Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    34.983
    Пол:
    Женски
    Eee и јас добра бев додека седевме во заедница, и готвев за сите, и чистев, откако се оделивме со готвење и со се, не им чинам, па и сега кога ќе се симнеме доле знае свекор ми да префрли пред гости јас сум требала да служам, одмааа.
    Плус сега си седиме кај моите поради работата, таму идеме 2 пати во месец, и пак знаат да префрлат сами сме ги оставиле, инаку јас имам 2 свекрви (свекорот е бетер буцкало од свекрвата). Само дистанца со нив , па и така не чинам, што сум правела цел ден внатре, играм оро хаха.
    Сега ни кафе не би пиела со нив.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Има една српска "р'ђавом ку*цу и длаке сметају". Така е со луѓето, не можеш да им удоволиш
     
    На VDT2906, *Amethyst* и Anyshka им се допаѓа ова.
  3. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.524
    Допаѓања:
    15.742
    Пол:
    Машки
    *богатиот на Адидас

    :D
     
    На buba4e89 и tanjaaa им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.467
    Допаѓања:
    22.694
    Пол:
    Женски
    Хаха, па добро вика во богато друштво се јаде, не се јаде со кроте мроте со такви :D:D
     
  5. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.524
    Допаѓања:
    15.742
    Пол:
    Машки
    Даа даа да :D
     
  6. Dilajla123

    Dilajla123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2022
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    1.320
    Пол:
    Женски
    Најубаво е одделно.Никој не ти се меша ,ни кај си бил,ни во колку си се вратил,ни зошто ова си го купил ,а најважно нема простор да ти се меша во воспитување на децата ,а се мешаат намерно или не намерно.
     
    На cresa-jagoda, Anyshka, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    34.983
    Пол:
    Женски
    Еве каде си пишала дека помош имаш од родителите од двете страни, а во друга тема се удираш во гради дека ти и маж ти сами сте сте постигнале, и ги понижуваш другите членки што решиле да живеат на спрат од свекор и свекрва. Само имаш право, да, во спратот џабе сме вложиле, а храната никој не ја гледа ( што сега се е поскапено) така да не солете многу памет дека родителите не се должни да ни помагаат, и вашите не се, ама ете ви помогнале, на крај краева ако не помогнат на свои деца, на кого, на комшиите ли? Нас никој ништо не ни помогнал ни со храна, сами си пазаруваме, освен мајка ми што ми даде пари за санитарија за во купатилото, тоа наместо спална-поклон за свадба, зошто спалната си ја купив јас, лично со мои заработени пари пред брак. Од на мм страната помош никаква, сами си плаќаме сметки, за разлика сега што седиме кај мајка ми поради работата, не сака да ни земе пари, затоа што се бориме за бебе и секој што оди по тој пат знае колку пари одат само за основни испитувања, и неможе некој да ми каже ако двајцата работиме можеме да купиме стан, еве и двајцата работиме, не се луксузираме, готвам за 2 дена, на одмор не сме биле 3 години, штедам многу, ама сега заштедата ми оди за испитувања, витамини. Само на форум сте многу јаки- "одете под кирија, земете кредит за стан".
    Затоа никој неможе да знае што има во дворот на другите.
    Може некој има болно дете па целата заптеда ја дава на лекарства.

    * Дискусија преместена од темите Свекрви и снаи - проблеми и Помош од родители
     
    Последна измена: 22 јуни 2023
    На Emy867, Orchidea, glosipgirl и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.202
    Пол:
    Женски
    Bravoo mnogu ubavo kazano se od zbor do zbor
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.202
    Пол:
    Женски
    Pisam bravoo oti i nie go odevme 13 god toj pat da odimame dete i fala bogu uspeavme i ova e kako jas da sum go pisala
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    34.983
    Пол:
    Женски
    Епа се удира во гради "ние со мм се сами направивме, ако ви смета свекрва одете под кирија или земете кредит", па пишуваше како некоја печела газ на море, а кукала, па и да печела газ тоа е еднаш во годината одмор, а свекрва и дала стан под хипотека, па тоа не било ништо, оди побарај од свекор ми да даде куќа под хипотека, нема шанси, па нејзините праќале багажници со зеленчук и месо, а на другите членки им соли памет купувала најефтино, па килограм месо за 3 оброци.
    Па биле неспособни што живееле со свекор и свекрва. Па имаше и други членки што ја подржуваат, двајцата ако работеле можеле кредит да земат, да, ако ништо не ги кочи, ако немаат здраствени проблеми, ние се бориме за потомство, и незнам колку пари дадовме за основни испитувања само, а еве планираме ин-витро, дали знаат колку пари е тоа?
    Ама не, сите брцаат во туѓиот џеб, па некоја пишала, ние не знаеме со пари и картички, еве нека дојде нека ми каже како, јас ако не сум штедлива незнам кој, па некој да ми полни багажници со храна и се и јас ќе направам куќа, и да реновирам, еднаш се реновира на неколку години, ама јадење секој ден и се е поскапено, ама не, тоа не е помош, она била самостојна ауууу.
    Кога никој нема да и помага тогаш е самостојна.
    И да, не сакаме да земеме кредит, да бидам во минус, па да ми праќаат месо и зеленчуци, можеби ние што сме на посебен спрат ќе трпиме свекор и свекрва, ама барем раат ќе спијам, нема да должам на банката.
    Ама сме чекале да заспие свекрвата па да имаме sex хаха, па подобро така, да ми диши свекрва во врат отколку банката.
    Незнае поради короната колку народ остана без работа.
    Ајде ако заспале свекрвите, фрлете се во акција хахаха.
    Ама прво прашајте ја Ска.
    Јас мислев на форумов можеш да се пожалиш, секој од мака пипал, ама ова било судница, не дај боже да се пожалиш, одма те осудуваат, срамота од жени такви навредувања, па ме направија дека тролам
     
