Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се мажам?

Дискусија во 'Брак' започната од panela, 22 мај 2012.

  1. panela

    panela Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Тоа значи дека сите кои ги истакнуваат своите љубовни проблеми тука не си ги сакаат дечковците или сопрузите? :^)

    Прашав овде, бидејќи не можеме да најдеме некое идеално решение. Не ни се поколопуваат коцките.
    Вереникот не ми врши притисок, но јасен е дека треба побрзо да се донеси решение. И го разбирам со тоа, бидејќи има 32години, си ја сака жената покрај себе. На двајцата ни паѓа тешко раздалеченоста.
     
    На biggirlsdontcry му/ѝ се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.373
    Допаѓања:
    286.612
    Епа баш оти праша и кажав мое мислење.
    Да не прашаше немаше да дадам така директен одговор на толку важно и осетливо прашање.

    Љубовта и проблемите се секогаш рака под рака, едното не го исклучува другото.
    Ако некој постира проблем не значи дека до оставачка е дојдена работата, напротив љубовта постои и проблемот е најверојатно решлив, само се бара полесен и побезболен начин за тоа преку сослушување на туѓи мислења и искуства.
    И јас сум мажена па свесна сум и за убавите и тешките моменти во врска/заедница/брак па често барам совети.
    Кога ме праша сопругот дали сакам да се мажам за него, имавме голем број неразрешени прашања па седнавме на маса.
    Прво беше каде ќе живееме(кај нас не беа градови туку држави во прашање), потоа што планирам јас да правам(да работам полно работно време, скратено плус и да доучувам нешто), се ги преиспитавме нашите желби за деца(си кажавме дека немаме у план)....и да не редам.
    Штом постои неразрешени прашања и проблеми не треба да се избрзува со така важна животна одлука.
    Доколку сега не се донесат некое пресудни одлуки ..... љубовта а и разбирањето меѓу партнерите ќе трпи промени.
    Затоа реков НЕ.
    Зашто ништо не сте решиле сеуште и зашто секоја одлука од која едната страна е целосно незадоволна е неприфатлива.
    Бракот не е само љубов, мора да постои компромис и делење на слични идеи за заедничка иднина.

    Ти посакувам се најдобро....проблемот не ви е ниту нерешлив ниту страшен.
    Само трпение и искрени долги разговори со партнерот, еднаш уште еднаш ....се додека не се најде решение.
     
  3. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    286
    знаете колку пати се запрашав истово? како судбината да не разделува наместо да не спои ;(
    еве веќе 3 месеци откако ме побара и остана сето така. ни прстенот не го носам. кога ќе помислам дека треба да го ставам ме фаќа нервоза. наместо да биде симбол на нашата љубов тој ми е сол на рана. немам ќеф за ништо веќе. јас, таа која и беше испланиран и текстот за поканите и песна за првиот танц, фустанот, бидермаерот... буквално се... сега јас сум таа која се запрашува дали да се мажам? уствари гледам дека нема да биде за брзо... понекогаш посакувам да му го вратам и онака не ми значи ништо прстенот а толку многу бев среќна... посакувам се да престане затоа што ми нанесува болка премногу оваа ситуација. ;(
     
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.021
    Допаѓања:
    123.883
    ^ Па тогаш расчисти дури е време.Потоа ќе биде доцна ;)
     
  5. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Штом сево ова го чуствуваш тогаш не губи си го времето...жалосно е деновите и годините да ти минуваат...што побрзо окончај и среди си го животот
     
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Кога веќе чувствувате сомнеж дали сте го направиле вистинскиот избор, незнам каде го наоѓате просторот за да си го поставите и прашањето "Дали?".
    Јасно е, и вам ви е, дека ќе згрешите, ама најверојатно опшествената моќ и туѓите размислувања ве врзуваат сеуште. А баш заради тоа многу грешки се прават.
    За жал.
     
  7. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    поправете ме ако грешам ама јас разбрав дека стефани има проблеми заради венчавката со луѓето околу неа а не е проблемот дека се двоуми за нејзиниот маж дали го сака или не... или грешам ?
     
