Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.014
    Допаѓања:
    268.430
    Маќе оди у темана дали сум бремена. Јас порано имав нерви, одамна ги изгубив.
    И ела врати се кажи ми колку знаат што прават.
     
    На buba4e89 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Ами јас тоа го зборам цел ден… цел е*ан ден. И не сфаќаат.
    Може и сфаќаат ама не прифаќаат.

    И не е здрава средина да се расте дете во кавги меѓу мајка му и баба му.
    Точка.
     
    На Feminka22 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.014
    Допаѓања:
    268.430
    Не е, ама за тоа не ја гледам жената како кривец, жртва е. На маж и' најмногу. Пошто без негова пасивност или уште побрутално, активно партиципирање во малтретирањето од свекрвата, нема да дојде до тоа.
    А жената ретко има ресурси да се одбрани, пошто нема поддршка ни од нејзиното семејство, а ни од општеството. Морална осуда дека растура семејство итн.
    Магичен круг е.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    И тоа го кажав наназад треба да се постават јасни граници пред да се има секс .

    Ама вреѓањето беше побитно. Не можам да правам дете и да мислам дали ќе имам утре за млеко да му дадам.
    Па никад нема да си опростам.
    Алфа жена значи да си жена со став и цврст карактер да си стоиш на своето НЕ кога ќе го кажеш. Ако е прав маж ќе го почитува тоа,а ако е некоја будала која потоа ќе збори на секое “извини извини” таков не ми треба и одма ќе абортирам затоа што не сакам мое дете да живее и да трпи за леб.
     
    На Adidas888 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  5. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Во ред е сето тоа, затоа пишав "не зборам за луѓе што живеат од донации". Ако живеат во заедница, не е ваљда толкава пречка, зошто ќе се скрпиш, доизградиш барем уште 2 соби и ете ти пак нормални услови за живот.
     
    На Anyshka и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.648
    Допаѓања:
    39.384
    Пол:
    Женски
    Многу ти е генерализирачко мислењево. Не е автоматски жената жртва во секоја ситуација.
     
    На Anyshka, Alexandrite и joy1 им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.014
    Допаѓања:
    268.430
    Ама за ти ова да го знаеш, уште дома те воспитале дека имаш право на избор. Не те воспитале "немој да ни го срамиш семејството". Не ти викале "кога ќе се мажиш на мажот фамилијата си дел". Итн.

    За една жена да мисли дека нема опции, или да не противречи на партнерот, одамна во неа е вкоренето дека така треба.

    Некои ќе се изборат - а другаркава што ја зборам е пример, што е моментално бремена - некои ќе прифатат да живеат како "им наредиле".

    Другаркава конкретна живееше со цела фамилија на бившиот во права заедница, си замина и наиде на отпор од мајка и', што е најболно кога си во таква ситуација. Да напоменам дека и тогаш имаше свој стан, го издаваше додека живееше со бившиот. Сега пошто си е бремена и машко е, одбра да го крсти по татко и', починат е. Пак притисок од мајка и' требало по таткото на таткото на детето. Итн.

    Е она има 32, сама се избори во голема мера да е независна од никого, потешко е на 32 да ти кажат како да постапуваш, посебно кога можеш да им речеш - јебига така сакам, така ќе биде.

    Некои едноставно немаат сила да ја издржат таа повеќе емоционална болка (отфрлање од своето семејство, кругот) отколку финансиската.

    Така е, затоа и реков дека тоа е друга приказна. Ни заедницата не мора по дефиниција да е отровна, ама често е во наши услови затоа што генерално имаме проблем со граници.

    Јас куќата на моите не ја перцепирам како моја, свесно и намерно. Ако знам дека кога сакам можам да се вратам. Ама одам по логиката дека ако не сакам мене да ми пречекоруваат граници, морам да ги поставам. Не сакам да ми брцаат во фрижидер пример, не брцам ни јас. Итн.

    И дур живеев со нив веќе имавме граници, ниту мене во соба ми влагаа без чукање, ниту пак јас во спална. Сестра ми малечка беше па и' чукавме, пошто тоа што е дете не значи дека не е индивидуа, дека имаме право да и' "узурпираме" се'. Затоа како млада девојка не осеќа проблем да постави граници.

    Ама ако во тие 2 собички мажот не можеш да го убедиш дека мајка му не може да влага како ќе и' прдне, огромен проблем е.

    И затоа викам, сиромаштијата финансиска не е проблем за заедницата, проблем е емоционалната сиромаштија.

    Не е во секоја ситуација, ама во наведената е.
    Ако те воспитале така и немаш поддршка од дома, ако мажот е постојано на мама наклонет, ако ти одземат право како ќе си го растеш детето - ти бираат како ќр се вика, дали и кога ќе се крштева, каде.. итн. жртва е. Оти кој и' е изборот?

