Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    3.834
    Пол:
    Женски
    Оти тврди дека сама со сопствени раце и кредит купила стан и пишува како ние сите се неспосбни да живеат сами, а тука испаѓа и носеле цел ѓепек јадење и свекито дала пари и хипотека за она да се мафта тука.
    Епа сеа ти види која фрустрација е.
     
    На Emy867, Stressed Out, Peanut Butter и 5 други им се допаѓа ова.
  2. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    3.834
    Пол:
    Женски
    Како не разбираш не знам дека и им дале на некои па пак им иделе дома им правеле проблеми.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    8.177
    Пол:
    Женски
    Пријателка моја кога се омажи живееше со сопругот во двособен стан со свекорот, свекрвата, деверот, јатрвата и внучето од деверот. Тоа беше извесен период. Потоа заминаа да живеат кај нејзините затоа што тие беа во куќа, имаше слободен спрат.
     
    На Anyshka и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  4. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.816
    Допаѓања:
    34.717
    Пол:
    Женски
    Од една страна пишуваше родителите не се должни да помагаат, од друга страна на детето ќе му купела стан да не се мачи како нив, значи и детето нејзино ќе биде неспособно како нас што не сме купиле стан, па сите тие членки што ја подржаа за стан им помогнале родителите, па една членка пишала сме биле неписмени финансиски, не сме знаеле да работиме со пари и картици, а на истите тие членки мајките се уште им чистат и им перат гаќи, како што пиша Чка сме переле гаќи со свекрва, не, не переме гаќи со свекрва, имаме се посебно, кујна, купатило, посебен фрижидер што ние го полниме а не родителите со зеленчуци и месо, посебно машина за перење, посебно домаќинство.
    Еве сега мајка ми ми ја поклони мене куќата, нема на кој, дали според Чка сум неспособна што не сум купила јас, па на кого друг ако не на мене, на државата ли да ја поклони? Јас знам детето што им е болно и цела заштеда ја даваат за лекарства, дали и тие се неспособни што живеат со свекор и свекрва? Па запотете газ дрн дрн, лесно е да се каже, ама да одат по овој пат ние што го одиме, дали ќе не прават неспособни. Многу се способни што земале кредит, што банката ќе им диши во врат додека не го исплатат станот. Па советуваа под кирија, така било тоа, па имало за 200 евра станови, неморало во Центар, каде има толку ефтини станови, во Ѓорче, Маџари? Немам против населбите ништо, ама ако работат Аеродром, Нови Лисиче, ќе даваат пари за превоз. Секој како сака нека прави, ама нека не убедуваат дека киријата е добра опција, за мене се фрлени пари, и знам што ќе пишат дека мирот нема цена, можеби нема да трпиме свекор и свекрва, ама па ако сме под кирија секој месец математики.
    И вака и така нервози. Па ги убедуваше членките зеленчук од пазар и од најефтинот маркет, кило месо за 3 оброци, а родителите 60кг.месо, тоа е најмногу помош некој да ти полни фрижидер, јадење секој ден мора, блуза ќе купиш ќе носиш, а да, и за детето свекрвата купувала облека, а за дете е најскапо и детето брзо расте и се му омалува, а тука убедуваше не купувале облека, па облеката е поефтина од храната, ама неее, тоа не е помош. Нигде ја нема сега, затишје пред бура, можеби пече газ негде или има гласен секс без да ја слуша свекрва.
     
    На Camille84, Stressed Out, Zumbulche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    8.452
    Пол:
    Женски
    Рече: раатот нема цена, си го плаќаш раатот.

    Некогаш се излегува од заедница за да ги заштитиш децата од токсичната средина.
    Одат под кирија за да не си ги трауматизираат децата.

    Замисли си ако на возрасен човек му влијае толку лошо на менталното здравје, што им се случува на неговите деца, кои се во развој и кои не се доволно зрели за да се носат со драмите во домот?

    Да заприметам дека детето ми страда и ми се трауматизира заради тоа што живее во нефункционална, токсична заедница, не размислувам дали да си одам од таму, без разлика дали се неговите родители или моите во прашање.
     
    На andrejko82, VDT2906, Skyler и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.969
    Допаѓања:
    133.473
    Си ја свртевте темата за да си олесните на душата. И вашите свекрви живеат у станови кои можат да ви потпишат за хипотека ако сакаат. Меѓутоа не ви веруваат дека ке исплатите.
    Страв ви е од кредити, по линија на помал отпор и страв дали ке можете да плаќате, не зимате кредити.
    Направете разлика меѓи кредит, кредитобарател, жирант, хипотека. Додека не научите, срамота е пак да ви објаснувам.
    Направете разлика меѓу помош од храна и хипотека со тоа што секој месец 200 евра кирија не плаќате, ви прават свадби и ви готват и перат гаќи.
    Многу повеќе ви помагаат вас, отколку на кој и да е друг. Силата не е во помошта, туку у главата. Дека ке застанете и ќе речете, ке направам се, за да живееме само, како семејство, не патријархална заедница. Ке ризикувам, ама детето ке ми расте како што јас сакам, не сверкавата. Крви ви се платите, крива ви е државата, криво ви е се, освен фактот дека длабоко во себе, страв ви е од ризик. Дека ке изгубите се оти нема да имате плата, дека нема да најдете работа, дека кај мама е полесно оти она ви го бере гајлето.

