Социјална држава, да треба да се грижи за децата нека отворат нови групи, кога не смее да се зголеми бројот, нека се изнајде начин да ни се згрижат децата. Познаници во Италија, не одат на работа, ама сметките им доаѓаат со 0 денари, овој период. Која пола плата за негователка, знаеш дека уште луѓе работат за минимална плата за да платат основни трошоците? Или на крај ќе кажеш не требало да раѓаме деца? И не ли е безобразно да излезат на ТВ и да кажат дека само 3 деца чекаат место?
Да не претеруваме фондот е преполн со пари и никогаш нема да биде оштетен.Да ти ако зимаш 30 000 плата и имаш начин како да земеш плус,некој ја нема таа опција некој едвај опстанува со вкупно 30 000,а 18 000 нема секој за да одвои да плаќа негователка.И некој нема никаква фамилија или има а исто како да ја нема,а во градинка не го примаат детето.Во овој случај што треба да направи човек? Јас сум ЗА да се продолжи!
Прво тие што им заврши лани јануари, февруари...тогаш имаше 20-30 заболени дневно а сега за жал таа е бројката но на починати. Никој не рече две години ,туку додека помине бранов... Кога 18 !? Како 18 !? 18 можеби фатила некоја баш тој ден кога почна продолжувањетоо ,ама ни такви мислам немало. Кај виде себичност и дискриминација јас не разбирам... Жал ми е ако така ти звучи. Јас кога беа мерките за трудниците одев на работа , бидејќи фирмата баш во приватен сектор плаќаше ,во овој случај би плаќал фондот (државата) истата држава што не обезбедува вакцини ,истата држава што нема никакви мерки. За братучетка ти колку што знам не смеат да ја избркаат додека е на породилно кое пак ќе напоменам фирма не плаќа ич ништо. Негователка за да платам треба да си ја дадам цела плата - тогаш зошто работам ? Да ми помини време ? Фала за предлогот не се прифаќа скап е. И не знам оти понашање ко леб од уста да ти се зема кога ние сите си плаќаме придонеси ете баш за овие работи ,за породилно ,за пензиско и за БЕСПЛАТНО здравство ,кое патем е се само бесплатно не. Нејсе не е тоа тема сега. А за тоа 18 месеци овде имаш тема повели кажи си. https://forum.femina.mk/threads/450-породилно-пеленска-револуција.26495/
Јас сум ЗА да се продолжи! Народе македонски еднаш да бидеме кратки и јасни '' јас сум за'' или '' јас сум против'' доволно е. да се поштедиме од непотребна дискусија или кавга
Колку пари е негувателка? И дали секој би имал да одвои од таа пола плата што ја збориш за неа. Немаат луѓето други трошоци, кредити или сл. А и ете колку време и да помине, барем после тоа да може да тргне детето у градинка. А не у државава, уште пред да почнеме да го праиме, треба да го запишеме во градинка. Зашто нели списоци, па врски, па се чекало. Многу хејт ти се коментарите, дали и лани кога се пишуваше за истово, исто вака коментираше?
Нешто не сфаќам. Имам блиски чие породилно не се продолжи. После продолжување се вратија веќе некои, или продолжувањето важеше само за оние кои не можат да работат од дома?