    Енџи на ова мислам. Не е една детерминанта, ама е круг, најизразен кај сиромаштијата, меѓутоа и во сфаќањата речиси е ист принцип.
    cycle-poverty-trap-diagram-flat-outline-illustration_1995-554.jpg
     
    На VDT2906, tanjaaa, franca и 3 други им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    И да знаеш. Мојот дечко ( прв партнер во однос) сакаше да ме земе и ја сакав искрено имав 20 години ама моите не сакаа млада да се мажам и да не видам и поживеам ништо од животот. Вечно ќе им бидам благодарна што спречија таква лудост затоа што со сигурност сега ќе бев разведена со дете.

    И да, морам да се согласам дека не секој има избор. Ама има и такви што на 20 години прават таква лудост за намерно забременување. Па за ова на далеку се дискутираше во темите за бременост, а сега не се важи овде тоа срамота било сме суделе абе ајде ти се молам. Деца ќе воспитуваат деца.
     
    На Polyincognito, Just.do.it и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Ти во кои се ставаш со минимална или просечна плата што мора сама ќирија и сметки да плаќаш?
     
    На Anyshka и Alexandrite им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.014
    Допаѓања:
    268.430
    Не морам, бирам.

    Сега се ставам во тие со просечни примања.

    Претходно бев со подпросечна плата + тотална неписменост за менаџирање со финансии, затоа и доста имав денови каде што јадев макарони со ништо. Сега сум ок, и поради просечна плата, ама и поради тоа што научив да менаџирам со парите.
     
    На Feminka22, Just.do.it и buba4e89 им се допаѓа ова.
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Не се ставаш во сиромашни?
     
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.648
    Допаѓања:
    39.384
    Пол:
    Женски
    Во која наведена ситуација бидејќи не видов наведена ситуација?
    Никаде ништо не спомнав на тема сиромаштија.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.014
    Допаѓања:
    268.430
    Не.

    Имав ок и повеќе од ок детство, немав незадоволени потреби. Живеев средна класа како дете. Што ми овозможи само по себе привилегија на многу работи, како достапност на образование по избор, без да треба да придонесувам дома во тој период. Во Македонија можеш да бидеш издржувано лице од родители до 26г. ако си редовен студент.

    Тоа што не е избор, мене ми се случи - болест.

    Сега сум пак ок. Финансиски не сум богата, далеку од тоа, ама не мислам дека сум сиромашна. Обезбедувам живеалиште, храна и нормални услови за себе. Така што сум ок.
     
    На Feminka22 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.014
    Допаѓања:
    268.430
    Ама како не виде?

    Ако жената е малтретирана од свекрва и' (не мислам на физичко насилство, туку на форсирање на свои сфаќања врз неа), а во тоа мажот или е пасивен или активно ја поддржува мајка му, при тоа нема поддршка од нејзините родители и општеството е така неубаво поставено кон жени во ранлива ситуација - жртва е. Оти нема каде, нема како да излезе од тој круг.

    А кругот на сиромаштија е често врзан и со лошо или непостоечко образование, можности за развој на личноста, отстапување од традиционални норми итн. Реков повеќе од една детерминанта е, а и не е секој ист. Ама е генерализација пошто генерално повторувачки се случува.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Не како си пораснала пошто не си веќе дете, туку сега колку си способна. Тие што ги збориш дека ако немаат леб да јадат не треба деца да прават, веројатно имаат леб пошто не умираат луѓе од глад во Мк. И ако едвај за леб имаат, не ќе да се овде на форумот пошто сигурно телефони и интернет немаат. Сигурно живеат во шупи и се за греота и се за институционална помош, не за совети на форум.
    Ако имаат покрив над глава, храна и основни услови, тогаш се на твое ниво. Дали имале помош од некои? Можеби, како што си имала и ти низ годините пошто збореше дека стално си била на минимална плата. Дали тоа што си била на минимална плата а ти помагале не знам, дечко, мајка итн, значи дека си била сиромашна?

    Уште нешто - Тие деца што пораснале посиромашно, сега се насекаде низ светот, во нова култура, активни, се трудат, учат, растат деца во подобра околина, шетаат, живеат најнормално. Имаат избор, не е сиромаштијата зачаран круг.
    Ти што си пораснала малку подобро од нив...што фајде од тебе што го нема од другите? Како ти повеќе и подобро придонесуваш? Како е твојот живот подобар?
     
    Последна измена: 25 јуни 2023
    На Mnik, Peanut Butter, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.014
    Допаѓања:
    268.430
    За да "заглавиш" во ситуација кај што свекрвата ти го одредува животот, има многу врска со воспитување како дете. Оттаму ми е и коментарот.

    Ако имаат покрив над глава, храна и како што потенцирав, услови за развој и на менталното здравје на детето, што подразбира дека треба да не е дисфункционално семејство, апсолутно ги исполнуваат (според мене) потребните услови за прокреирање.

