Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    8.569
    Пол:
    Женски
    Не знам што да кажам дечки.
    Какви се нефункционални заедници има, не е човек ни да рече одете, зошто стварно е тешко да живееш со хипотеки и долгови, не е ниту да рече останете, само не се задолжувајте.
    Како да бираш помалото зло...

    @Cka само едно ти признавам дека си во право, а тоа е дека стварно има луѓе кои се плашат да се осамостојат, кои се научени паразитски да живеат од родителите и кои се мрзливи и без иницијатива.
    За тоа си во право.
    Не се задоволни од заедничкиот живот ама не преземаат ништо да се подобри.
    Има и такви кои трошат на глупости и ќе се задолжат за небитни трошоци, ама не и за свој дом.
    Двајцата работат а платата цела само за шеткање и ќеифови.
    Родителите жртви за децата цел живот. Не е нормално тоа.

    Само сакам да нагласам дека има и друг момент кога постојат вакви расправии меѓу снаи и свекрви, а не се заради близината и каде кој живее...
    Некои односи и не се толку дисфункционални и непоправливи.
    Туку луѓето не сакаат да вложат енергија да ги оправат расипаните односи со блиските, не прават компромиси, ригидни се и полесно им е да остават како што е или да ги прекинат тие односи.
    Старите се заради возраста по природа поригидни од младите. Потешко се прилагодуваат на промени.
    Тоа едноставно доаѓа со годините, сакале да си признаеме ние или не тука.
    Да имаат децата повеќе разбирање за тоа и да се спремни за компромис, да можат да простат и преминат преку некои небитни кавги и коментари, мислам дека помалку проблеми би имале во односот со нив.

    А старите пак треба да имаат разбирање дека на младите им треба приватност и простор сами да си ги носат одлуките. Да олабават малку со контролата врз нив и да со очекувањата дека тие мора да прават како што тие прават, или како што тие сметаат дека треба.
     
    На Mnik, Alexandrite, Anyshka и 6 други им се допаѓа ова.
  2. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    Ја кажувам шо е всушност проблемот за кои луѓе јас зборувам. За заедница коа се сите на купче во 3 соби.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.971
    Допаѓања:
    267.857
    Па не знам дали е баш така.

    За мене и што нѝ одобруваа можам да ти кажам, за вредност до 35 000 евра (колку што беше понудата за само долниот спрат без направено поткровје) не нѝ бараа + хипотека, за 50 000 евра нѝ бараа. За првата сума доволно беа примањата, плацот и направената куќа автоматски сама под хипотека да оди.

    Ако се одлучевме да градиме и ако стигневме до таму, ако се понудеше некој за хипотека за и поткровје да се направи, зошто да не. Ако не се понудеше ќе се тераше само со приземје, не дека беше неизводливо ништо.

    Искрено немам поима кои се условите денес, зборам за пред некои 5-6 години, тие беа.
     
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.188
    Допаѓања:
    8.569
    Пол:
    Женски
    Ајде да бидеме реални.

    Пречка за интимност и секс може да се и старите ако живеат со младите, ама може да се и децата.

    Така да, да речеш дека ти е крива свекрвата и сакаш да си иселиш од заедница заради тоа што ти ја нарушувала приватноста и слободата низ дома, повеќе ми личи на изговор за некоја друга причина. Клуч на спалната соба секој може да стави. Ни оние кои се без постари дома, а имаат деца па не се однесуваат слободно до тој степен пред нив, зошто знаат да бидат подобри шпиуни и од свекрвата :D

    А родителите ако си имаат навика да се мешкаат во вашата приватност ќе се мешкаат и да не живеете заедно. Ќе ви досаѓаат на телефон, ќе ве будат рано сабајле за викенд на врата, ќе ви „помагаат“ низ дома и ќе ви најдат нешто што не било за нивни очи итн.

    Ова се ситници луѓе! За ова не вреди да си нарушувате односи со нив.
    Дај Боже само тоа да ви е проблемот со нив...
    Обидете се да се ставите во нивна позиција и дека некогаш само сакаат да ви помогнат.

    (Мала дигресија од муабетот - за сите што имате мали деца и мислите дека детето меѓу вас што спие во кревет е пречка - сексот со тинејџери дома е уште поголем предизвик зошто седат будни до сабајле. Собираат другари дома. Доаѓаат и си одат без најава, јер ни тие сами не знаат што ќе прават наредните два саати. Е ете да ве утешам, добрата страна е што поретко се дома и можете да ги оставите скроз сами за да отидете на викенд негде без нив :D)
     
    На MilaSs12, Mishela, Mnik и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Значи Каме разбираме дека се обидуваш да ја оправдаш, ама она сама пишала дека станот што свекрва и го дала во наследство му го дала на синот, а тој што е под хипотека е тој во кој живее жената. Не збори за еден ист стан. Не е работава некого безусловно да го браниш, треба да си реална.
     
