1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.560
    Пол:
    Женски
    Голем проблем е кога бараш оправдувања за неговите постапки, наместо да седнеш и да разговараш за тоа што ти смета. Прво навистина не знам која е потребата да се гледате секој ден, еве вие сте први за кои слушам. Второ ако сопругот толку не може без мама и тато, нека оди сам. Зошто ти одиш со него? Немаш право на глас или што? Тој доаѓа со тебе секој ден кај твоите?
    Додека ќутиш и трпиш само од себе нема ништо да се промени.
     
    На CameliaMiller, eliesaab, thelittle17 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Абе се тоа ок ама сега ти ќе дигнеш раце и ќе слушаш се тој што ќе ти каже? Каде е твојот глас овде?
     
    На CameliaMiller, thelittle17, GrimTheReaper и 4 други им се допаѓа ова.
  3. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Јас сум за големо НЕ,за живеење во заедница со Свекор и Свекрва,прво и основно колку и да се добри Луѓето,ке се нема слобода,мир,спокој,интимност,еден сакал да се бања,друг да оди во вц,трет да јаде салата,друг скара,четврти јајца,и каша попара.Па со тек на време ке почнат кавгите,Мајкати рече вака,Татко ти рече онака,и ке почнат да се мешаат брзините,и тотален хаос со тек на време ке настане.Без разлика дали ке живеете во Стан заедно,или во Куќа заедно,се знае како се гради иднина на еден пар,настрана од сите,сами буквално,и тек тогаш ке си ги видите правите лица,кој сте и што сте.Јасно ми е дека е тешко сами да се живее,али чим идете на чекор брак,сериозна врска,иднина сакате со партнерот,епа ке го потите га*зето да рмбате да си плаќате све сами,али барем ке имате мир во домот,и овие кавги ке бидат одбегнати со Свекор,Свекрва.
     
    На ZAHRA, CameliaMiller, Sinolicka. и 18 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Жена ти рече вака, жена ти направи онака

    *се надоврзувам
     
    На bertold, Осе, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  5. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.910
    Пол:
    Женски
    Научен е бил цел живот на тацна да му е донесено затоа сега не сака да ја остави мамичка. Сметки платени, јадење направено од мајка му, ти си исчистила и испрала. Како некој крал. Негово е само да дојде и да ги фрли чорапите и да ги дигне нозете на маса.
    Може одамна е поминат 19ти век ама ние никако да се одглавиме од него..
     
    На warrior, CameliaMiller, Alita и 18 други им се допаѓа ова.
  6. LoLa96

    LoLa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2020
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Може лесно е да застанете од страна и да коментирате , не барам да ме сожалите а најмалку да ме судите. Како што напишав и погоре сите знаеме дека најубаво е сами да живееме и еве живееме сами, и да одиме секој ден тамо или секој втор, но одиме од почит кон неговите додека да се навикнат ( плус си имаат и проблеми со другиот син ) небитно тоа... не е дека не може без нив чим се решил на ваков чекор да живееме под кирија, најлесно е да се осуди некој, да се откаже од нешто или да се избега. Пред да се преселиме сеуште не бевме во брак не знам на која тема баш побарав совет тука на форумов како одговор добив бегај од него, не се мажи за него и сл и тоа од жени што се им е средено или налетале на мек и добро воспитуван сопруг. Во мојот има надеж за подобра иднина, ме сослушува, почитува и правиме компромис.
    П.С За тие што ме прашавте не одиме кај моите секој ден немам потреба од нив секој ден да одам,плус живееме во различни градови.
    ** и уште нешто форумот треба да биде поддршка , совет и разбирање, најлесно е да се нападне еве сите што на некој начин го искажавте своето мислење со напаѓање мислите дека некако помогнавте?! Не , може само кажавте мислење од ваша гледна точка покажувајки го вашиот јак карактер, ви е восхитувам ако за се сте така јаки и одлучни.
    Не ве напаѓам да не се сфатиме грешно ... мене реално борбеноста и упорноста ми се дел од карактерот ама може не и на некоја друга жена , девојка што би побарала совет или би се пожалила. Сигурно не би сакала да е нападната и тука.

    @Annora @Jana06 @tinka-mace @S.W.A.G @Emotional123 јас не ќутам и не барам оправдување за неговите постапки и на првиот пост напишав дека се му јажувам искрено и правиме компромис, ме разбира, ја согледува ситуацијата и не ја остава мајка му да ме напаѓа и сл. Кај нас голема улога играат и финансиите и семејството од друга страна помалку важна, може не сте имале прилика да видите како функционираат уште малите затупени места.
    Не сум од оние жени што трпи, ќути и голта се ... а ни тој не е во ред со цела ситуација, пробува да ми погоди и мене и нив, но не е лесно.
     
