1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се мажам?

Дискусија во 'Брак' започната од panela, 22 мај 2012.

  1. panela

    panela Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Живеам и работам во Охрид. Завршив факултет и после неколку години чекање најдов многу добра, платена работа по врски.
    Во меѓувреме се верив за дечко кој не е од тука и во неговото место нема никаков просперитет.
    Отпрво, мислев дека лесно ќе се преселам кај него, но некако не можам да го напуштам мојот роден град, во кој најдов работа со навистина голема плата, која повеќето би ја посакале.

    Знам дека љубовта е пред се, дека е најважна, ама сега кога дојде време за свадба, јас се затворив и никако да почнам да се договарам.
    (Дома немам услови за домазет, имам брат и снаа, бебето им е на пат, а вереникот има голема куќа, со сами родители и сака под секоја цена да остане во своето место). :worried:

    Не знам што да правам? Мислам, мислам, ама стварно не знам. Ако може да ми дадете некој совет, што би направиле вие?
     
  2. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    дека ке се мажиш ке се мажиш..
    дека порано или подоцна ке ја напуштиш куќата на родителите и тоа ке биде..
    така ни е нас женските,мора да одиме во куќата на сопругот и да создадеме своја фамилија..

    кажуваш дека имаш добра работа која сите би ја посакале.. :^)
    вереникот има ли добра работа?има ли доволно пари он за да живеете и двајцата?
    ако да тогаш ако постои љубов мегу вас слободно оди си кај него..
    па може и таму ке најдеш некоја работа,есега може нема да е како таа што ја имаш ама ке најдеш работа..
    доколку не те спречува нито друго,тоа е денес или утре еден ден ке се мажиш и ке заминиш кај сопругот :)
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Не можеме да ти кажеме дали да се омажиш или не бидејки сепак на крај тоа ке биде твоја одлука.Размисли убаво пред да направиш нешто и не се избрзувај за да не се каеш на крајот.
    Веке ако сакаш совет јас би ти кажала мое мислење што не мора да значи дека сум во право.
    Мислам дека е малку себично од твоја страна што не сакаш да го напуштеш твојот град и работата.
    Си се верила веке и треба да си свесна како идат работите понатаму то ест преселување кај твојот иден сопруг.
    Не сакаш да ја оставиш работата,не иде за домазет а и тој не сака да се пресели од својот роден град.
    Ке мора да барате и двајцата заедничко решение.
    Океј,си ја сакаш работата ама доколку падне решение да заминеш ке мораш да ја напуштиш бидејки друго чаре јас не гледам.

    Со срека што и да одлучиш. :)
     
    На letaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Чаре секогаш има друго, ама се` зависи од тоа како ќе се договорите со идниот сопруг. Лично не сум за тоа дека „мораш“ да одиш кај мажот, се` е ствар на договор.

    Ако веќе ја имаш позицијата толку добро платена, што тешко се наоѓа во денешно време нели + од муабетот сфатив дека живееш во поголем град од тој на вереникот - јас искрено би седнала и би направила еден муабет „А што велиш да живееме во Охрид, па макар и под кирија?“ и би ги образложила причините, ама онака длабински, да знае дека сум ги размислувала и дека сите опции сум ги земала во предвид.

    Не може да се даде одговор на твоето прашање само како Да или Не....многу работи ти се во игра, не е само да се преселиш таму и да гувееш кај него дома, без никаков просперитет, оти кад тад ќе пукни тиквата и може да сакате да дојдете во Охрид, ама тогаш да е џабе...
    Размисли убаво и обавезно разговарај со вереникот, ама со факти и бројки. Со среќа!
     
    На srcekrsacka, slavica999, AIT и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Јас мислам да гласаме и да изгласаме.

    Јас не ти давам релативни одговори,јас ти го викам следново. Да сум на твое место би играла вака,не ти сугерирам,само си кажувам онака.
    Љубовта НЕ Е НАЈВАЖНА,мислам ок,важна е,ама љубовта кон себе и она што си си го зацртала во глава е многу поважна. И што ако седиш во некоја си голема куќа,кога немаш работа,немаш други поволности?!
    Сакал-не сакал јас ќе си го довлечкам,ќе му најдам работиче,што велиш убава платичка зимаш,едно кредитче,па си земете едно станчуле,ако не ти се ризикува,па и под кирија дур тој да најде работа.
    И толку! За друго не би се нафатила,а познавајќи се и себе,ни свршувачка,ни љубов,ни бутур,чао.
    Е сега ако тој е толку лев и назаден,па да му сронува бисерот,да ме зацуцулува во место во кое ем нема да бидам среќна,ем нема да најдам работа,па може и ќе сфатам дека и не го сакам толку многу...
     
