,да вари невестата секое утро каве на свекорот и свекрвата (facepalm)
    Ама што има и мамини мази и не сакаат да се отргнат од мајка му , поважни му се родителите од жените и децата .Да не нижам случаеви што ги знам но скоро на сите одговорот е НЕ!

    Се погласно е ова ,младите настрна да живеат од сите т.е што подалеку од свекрва :lol:
     
    На warrior, Nausicaa, Veta и 8 други им се допаѓа ова.
  9. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    И ние сме едни од тие што прво реновиравме, а дури потоа ги сфативме негативностите. Барем јас. А и многу други што мислат дека е супер да имаш посебен спрат, тогаш немаш потреба да плаќаш кредит или кирии. Грешка. Можеби се водев од тоа дека ќе имаме повеќе приватност со сопствена кујна, но се уште навиката за јадење заедно им стои, и не знам како би ја отстранила, а да не се налутат. Исто така имаме и внатрешни скали, тука е предвидено да ставиме врата, можеби и да предградиме или направиме посебен влез.Оставивме една соба за детска, но јас му велам тука да си направиме wc, оти и тоа го делиме на долниот кат. Едвај успеав да го убедам, откако многу пати му повторив колку ми е неопходно и дека иако можеби себично ќе изберам wc.
    Приоритетите наши во случајов се најбитни.
    Иако не се лоши луѓе, далеку од тоа, сепак сите сакаме приватност.
    Мислам дека би било поинаку со надворешни скали... не се качуваат и сега никогаш не поканети, во тој поглед имам приватност (за ова малку се помачив, ама сфатија). Но кога сме на одмор знаат да си се качат и да си седат на тераса. Му велам на мм или ќе го направиме спратот со сите салтанати или ќе одиме настрана. Криво ми е што не е малку вложено, за да оставам се така. Сепак согласни сме во иднина и за таа опција, иако можеби задоцнето.
     
    Последна измена: 20 септември 2020
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.276
    Допаѓања:
    8.569
    Тука проблемот не е толку изборот на заедница, колку во инвестирање пари за живот во заедница и плус во две соби.
    Обично луѓето се решаваат за спрат за да не се теснат во стан, со една спална си како во двособен стан, денес немаш приватност од старите утре твоите тинејџери од тебе и се така во круг. Имам мнооогу близок ваков случај, наоѓај решение додека не дошле децата или се многу мали.
    Инвестираа 15000е во реновирање за по 4години да е таткото секоја ноќ во дневна на гарнитура,а мајката со децата на спална. Мислам дека е повеќе од јасно како влијае тоа на сите сегменти од брачните односи.


    Само малку повеќе да бевме финансиски писмени и храбри да живеевме под кирија од помлади, а не "чувај си ја сине платичката мама и тато ќе купат храна и сметки ќе подмират и плус ќе ти дадат за искачање" може конечно ќе замреа темиве.
     
    На crazylady, tambelina, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Според мене ниту кат од заедничка куќа, ниту живот заедно во ист стан колку и да се фини. Има околности во кои е позитивно и се покажало како добра идеја да се живее во заедница, но за мене лично познавајќи си го табиетот и навиките, живот во заедница е a big no-no.
    Друга околност поради која сум јас лично пречка за заедницата е што сум голема вљубеничка во животните и ги чувам исклучиво во стан бидејќи условите сега за сега ми се такви, а не секој е љубител и поборник за живот со миленичиња, така да тоа е што е од околности.
    Совет од лично искуство многу добро анализирање, трезвено размислување и држење став при донесуваење одлуки за ова прашање.
     
    На crazylady и tambelina им се допаѓа ова.
  12. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Абе секој сака у посебен спрат,куќа стан. Али не секој има можности тоа да си го овозможи. Колку сакаш штеди и скратувај од некои работи, кога се нема, се нема.
    Секој у свој филм и ќе се нема нервози.
     
  13. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    @Noemi во право си за тоа... Некои имаат веднаш став дека не сакаат да бидат со свекор и свекрва, некои можеби немале таква претстава како е во заедница. Првите можеби живееле со баба и дедо, знаат како им влијаело тоа на приватноста, но не мора да значи. Еве ние со моето семејство живеевме сами отсекогаш, некогаш и тоа не е гаранција за мир, но тоа е друга тема. На почеток не ми пречеа, дури ми беше пријатна нивната весела атмосфера дома, што јас никогаш ја немав. После откако видов дека ми наметнуваат некои работи, како јадењето заедно иако имаш сопствена кујна, почна да ми пречи.
    Јас имам и анксиозност која сега со пандемијата е поизразена, па можеш да замислиш.. Не можев да предвидам дека ќе се чувствувам вака.
    И други прават вакви грешки или се отселиле затоа што немал мажот спрат иначе би останале, знам такви примери, во секој случај подобро за нив.
    Јас немам мака со нив друга, има многу што имаат, да не грешам душа за тоа. Иако понаметливи беа, среќа беа разбрани да се изолираат, има некои што не знаат ни да тропнат, се качуваат кога ќе им текне иако имаат надворешни скали и навидум се посамостојни.
    Ајде, пред нас е животот, и да е закаснето постои тоа како опција, они наводно имале во план да земат нешто настрана за пензионерски денови. Или ќе биде така или пак ние ќе се отстраниме :D Ќе помине време само.
     