    Последна измена од модератор: 3 декември 2020
    На Orthophill, eliesaab, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  7. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    @LoLa96
    Лола душо, ни на крај памет не ми беше да те осудам, не знам зошто така си ме сфатила.
    Велиш дали имаме близок пример? Имам близок пример, живеат во село со свекор и свекрва и 2 деца. Плус неговите браќа со фамилии кога ќе дојдат се е на грбот на жената, а никој не ја почитува. Имаат финансии да се преселат, не сакаат. Причина? Мамичка и татичко биле стари и ќе биле тажни ако останат самички. :^) :drunk: Мажов е 40 години. И не му е гајле за тоа дали жена му е среќна, битно му е родителите како се чувствувале. Епа извини, ама што ќе ми е таков "маж"?
    Ако имаш поддршка од маж ти како што велиш, ич нема да му биде проблем да им рече ќе се гледаме еднаш неделно, немаме време имаме наши приватни обврски. Ама да не зависите и финансиски од нив па толку не може да ги одбие?:?:
    И што има да се навикнуваат жити се? Дека син им не е веќе мало бебе? Што ако им треба цел живот да се навикнат? :tmi::?:
     
    Последна измена: 18 ноември 2020
    На CameliaMiller, Alita, eliesaab и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Ова мислење се однесуваше на друга членка, она е во многу полоша ситуација од тебе, твојот барем се освестил да се иселите. Тебе те прочитав дека имаш поддршка, не знам како си ме сфатила ама не беше моето мислење за да те нападнам. Изолирајте се малку, не толерирајте глупости, не мораш секогаш да одиш и немој никого да жалиш. И јас така ја жалев мојата свекрва што и правеа другиот син и снаата и на крај ми го напикаа сите :D
     
    На Осе, CameliaMiller, Skorpija25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. LoLa96

    LoLa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2020
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Така на тоа гледаат нормални луѓе, овие сакаат се да знаат и пред тоа се си им кажувал ама кога влегов јас во неговиот живот тоа се скрати, си мислат дека им го крадам и самиот е свесен дека тоа не е во ред но некогаш и него му се прави збунка веројатно или па сака и на нив и на мене да ми погоди и се надева дека ќе е сменат но залудна е неговата надеж.

    Извинете ако се изразив лошо или ако ве нападнав на муабет :) и фала ви на совети!
     
    Последна измена од модератор: 3 декември 2020
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    81.318
    Пол:
    Женски
    @LoLa96
    Каква причина да имате со тоа одење кај неговите си правите дополнителен проблем повеќе... Верувај ми , не вреди . Џабе ти е се кога имаш стрес и пред одење и после одење .
    После тоа одење сигурно имате проблеми и нервози уште повеќе безразлика што сте биле на 10 или 30 мин .
    Мирот и спокојот немаат цена и со нитуедна причина не се ставаат на вага.

    Верувај ми , спречи на време... сум била во твојата ситуација .
    Сум одела само на 10 мин првенствено заради почит , исто ради неколку причини ... сум трпела сум голтала и на крај добив нешто најнеочекувано од свекор ми имам пишувано пред една година на форумов и не сакам да се навраќам . Но еве и после една година од таа случка и една година без никаква дирекна комуникација со нив јас сум 60 % несреќна и неисполнета како последица од преголем стрес.

    Гледајте си се со маж ти ...
    Имај трпение и коцките ќе си се средат.
    И на прво место секогаш биди ТИ !
     
    Последна измена: 18 ноември 2020
    На Anyshka, CameliaMiller, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    @LoLa96 @Fallen.Angel најдобронамерен совет од мене: кога мора веќе да сте во нивно присуство "за мир во куќа" а особиве го користат секој момент да ви додаваат душевна болка, дишете длабоко, кажете си дека сте посилни и макар и со последни сили останете насмеани, среќни и задоволни од животот пред нив, макар тоа било и глума. Не пропуштајте шанса да им укажете колку сте среќни со децата, мажот, работата, било што.

    После смирено, свиркајте си и чекајте да паднат маските.
     
    На mal.ecka, crazylady, Fallen.Angel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Се извинувам ако испадне дека зборам од името на Fallen ама ја следам откако се мачеше да забремени. Ако си ја читала таа со мажот и живее како со цимер, а за бебето цело време и се мешаше свекрвата како да е нејзино. На работа не оди. Јас не би можела ни да изглумам и тоа не е решение. Членката прво треба да си разговара со психолог за да дојде при себе, а после да најде решение со мажот или без него.
     
