Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Не сум живеела и нема да живеам, моментално сме на љубав преко жице и така нека си остане.
     
    На crazylady, AlicaInWonderland, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    3.272
    :shake:
     
    На bertold му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.701
    Допаѓања:
    11.048
    Пол:
    Женски
    Ни во лудило, премногу се сакам да се самоубивам ден по ден :inlove:
     
    На Skorpija25, noteforself, Snowflake97 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    16.359
    Пол:
    Женски
    КАТЕГОРИЧНО НЕ.
    Не го кажувам оваа
    како идна снаа, туку како дете што живеело со баба и дедо. Не дека лошо сме виделе од нив, напротив, не изгледаа и пораснаа, прексрасни луѓе си беа, но . . Прво живеевме со стан од 65 квадрати. Шест души во стан, ти како дете растеш и си имаш свои потреби. Никогаш не сме имале јас и брат ми детска соба и свој кревет, како и секое дете. Јас спиев со баба ми скоро до кога пораснав. Како расте едно дете му треба приватност и индивидуалност. За играње, учење, никогаш во животот немавме викнато дома другарче за да си играме, затоа што немаше каде, немаше простор. Како растев вистински проблем беше тоа што не можев да викнам другарка на кафе, исто и брат ми, едноставно немаш прстор за себе, ама мајка ми и татко ми не мислеле на тоа. Секогаш се слуша најстариот за се, што ќе се купи за јадење, до тоа како ќе се кити елката.
    Се надевам дека ова потполно ќе се искорени и секој млад човек ќе се стреми да си има сопствено гнездо, со план за иднината, а не како ќе даде господ.
     
    На spacegirl92, Skorpija25, IronLady и 25 други им се допаѓа ова.
  5. ArtemisSs

    ArtemisSs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2021
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Женски
    Не сум за живеење во заедница,јас многу добро се согласувам со свекорот и свекрвата но сепак не живееме заедно..и они си сакаат мир и слобода и ние исто..
     
    На crazylady, Hortenzija и bertold им се допаѓа ова.
  6. butterflu

    butterflu Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Neee..
    Da si se ima sloboda, mir, intimnost..
    Nema poubavo da si zivees sam so mazot si i decata
     
    На crazylady, Hortenzija, lovely91 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. *Лаванда*

    *Лаванда* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.505
    Не.
    Чиста сметка - долга љубов.
     
    На Hortenzija, Peanut Butter, lovely91 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    1.187
    Пол:
    Женски
    Да се живее со родителите на сопругот е исто како нуклеарна катастрофа.
     
    На stilas7, Green Ivy, Snowflake97 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Исто и со родителите на сопругата.

    Најдобро е секој башка.
     
    На Didajo, hermosa, Green Ivy и 5 други им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Тоа е уште полошо
     
    На crazylady, anggell, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Многу зависи од луѓето, не е важно свекрва или баба.
    Маж ми утре би се преселил кај моите, многу ги сака. Секое слободно време го користи да испие кафе со нив или да помогне нешто. На сите кажува (вклучувајќи ги и неговите) дека му се како родители што од секогаш ги посакувал. Ама најдобро е секое семејство засебно, поубаво си живееш.
     
    На Skorpija25, crazylady, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  12. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Тоа е лично мое мислење, лошо и жално е за младината што е приморана да живее со свекор и свекрва, тоа само кај нас го има, а уште полошо е кај баба и дедо, па и уште ако во заедницата е братот/браќата на сопругата …. И нема врска ако си се поштоваат, баш убаво, ама кога ќе се под ист покрив наврати се на муабетов, оти знаеме и ние девојчиња немажени кај дечко дома ќе се напиеш кафе све сите мили насмеани, ама кога ќе влезиш в куќа одма е друга приказна и правила.
     
    На crazylady, noteforself, anggell и 8 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.259
    Абе и мојот ги сака и јас ги сакам.. односно, само мајка ми е сега.
    Ама едно е кафе да испиеш повремено, друго е да живеете заедно.
     