    На ForeverYoung, MilaSs12, anastasijaki и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Значи станот за кој се пуваш дека ќе и го купиш на ќерка ти е тој од свеки. Или ќе го продадеш, неа ќе и купиш друг. Една самостојност шо ја промовираш...... Еве утреден мајка ми кога ќе ја продаде куќата и остатокот од парите ќе ни ги даде нас, на децата (со тие планирам да правам апартмани), ти ќе ми го признаеш тоа ко самостојност? Или ќе ми речеш дека уште од цицето на мама не сум одвоена, чекам од мајка ми за нешто да створам? Тешко е да се извлечеш од своите зборчиња, кога пред 10 страници едно трубиш, сега друго.
     
    На Emy867, Erika.greeneyes, Camille84 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Потсети ме која беше твојата образовна средина и поврзаноста со финансии. Каква врска има мојата финансиска писменост со тоа што Чка лаже?
    Истовремено можам да кажам дека си селективна во читањето.
    SmartSelect_20230623_144946_Opera.jpg
    Не ме интересира мене како и помагаат, факт е дека и помагале. Самата кажа. Не измислувам. Мене што ме нервира и боде очи, што Чка арна си била во 2018 и знаела колку е тешко да добиеш свое, а овде трие сол на рана и џафка како се сами постигнале.
    Епа да не била свекрва и, хипотека на што ќе ставеле? На кој основ банката ќе даде кредит?
     
    На Emy867, Erika.greeneyes, Gosh и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Башка од што е Чка многу финансиски писмена, ме обвинуваше мене дека лажам за старосна граница за станбен кредит, па брат ми ме лажел, ама ете некоја кажа дека во Стопанска до 75 била старосна граница, некако се стиши на таа тема. Од што е ептен финансиски писмена дури и за криминал обвини. Оф Боже што држи земјата
     
    На Emy867, Gosh, Camille84 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    3.913
    Пол:
    Женски
    На мене се однесуваше ова со фб профилот? Поим неам која си, верувам ни ти јас ако се однесуваше на мене.
    За другото немам коментар џабе ќе се објаснуваме. Ако ме познаваш лично ете знаеш како живеам нели :)
    Да се надополнам бидејќи имам чуство дека ме познаваш :D и по моето образование се надевам знаеш дека одлично правам разлика со горенаведените називи кој ти ги нагласив.
     
    На Camille84, Anyshka и Mnik им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.971
    Допаѓања:
    267.857
    @Alexandrite прво научи што е хипотека, оти тука ти е неразбирањето. :)
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.668
    Допаѓања:
    18.312
    Пол:
    Женски
    Пари се, што ако не друго? Тоа ти е кеш во позајмица и го користиш за што сакаш.

    Значи кеш па враќаш. Кој како ги земал и што дал е небитно. Главна реченица е дека свекрвата им отворила опција, тие ке плаќаат.

    Пак читаш селективно, пред неколку дена не убедуваше дека свекрвата дошла и кажала еве ви хипотека за 10к, за рамна тераса со поглед. Во 2018 пишала дека им дала пари за да почнат.

    Овде труби како двајца работоспособни можеле да заштедат и да купат нивно. Плус кирии ке плаќале, и дури пресмета за храна колку пари одат. А по цениве не пазариме во исти маркети, како стокомак и кам, во кои јас лично пазарам.

    Плус, таа се рафрла со цифри од 100к-150к за куќа од 160 кв.
    Јас од неа разбрав дека даваат кредит за ненаправена куќа со добар план. И како градиш така ги даваат парите. Се ова со проект од владата.

    Важно е кој колку купил. Важно е затоа што таа луѓе со минималец ги направи неспособни кога таа имала помош и помош.
     
    На Emy867, Erika.greeneyes, Alexandrite и 2 други им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.361
    Допаѓања:
    114.204
    Пол:
    Женски
    Не. Свекрвата добила стан во наследство, и му го дала понудила на синот како хипотека за да можат да земат поголем кредит.
    Под хипотека ( залог) може да биде;
    1. Стан/куќа/спрат, дел од куќа во кој се живее
    2. Стан/куќа/спрат, дел од куќа во која се живее а не е на твое име со согласност на сопственикот на имотот.
    3. Земјште
    4. Нива
    5. Акции и други хартии од вредност
    Недвижностите можат да се продадат и доколку се под хипотека само што кога се продава имот ставен под хипотека се затвара хипотеката, односно парите се даваат во Банката за да се ослободи имотот.
     
    На haruki, tanjita и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.971
    Допаѓања:
    267.857
    Абре не ја бранам Чка, ме нервира кога не се чита со разбирање.

    Им дала ама не живеат во тој стан, постои, небитен е. Поентата е дека хипотека ес ис не е давање пари, пошо не е, и апсолутно сите што имаат имот (свекрви, свекори) МОЖАТ тоа да го направат.