    Последна измена: 22 јуни 2023
    На Mikha4, Stressed Out, Alexandrite и 3 други им се допаѓа ова.
  11. xplady

    xplady Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2020
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Не сум мажена, но имам доста примери од мажени другарки кои се водат по филозофијата СЕКОЈА ПОМОШ Е ДОБРЕДОЈДЕНА. Сите до една живеат на посебен спрат кај сомпругот, и на сите и готви свекрвата 90% од времето. Не дека не знаат тие да зготват, но искрено, не им смета.

    Вака размислуваат, цитирам: Наместо да трчам дома после работа и да спремам ручек, јас тој саат го користам за кафе со другарки, во парк со деца, пазарење, гости. Се враќам дома, ручекот е спремен. Ручаме со свекорот и свекрвата или посебно со сопругот.

    Сите до една фунционираат супер. Така да, еве, има и исклучоци во се.
     
    На Nausicaa, riba79, see.emily.play и 4 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.976
    Допаѓања:
    267.906
    Реалноста е дека нема некој за кого знаеме во ситни цревца детали, можеме само да претпоставуваме ;)

    Ај бар признај те поддржав за на свекрва ти ручекот, јас обратно, не секој ден ама често и' праќав на мојата по син и'.
    Нит ме тераше, нит ми бараше жената, кај готвев за двајца не ми беше тешко и за неа да доставам.
     
    На see.emily.play и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.669
    Допаѓања:
    18.314
    Пол:
    Женски
    Точно, ти си една ептен фер и реална членка. Со речиси сите твои ставови се согласувам. Освен за со мачките. :|

    Можеме да претпоставуваме, секако.

    Проблемот е што знаеме во каква држава живееме, знаеме какви плати има, напредок, можност за да купиш нешто твое со просечна а уште помалку со минимална плата. Не е ич ок да кажеш собери пари и купи си стан. Ако не можеш си неспособен.

    Ја прва ке кажам, кирија е прифатливо решение ако се нема живот со свекрва. Сепак, подобра опција е да живееш некоја година, додека собереш нешто на страна па да земеш кредит за свој стан. Ако се има услови нели.
    Тоа дека мора веднаш под кирија, па ке штедиш и за стан, и се ке постигнеш е фантазија.

    Не секогаш животот иде според план. Јас останав бремена непланирано. Лесно беше што не ми беше јасно како бидна. И малку плановите се изместија. Да живееме со неговите не беше никогаш планирано.

    Не сакам да верувам дека во двособен стан живеат две фамилии од две генерации.
     
    На mal.ecka, *Amethyst*, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.976
    Допаѓања:
    267.906
    Абе не верувај, ама живеат, кој црн двособен, гарсоњера е. И толку имаат родителите стварно, немаат што да им дадат повеќе од тоа.
    Ама нема логика зошто некој би се нафатил на такво нешто, мислам стварно 0 логика има, што е најтрагично ни кај нејзините немаше поасални услови пошо брат и' женет, во 60м2 стан, толку е местото.

    Не е проблем НИШТО, ни заедница ако не ти ја јаде душата таа заедница. По мене, ништо не ми вреди ако секој ден си го мразам животот, да се мразам со сите по дома.

    Проблем е само кога животот во нервози ти поминува. А за 99% од проблемите овде кажани, мажите се криви.
     