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.021
    Допаѓања:
    123.883
    ^Jaс ја разбрав обратно :D ,како и да нека ни објасни што мисли :)
     
  9. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    за сите сто се двоумат дали да се мажал или не :!: ако не сте сигурни 100% тогас немојте да направите несто сто покасно може да заврси полосо...
     
  10. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    286
    ве читам и сваќам уствари дека проблемот сме јас и тој не другите. немаме доволно храброст и сила да се соочиме со проблемите. или можеби потсвесно не сакаме. досега можевме да имаме се со многу напор ќе успеевме. а ние што правиме? се надеваме на чудо.
    моментална пречка ни е тоа што нема работа ги испуштија ама не знам зошто мислам дека не се ни труди да побара засега. како да се обидува да добие на време.
    исто вака се чувствував кога се скаравме пред 7-8 месеци. за истата причина и сега ми е дежа ву се. не е прв пат се навикнав. а не можам без него или не сум пробала. можеби си станавме навика :| не знам
     
  11. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Стефаани имам поминато слично вакво искуство со мојот партнер, со кој сум мноооогу долго време. Ќе ти го раскажам, можеби ќе имаш корист. Значи одиме многу години, уште од студенти кога бевме. Тој во се беше нај нај и комуникација со луѓе и успех, пријатели баш се. Јас златна средина, си имам принции и правила и не отстапувам, не глумам пред луѓе за да ме сакаат, успех среден. Завршивме јас почнав да работам просечна работа со мали примања, тој супер работа. И во еден момент он останува без работа. И тресна на земја, сите тие другари и луѓе што го "удираа по рамо" ги снема преку ноќ. Е тие 4 години кога не полудев никогаш нема. Западна во депресија, не сакаше да мрдне од дома, никаква работа не бараше, јас никој не молам бла бла. Секој оглас што ќе му го покажев беше "ма дај не ме зезај" ако се работеше за просечна работа велеше "не си нормална ако мислиш дека тоа ќе работам", а ако беше добар оглесот велеше "знаеш дека е со врски" и не мрдаше со прст. А најлошо во цела ситуација беше што бевме во фаза во врската кога сите очекуваат да се земеш, а и сите во друштвото почнаа да стапуваат во брак, останавме само ние. Почнаа притисоци и од дома, ајде што чекате, време ви е, никогаш нема да ви биде све погодено, неможе се пред време да спремите и слични коментари. И навистина тој притисок влијае страшно многу, знам сум го осетила, во еден момент си викаш може би се во право, а знаеш дека не си спремен и дека немаш услови. Стигнати до точка на излудување. Ама не потпаднав на влијанијата и си останав на своето НЕ ОВАА ВРСКА НЕ Е СТИГНАТА ДО БРАК. Поминаа тешките години, со многу карање, дискусии, викање се поминавме. Покасно почна да работи, а и јас на подобра работа. Збиравме средства неколку години подспремивме катче за живеење, имаме работа двајцата е сега да стигнавме и до брак и се спремаме.
    Средствата не се пресудни дали да стапиш во брак или не, туку како ти се чувствуваш. Јас тогаш знаев дека е избрзана работа, без разлика на што ми викаа домашните, а сега знам дека не е, и многу ми е убаво во моментов. Како си осеќаш така да постапиш безразлика на мислењето на другите, или годините или условите на живеење. Затоа што знам парови кои живеат во заедница и се среќни, познавам и обратни случаеви сами а несреќни. Моја другарка се омажи почнаа да живеат во заедница роди дете, покасно си купија стан се преселија, па се разведоа.
    Слушај си го срцето,а не што ќе рече овој, што ќе помисли оној.
     