    Менталниот склоп е. Страв ви е сами да скокнете. Черешна се од корен корнеше како вика? Досега сум мајка слушала, од сега ќе слушам свекрва. Сами не можете. Ни како немажени не сте живееле сами, ни откако сте се омажиле.

    Имате време да одите во мислења од 2015, значи немате работа. Затоа и немате пари за осамостојување. Не е проблем инање или не пари - ментален склоп е. Како оној богаташот што сте го пишале погоре, имал пари ама живеел со мама. Да, ментален склоп е. Исто е и кај вас или ваите мажи, сеедно.

    И да, живеат во еден стан со свекрвите. Делат струја, не плаќаат кирија, им перат алишта и после не им чинат свекрвите. Месечно 300 евра ви заштедува свекрвата со тоа што ви дава кров и пола сметки. Ама вас не ви чини она. А вие и после 5 години кај неа, уште двајца работоспособни не можат да се решат за свој стан. Има и поевтини, има и стари, има и кирии... АМа потешко е така.

    На крајот на денот, ако ви е лесно да мислите дека мене еден месец помош во храна и хипотека која сами со маж ми сме ја платиле ми била помошта која вие ја немате, ви посакувам да ви дадат вас дупло. Но не и повеќе, како на пример неплаќање кирии со години и сметки.
    Јас кога легнувам навечер знам дека сум била храбра и се борам секој ден. Не чекам да запсие сверквата и да имам секс. Не чекам да заврши нејсината машина па јас да пуштам. И не сум среќна што цел ден сум го поминала на форум, за да се тешам дека на некоја мајка и не и направила свадба, не и дала подарок за мажење, ама два пати и донела јадење у еден месец оти само што се вселиле, и немале да јадат и ете, затоа, она успеала.

    Немам нити ке имам проблем во тоа да ти дадат родителите, ама имам, кога младите не знаат да ја изменаџираат работата, и да се осамостојат. Страв од одвојување е тоа. Недораснатост. И такви луѓе имаат деца. Растени во куќа со мајка која е цело време нервозна од свекрвата, татко кој е инфантилен. Исплашени дали ке можат да платат кредит.

    И нормално дека ке бидам горда на себе. Имам зошто. Прво, не живеам со свекрва и не сум мажена со недораснат. После се друго.

    Еве само сега ти реплицирам оти од којник до тунелот да ти објаснувам, нема да сфатиш. Јас и маж ми земавме и плаќаме кредит. Пари денар не ми дал никој. Гепек јадење е за максимум две недели. Хипотека има и свекрвата да ти даде, ама не сака. А ние можевме и без неа.

    Размисли дали маж ти сака да се одвои од мајка му. Или она со маж и кога градела куќа и за него правела и сега не смеете уста да отворите ако сакате да се одделите. Дали ти имаш храброст да се одделиш? Што ќе кажат комшиите?

    И ми завршува одморот, секако на темава сум два пати годишно да видам дали уште има снаи и свекрви у иста кујна. Затоа, се што терате натаму за да ви биде лесно на мој грб, повелете. Покажува прстот дена не можете кон себе да го завртите, оти така боли. П ај, чка ке викаме дека и помагале, а нас не и да ни е лесно. Ако така ви е убаво, правете за се така.

    ПС - уште еднаш ако ми отвориш фб профил (знаеш која).... ќе пиеме кафе кај мене.
     
    На mal.ecka, drugarka, tanjita и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Добро бе Cka го потече со сексот. Пред децата ли секс имаш? Бидејќи не чекаш свекрва да заспие. Барем чекаш ли децата да заспијат. Или со пискањето. Што правите по дома?
    Не знам само зошто се правдаш за помошта која си ја добила. Напиша дека свекрва ти стан од наследство на маж ти му дала. Што направивте со него, бидејќи ви рекла што сакате правете со него.
    И што е најиронично, пишуваш дека вечно ќе си им благодарна.
    Според пишуваното изгледа си заборавила на нивната помош кога ви било најтешко.
    И пак не ти оди паметот. Ниту ми е гајле за свекрва ти, ниту за тебе. Супер што имате свое, без разлика како сте го стекнале. Но, знаејќи која си и како си дошла до тоа што си дошла треба да вроди емпатија за туѓата состојба, а не амнезија за своето минато.
    Многу напиша, а ништо вредно не кажа. Пак си со црна душа и мисли.
    Е за тоа не ти љубоморам. Затоа што кога ги разбираш луѓето, се сакаш и себе, ова ми укажува на нешто друго. Имај поголема љубов према себе, не биди толку строга.
     