    Јас за себе зборам кога ми бараа + хипотека, кога не ми бараа.

    За 35000 приземје со ненаправено поткровје НЕ ми бараа. За 50 000 со поткровје бараа. Да се одлучевме за градба тогаш дефинитвно, ќе се случеше секако, од + хипотека зависеше дали ќе имаме 80 или 130м2.
     
    На haruki и nena2010 им се допаѓа ова.
  14. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.846
    Допаѓања:
    13.457
    Можат да го направат, но не секој се нафаќа. Хипотека не е мала работа, луѓе. И тоа е многу голема помош.
     
    На Emy867, VDT2906, Peanut Butter и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Сакаш да ти се обраќаме на твој начин?
    Повели: Кој ти е крив кога си се омажила со маж што не знае една мрежа и лепак да тргне по ѕидови, за сами да ја изградите таа куќа,па да мораш да земаш хипотеки, па сега си огорчена. Кој ти е крив што маж ти не знае струја да мести па да фрлиш преку 3000 еур за кабли, дозни и мајстори. Кој ти е крив што маж ти не знае да купи и измеша лепак за плочки сам да ги залепи, намести туш, када, умивалник да заштрафи па и на тоа да заштедеше. Кој ти е крив што немаш кај да кренеш спрат, па да поминеш со 100.000 евра помалце. Да, за мене нема кој да стави нешто под хипотека, ама затоа со свои раце, јас и маж ми, САМИ го направивме спратот. Да, сами,ФИЗИЧКИ. Машина за алишта имам своја, свеки само видено со очи ја има. Ручек кога ќе прави еднаш во месец, фамилијарно се собираме, ете ко ти вчера. Мајка ми ми има 20.000 денари дадено за спратов, тоа за лакирање паркет го дадовме, зошто мм сам неможе тоа да го направи. Свекор ми купи 4 врати, по 120 еур. Поклон од нив тоа ни беше. Свадба никој не ни направил. Двор свој имам, сметки сама си плаќам, дете сама си гледам. Како можеш мене и уште 10тина членки да не пикаш во некоја кошница со други што вистина живеат како ти што опишуваш? Впрочем ниедна од нас не живееме така ко што ни посочуваш. Ти гарантирам дека ти повеќе ја гледаш твојата свекрва, од јас мојата. Мене никој не ми дал ни упола од тоа тебе што ти е дадено.
    Ако сакаш да се пуваш со таа кирија од 18 години (пари во воздух) , јас со тие пари завршив факултет, положив за кола, купив кола во која детето денес го возам. А ти?
    И пред да скокнеш, двава спрата под мене што се од свекор, врз кои градевме со мм, се од стариот (дедо му на мм), значи свеки мене не ми дала ништо, она се вселила во куќата која нејзе некој и ја дал. Башка што во мојот случај свеки "а" не смее да ми рече за ништо, зошто мм ги строи. Дали во твојот случај е така?
    Значи не сме ние идиоти ко што пишуваш, туку некој друг е очигледно, нели?
     
    Последна измена: 23 јуни 2023
    На Emy867, Gosh, anastasijaki и 3 други им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.361
    Допаѓања:
    114.204
    Пол:
    Женски
    Е па им дале зашто имале доверба во синот и снаата дека ќе работат и ќе платат и нема да отиде во ветар станот. Така да ако не даваат старите, тогаш не веруваат на младите.
     
  17. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    22.685
    Пол:
    Женски
    Ти изгледа не ги разбираш овде шо сакат да кажат. Они викат дека без таа хипотека потешко би одело. А може да се земе оти да не може. Ако сака некој да ти даде. Ако имаш кој да ти даде.
    Чка викаше прво дека сами се створиле, а после излезе дека направиле хипотека за да градат. И вика тука дека другите се неспособни. Епа свекрвата и да не и дала хипотека, градбата сега уште во план ќе и беше.
     
    На Gosh, Akapulka, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Ако немаш што да ставиш под хипотека кој ќе ти издаде кредит?
    Еве писмена си ти, објасни ми, не знам.
    Ти се губиш и не сфаќаш дека и тоа е помош.
    Без тоа и Чка ќе чекаше свекрва и да заспие за да писка за време на секс.
     
    На Emy867, Gosh, Akapulka и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Не не, прочитај убаво. Тој му го дала што сака да прави со него, а во тој кој живее свекрва и, е хипотеката на него.
     
    На Anyshka и Alexandrite им се допаѓа ова.
  20. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.846
    Допаѓања:
    13.457
    Па помош е де, тоа сите го збориме. А таа се лупа во гради дека се сама создала. Ок, се одвоила, браво и за тоа, но нека биде реална дека имала огромна помош.
     
    На Anyshka, Mnik, Peanut Butter и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.