Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    17.679
    Јас кажав отворено.
    До сега било како било. Од сега ми е мерак јас да готвам за мажот и детето и да си јадеме сами. Ако сакам некогаш, ќе ти речам не готви јас ќе спремам. Ако сакаш, некогаш ти да спремиш, ок ќе јадеме и заедно. . Ама тоа ќе биде исклучок и без очекувања од двете страни. А морам да кажам дека и маж ми јасно и гласно кажа дека сакаме се сами. Никој нит се налути, ниту се навреди. Јасно и е дека целата борба беше да се осамостоиме. Ако јас со свекрва ми треба да се договарам и прилагодувам за едно основно јадење, тогаш ич не се мачев да инвестирам. Ќе си живеев со неа и нека ми готви...
     
    На Anyshka, thelittle17, crazylady и 8 други им се допаѓа ова.
  2. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Јас немам дете, иначе со дете нема шанси да се прилагодувам со нив, макар се лутеле колку сакаат. Свекрва ми многу живеела со нејзините свекор и свекрва, и ден денес кажува колку ги сака. Неа и прави тоа мерак семејството собрано. Со мене се понаша фино, никогаш ми нема кажано лош збор или повишено глас, иако не сум била цвеќе и јас. Она мисли и од помош ќе биде вака, а и јас неа со готвењето, па затоа вака тера.
     
    На thelittle17, mal.ecka, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.850
    Допаѓања:
    13.468
    Абе и свекрва ми биле на куп кога нејзините деца и биле мали (со свекрвата, свекор,така јатрва и девер) ама јас не сакам да живеам така. Мм на почетокот кога се зедовме се обидуваше да ми наметне такви правила, да сме ручале некогаш, заедно, па кафе во двор, ама јас го подбрав и му реков дека не сакам така. Тој ако сака нека си живее сам со нив, па нека тера селски манири. И увиде дека така не може така.
     
    На thelittle17, Skorpija25, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Кај нас е проблем што еден период функциониравме така и она мисли дека така треба да продолжиме. Пробувам и јас да издејствувам преку мм да јадеме сами, па ќе видиме.
    Не ми се јасни стариве стварно, сега се други времиња, а они се држат до нивното.
    Оваа недела мене ми е "редот" за готвење, а она ми направи план за утре, стек да одмрзнела од вечер (facepalm) свекорот се замеша и компири да купел виде не им одговарам ништо, па вика ај договори се со мт.
     
    На mal.ecka, tina2018, spacegirl92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.850
    Допаѓања:
    13.468
    Епа мене поради тоа не ме сакаат. Ме прават себична и лоша (facepalm) Болни луѓе ти се тоа. Не сфаќаат оти синот си оформил фамилија.
     
    На Dimi_ и Skorpija25 им се допаѓа ова.
  6. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.912
    Пол:
    Женски
    Море кога ќе си седнам у дневна па сама ќе си зготвам нешто по ќеиф, ако сака господинот нека оди нека јади кај мајка му. Ако му недостига толку мамичка и нека преспие таму.
     
    На eliesaab, thelittle17, Алек*** и 9 други им се допаѓа ова.
  7. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Затоа и јас емотивно некако се дистанцитав од нив. Не сакам никој да ме обврзува за нешто. Мм ми вика што има врска јадењето, само тоа го правиме заедно, јас се обидувам да му објаснам дека има. Познавам и други така,особено такви што имаат еден родител останато, викаат не ќе го двојам за јадење, него не му било за двоење, вика што да се прават на две места јадење. И ако сме сите дома тогаш оти да не сме јаделе заедно.
     
  8. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    17.679
    Каков ред, какви бакрачи. Прво не сакам цела недела да јадам тоа што замислила свекрва ми. Второ некои јадења воопшто не ми се допаѓа како ги прави и во заедница сум ги јадела од култура, или воопшто не сум јадела. Храната мене лично ми е уживање и сакам со ќејф да седнам да јадам.
    Исто така кога е твој ред, приморана си да готвиш цела недела за куп луѓе? Може некој ден не ти е до готвење па сакаш да нарачаш. Мене околности кај што морам да се прилагодувам на старите за основни работи ме вадат од такт.
    И јас порано сум јадела семејни ручеци со моите, па сега имам свое семејство. Штом можам јас, може и мм да прекине некои ритуали од пред брак со неговите.
     
    На Anyshka, warrior, eliesaab и 10 други им се допаѓа ова.
  9. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Она прашува што да готви, ама и тоа не е решение некој да е обврзан да прашува наместо они двајца да си зготват што сакаат на пример. Јас не прашувам што да готвам, до толку не се потресувам. Во право си за се, не е само една работа со јадењето, туку и многу дилеми околу тоа се решаваат. Постевме со мм цели велигденски пости и женава што еден ден едвај постела за големи празници, со нас постеше 48 дена, само да не го менува менито (facepalm) (тогаш немавме кујна направено)
    Арно рекле најубаво е со незаинтересирани свекор и свекрва.
     
    Последна измена: 23 септември 2020
    На thelittle17, mal.ecka и crazylady им се допаѓа ова.
  10. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    17.679
    Не знаеш што е полошо:D
    Јас разбирам дека се со добра намера, ама треба да сфатат дека не е нивното време и дека ние младите сакаме слобода. Плус поспособни ќе сме ако не пуштат сами. Закон на природата.
    Тие се со мисла дека помагаат, ама помош без да побарам ми е поголема нервоза од воопшто да не свртат глава...
     