Фирмата нема право да те избрка но има право да не ти продолжи договор. Еден куп мајки на овој начин останаа без работа. Кога ке ти заврши породилното каде ке одеш ако не ти е продолжен договорот? Приватните фирми толерират породилно 9 месеци како што си е по законот, а оваа што беше продолжувањето, тоа не важеше за приватнаците, затоа дел од нив тргнаа на работа без да користат продолжено породилно, други останаа без работа. Ако фондот е,, полн'' со пари сигурна сум дека тие пари повеке и се потребни на еден куп други социјални случаеви и да не набројувам уште на какви се луге има, Вие здрави, прави, млади способни да работете упорно сакате да сте на товар на државата. Иницијатива за зголемување на времетраењето на породилно отсуство за сите идни мајки Да, но продолжување на пордилно отсуство само на овие што сте се нашле во оваа време на Корона повторно и повторно, како вие може да бидете толку привилегирани? Направете иницијатива за зголемување на бројот на групите во градинките, ама не може како вашите деца во оваа Корона на градинка ке одат. А до сега цело време дома затворени ги чувавте? 80% посто од тие што до сега беа на продолжено породилно имааат и баби и дедовци и финансии за негователка, и услови за градинка, ама не ги пуштија децата на градинка, не тргнаа на работа а зошто?Зошто да не искористат кога се може. И до кога вака, според вас кога ке помине бранов, до кога ке барате продолжување. Жената по струка не мора да биде негователка за да ви го чува детето, од тие што ги познавам што плакаат жена што им ги чува децата плакаат по 8 000-10 000 ден. Погоре членката што има пишано за во Италија, претпоставувам дека пред да правете деца знаевте каде живеете и дека ке ги рагате и гледате во Македонија, а во Македонија ситуацијата е таква каква што е од секогаш, не е ниту Германија ниту Австрија. Како за сите така и за вас. И во сите други држави документација за примање на детето во градинка се поднесува уште по рагањето на детето, за кога ке заврши породилното да може да тргне веднаш, исто како и тука. А тоа што некои чекале ден пред завршување на породилно да запишуват дете на градинка е друг проблем. Лани не пишував и не бев против, се се случуваше така на брзина, не очекувано, неизвесно и почуствував емпатија. Од лани до сега сте имале време да си најдете солуција за чувањето на вашите деца, сигурно не очекувавте дека цело време ке сте на товар на фондот. Ако до сега не сте успеале да најдете решение, дали ке го најдете уште после едно продолжување на породилното? Кој не би сакал да седи дома на товар на државата, но бидете малку фер и имајте емпатија спрема тие што немале никаков избор и останале невработени.
Doma sum radi bremenosta, oslobodena radi kovid. Treba da zimam 70% od plata. Kolku ke im tekne tolku pustat na smetka. Prethoden mesec 9iljadi.So 9iljadii,smetki ili neguvatella da se plati. Rizična bremenost, moram da lezam, a dete?! Prepusteno samo na sebe. Iskreno preku glava mi E, jas bi gi prijavila no nez kade da se obratam
И државава имаше повеќе од година да си го реши проблемот со градинките па еве гледамњ дека ништо не решила. Каде да се згрижат новите бебиња? Дали секој има мности негователки да вработува? Па има луѓе кои работат за минималец , подлбро дома да седи да го чува сама мајката. А јас не знам зошто толку негативности, и толку лошотија има во луѓето. Ако тие нешто не можат или не искористиле и никој друг да не може.... На другиот лошо да му биде. Па ако не се согласуваш ок си кажа твое мислење остави другите што се за да си видат што можат да направат. Неморс да се полни тематс со коментари реферати со '' совети'' не требало да раѓаат или знаеле во која држава живеат или до сега требЛо да се снајдат којќеим го чувал детето. Ете ималњ верба во државава на изјавите дек аимлао сѓао 3 деца кои чеклае з апримање во градинка, па н акрај не испаднало така! Значи нас државатс не изневерила не нашла решение за децта акои треба да појдат во градинка и сега што да прават мјаките да седат да дадат отказ? Даси ја дваат плТата за негователка за да не останат без работа з аво иднина или да се бара продолжено породилно додека не го решат проблемот со место во градинките?
Оце ти спомна дека на Фб имало група претходно и праќале мејлови? Дали можеш од некоја мајка од таму да дознаеш каде праќале мејлови дали праќале групни или секоја поединечно? Нека не продолжат породилно ако смета комисијата дека не треба, ама нека ни најдат места во градинки на сите јас тоа би пишала!
jas sum protiv ne zatoa sto ke si sedele doma i zemaat plata tuku zs 99% ne sedat tuku se rasetuvaat i ne pazat voopsto .. ne sum slepa gledam sto se slucuva , samo zloupotrebuvaat i zatoa neka si rabotat ..dosta bese ovoj cirkus
Ти се вклучи на темава да контраш? Јас сум да се оди на работа, нема ништо од лежи лебу да те јадам, ама забораваш неколку факти: - јасли групите се со по 6 деца. Каде да одат по твое новиве деца? - пари нема секој за жена. Некој не ни има да даде 18к колку што треба за жената. И? Кое е твоето решение за ова? - женскитр права се баш сега загрозени кога се очекува и работа и дете до тебе. Никој не вика таткото ќе чува, туку мајката се снаоѓа. - јави се во некоја градинка и прашај како иде упис. - Знаеш колку чини приватна градинка? - Зеде предвид дека чување од баби/дедовци не е опција? Јас не можам да разберам што сорта бевме. Тоа љубомора и завист на претек. Зато што Петкана тргнала на работа, Стојанка не смее да "користи" нешто. Се дур не отворат нови групи/зголемат капацитет оваа иницијатива има логока. Се друго е излишно.
