Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Дали да се живее со свекор и свекрва?
    - Категорично НЕ

    Колку сака нека помагаат, колку сака нека е плаќањето ќирија тешко, не би живеела со свекор и свекрва под ист кров. Секогаш превртувам очи кога некоја ќе ми каже колку е тешко да живее со свекрва и, а во животот една сметка за струја немаат платено.

    И непланирана бременост, посебно во долга врска може секому да му се случи, посебно ако не се користи спирала или антибејби пилули. Само еднаш во 5 години што не внимаваме, па останав бремена.
     
    Последна измена: 25 јуни 2023
    На MacenceEna, elimkd и lovely91 им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Ќе испадне дека повеќето СЛУЧАЈНО читај НАМЕРНО останале бремени за да ги земе мажот, да го задржат тогашниот дечко. Свесни биле дека ќе живеат во заедница ама сепак влегле во тоа. И сега кога ќе се зборне за тоа ги боли оти се опаметиле колкава грешка било тоа, и се наоѓаат навредени и мислам дека се омаловажувани, а всушност тоа е реалноста.

    Епа што ќе си посеете ќе си жнеете.
    Се мисли на сѐ, не само напрај го и роди го за остало ќе се снаоѓаме.
     
    На Gosh, CameliaMiller, Feminka22 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.835
    Допаѓања:
    13.426
    Осум години сум во брак, непланирано не останав бремена. Каква е таа непланирана бременост? Ако сврши во тебе, а ти мислиш дека нема да останеш јер неплодни денови, но опп ќе се фати. Тоа е непланирано ли?
     
    На SuperGirl24, MarijaMi90, Just.do.it и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Гледам муабетот уште сељачки продолжува, сега која била трудна на свадба и како намерно забременила да ја земат :drunk:
    Како жена намерно забременува еве не знам.
    Или се тешите едни пошто никој вас нејќе да ве земе? Хе хе, кога веќе сме кај сељачки муабет да продолжиме....
     
    На simoncelicius, MacenceEna, bittersweet и 11 други им се допаѓа ова.
  5. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Се наежив од осудата. Изгледа си лик кој го снемува од животот на другарката која чека дете, ги изолираш луѓето кои не влегле во твоите каприци за среден живот или не те прашале кога треба семејство.

    Полека со господ вајб. Никој нема право да каже кога некој треба да има потомство. Сиромашниве демек не заслужуваме? :rofl:
     
    На simoncelicius, Mnik, MarijaMi90 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Wowwww
    Браво како ме откри?!
    |(

    Абе ништо дај ќе се лигавиме сељачки и ќе се правиме на три и пол демек “ така треба маче ќе се среди сѐ”. Овие што печалат на време се идиоти оти немаат деца срамотилоци.
    Како само немаш дете, има да имаш дете тоа е најголемото достигнување во животот па после ако треба мама ќе рмба за тато и ќе кине живци за свекрвата, свекорот ќе гледа да не се потепате двете.
    Мажот на средина. :D

    Детево ќе гледа и ќе прима трауми, ептен здрава средина за растење дете.

    #смајлиштосекрсти
     
    На Feminka22 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  7. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 теоретски си во право, треба се да биде средено пред да дојдат децата. На пракса не е така, секогаш ќе има уште нешто што ќе треба да досредиш за да имаш деца. Тоа што велиш "печалат на време, пред да дојдат деца" во реалност е мнооогу тешко, а и да печалиш никогаш не е доста.

    Еве за мене си кажувам, фала му на Бога што така на непланирано останав бремена (колку и сељачки или невозможно да ви звучи на вас), дека ако не беше така прашање и дали ќе имав деца, постојано велев ај уште ова да купиме, ај уште работа да сменам, ај ова, ај она...
     
    На simoncelicius, Mnik и Anyshka им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Ама тоа нешто не е стан или куќа. Ќе живееш сам и ќе си правиш со сакаш и нормално ќе си докупуваш што ти треба. И нема да имаш 300 нервози или да чекаш да не ти влезе некој. Ќе си имаш свое обезбедено. И можеш да се потрудиш ако сакаш, ако си свесен и рационален каква иднина те чека. Ако не, еве ја темата свекрви и снаи пуна е, само замисли кој стрес и тортура си го правиш себе си и дали вреди сета жртва за тоа. Или е поубаво да се пазиш и да си мислиш на се па кога ќе дојде време ќе си дојде и дете. На тоа дете му треба мајка и татко кое ќе му овозможат здрава средина за растење, а не средина во која свекрвата и снаата очите си ги вадат.
     
    Последна измена: 25 јуни 2023
    На Feminka22 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  9. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    2.328
    Пол:
    Женски
    Бубаче не секогаш животот оди по план. Ништо во животот не може да се планира. Ете јас сум контрол фрик, сакам да планирам, да мерам да премерувам. Само си штетам со тоа, затоа што кога ќе се случи непланиран ризик се разочарувам и ми треба време да се соземам.
    Немој да судиш.
    Не знаеш кој низ што поминува.
    Тука сме за да си даваме поддршка и совети. Не да се судиме.
     