    На Emy867, Erika.greeneyes, Camille84 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    8.452
    Пол:
    Женски
    А да ги памтам и јас тие времиња. Имаше таков проект - станови за млади брачни парови, условите беа да имаат мали примања, да немаат на свое име друг недвижен имот и барем едниот од нив да е помлад (до некоја 30ет годишна возраст). Ние баравме стан тогаш и некој ми кажа за конкурсот - демек следи кога ќе се отвори и конкурирајте зошто исполнувавме услови.
    Неколку месеци пред да почне рокот за пријавување, отидовме да ја видиме зградата каде што беа становите зошто само што завршуваа со градбата. Сфативме дека становите не само што беа поделени уште пред да почне пријавувањето, туку тие што ги добиле почнуваа да ги уредуваат. Пола од становите однадвор имаа монтирано климатизери. Јасно беше се..
     
    На Gosh, Mnik, Cherry333 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.969
    Допаѓања:
    133.473
    Така стои, некогаш ке се реновира, ако му дојде редот некогаш... еве тебе ке ти го дадам за пола кирија.

    Еве читано недочитано :) Ви кажале.
    Прво, не даваат конкретни станови, туку кој сакаш ти. Да е со определена цена, а ако е повеќе, сам плаќаш за тоа повеќе. Не е еве зграда, за оваа даваме :) Туку за кој и да е стан. Каде и да е.Станови се купуваат уште во градба.

    Конкурсот е отворен цело време, со години, од 2014 до денес. Само поднесуваш кога си спремен. Не чекаш да се отвори. Значи треба да читаш, се е онлајн.
    Како јако те изполажале...Калсичен пример за пропуштање шанса од нечитање.

    Услови тогаш беа да е еден до 35 години, да немаат заедно 1400 евра плата.

    Оној НЕКОЈ што ви кажал, сакал да бе заебе и успеал. Сте изгубиле многу пари.
     
    На Skyler и baby-star им се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.303
    Пол:
    Женски
    Јас немам апсолутно ништо од твојата куќа, помош, јадење, врагови. И самата сум во доста поволна ситуација, не ми е мака. По природа не завидувам ако некој има повеќе од мене. Ама не лечам ни комплекси на тие што немаат.

    Триста пати објасни и пак не кажа. Која вистина е точна, таа од 2018 или актуелнава?

    Дали хипотеката што ја зела сверква ти за вас е за да почнете да градите или е за тераса? Го одмина мојот цитат.
    Една верзија тогаш а една сега.


    Дај не ги јеби у здрав мозок оние со две минимални плати. Ке успелее да плаќаат кирија, кредит да земат, да јадат, и ке остане и за одмор. Се можело ама неспособни биле. Не зезај.
    Да не ти беше мислењето уште ке вртеше дека се собираат пари за стан.
     
    На Emy867, Erika.greeneyes, Zumbulche и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    8.452
    Пол:
    Женски
    Извини ама овде сите тебе ти се смеат на лагите, не на мене.
    Мојот кредибилитет овде не е во прашање, туку твојот.

    А што не се фатиш за суштината наместо за формата на тоа што го пишав?
    Или тој муабет не ти чини?

    Тие проекти сите имаат иста цел - државата да им помогне на оние категории граѓани кои мака мачат да имаат свој дом.

    Ама не го добиваат тие што немаат и треба да се опфатени (самохрани родители, млади парови, итн), туку тие што имаат имот, а ова им е втор, трет стан, кој еве сега го издаваат за да собираат кирија.
    Не живеат во нив ниту еден ден! Како сопственици тие после управуваат со станот како што си сакаат.
    Триста флексови направија за да ги земат, за да исполнат услови.

    Земи државна помош, вложи од свој џеб помалку, долгот плати го со киријата (јер имаат кај да живеат на друго место!), а утре кога ќе сака да го продаде ќе оствари и поголем профит зошто го продава според цените соодветни за локацијата и никој не го интересира он дали го купил за денар или за милион.

    Паметно е многу, ама е нечесно.
    Законски можеби се чисти, ама дали реално имале потреба или не е друга работа.

    Секој со својата совест и морал.
    Некој може се да направи и мува да не го полази. Ќе најдат и начин како и дупче да се протнат и начин да заобиколат правила.

    Јас не сум таква.
    Битен ми е начинот како стекнувам, зошто важно совеста ми е да ми е мирна и мирно да спијам навечер.
    Не се сметам ни за поглупава ни за неспособна, точно знам која сум и до кај можам.
     