    На Skorpija25, Noemi и tambelina им се допаѓа ова.
  14. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    15.491
    Ние кога си купивме кујна и ја средивме (после само пола година делење кујна со старите), првиот пат кога ние двајцата јадевме горе сами, свекрвата доле плачеше, липаше небаре син и преку весник се откажал од неа :wasntme:. Претпоставувам дека не им е лесно, но не треба потклекнување. Треба да сфатат дека поминато е времето кога се живеело во заедница засекогаш. Денес младите се многу посамостојни.
     
    На Anyshka, crazylady, Meckicja и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Ne mi e svatlivo znaci....
    Sto ima da lipat da placat....vozrasni licnosti,kako ke si odlucat taka ke si napravat...
    Zatoa decata posle sredno treba da se osamostojat, koj na faks, koj na kurs, koj rabota, vo stance so cimeri /cimerki,... pa zosto vo 21 vek uste ziveat so mama i tato na 30god ne mozam da svatam!...
    Zatoa posle imaat vakvi problemi.
    Nie zdravje, ako uci sinko,kako.do sega, (poso e najstar) najbrzo me cekaat negovite bubacki ako saka neka odi nadvor od drzavata neka vidi malku svet, neka se snajde sam, za da uci ,za da raboti ,kako ke izrazi zelba...nema da go drzime deteto do nas so sindziri samo za da jademe zaedno.
    Ne mi e jasno.
    Si ima zivot, si ima svoi zelbi, posebna individua e... kako mozam kako roditel da mu smetam, a da ne mu pomognam, pa uste i da mu odmagammm8-|@
    Za zenskive rano e:emo:, se tesam.
     
    На warrior, crazylady, Meckicja и 6 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Ако имате услови, ни со свекрва, ни со мајка.
     
    На warrior, crazylady, mssuniquee и 10 други им се допаѓа ова.
  17. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Мм е цел живот самостоен, 10 години живееше ск, си одеше дома само викенди. Престојуваше кај тетка му, цел ден работеше и не му се исплатеше да се враќа, во друг град живееше. Но ете, сега за нив е може арно да се собере семејството, си имаат они таква традиција.
    Свекорот секогаш ја чека свекрвата и кога е втора смена дури вечерта руча/вечера. Јас се откажав од таквите чекања, кога е 2 смена јадеме сами, но прва смена и викенди обавезно заедно.
    Јас му кажав на мм дека сакам да јадеме посебно, а он вика со тек на време ќе биде и тоа, особено со деца сигурно нема да јадеме заедно. Море не сум запнала. Она и мислеше дека треба заедно да се переме, ама јас пресеков, иако знае понекогаш да праша дали имаме нешто за да уклучи машина.
    Остана само јадењево заедно што ми пречи, оти секој сака да си планира како му одговара. Дури и би готвела за нив, но би им симнала доле. А кога јадеме со нив јадеме само доле, не сакам да ги заучувам горе.Исто и не трчам да ги мијам садовите како пред тоа. Ќе се спогодиме валда некако. Несфатливо ми е мене да обврзеш некој така..
     
    Последна измена: 22 септември 2020
    На crazylady и 1209 им се допаѓа ова.
  18. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Ako bil samostoen, veakanjeto doma dava sosema druga dimenzija na negovata zelba da zivee so tebe.
    Ete i jas go cekam mm i ne jadam bez nego, ama jas mrazam da jadam sama, isto i toj.
    No ne ocekyvam decata ili drugite da go pravat toa.
    Ako on zadocni ili jas decata jadat prvo pa posle nie...
    Ne ziveeme vo zaednica no da bi ziveele, ne bi ostavila da mi pravat jadenje i da se tempiram na site so vreme.
     
  19. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    17.680
    Јас пак не можам да го разберам тоа подголтнување на младите за многу работи што им пречат во меѓусебните односи со старите.
    Влегуваат без да чукнат, ќе бидат опоменати дека иако се во иста куќа се две различни семејства и дека е непристојно.
    На посебен спрат, а јадете заедно. Зошто? Па со тек на време ќе дошло и тоа да јадете одвоено... По мое, границите и правилата се поставуваат од старт. Ако чекате времето да ги смени работите што ви пречат, само ќе изгубите нерви и на крај кога ќе пресечете ќе испаднат старите и жртви затоа што не ги сакате.
    Ако се кажуваат работите што ни пречат дирекно, се би било полесно...
     
    Последна измена: 22 септември 2020
    На warrior, crazylady, tambelina и 10 други им се допаѓа ова.
  20. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Оти поделени сме со готвење една недела јас, една она, така беше кога немавме кујна т.е не ни беше реновиран спратот. И после тоа свеки продолжи со редот за готвење, како јас наеднаш да и речам не јадеме заедно. Па планови претходниот ден што ќе се јаде, сите не прашува, па вика за јадење. Мислам дека и други членки имаа ваков проблем, не е баш едноставно оти во случајов мислам ќе се почувствуваат отфлени или навредени. Ако имате некој совет како побезболно да им кажам пишете, а да не бидам лошата во случајот.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.