    На encimenci, srcekrsacka, AIT и 6 други им се допаѓа ова.
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    На форум сигурно нема да најдеш одговор за вакво животно прашање.
    Не знам ни како се решавате да стапите во брак без да ви бидаат решени/разговарани најбитните аспекти од бракот, како мислиш да живееш со човек со кого не можеш или не сакаш да разговараш за битни работи како местото на живеење, финансии итн.
    Бракот не е само љубов и играње куќа, треба пред да се стапи во брак да се истанчат барем битните аспекти на заедничкиот живот, не може да се препуштаат работите да се решаат сами од себе затоа што тоа никогаш не се случува.

    Ти треба сериозно да си разговараш со вереникот, заеднички да одлучите што е најдобро за вашиот заеднички живот.
     
    На srcekrsacka, slavica999, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    Искрено одговорот на ова прашање не така едноставен со да и не .Сепак зависи од тоа какви личности сте вие двајцата поготово ти бидејки според напишаното ти си таа што ке треба да замине од родниот град и да ја напушти работата која како што кажуваш е нешто што одамна си го барала.Ако сметаш дека твоите животни амбции ке бидат задоволени со тоа да бидеш домакинка и да живееш во помало место заради љубовта кон идинот сопруг ондак одоговорот е лесен.Но, ако си личност која сака да работи и да гради кариера (па крај краева затоа и си учела факултет) и која не би можела да се прилагоди да живее во некое мало место тогаш сметам дека треба да седнеш со верениот и да направите муабет за вашиот живот понатаму.Најпрвин зошто не сака да си оди од дома дали го врзуваат неговите дали има подобра работа таму и мал милион причини што си ги знае он. Па дури и да има добра работа со која би можеле да живеете двајцата мислам дека тоа не е доволна причина за ти да го напуштиш твоето работно место кое што факт е дека денес тешко се добива.
    Како и да е како што кажаа погоре подобро најпрајте муабет да живеете под кирија ако треба во Охрид отколку во голема кука надвор од "цивилизација".Па факт е дека денес сите доагаат да живеат во големите градови каде има повеке можности и просперитет отколку да седат во малите места .Боље ке ја продадам таа голема кука и ке купам стан во Охрид па ако треба ке ги земам и моите да живеат со мене,отколку да идам во некое мало местенце.
     
  8. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Јас не би напуштила добро платена работа во никој случај, посебно не во денешно време.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    и јас :(
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Одговорот на ова прашање треба сама да си го знаеш, ние може само да споеделиме наши мислења.Факултет си завршила си нашла добра работа која си ја сакаш што и е тешко на денешницава, љубовта секако дека е битна но не до толку за да бидеш себична за сама себе.А и не знам како така си се верите без да се договорите за што понатаму.Јас кога би се одлучила на таков чекор ама баш за секоја ситница би се договарала со партнерот.Разговарајте, зошто за почеток не земете станче под кирија објасни му како стојат работите , а крај краева ако он работи ако има услови оди кај него па еден ден секако ке се омажиш.Пробај разговарај ние овде може се да пишеме ама одлуката е ваша што ако тој не сака ни да чуе за да се пресели во охрид е тогаш навистина ке треба да одлучиш што сакаш.
     
  11. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    штом си отворила ваква тема треба убаво да размислиш.па може станче некое да изнајмите кај тебе во градот,ако ти е на тебе толку убаво,што ве спречува така да направите.а викаш нема просперитет од негова страна,значи он нема некоја работа добра,или погрешно разбрав?разговарајте на раат,се наоѓа решение,ама ако он по секоја цена сака кај него да одиш,не знам,ја не би можела да живеам со некој што би ме натерал да се откажам од важни работи во животот,како што е убаво работно место,не би преминала преку тоа.се најдобро па пиши како сте се одлучиле
     
  12. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Искрено кога и самата знаеш дека немаш просперитет во неговото место на живеење,јас мислам дека треба сто пати да размислиш.Секако дека тука се битни и многу други фактори,не е така лесно и едноставно да напуштиш се,а особено кога веќе си се реализирала на патот на кариерата.Но ти твдриш дека тој јасно се изјаснил дека не сака да го напушти неговиот град,па ситуацијата е комплицирана.Разговарајте,но штом тој не би имал работа,а плус тоа ја губиш и ти својата,па џабе е љубов и се кога не си задоволена духовно,а нели тоа е најважното за да потоа бидеш успешна на сите останати полиња во животот.
    Ти посакувам среќа и да ја разрешиш што побрзо оваа дилема.
     