    Не сум била постојано на минимална плата, ама обожаваш да вадиш од контекст :) Бев постојано на просечна плата, но мојата просечна плата престанаа да ја порамнуваат и така, прв пат во 2023, ако останев на другото работно место, ќе бев на минимална плата. А бев на потпросечна и ми беше проблем, затоа активно 6-7 месеци барав друга.

    Моите ме помагале додека живеев со нив - тоа го имам зборувано, баш деновиве, во смисла ми обезбедувале кров над глава, јас се трудев да пазарувам барем тие години да не бидам 100% на терет.

    Бившиот партнер заработуваше повеќе од мене, така што, да, можев да живеам материјално побогат живот во споредба со јас сама. Пак не ќе речам дека сум била сиромашна, човек кој работи за повеќе од минималец може да е ниска средна класа (каде што сега се сместувам), но не е сиромашен. Заедно двајцата пошто живеевме заедно, би рекла дека живеевме висока средна класа.

    Сиромашна сум била само првите месеци откако се отсели бившиот. Прво затоа што ми остави долгови негови лични, второ затоа што заработував премалку, трето затоа што немав поима како да менаџирам пари. Нека се првите 7-8 месеци, после ситуацијата повторно значајно се поправи.

    Во овој период како живеам сама, имам поддршка дека ако не иде, немам итн. имам можност да побарам од моите. Тоа не значи дека барам, туку дека можам. Лично, бидејќи последен пат кога пари ми давале имав 21 година, ми е екстремно непријатно и не барам, колку сака нека е страшно. Во неколку наврати мајка ми ми има префрлено помала сума на пари на сметка, на нејзина иницијатива. Но, во никој случај не зависев од тие пари за да преживеам, ниту да ми се постојана помош. Тоа коинцидираше со периодот кога бев стварно сиромашна, иако не до степен да не можам да преживеам месец.
     
    На franca и Feminka22 им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.014
    Допаѓања:
    268.430
    Абе педерски се дополнуваш :D

    Круг на сиромаштија не измислив ЈАС. Постои, вистински е, мислам изгуглај слободно. Некои ќе излезат; повеќето нема. Ако не ти се допаѓаат истражувањата, обрати им се на истражувачите, не на мене.
     
    На Polyincognito и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Од каде заклучок дека тие што живеат во иста куќа со свекрвата се сиромашни и не треба да имаат деца? Може им се свиѓа живот во заедница. Ок им е да си помагаат обострано, ко ти што велиш - не оти ми треба нивна помош али онака |(
     
    На Mnik, Peanut Butter, H.VAGA и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Каде си ти во тој круг? :D Еве живееш финасиски полошо од многу кои пораснале сиромашно. И?
     
    На Peanut Butter, bertold и Anyshka им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.014
    Допаѓања:
    268.430
    @Bridget
    Ако се задоволни, исполнети, научиле да живеат така и не им токсична средината, нема проблем, како што напишав и повеќе од овие 3 пати.

    Јас не се ставам во кругот, пошто кругот почнува со сиромашно дете кога ќе стане сиромашен родител.
    Сиромашно дете не сум била, сиромашен родител нема да станам. Затоа не можеш да ми бараш место оти не е фер према тие што живееле и израснале во сиромаштија, што немале услови да се образоваат и морале активно да работат уште на 18 или порано, за да прехранат родители, браќа/сестри.

    Истите тие пошто немаат образование или способности за подобро работно место, вечно заглавуваат во овој круг.

    А имаш и илустрација, синџирчето, каде што детето т.е. сега личноста можеби ќе го прекине кругот и ќе успее да излезе од него. Тоа се луѓето по светот или било каде што потекнуваат од екстремна сиромаштија, но успеале да се изборат.

    Таков пример ми е сегашниот дечко, пошто е раснет во екстремна сиромаштија (да, зборам за немање струја поради неплатени сметки и бањање со корита топлена вода на плин, храна од добротворни организации и облека), ама денес ситуацијата му е различна.

    Дел од неговата фамилија и ден денес живее така, пошто од х и у причини не го прекинала кругот.

    Пак ќе речам, не ми верувај на мене, имаш студии и студии на темата, нив прочитај ги.

    Едит: не сфаќаш дека позадинските ресурси ме научиле дека не морам да прифатам "судбина". По тоа сме слични тие што цело детство и живот им биле сиромашни, но решаваат дека приоритет им е да го променат животот и околностите (на пример се иселиле), и оние кои дигаат раце и викаат "судбина".

    Разликата е во сфаќањето, а потоа постапките за да промениш околности. Ти си променила држава, јас ете се дообразувам, променив работа итн.
    Можеше ти да останеш овде, можев јас да се вратам кај моите и ништо да не преземам. Итн.
     
    Последна измена: 25 јуни 2023
    На Feminka22 и Polyincognito им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.