    На simoncelicius, MacenceEna, Alexandrite и 8 други им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    А што осудив уствари?!

    Еве јас имам 33 години ниту еднаш не сум останала трудна, сум се пазела. И не планирам додека не се осетам спремна. Никого не осудив тоа е реалноста која сите ја правите и се прави уште и после не размислувате за последиците.

    Ако за вас вреди да се прави и да се губи пола здравје во вечна битка со свекрвата само напред, само не ги правите оние во кои што спаѓам и јас идиоти што си мислиме на време за сѐ и дека ве осудуваме вас напротив тоа е ваша последица од се ова.

    И да, животот може да оди по план ако сакаш и се запнеш, мене ми оди не се жалам. Како си имам зацртано така ќе си остварам. 8)
     
    На Tea678, Feminka22 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    179.144
    Е сега ме изгуби скроз. Некој треба да ја плати цената и секогаш некој ја плаќа цената. Дали наши родители, дали ние, дали сите заедно, дали финансиски или со живци. Лежи лебу да те јадам, нигде нема.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Ама ете според александра ако останеш бремена непланирано било судбина. Како може да е судбина кога свесно имаш незаштитен однос.
     
    На Feminka22 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  13. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    2.328
    Пол:
    Женски
    Браво за тебе, супер и многу ми е мило.
    Добро ете не судиш, туку се контриш со тие кои ја немале твојата среќа
    Старите рекле - "да не налепиш" не за џабе.
    Кај многу луѓе кои познавам врската им била совршена, свекрвата злато, до кога? Дури да стапат во брак.
    После доаѓа дете па мајката мисли само на детето, се останато е во заден план. Не дека некој не сака, едноставно не му се створиле услови за да го постигне зацртаното.
    Некои немаат поддршка од родителите, од сопругот.

    Видов некаде дека потенцира како мајката "чека" од маж и и седи дома ништо не прави. Можеби ним тоа им е единствена опција, знаеме колку е тешко во денешно време да се најде работа само прва смена (тоа е времето кога работат градинките).
    Некои жени се дома поради тоа што имаат дете со посебни потреби.
    Ете јас сум дома неколку месеци затоа што таа ни изгледаше како најдобра опција.
    И знаеш како викаат?
    Дојди, изоди го мојот пат па суди ми.
    П. С. Не сум имала непланирана бременост, нити живеам со свекрва.
     
    На simoncelicius, Feminka22, Mnik и 2 други им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Никој не суди ниту се контрам тоа е вистината.

    Кога ќе решиш да имаш секс ти ги поставуваш границите нема дете ќе се заштитиме, ако пукне има апчиња. Едноставно е.

    Не знам што е толку тешко за прифаќање, ако ја можам сите можат немој да ми речеш не можат. Смешно е жими сѐ.
     
    На Feminka22, tanjaaa и Just.do.it им се допаѓа ова.
  15. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Твојот пат е таков, некој можеби ја нашол љубовта на својот живот на 20 и решил дека сака со нејзе да гради иднина. Има некаде правило? Твоето дете ќе биде нај нај затоа што ги имало “идеалните” услови?

    Можеби сум безнадежен романтичар ама не верувам во убивање љубови, желби за деца и дека треба да се игнорира интуиција. Нема вистински момент има вистински внатрешен осет.
     
    На simoncelicius, Alexandrite, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Нека гради де, ама после нека не се жали нека си ги сноси последиците. Тоа е цената што треба да ја платиш ако сакаш да живееш во заедница.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Секој си ги носи последиците од своите избори, ти туѓа последица не носиш, својата ќе си ја носиш од своите избори.
    Тоа што се пожалиле е сосем нормално. Не значи дека жалат дете што направиле ако се пожалиле од свекрвата.
    Како што се или ќе се нормални и твоите жалби од некои твои избори.
     
    На simoncelicius, MacenceEna, Harper и 11 други им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Сигурно нема да се жалам од свекрва ми пошто нема со неа да живеам.

    Ама затоа ти се жалиш во 40ка од сопствените избори многу често, оу да заборавив сељанка сум за тебе. Yess, my ass.
     
    На Feminka22 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    За што се жалам? :^) :D Може оти сум фина и културна па не сакам да се фалам за убавите работи :emo:
    Секој си има жалби, мали или големи, ти нема да си исклучок :D
    Имав една ко тебе пријателка, цел живот потсмевање на брак, деца, едвај чекаше да се пожали некоја мажена да и каже како сама си барала :drunk: Не би да зборам од што се жали она сега.
     
    На simoncelicius, MacenceEna, elimkd и 6 други им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Каде виде потсмевање?!

    Кажувам како што е, таа е реалноста. Можеш да се ебеш ама немаш покрив над глава за дете. Убивствено.

    Сама си го барала бре, бре.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.