    На bertold, crazylady, anggell и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    Големо НЕ.
    Моите родители од прв ден живееле сами, прво под кирија подоцна дојдовме до своја куќа.
    Исто и јас и мојот маж од првиот ден животот го почнавме сосема сами. За тешко, да тешко е. Но мирот, слободата и приватноста што ги имам не би ги менувала за ништо. Ништо во животот не се знае, јас би и живеела месец, два пет или година во заедница но само доколку знам дека тоа е привремено и во меѓувреме би се стремела кон нешто свое, макар и штедела за кирија. И еден ден ако имам син не би сакала да живеам со снаа. Би помагала максимално, но живот во заедница не. Помош околу чување дете, некогаш зготвен ручек или платена сметка ми е сосема во ред, но цело време заедно не.
    Многу сум против кога родителите градат куќи на спратови или лепенки, само за да се сите на куп. И потоа старите немаат мир, младите немаат слобода, децата си сакаат приватност и сл.
    И сите проблеми конфликти доаѓаат од живеење сите на куп. Колку и да се добри и фини старите, разликата во години и различни навики во начинот на живот си го прават своето.
    Многу пари имам кажно да живееме со свекор ми и свекрва ми одамна ќе бев разведена.
     
    На warrior, spacegirl92, Skorpija25 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    1.187
    Пол:
    Женски
    Тој момент е втора нуклеарна војна....
    Јас живеам во заедница од лично искуство кажувам нуклеарна катастрофа е тоа.
    Имам пријателка блиска они со сопругот живеат кај нејзините родители од нејзините кажувања тоа е нуклеарна војна...
    Најдобро е сами, па што сакаш и како сакаш прави.
     
    На crazylady, anggell, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Legally_Blonde

    Legally_Blonde Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2022
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Искрено јас не би можела во иста куќа. Далеку од тоа дека мразам некој туку мислам дека тие се една генерација ние друга. Веќе долго живееме на страна во друга држава сами, мк на гости кога сме нормално сме во една куќа ама тоа е друго сепак. За живот мислам дека секој треба да си има свој мир. Тие си имаат еден начин на живот ние друг. Тука се разбира прашање се и условите.. Не баш секој има шанса да си приушти одделен живот ама за подобро на младите секој треба да си има свој ќош.
     
    На Snowflake97, cresa-jagoda, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  17. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    8.177
    Пол:
    Женски
    Јас сум за живеење посебно од мои или негови родители. Ама ме интересира зошто мислиш дека е полошо зетот да живее заедно со бабата и дедото, отколку снаата со свекорот и свекрвата?
     
    На Snowflake97 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Има многу причини, една од нив е менталитетот на народот, озборувањата и исмејувањето од околината, колку само пати сум слушнала-види го замина домазет, па шали од типот има слика нема тон ….
    Пак ќе се повторам строго сум против заедница со свекор и свекрва, а сметам дека да се живее со бабата и дедото на зетот според мене значи на парот не им останала никаква друга алтернатива
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    8.177
    Пол:
    Женски
    Па и за живеењето со свекор и свекрва има озборувања од околината.
     
    На cresa-jagoda, elimkd и Idedemja им се допаѓа ова.
  20. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Како бе нормално кога од странција еве и од друг град им идете на гости кај нив у иста куќа да седите? :^)
    Не не е нормално, имате хотели, еве ние стан си купивме таму во нивниот град и си седиме набашка. Им идеме на гости саат два три и на спиење кај нас во станот, ако им притреба нешто итно брзо се стасува до нив. Иначе не е нормално, порано кога го немавме купено станот им идевме кај нив и сега у ист клозет сите на исто место заедно. Па после си почнаа со муабетите ај снајке ова, па вака, па ај теписони перевме ти спростирај, па ручек зготви ни, па кафе сврари ни и со маж ми муабет еден озбилен си подигнавме кредит и си седиме и идеме во наше. Ние кај нив на гости добредојдени, тие кај нас исто, ама у ист ќенеф и во ист дом со нив немам потреба ни да живеам ни да спијам и да ми е тоа нормално.
    Да де оговарачи и сеирџии саде кај нас, еве и нас исто не окапаа зошто сме купиле стан набашка од нив кога идеме натаму, за да свој леб си јадат, туѓо гајле конкретно наше ни берат|(
    Ќе се смееле домазет, слика- тон муабети од времето на баба ми што ни баба ми ни прабаба ми не ги вртеле туку таа душебрижната, припроста генерација од тоа време :tmi::rofl:
     
    На Snowflake97, cresa-jagoda, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.