  13. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    имам слушнато за еден ваков случај...

    пар, долго одеа, од два различни града, мажот со одлична финансиска состојба но во мал град така да за жената немаше просперитет, а он по никој случај не сакаше да се пресели во нејзиниот град.

    не се разбраа и се разделија... мажот е богат но живее како уличар и веќе со години знам дека болката не му поминува, а она ... колку што разбрав страдањето продолжило и од нејзина страна па потоа се омажила за првиот што го сретнала.

    и што сега што и двајцата се богати а несреќни?

    убаво размисли си девојче што ти е најважно во животот, работата може во секој момент да ја изгубиш и да најдиш нова за добар просперитет, но вистинската љубов неможеш да ја замениш...
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Убаво си кажа Битерсвит, пред да се донесе одлука за брак треба да се истенчат некои прашања. Не е само ајде ќе се земеме а ќе живееме на грбот на мама и тато или Господ знае како битно да сме заедно.
    Треба да најдете некое заедничко решение.
    А тој работи таму? Ти ако работиш на државно (претпоставувам зашто спомна врски) чекај да земеш решение а потоа вади петни жили да се префрлиш во неговиот роден крај ако е возможно и има услови таму кај него - чиста претпоставка.
    Ако не успеете да најдете некој компромис за тоа што е најдобро за вас тогаш искрено ќе ти кажам дека тешко ќе ви опстои бракот. Разгледајте ги сите солуции и потенцирај му дека во поголем град има поголеми шанси да се најде работа отколку во помал.
    Епа тоа е, животот понекогаш навистина не е фер :$
     
  15. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Јас кога би била на твое место никогаш не би ја напуштила работата освен ако во тоа место не најдеш друга и попросперитетна. Љубовта не е вечна и постојат еден куп препреки и замисли што би се случило да се разделите ,тогаш би останала со прстот во уста. Од независна жена треба да отидеш и да чекаш од некого. Мој совет ти е да почекате за друго решение.
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  16. panela

    panela Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Ви благодарам на многуте совети.

    Да појаснам малку: тој се занимава со земјоделие (не е некој голем замјоделец), вади пари колку за егзистенција, основните работи може да ги подмири. Тој има и магистратура, ама не може да најди добра работа по струката, па штом има малку земја си ја обработува, додека да работи некаде за 8-9000ден.
    Многу е вреден, добар и внимателен. Во никој случај не сакам да го оставам.

    Тој е поголем од мене и додека јас бев на факултет многу ми помогна во студирањето. Не можам да го заборавам тоа. Поради тој факултет јас ја имам оваа работа. Но во денешницава, кога е кризно време, навистина за моето работно место се тепаат луѓе. Не можам да го направам тој чекор и да дадам отказ. Од каде потоа пари? Но, тој е упорен дека родната куќа и земјата која моментално ја обработува не ги напушта. Речиси сум условена од него да бирам.
     
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^
    Далеку е неговиот град? Можеш да патуваш секојдневно на работа?
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    да ти кажам искрено незнам што би правела да сум на твое место-имам слична ситуација доживеано, со сега веке бившиот(само што врската не успеа,не беше тој вистинскиот) ако се омажев за него, ке живеевме во неговата кука со неговите и тој малку обработуваше земјичка а има инаку и друга работа.
    седни, размисли, разговарајте со факти и бројки, и :!: не му дозволувај да те уценова и да ти врши притисок
    со срека, па пиши што сте одлучиле.
     
  19. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Со него си заради љубов или благодарност? :^)
    Ако некој те сака, разбира и вистински цени, никогаш нема да те условува.

    Како што гледам баш и немаш некој избор, работава е земи или остави, така што не верувам дека може некој трет многу да ти помогне. На тебе е да решиш дали ќе се откажеш од твоите желби за да ги задоволиш неговите.
     
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.336
    Чим е до таму дојдена работава за нас да не прашаш дали да се мажиш или не, од мене одговорот е НЕ.

    Расчисти си првен сама со себе, потоа со него а мажачка после.
     
    На ilipili и LivingGlam им се допаѓа ова.