Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се живее со свекор и свекрва?

Дискусија во 'Брак' започната од Pubu-bubu, 24 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Значи го имаш дечко ти до себе како пример, имаш еден куп луѓе околу себе како пример, ама пак од нет слики вадиш за да докажеш дека сиромашни луѓе не треба деца да имаат. Инаку и ти и 90 проценти од Мк се сиромашни и не треба да имаат деца ако гледа некој од држава со далеку повисок стандард, образование, култура...ти со твоите ххх евра просечна плата за многумина си социјален случај, гледано глобално. Тие студии што ги читаш на нет, не се правени од "средна класа" луѓе од држава ко Мк. Така да, полека малку со сиромаштии и курци палци пошто не сме Југославија па да ми збориш ко стара баба - крушата под круша паѓа, ама со графа овојпат |( Не сме ни Северна Кореја, секој што сака да проба да си го подобри стандардот денес, може. И многу побитни се други карактеристики како истрајност, упорност, желба, енергија... Ти уште кој како израснал мислиш на селска слава сме.
     
    На MacenceEna, MilaSs12, Akapulka и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Колку само тоа е тешка заблуда. Имам куп примери од секојдневието дека сиромаштијата не е круг. Туку мотив да направиш повеќе отколку твоите родители. Или да не ги правиш истите грешки.
    Образованието исто не игра секогаш улога во финансискиот дел на едно семејство.
    Дури слободно можам да кажам дека повеќето потекнуваме од сиромашни семејства или во најмала рака средна класа. Затоа што во време на транзицијатa, останаа без работа баш тие образованите.

    И да сумираме, сите се со станови од родителите, некои со хипотеки од свекрвата, други дома друг сметки им плаќа, трети живеат сами и демек родителиве им пуштаат некој денар, дека инсистираат де, не дека сакаат.
    Ама битно овие што живеат во заедница ништо не постигнале во животот.
    И кога ќе прочитам, децата биле најголемо достигнување со потсмев. Колку само жал и осаменост има во таа констатација.
    А што е вашето најголемо достигнување?
    Ако мерите во материјални нешта, тогаш жалам, тоа е тажно и мрачно место на живеење.
     
    На Осе, Camille84, MilaSs12 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.647
    Допаѓања:
    39.377
    Пол:
    Женски
    Мојот коментар беше дека не мора да биде снаата секогаш цвеќе за мирисање во секоја ситуација кога има конфликт снаа свекрва. Толку. Постот на кој што ти репицирав немаше пример туку звучеше ко "аха да жената мора да е жртва".
    Другово, пак не сфаќам зошто ми збориш за (екстремна) сиромаштија?
     
    На hello-kitty.90, Directioner005 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Па немаат ни материјални нешта многу за покажување. Некое внатрешно чувство на супериорност дека се подобри од другите.
     
    На MacenceEna, MilaSs12, Mnik и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.955
    Допаѓања:
    35.053
    Пол:
    Женски
    Ти кажав чао од мене, ама ти пак по мене се фаќаш, ти пишуваше да го испотиме газот за свое.
    Татко ми не го спомнувај уште еднаш, починат е, а и брат ми, на кого фирмата да остане, на тебе ?
    А и јас работам во фирмата, не дремам.
    Уште од прееска пишуваш се повлекувам од темата, уште рециплираш и мене ме спомнуваш.
    Одмини ме.
    Толку од мене.
    И јас не се удирав во гради како вие дека сама сум купила стан, пишав уште одамна дека куќава ќе ја наследам, брат ми е починат, уште нешто???
    На кого мајка ми да ја остави куќата според тебе, на комшиите???
    Каде пишав да си потите гз?
    Прочитај убаво, дека вие сите пишувавте за нас да испотиме гз за свое, види убаво.
     
    Последна измена: 25 јуни 2023
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.004
    Допаѓања:
    268.261
    Не мора да е секогаш жртва, жртва е кога нема избор да остане или да си оди, ниту пак помош од мажот, поддршка, за да се надмине ситуацијата. Јасно беше за што зборувам.
    Кругот на сиромаштија има врска со светогледот на луѓето, и сама си свесна дека е така. Сиромаштијата е фактор за "покор" и конформирање, кога просто немаш ресурси ниту поддршка да си ја промениш ситуацијата, може емоционалната болка (антиципирана) да е толку голема, што ќе се помириш со сегашнава болка и проблем.

    Ок, Бриџ знае, тоа што се учи и студии што се прават (да, не само на Македонци, и на Индијци најутепани финансиски) врска нема.

    Не проектирај сопствени несигурности на мене. Јас никаде не потенцирам што ми е најголемо достигнување, пошто не мислам дека сум таму.

    Како што прочита од моите цитати поназад, не зборувам за тие што се задоволни и им е арно. Ама веќе те знам, па у реду е :)

    А што е имањето дете освен внатрешно чувство на исполнетост? Некоја добрина за светов е?

    Желба за потомство е тоа Бриџ, лична сатисфакција и желба за исполнетост :)

    И не е ич погрешно, само што ако упорно остануваш во токсична средина влијаеш негативно на тоа дете што нема избор.