    Последна измена: 23 јуни 2023
    На bittersweet, drugarka, Gosh и 9 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.196
    Па тоа во многу наврати го кажав.
    Дека од дисфункционалност страдаат сите, а најмногу децата.
     
    На Just.do.it и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  13. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Нема никаков активен конкурс за 2023, или барем не онлајн.
     
    На Mnik и Anyshka им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.196
    На моменти стварно да се запраша човек дал знаете што е што.
    Не направиле ништо со станот ебаго, го ставила свекрвата под хипотека, си ја исплатиле хипотеката, нејзин си е, дали живее таму или на кираџии го дава или сади пиперки во него, немаме поима.

    Не знам кој рече, тотална финансиска неписменост.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.303
    Пол:
    Женски
    А прва верзија беше? Сами направиле се, од темел, ама свекрвата дошл видела и кажала ке ви дадам пари за кров рамен. На инвестиција од 100к баш 10к фалат.
    Во старо мислење кое самата го пишала вели дека им дала за да почнат. Потоа сврте дека требало да се бара помош, ок било, тоа е храброст, другите не знаеле да побараат.
    Јаделе по еден оброк и немале пари, ама мајка и на две недели гепеци полнела. Сега вели тоа беше 2 пати.

    Овде ке дели памет дека со две плати можат вила на Водно да изградат.

    Кредибилитет 0.

    Не е спорно да кажеше, побарајте помош. Не не. На сите им кажа дека се штеди со две минимални плати. И пресметка направи колку ке јадат.
     
    На Emy867, Erika.greeneyes, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.196
    Не им кажала ќе ви дадам ПАРИ, туку им дала да стават стан под хипотека. Различно е МНОГУ, секој што има имот може ако сака да го стави под хипотека. Тоа не се пари, туку гаранција дека ќе се врати кредитот. Значи не да земе некој за тебе кредит, туку да гарантира дека ти ќе го вратиш.

    Татко ми кога ја почнаа викендицата куќата кај што живеат ја стави под хипотека. Кога ја изградија викендицата си ја префрли хипотеката на викендицата.

    Не знам што е толку спорно со хипотекиве, секој на секој може да му даде, свекрвата таман 5 денари во џеб да нема, може ако сака да дозволи имотот да се стави под хипотека, ама ако сака. Може и братучед и другарка, а ако купуваш готов стан ретко бараат друга хипотека, си оди на тој.

    Не знам колку храна ѝ дале и колку топлинки свекрва ѝ купила и не е важно, поентата е дека кредитот не го плаќа никој освен тој што го земал.

    Едит: нека си каже сама колку ја чинела куќата, ама тие поволни субвенционирани кредити беа во тоа време до максимум 50к.
     
  17. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.367
    Допаѓања:
    22.213
    Пол:
    Женски
    Да, они си ги плаќале ратите, ама да не била хипотеката , ќе немале шо да враќат :)
    И не е во ред да омаловажува некои членки тука дека се неспособни, немаат сите свекрва шо би ја ставила куќата/станот под хипотека за да може синот да живее со снаата на друго место.
     
    На Emy867, Gosh, Alexandrite и 3 други им се допаѓа ова.
  18. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Бегање од поента, извртени зборови како и секогаш.

    Правиме муабет за двајца работоспособни возрасни луѓе шо свесно ствараат фамилија и бираат да живеат во заедница оти нели тешко е сами.
    И години минат фрустрации до плафон, свекрвата се меша во секоја манџа децата истрауматизирани ни б од брак се нема ама ништо не се превзема.
    Е тука лежи проблемот.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  19. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.643
    Пол:
    Женски
    На анонимен форум може и како кралици да се преставуваме, ама во реалноста сосем друго да сме. Не гледам потреба на анонимен ( кој е далеку баш од анонимен) форум да се преставуваш нешто што не си. Не дека сето тоа што се пишува е невозможно ама бар кога кажувате држете се до една варијанта.
     
    На DarkStormm, Oneo, Erika.greeneyes и 10 други им се допаѓа ова.
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.614
    Допаѓања:
    39.725
    Пол:
    Женски
    Работата е што не се сите фамилии такви, а она ги става сите на тапет. Сите сте неспособни само јас сум нај. Сме чекале свекрва да заспие за да имаме секс. Хахах, не чекам свекрва ми да заспие, туку децата замисли, исто како и неа. Не сум во заедница туку на посебен спрат, со се одделно и посебно. Не ме пере, не ми готви, не ми се меша у штипки. Како да ви се објасне дека има фамилии кои нормално функционираат. Ваљда никад нема да сфатите. Не е идеално, точно. Ама еве нека каже како се купува стан со 12.000 плата колку што имавме кога се зедовме. Одбравме полесна опција и не се осеќам неспособна. Како и огромен број членки
     
    На Oneo, Emy867, joy1 и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.