Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

  1. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.747
    Пол:
    Женски
    Секој сака приватност, живеењето во заедница не би препорачала ,првиот мој брак ми пропадна од мешање итн.
    Сега вториов живеење сами, ако видам понашање како во првиот брак што имало со старите ,нема да толерирам,еднаш ќе поќутам два пати ај, но третиот пат куферите и ме нема низ врата.
    Успеваат заедниците ретко многу ретко,и таму ќе дојди момент да се скараат за ситница никаде нема мед и млеко.
     
    На Gosh и Emmy20 им се допаѓа ова.
  2. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.017
    Пол:
    Женски
    Зошто да не ?
    Не сум коментирала ама еве ајде влетав.
    Ако е куќа со посебни спратови, иста зграда , различни станови , да.
    Во стан од ете и 86 квадрати не е возможно.
    Сите сакаме дружба, гости ,млади сме. Постарите сакаат да си го фатат креветот и да си спијат. Утре деца ќе пораснат и тие сакаат дружба.
    За кавги со свекор и свекрва , имало и ќе има. Демек дома со нашите не се расправаме? Ама неее, тие дека се наши па смеат се да преречат.
    Интимност у смисла "сакам гола да шетам можда" не верувам дека и по дома го правите.
    Сум се скарала со маж , па што? Демек комшиите не ве слушаат... Па тие се туѓинци, а овие се дел од фамилија.
    Плус денес поголем дел од денот се поминува надвор од дома (работа и др. обврски) , а викенди гледаме да скитнеме .
    Тоа е , такви времиња дојдоа , да сме среќни што имаме кров над глава и здравје, другово се толерира ако сме коректни. Е сега ако некој преминува граница на нормала и се изживува, следи план Б.
     
    На Dzevelekova, Rama и s&s им се допаѓа ова.
  3. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    5.355
    Пол:
    Женски
    Mirot so nishto ne se plajkja.I da se starite zlatni kako sto se moitw da Vi kazam najgolema nesrekja so mozi da me snajdi e da ziveam so niv.Da sum na drug kat vo ista kukja vo red...ama vo stan vo koj treba da ja delam masinata za perenje,shporetot i se ostanato nemozam da si zamislam.Vo posledno vreme razmisluvam na ovaa tema i sekoja cest na tie sto se zaedno i stom im e vo red.Jas ne bi mozela.
     
    На mrsfreak, elimkd, Saraa и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    2.525
    Пол:
    Женски
    Абре колку и да се добри и фини "старите" тука си е разликата во годините која си го праи своето и точка. Јас сега не размислувам исто од пред 2 години, а не па разлика во две или три децении меѓу стари и млади.
     
    На Belgin1, TeddyGrey, girl-miri и 5 други им се допаѓа ова.
  5. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.705
    Допаѓања:
    4.988
    Пол:
    Женски
    Ајде еве јас да кажам мислење оти живеам во заедница.
    За сите што кажувате дека „нема шанси„ да живеете во заедница не Ве поддржувам. Т.е. Ви посакувам да Ви се оствари желбата, но некогаш едноставно не е можно тоа од финансиски причини се разбира.
    Барем кај нас е од тоа еве 2 години ја средуваме куќата и на пролет здравје Боже се делиме.
    Свекорот и свекрвата во глобала ми се ОК, имаме корекрен однос генерално немаме кавги. Некогаш јас ќе преќутам некогаш тие.
    На некои нивни навики се прилагодив јас на моите тие.
    Не велам дека ми е убаво, НЕ МИ Е ИЧ дома секој на секој му пречи ама немавме друг избор, ако заминевме под кирија куќата немаше за 2 туку за 5 години ќе ја средевме со мм.
    Така да девојчиња не летајте многу со мислите. Сите размислуваме и посакуваме да ни биде нај и јас така. И можеби ќе си живеев сама,, но останав трудна и мораше да се мажам и да живеам во заедница.
     
    На TeddyGrey, Luna91, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Ако беше толку убаво да се живее со свекор и свекрва никој не ќе се делеше.
    Зависи многу од финансиската состојба ама со заеднички сили, и со помош од родителите, може да се постигне се.
    Џабе ќе преќутуваш, џабе ќе трпиш, кога еден ден ќе ти препукне и готово.
    А живот ли е да трпиш некој или нешто?
    Јас сметам дека куќата каде што живееш треба да си ја чувствуваш како своја, да не се стегаш пред никој и да не се плашиш што да кажеш или направиш, а тоа искрено, со свекрва/свекор и други лица не е можно.
    Не е исто со свои родители и со други.
     
    На elimkd, mama31, girl-miri и 3 други им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    12.982
    Допаѓања:
    294.190
    Не.
    Кратко и јасно.
     
