Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    268.128
    Не е до кондурите, до доминацијата е. Која е поглавна. Затоа за глупости на снаава и' се фаќа, демек ти мене ќе ме учиш како треба.

    @mrsfreak следен пат мт нека ги исчисти, дали на него ќе му рече така.
     
    На Milobebence, LuckyCharm, Oneo и 6 други им се допаѓа ова.
  2. flawless.

    flawless. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Мене ми е јасно што сакаш да кажеш, ама тоа што го цитирав за мене се глупости, во право била свекрва и бидејќи бил нејзин дом и не смеела да помести едни обувки снаата за да исчисти :drunk:
     
    На Gosh, Осе, Skorpija25 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    268.128
    Па да, ама за се' ќе и' се фаќа оти "и' се може".
    Да не е тоа, ќе е нешто друго.
    Чаре, освен да не се замара или маж и' да го праќа, нема.
     
    На mrsfreak му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Има и уште нешто на шо се фаќаше порано...Ко го прашаа мм зошто јадиме посебно тој им кажа дека причината е тоа што мајка му го крие јадењето и таа кажала дека тоа не е точно. Мм и кажа колку пати ја има начекано како го прави тоа а таа кажала па жена ти зошто ставаше кромид во јадењето а знае дека јас не јадам кромид во манџи само во салати :lol: И маж ми и вика "па и таа не јаде кромид ни во манџи ни во салати ама го трга на страна, става оти јас сакам. " Да кажеше дека не јаде кромид во јадењето немаше да ставам а не да се понаша како разгалено дете ...Мислам љубоморна беше шо свекорот кажуваше дека спремам поубави јадења од неа и дека требало од мене да учи...Ама ете нема друго шо да замери па се фаќа за глупости.
     
    На Gosh, Milobebence, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  5. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    4.363
    Пол:
    Женски
    Штом е маж ти на твоја страна уживај си и не им се замарај многу.
     
    На Misskirova, Victorian, flawless. и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.940
    Допаѓања:
    4.824
    Пол:
    Женски
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.997
    Допаѓања:
    268.128
    До жената е, малце припростичка :)
    Чим со маж ти имаш разбирачка, не ја ставај на ум, игнорирај ја :)
     
    На mrsfreak и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Како бе така нејзин дом?? Снаата каква улога има во заедница? Слика во рамка за разубавување на ѕид?
    Ти така ќе ја третираш снаа ти со ова е мој дом мои правила? Мислам аман мизерија е за влечки се работи, да е некоја живчана има в канта да и ги фрли, бар рает ќе си изџогира
     
    На VDT2906, Gosh, Emy867 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Со кој памет вложувате во туѓо, утре ќе ве избрка, и?
     
    На Milkiway и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    Леле и овде почнаа имотните листови :drunk:

    Тоа со кондурите баш од инат е, посесивна е за спратот па пречки става колку што може.
    Не е во ред, ко саксии наредени а скалите ги користите сите. Да ги фаќаш на секое чистење. Јас би ги тргала, упорна би била колку сака нека ги враќа ќе дојде момент да и здосади.
     
    Последна измена: 25 август 2022
    На mrsfreak, Осе и Skorpija25 им се допаѓа ова.
  11. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.906
    Пол:
    Женски
    Како не, нема друга работа, да губи време и енергија на непотребни работи. Свекрвата веројатно нема со што во животот, па се занимава со глупости, наместо да биди среќна дека некој исчистил таа чевли ќе преместува. Ма ич, јас сум за и кога ќе чисти да ја заобиколи цела скала.
    Напротив игнор и кон неа и кон нејзините чевли.
     
    На Осе, CameliaMiller и Milkiway им се допаѓа ова.
  12. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.145
    Абе реално така е, така се постапува кон било која будала. Тука е проблемот што треба да се чисти и она ги користи тие скали и гости и идат итн. Некогаш на ист јазик треба да збориш. Замисли и она ги нареди нејзините плус на мажите....
     
    На mrsfreak му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    43.150
    Пол:
    Женски
    Ова некоја посебна дијагноза е. :worried:
    Требаше да земиш да и' ги скриеш чевлите валкани ко таа јадење шо крие. :D

    Ако веќе не бегате од куќата, ако имате услови за посебен влез. Пак ќе ти е таму, пак ќе најди начин да мрачи, ама некој проблем барем ќе се реши и помалку ќе ја гледаш.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.970
    Таа живчана може да ја спакуваат и да ја истераат. Ја не глеам дека свекрвата дома кај снаата се меша, стана збор за ЗАЕДНИЧКИ скали. Нема она да одредува сама што кај да стои.
     