    На Anyshka, eliesaab, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  11. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    И мене колку работи ми пречеа ауу. Си зимаше за право да се качува горе да земе алишта да ни пегла кога сме биле на одмор. Или пак да спружира горе оти побрзо се сушат. Па како ручале само еднаш горе на тераса додека сме биле на одмор, а кафиња си пиеле, доле им сметало кучето. Лута пепел сум била, ама се воздржав да не се искарам. Сфати дека ми сметаат тие работи и не прави веќе така. Поише ме нервира некој без дозвола да ми помага.
    Ај за тие работи средивме, оти беа престапи на мојот спрат, а ова со јадењево испадна уште проблем. Сами тешко дека ќе им текне, они мислат арно прават си помагаме за готвење. А сами е многу поарно за се, мирна ти е барем глава. Не дека на некои снаи не им чини ручекот сервиран де, ама јас не сум од тие.
     
    На eliesaab, Осе, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. IJAE

    IJAE Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    815
    јас и мм живеевме 8 месеци со моите дур реновиравме за да се вселиме во нашиот дом па едвај издржав, а не па со неговите.. ги ценам и поштувам немам проблеми со нив, но и тие си сакаат сами мир и ние исто така фала богу, различни генерации и животен стил. Секој во свој дом, свој домакин е најдобра опција.. е сега доколку некој нема финансии за имотното прашање тоа е друго
     
    На Dimi_, WildMk, Nevenche26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    933
    Допаѓања:
    5.100
    Категорично НЕ за живеење со свекор и свекрва од мене. Ни во иста куќа, ни на различни спратови, ни со посебен влез, ни во ист двор, ни во иста улица :D
    Колку и да изгледаат супер, еден ден ќе се замешаат во нешто, па ќе почнат проблемите.
    И моите и неговите да бидат гости кај нас дома, од сите на страна за ‘мир у кучи’. 8)
     
    На bertold, CameliaMiller, Dust и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Најбоље у различни држави за мир во светот
     
    На eliesaab, Осе, Dimi_ и 8 други им се допаѓа ова.
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.820
    Допаѓања:
    23.613
    Пол:
    Женски
    И кај нас свекрвата готви ручек, на почеток бевме сите заедно на еден спрат, таа си продолжи ко дотогаш, јас на работа, дома и искрено ми одговараше таа да си готви, свекор ми одма ќе ми најдеше мана :) таков си е по природа.
    После една и пол година "се деливме" не целосоно бидејќи девер ми е со нас на спрат, во неговата соба си седи. Продолживме исто со ручекот, сите заедно долу кај нив, пак не ми сметаше :)
    После бебе...пак не ми сметаше, помош ми беше.
    Дете 2 год ќе прави уште е така, реално само во недела сите заедно јадиме, др дена сите на работа, свекрва ми во смени, јас еден ден прва друг втора, еден ден ручам кај мама, другиот ден на работа, хаос сме :) засега ми одговара, главен ручек таа си прави, за син ми си готвам ко ќе можам сега, дури бев на породилно за него само јас си правев тука никој не ми се мешаше, после почнав кај мајка ми да го носам и таму ручаше, кога бев втора смена му правев манџички пред да одам, тоа што ќе направев му даваа..сега веќе јади од нашиот ручек, тие манџички не поминуваат повеќе :D
    Иначе си правам што си сакам и јас, не јадам грав ќе направам нешто друго за мене и дете, макарони на пример :rofl: торта, палачинки, проја.....си правам често... од тоа што ќе направам му носам и нив и така функционираме за сега е успешно.
     
    На thelittle17, mal.ecka, Jana06 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Ако си нормален не се живее со секакви. За да живееш со мојата свекрва треба да си од камен и со челични нерви.
     
    На Осе, poppie, thelittle17 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.971
    Ах таа твоја свекрва
    Само клѕуч на врата за тие
     
    На FRANCUZINOT, thelittle17, Fallen.Angel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. LoLa96

    LoLa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2020
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    И со мојата!
     
    На mal.ecka и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  19. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Како живееш??
    Море да не се лежеше затвор...
     
    На FRANCUZINOT, poppie и mal.ecka им се допаѓа ова.
  20. LoLa96

    LoLa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2020
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    E така со таа мисла да не се лежеше во затвор ...
    Како живеам , никако како во страв, јас не сум тип на човек што се препушта на ситуацијата, се борам.
    Во една куќа живеевме на еден спрат јас и мм, девер ми јатрва ми детето нивно и најзатупените свекор и свекрва.
    Не беше проблем само тоа што сме во мал простор туку и нивното размислување, не кулура, навиките, малата хигиена ... од голем град поради љубов се омажив во мало место и не ми е тоа проблњм проблем ми е што имам работа со проста и злобна свекрва, дволична и лицемерна што најголема титула во животов и е свекрва. Маме ни еба и мене и на другата, среќа што јас имам поддршка од мм. Живеевме заедно сите 1 год додека му бев девојка и 1 месец од кога ме побара заминавме под кирија. Живееме под кирија веќе 2 месеци секој ден одиме кај нив за да ги слушаме како мрчат и не не поддржуваат.
    Сеуште ни се мешаат, се знаат, така е воспитан, така е живеан, ама јас му кажувам се не кријам. На крај краева и јас и ти и таа и секоја од нас имаме еден живот и треба да се бориме.
    Сега сака пак да се вратиме тамо и да правиме спрат и ми се гади од идеата но ... тоа е тоа ќе се борам.
    Ова е најкратко што можев и највоздржано. Извинете на долг текст
     
    На *Amethyst*, Fallen.Angel, Skorpija25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.