Сите праќаа посебно и на фв сите објавуваа посебно тогаш гледав кружеше еден ист текст. Сите обединети беа и на коментари кај министерот на објавите исто праќаа секаде буквално.
Лани го продолжија породилното за сите зашто градинките нели беа затворени. Нормално, по своја одлука можеш да одбиеш и да се вратиш на работа. Откако отворија градинките го прекинаа продолженото породилно, а први во градинка ги примаа децата на двајца вработени родители.
Тогаш не ми е јасна темата? Значи веќе е одлучено дека породилното нема да се продолжи, куп мајки се вратиле веќе на работа, ама сега кога дојде јајцето на г*зот на членката, оти ќе мора и таа да се врати - сега ајде пак да го продолжиме... Оние до сега што се вратија, кој ги т*****т, и онака веќе им се израснати децата. За нивните нема ризик, само за нашите
Тие што имаа тргнато на работа лани и не користеа сами си се виновни, комотно можеа да си искористат се што им следи и на договор да е некоја пак не може да ја избркаат бидејќи била на породилно одсуство, али пусто Македонче наместо тужби до газди и шефови сите си ги виткаат опашките и си се враќаат на работа. Темата е за пак да се продолжи и годинава додека траат мерките.
Не ми се јасни некои ликови на форумов ама не навлегувам во бепотребна дискусија , да се вратиме чекор назад ако ми дозволувате .... да биде ова ОК за нас и за идните мајки треба да се потегне иницијатива како во 2016 та ... кампањата на тековната и претходната министерка за социјала беше дека породилното ќе го зголемат на 15 месеци во првата година од нивниот мандат , остануваме повторно излагани и преварени , а тоа е наше право и нивна обврска да го избуткаат законот .... може да се отвори периција да се потпише ( во 2016 над 500 потписи собраа ама изгласаа само за близнаци и тројки , пак не ја истераа работата како што треба ) ако се истера до крај во екот на пандемијата , па макар и да го продолжат на 12 месеци ќе биде взаемна придобивка за сегашните инволворани и за сите идни .... фондот е полн со пари може да го поднесе теретот и еден текст од тука со петиција сите на фб и инста да го шернат и да се поднесе приговор до мтсп мислам ќе направи разлика и ќе се раздрма малку работава , па на крај ќе пишуваме и по портали ако треба .... Ни ветиле дека ќе направат , сите ќутат а требаше да се поднесе предлогот уште на почеток кога ги изгласаа пензиите ....
Не знам за што се виновни. Луѓето ги чекаат проекти, напредувања, нечија фирма е на нивни грб. Да си во државно да, има кој да те замени, ти е гајле лежи дома и паричките легнуваат на сметка. Ама некоја мајка која работи за 12-14к (не знам сега колку е минимална), нема пари да тужи и кредитите и зависат од таа плата, ќе си се врати на работа и ќе се снајде за чување. Еве јас стварно не разбирам нема место ама сите ги запишуваат децата. Нема поента да се останува дома на продолжено породилно кога секој ден мајките со бебињата се по паркови. Сите одат на работа, децата на школо, градинки отворени... Нема логика никако, а не дека не би ви дошло добро, одлично би било сфаќам
Се согласувам дека треба да се продолжи и сега ако можеше да се продолжи лани. Пред пандемијата едвај успеав да запишам дете во јасли со 20 деца во група, а сега со 6 деца во јасли стварно тешко. Немаат сите мајки толкави примања да си дозволат негувателка дома, а и во Бт има само една или можеби две приватни градинки што примаат деца под 2 години и таму е полно. Да се продолжи породилното и годинава!