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.320
    Допаѓања:
    112.858
    Пол:
    Женски
    Ќе одредува.
    Како што одредува свекрвата исто така ќе одредува и снаата. Баш затоа што се ЗАЕДНИЧКИ слали.
     
    На Skorpija25, Emy867, LuckyCharm и 2 други им се допаѓа ова.
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Епа за мир во куќа нека свикаат еден совет и нека одлучат што понатака со чевлите.
    Бог да чуват какви мислења од млади
     
    На nena2010 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  17. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.970
    Тоа си е мое мислење. Не е мој проблемот. Прво пишала горе мажот да каже на мајка му дека не знае таа да готви. Некако како да се натпреварува со жената од старт. Прво готвење, после скали, утре дома ќе и разместува. Лошо е што никогаш не се знае другата страна, ај да ја тапшаме дека е греота. Не. Отишла во туѓа куќа, што е на име на свекорот и ако си ги оставала жената кондурите и пред снаава да дојде, нема да ги разместува.
    Значи, излегува целава работа дека свекрвава не сака снаа во куќа со оглед на понашањето, а овие се вселиле и сега дојде нова што кажува дека подобро готви. Турска серија не им е рамна. Прво и што се фаќа за џогер ако гледа дека е таква. Што не даде на мажот или не смее пошто мора да покаже дека е подобра од мајка му. Не е убаво ни нејзиното, па оваа правела со кромид, другата не јадела со кромид. Хаос. Само се бара рчка ништо друго.

    И еве која беше да не ја тагнувам. Пошто пишала во тема дали да се живее мој одговор и е НЕ. Млади сте иселете се. Спратот не ви бега. Поживејте си сами, здравје кога ќе имате деца големи вратете си се во куќата. Дури немаш деца подобро да се тргнеш од таму.
     
    На cresa-jagoda, violetblue и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Ич не се замарам...пак тие идат од нас да бараат помош а не ние
    Не кажав јас дека готвам подобро туку свекорот тоа го кажуваше. Нон стоп ко ќе направеше нешто и преговараше...Јас не се натпреварувам со неа. А зошто да не го правам тоа што сум го научила? За да не се лути да правам невкусни јадења? За тоа што на неа не и текнува да земи за подзачисти, да измети, да избриши јас ли сум крива шо сакам да е чисто?
    Тие се на првиот спрат и не ги користат скалите. Кажуваш дека сум и ги преместувала како намерно да сум го направила тоа. Таа почит што им ја пружив од самиот почеток не знаеја да ја ценат. Очигледно не е во ред со паметот затоа така се понаша. Без причина само сака кавги да праве ама го згрешил човекот, јас ич не сакам да се расправам, си ќутам а тоа уште повеќе ја разбеснува. Затоа гледам да ја одбегнувам колку можам повеќе.
     
    На Gosh, LuckyCharm и Осе им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.298
    Допаѓања:
    102.780
    Пол:
    Женски
    Што ви е со тоа исселете се, па побогу куќана еден ден кога старите ќе ги нема што треба, у гроб да ја стават?! Ако имам простор сопствен, си седам таму и ич не ми чуе за кај нив и крај. Ама не бил на нивно име, еве гледам на свекрва ми рогови и пораснале 35г што живеела во куќа не на нивно име, сега ние живееме, додуша сами ама што е битно тоа, не е на наше име ради сплет околности ама не е дека ќе земам стан да купувам ради тоа. Постојат начини да се докаже и на суд дека јас тука живеам или сум купила работите што сум ги стаила овде и ајт на здравје.

    Малку смирете страстите, ако е неподносливо да не се живее пеки, и јас советувам, секој на своја страна, ама за вакви баналности... Се лутела за кондурите, и ја би се лутела, мене 60г тука ми стоеле сега некој ќе ми ги подместува, јас на мајка се лутам што не пази кога иде и лажици вилушки ми ги разместува како и е воља, а не па да одам некому ред да му реметам и да не се налути. Има начин и да се среди без да се води инат, кренам, чистам и враќам, ако мислам дека ќе се испрља од што се прљави ќе земам ќе ги измијам и ем ќе ми е чисто, ем нема да се срамам од кондурите. Крај! Ние заедно на ист спрат живеевме 9м, свекор ми од работа ги оставаше работничките на стол, за да јадеме свекрва ми ги тргаше, еднаш не земав јас да ги разместам затоа што не ми се свиѓало, во својата соба редот си го пазев, ми е гајле кај нив како е.
     
    На Milkiway, CameliaMiller и Осе им се допаѓа ова.
  20. mrsfreak

    mrsfreak Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2018
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Со нив не може да се разбериш човечки...само се дерат ко ненормални не те ни сослушуваат.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.