    На evangelina.ina, Glasna, girl-miri и 6 други им се допаѓа ова.
  8. DVAANGELA

    DVAANGELA Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    28.747
    Пол:
    Женски
    Зависи како ке ти се погодат свекрвата и свекорот:rofl:
     
    На girl-miri и referentka им се допаѓа ова.
  9. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    4.310
    Допаѓања:
    69.947
    Пол:
    Женски
    Колку и да се има коректен однос неможе да се живее заедно,тие ќе се стегаат пред нас ние пред нив,едноставно дома неможеш да се опуштиш како што треба.
    Доколку мора да се издржи и да се чека некоја година океј али цел живот заедно не.
    Сакам слобода,сакам да станувам и легнувам кога сакам,и да не правам нешто заради друг.
    Сите знаеме дека најубаво е сами и повеќе нема што да се објаснува и џабе не рекле колку подалеку толку повеќе мили едни на други :)
     
    На poenta, elimkd, Barbie20 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. irenadaniel

    irenadaniel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.328
    Пол:
    Женски
    Само во нашата чудесна држава секој втор пар живее со родителите,додека во светот послем 18 година се оделуваат и финансиски и стамбено,колку и да се ок лугето сепак секој си ја бара својата слобода
     
    На Barbie20 и larrachi им се допаѓа ова.
  11. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.368
    Допаѓања:
    27.377
    Пол:
    Женски
    Koj ima uslovi,bi mi rekla ni den da ne seid vo zaednica. Jas bev edna od onie koi vikaat pa nema nisto loso vo toa,nema da mi preci. E,preci i toa kako. So ovoj pamet nikogas ne bi se omazila ako ne mozam posebno da ziveam.Sreka,uste malku ostana8)
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rebecca_R

    Rebecca_R Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.028
    Допаѓања:
    54.871
    Пол:
    Женски
    Кој воопшто може да ја стави во обзир оваа опција? Едно е ако нема финансиски услови и мора да живееш, дали привремено, дали на подолг рок.
    Ама ако имаш опција да живееш одделено, зошто да правиме муабет за заедница?

    Реално гледано, најдолем дел од младите ни со своите родители не би живееле, а не пак кај други возрасни, да не речам стари луѓе.
    Ма бре на раат не можеш ни да се скараш ни да се опуштиш.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    438
    Пол:
    Женски
    I jas kako REFERENTKA kratko i jasno NE,nemam potreba da objasnuvam zosto-kako.NE NE I NE!!!
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.371
    Допаѓања:
    7.053
    Пол:
    Женски
    Ako se moze sto podaleku I od svekor I svekrva I id majka I tatko. Mislev nekogas pa dobro e sto ako ziveeme zaedno ama se dodeka ne dojde toj moment nema da znaete kako e, ma rucek pravela sadovi miela, pruzala alista, nisto ne isakam, ako treba I deset dena neka ne mi e meteno samo da sum sama, pomagaat mnogu, ama I komentiraat mnogu, bez razlika dali ke te navredat ili ne.
     
    На elimkd, Viktorijaaa5, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    1.798
    Допаѓања:
    26.009
    Bas mi e ubavo sami ( so mm i sinceto ).
    Nemam ziveano so niv mnogu, se gledame ednas godisno za vreme na letniot odmor.

    Kolku e ubavo koga si daleku, po mil si de!!:rofl::rofl:
     
    На Saraa, Barbie20 и girl-miri им се допаѓа ова.
  16. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    529
    Пол:
    Женски
    јас сметам дека воопшто нема дилема,со свекор и свкрва само и исклучиво доколку морам
     
  17. Samomarija.056

    Samomarija.056 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Јас искрено не би живеела со свекор и свекрва , од проста причина сакам живот во смисла да нема мешање . Пр . На мојата сестра другарка и се разведоа со мажоти зошто им се мешале они . Јас мислам доколку се сакале никој неможел да ги раздели . Али јас не би живеела со нив си се дружиме со млади а они ќе дремат со нас ко овие мојве дома дојди друштво кај нас муабет немојш да напрајш ..
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    546
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Никако. Јас моментално живеам со дечко ми кај моите додека да го опремиме станот што го купивме. Ама краткорочно, неколку месеци, никако повеќе. И да се најдобри на свет, нема ништо поубаво од комоцијата што ја имаш кога си сам.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.702
    Допаѓања:
    31.134
    Пол:
    Женски
    Не би сакала во заедница, самата помисла ме ужаснува
     
  20. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.767
    Допаѓања:
    40.070
    Пол:
    Женски
    Би сакала сами да живееме да можеме што сакаме да си правиме без да пазиме, без некој трет да ни се меша.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.