    На Осе, crazylady, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Не пратев детално, знам дека имаше проблеми дома. И знам дека не е некое решение, но со некои луѓе едноставно не можеш да се разбереш со убаво, посебно со наметливите кои решиле сѐ да газат пред себе за да биде по нивно. Знаат дека те повредуваат и го прават тоа упорно. Со нив нема да успееш со конфликт, туку во моментот кога ќе сфатат дека немаат моќ врз тебе.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Секогаш е полесно да дадеш совет од страна на набљудувач. Единствениот совет кој можам да го дадам е членките да си го слушнат срцето. Дали го прават тоа од што мораат, така треба, за мир во куќа, за атер на децата и сл. Прашањето е, дали Вие го сакате сето тоа?! Се додека не прашаш, не се избориш за своите размислувања, ситуацијата ќе остане таква каква што е. Не велам да се оди во екстреми, за развод (освен ако има реална причина), туку пуштете го и вашиот глас да се чуе, ако треба секојдневно, ако треба на повисок тон. Како сте ја поставиле ситуацијата од почеток, за жал многу тешко може да се смени, затоа што не зависи само од вас. Овие прашања и одговори се поставуваат и даваат на самиот почеток. Ако не ви се допаднат, навистина не мора да бидете со личноста која не ви е компатибилна.
    До сега, не сум слушнала некоја да има пофалби за живот во заедница. Не се тоа вашите родители, да ве разберат, да ве сослушаат, вистински да ви помогнат. Реално, тоа се туѓинци за вас, но родители на партнерот. Треба да се почитуваме, се додека некој не ја користи нашата добрина.
    Барајте, ќе добиете. Не се задоволувајте со нештото кое ви создава немир. Животот не е константа, но ако молчиш, само ќе живееш онака како што друг има замислено.
     
    На IRBBB, eliesaab, crazylady и 11 други им се допаѓа ова.
  15. skokotlivka83

    skokotlivka83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Е вака сега ,морам да пишам за да си олеснам . Вчера веридба правев, некако тој чин го одолговлекував. Чувстувам дека имам отпор кај неговите. Татко ми е починат и јас не можам да се навикнат туку така дека сега ќе живеам во семејство каде што има маж,односно татко на мојот маж. Мајка му е премногу добра,се тресе на мене ,што почнува да ме нервира. Јас не можам ниту да јадам,ниту во тоалет да одам кај нив,а од денес веќе кај него ќе живеам. Знам дека потребно е време ама јас не можам да се помирам дека формата веќе ми е на друго место. Од самата помисла ми доаѓа нагон на повраќање. Утеха барам
     
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Па не живејте заедно.
    Одделете се.
    Која е смислата секој ден да се тресеш во место кое треба да ти е дом?
     
    На Miss666, S.W.A.G, thelittle17 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Пробав да глумам и издржав цели 3 недели. Колку и да глуми човек тоа лошото лебди во воздухот.. Маж ми го приметува тоа и ми кажа дека не знае како да ми помогне. Мое било да се навикнам и да прифатам. Пробав и со свекрвата да зборувам. Мислев ќе трча да пренесе и да глуми пак жртвичка. Знам дека кога некој го нервира маж ми си го јаде стапот. Мислев така ќе излезе ама не бе се направи како да не се сеќава на се што кажала. Јас и правев отворен муабет и кажав се што направила и како се тоа не било во ред. Она наивно вика не се сеќавам да сум кажала. И пласирам аргументи и кажувам дека пред мене кажала и она се брани дека тоа не го мислела или ако го кажала имала друга намера или пак грешка сме ја сфатиле.. И си игра на добрата сигурна карта. Ми вика ако ви правам проблеми одделете се од мене, а добро знае дека нејзиниот син моментално не сака да се оддели од повеќе причини меѓу кои и финансиските.
    Си знае и она дека кога зборува си го добива стапот и сега ме провоцира јас да си ја покажам лошата страна а она пак жртвата да биде.

    Еве сега моментално ја пушти нашата свадба за јатрвата и деверот да ја изгледаат демек. А знае колку болни емоции и спомени ми буди свадбата која ми беше уништена..
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.472
    Допаѓања:
    39.694
    Пол:
    Женски
    Види, реално слобода во заедница не можеш да имаш, да не се лажеме. Секогаш ќе се устручаваш и стегаш, а ако се осетни и они исто така ќе се осеќаат. У вц раат не може да се отиде, а камо ли друго.
    Ако можете одвоено да живеете тоа ти е најдобро.
     
    На crazylady, lovemme, Sinolicka. и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.230
    Допаѓања:
    165.901
    Абе непотребен трошок, ама има ли мирот цена?
     
    На crazylady, CameliaMiller, Sinolicka. и 6 други им се допаѓа ова.
  20. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Без коментар. :x:x
     
    На crazylady, 1209, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.