    На 1209, mal.ecka, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Има има. Под баба ми, во еднособен стан (дневна, кујна и спална) живееа: мајка, двата сина, едниот неженет, другиот женет и нели жена му и 3те деца. Незнам едноставно каде спиеа, ама претпоставувам, зошто имаа мини кујна на терасата, дека кујната беше пренаменета во соба, мада тоа е мало кујне, еден кревет собира, евентуално два на спрат. Сега се растеретија, бабата умре, тој другиот се ожени и отсели, едниот од децата се отсели, па останаа 4ца. Исто имав една колешка, само во двособен стан живееа (ист број на луѓе), поголемиот син буквално во кујна и спие. Има маж и куќа во едно село блиску до Охрид, ама треба да се реновира, она нејќела во село, ама битно го изреновира цел стан, а пак децата детска соба немаат. Овие првиве беа ептен искинати и вистина за греота. Ама овие вториве се баш овие што ги зборите, што сами вака бираат да живеат.
     
    На 1209, bertold, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.669
    Допаѓања:
    18.314
    Пол:
    Женски
    Реално, нема подобра опција од живеење сами, на страна. За доаѓање да треба најава. А не, добро утро снао еве ме на кафе.

    И тоа со спратови посебни, може да е пренапорно. Има мажи ке кажат, ке објаснат, џабе, свекрвата по старо. Сме читале и за такви кои живееле па се преселиле.

    Најреално, заедница со една кујна е проблем, па и во најдобри односи да сте. Едноставно немаш свој мир, а ни свекорите го немаат. Живеев во функционална заедница, па колку и да не си сметавме, едно веце имаше и една дневна.

    Во такви ситуации, навистина не разбирам како функционираат. Ама не знам и крај. Цел живот под кирии да си е подобро од живот на две генерации во 25 кв.
     
    На tanjaaa, Anyshka и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.669
    Допаѓања:
    18.314
    Пол:
    Женски
    Некогаш од главата си патат. Немало место за синовите само, значи тие делеле една соба, мајката во дневна спиела. Ај тоа, па уште снаа дошла, па на цела збиеност, 3 деца направиле.
    За зима не им треба греење, од гужва се грее цел стан.
     
    На 1209, Polyincognito, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.976
    Допаѓања:
    267.906
    Тоа и зборам. Остај ти дека не може ред да се воспостави на 2 ката, и тоа како може ;)
    Баба ми беше жива и ненормално напорна, па си ја строеа синовите, не снаите. Ако оставеа на снаите може циркузи ќе беа, не знам.

    Затоа малце измешани се работите овде, оној ден кога ќе се сфати дека посебен кат е посебно домаќинство, семејство, не е заедница, комшии ти се тие доле/горе, нема да ги има проблемиве, односно ќе ги има оние кои би ги имале со рандом комшии. Пример, јас немам други комшии десно, лево имам залепени баба и дедо, сами си се. Како што јас пазам да не претерам со музика пример или ќе ми дојдат гости а е доцна, ќе се стишиме, така и во таква куќа се живее. Како што им дојде внуче на чување 10тина дена, јас немав ни поима дека на работа, а и општо детска галама има многу, дојде бабава на врата да ми се извини предвреме оти бучава ќе била поголема.

    Поентата е оној ден кога ќе ставиш граници (посебно тој чии што се родители), нема да ги има драмиве. Колку што сум живеела кај моите, а и ден денес често одам, вакви будалаштини не сум сведочела, кој кога сака да упаѓа на другите и слично. Да не зборам дека со братучед ми сме генерација, две бебиња истовремено биле, плус братучетка ми 5 годишна горе, таман работа за се' рчка да си барале. Едно плачело па се слуша, поголемово трча прави галама, ехееее поводи за кавга колку сакаш, ако сакаш нели :)
     
    На *Amethyst*, MissChievous, see.emily.play и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.669
    Допаѓања:
    18.314
    Пол:
    Женски
    Тоа го кажував јас во некоја мината дискусија.
    Додека бевме заедно, и јас да сакав ке најдев рчки, и свекрва ми секако. Идеални не сме.

    Ама со договор и муабет се постигнува се. Во семејства каде мажот си става граници кај неговите, а жената кај нејзините, се е супер. Па и жената ако каже до каде и е степенот на толеранција е ок ако е со почит.

    Неретко читаме и дека и покрај тоа што мажот става граница, свекрвата си тера по нејзино. За жал тогаш мора да се излезе и од посебен спрат.
     
    На *Amethyst*, VDT2906, see.emily.play и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.202
    Пол:
    Женски
    Znam jas i zatoa ne se zalam veke na forum more i kredit i se sme zemale oti tie invitra kostat pari tie patista odenje vrakanje od skopje kostaat pari ama koj ne iskusil neznae kako e posledniot denar da si go dades po bolnici
     
    На H.VAGA, Mnik и Anyshka им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.