    Ако си жена од мојот пример што свекрва и' и решава како ќе се воспитува детето, маж и' ја брани мајка му, твоите ти викаат немаме чаре за тебе, работиш за минималец или не работиш, свесна си дека се големи шансите да бидеш отфрлена од сите ако заминеш и покрај се', озбилно викаш дека е тоа исполнет, достигнување некое живот?

    Пошто не е, не само за жената, туку и за тоа дете што го родила и трпи во таква дисфункционална средина.

    Парите не гарантираат нетоксична средина, ама се голем фактор. Пошто истава оваа жена да ги има, ќе го фати за рака детето и нема да дозволи така да живее. Ама пошто ги нема, нема избор и имаме нова единка што ја учиме да живее дисфункционално. Итн.
     
    На SuperGirl24, Angie1432, see.emily.play и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Дали детето е добрина за светот? :D Не, мачките се. Без деца можеме, ама мачки...потешко.
    Не опфаќам се, почнав за "сиромаштија", не ми мешај сега дисфункционални семејства и токсични средини.
    Инаку голем дел од "среднава" класа ако се разведат ќе живеат во сиромаштија. Како што ти живееше подобро во пар, така и многумина. Не ми глуми самостојна и способна да издржуваш семејство без проблем во случај да останеш сама без помош на мама и тато.
     
    На Осе, Camille84, Harper и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    На темата, живот во заедница не е ни забранет, не е ни дека луѓето не смеат да имаат деца ако се во заедница.

    Е сега ако веќе свесно влегуваш во заедница заради било какви причини, треба да си ги преиспиташ очекувањата. Факт е дека кога живееш со луѓе од друга генерација, особено како што ќе приближуваат до старост, ќе прават се помалку компромиси. Исто и очекувано е тој или таа кои доаѓаат во заедница која веќе функционирала дека не можат од корен да ја сменат да им одговара сосема на нивните навики.

    Во суштина како и се друго во животот, и тука добиваш придобивки на сметка на нешто друго. Значи може ќе заштедиш, на сметка на тоа ќе имаш помалку комоција и ќе треба да се справуваш со секакви карактери. Од друга страна ако си сам имаш мир, ама ќе треба да си го стегнеш каишот и да заштедиш повеќе.

    На крај изборот е индивидуален. Совршено нема, прашање е што лично вие можете да толерирате.

    Секако тука ќе прочитате секакви мислења, на пример се жали од свекрвата како и прави психичка тортура и после во следно мислење ти вика ама јас не сум будала да земам кредит. Епа не земај кредит, ама не очекувај некој на форум да ти ја оправа свекрвата, сам си избрал таков живот и како секој возрасен човек треба да се справиш. Од другава страна имаш напувани што како не знам што изградиле во животот, во исто време и синдром на жртва има демек ние сами се сме стварале, а истовремено и се чука во гради како само они најспособни се. Ако веќе си решил да инвестираш во сопствено нешто, епа да, треба да направиш и жртви и глупо е да изигруваш напатен тука, тоа е цената која ја плаќаш. А па не е ни дека си постигнал којзнае што, си купил или направил живеалиште за себе, не си измислил ракета на нуклеарен погон.

    Двете страни треба да си сфатат дека тоа за кое што се жалат, се најчесто нивни сопствени избори.
     
    На firequeenn, An-na, Akapulka и 8 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.004
    Допаѓања:
    268.261
    Ни едни не се. Јас имам мачки ради лична желба, луѓе раѓаат луѓе ради лична желба.

    Не глумам самостојна и способна, тоа и го напишав малце претходно, и јас во оваа ситуација сега да имам 2 деца, не ќе можам сама - како што буквално со овие зборови напишав. Сакаш да се самоцитирам?

    Се' е супер додека не стане несупер. Тогаш тој круг е реален проблем. Кога немаш излез од него, барем не без сериозни емотивни последици. Па бираш кои. И најчесто се жени тие кои бираат, и ако до сега не сфати која е поентата на муабетот, тешко и дека ќе сфатиш.
     
    На DarkStormm, buba4e89 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    7.846
    Пол:
    Женски
    Е па ако им се свиѓа животот во заедница нема секојдневно да се жалат од свекрвите.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Не е точно дека сите се вработени, уште помалку дека им се плаќаат дежурства.
     
    На Autumn Love, MilaSs12 и Directioner005 им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.004
    Допаѓања:
    268.261
    Па да, напишав дека не сите, поголемиот дел од нив. Буквално е така напишано.

    Мала дигресија, специјализантите (не сите, ама најголем дел од нив) се веќе вработени во болниците и земаат плата и платени дежурства. После се обврзани Х време да работат за болницата што технички им плаќа специјализација и што земаат плата од неа. Е, малце земаат вистина, ама ретко кој од нив е невработен.
     
    Последна измена: 25 јуни 2023
  13. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.293
    Допаѓања:
    33.596
    Пол:
    Женски
    Да, ретко кој е невработен и платени дежурства.
    Сори за оф топик, продолжете си ја дискусијата.
     
    На Autumn Love и H.VAGA им се допаѓа ова.
  14. Andrijano31

    Andrijano31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2021
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    637
    Пол:
    Машки
    Мое мислење на темава (иако сум машко) живеење со родители (дали на жената или на мажот без разлика) ни под точка разно.
    Различни генерации различни сфаќања на животот, немање приватност и уште милион причини зошто не.
    Толку.
     
    На spacegirl92, MakeDamnSure, Осе и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.