    На babymama и danichap им се допаѓа ова.
  12. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    286
    знаеш како е кога ти работиш било што за да можите да бидите заедно, за да си ги остварите плановите а тој вика јас не можам да работам било што... а јас работам на место каде се расправам со будали, секојдневно сум под стрес и нервози, со колеги кои во секој момент се спремни да те наместат за било што а тој вика не можам да работам било каква работа? епа мајка му да го ставиме да биде директор. понекогаш ме фаќа лудило. јас капната од работа 8 саати на нозе а тој цел ден спија и кога ке му речиш нешто да направи пак му е мака. :devil: ќерати не оди тоа така. а башка земањево не го спомнува ама ич. како да не ме побарал исто... сваќам нема услови ама да кажи барем нешто да ме утеши... можеби е период ама дали ќе го пребродиме... ако успееме ништо веќе нема да не раздели... многу поминавме се надевам ќе помине и ова
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.129
    Допаѓања:
    67.243
    Пол:
    Женски
    Па не изгледа баш како период. Изгледа дека му е таков карактерот. А со таков човек не си баш сигурна. Еве да речеме се земете, он најде работа, имате деца, ама по некое време го отпуштаат од работа. Он, нели не сака да работи било што, ќе седи дома, а се на твој грб ќе падне.
    Мораш се да земеш во предвид и да размислиш убаво, сепак, се работи за животна одлука.
     
  14. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    286
    и мама ми вика исто - животна одлука
    сакав јас да аплицирам за работа преку факултет ама се двоумам заради НАС
    што ќе биде ако заминам? не знам што да направам
    знам дека тоа ќе биде крај исто ми кажа и тој - јас нема да те запрам ама не знам што ќе биде со нас, најверојатно ќе се разделиме.
    сега сум за никаде :(
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.129
    Допаѓања:
    67.243
    Пол:
    Женски
    Млада и несигурна си. А и како што те читам, велиш веќе е навика, а што кога ќе бидете во брак? Што ќе стане тогаш од навиката? Ако он те задржува и поради него не можеш да напредуваш подоцна можеш само да му замериш за тоа и да го презираш.
    Ние тука може да те советуваме, ама ти си таа што треба добро да размисли.
     
  16. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Луѓето можат да поднесат многу повеќе од она за што мислат дека се способни.
    Од навиките се одвикнува. Been there, done that. За навика зборувам, не за брак (таман работа пу пу).
    Јас иако ниту сум била мажена, ниту ќе бидам во наредните 10 години имам еден, верувам разумен совет на сите жени кои се наоѓаат во ситуација каде што личниот успех и кариера им се загрозени од the husband to be.

    Никогаш, ама баш никогаш не се откажувајте од работа ако ја сакате или од можност за кариера, бидејќи ако земеме предвид бројки повеќе време во животот ќе поминете со работата, отколку со мажот. :D

    Не, ај сериозно сега.
    За една жена што сака да просперира, има амбиции и квалитети, најжалосно нешто на светот е да се откаже од шансата да биде задоволна со себе и тоа поради маж.
    Иако се ретки таквите мажи кои можат да си дозволат поуспешна жена од нив, верувам дека се уште постојат. Маж кој не би те поддржал во кариера или во нешто што го сакаш, не сака да разгледа никакви други опции освен тие што самиот си ги наумил, поставува ултиматуми - не е вреден да стане нечиј сопруг, туку е еден голем егоистичен идиот.

    Ако еднаш подлегнете на ултиматум, ќе ви поставува цел живот за да биде по негово.
    Компромис е клучниот збор за успешен резултат. Ако мажот никогаш не ја сфатил вистинската смисла на тој збор и има магарешки инает подгответе се за доживотна емоционална тортура.
    Како што знаете самите жените се поемотивни како пол и повеќе се трудат околу семејството, додека мажите едноставно се со став „нека биде што ќе биде“.
    Кога веќе вие ќе стапите во брак и ќе сфатите дури тогаш дека работите не функционираат и иако си го сакате сопругот со него нема разбирачка, ќе се осудите да живеете во пекол, да бидете потчинети, лишени од среќа само за да имате семејство. Секоја чест на храбрите и гордите жени кои излегуваат од такви бракови, ама ако се воспитани од конзервативни родители ќе ги советуваат да трпат за да не пукне срам кога ќе разберат соседите, па што ќе кажат, па како цел град ќе ги озборува итн.

    Затоа, убаво размислете си дали како жени на 21 век сакате да стапувате во бракови кои се гледа дека ќе пропаднат доколку и вие кренете раце од нив или сакате уживате во животот. :)
     
    На encimenci, Ethrnity и francais им се допаѓа ова.