Klaudi Како што сфатив тој и додека сте биле во врска бил неодговорен и те оставал на цедило. Јас неможам да замислам дечко ми да ми каже да не го прашувам каде е или пак да сме договорени за излегување а тој да излезе со другарите. Незнам колку долга ви била врската и колку време си замижувала на неговите постапки, си ги замачкувала очите мислејки дека ќе се промени. Касно ги отвараш очите девојко, требало порано да размислиш со каков човек си во врска, и дали со тој човек ќе можеш да продолжиш да живееш во иднината. Какво е тоа 1 месец да не ти се јави... потполна неангажираност и незаинтересираност. Со таков човек би си имала понатака поголеми проблеми, колку повеќе замижуваш толку проблемите ќе растат.
Не грешка си,зборувам за сега дека ме извисува пример ќе се договориме да излезиме и во последен момент ќе ми откажи се некоја побитна работа му излегува од мене.Сега несмеам да го прашам ни каде е ни што е незнам демек со тоа сум го навредувала сум се поставувала како јас да сум била маж во бракот а не тој.И дури не сум се научела како треба да се однесувам и кај и било местото на жената тој со мене ќе бил ваков.И така пробав ајде се однесував како што сакаше не го прашував,но бадијала тој си тераше пак по старо. Мислам дека тој погрешно го има разбрано бракот или па незнам како да речам иди работава аха во ред ја имам сеа неа таа сигурна си е кај ке бега и си зема слобода и право да прави што сака.Па цела бременост така ја поминав и 1 месец ми се немаше јавено ајде си реков ќе му текни да праша.Баш го брига за се.Ова не е 1 ден ова е со месеци,да останев трудна по грешка без разлика што одевме долго време,ајде ќе речев непланирано беше.Но сето беше планирано,но не за вака да биде моите не се должни мене и детето да ме гледаат,тој треба да застани да си ја преземи одговорноста да се свести.
леле неможам да поверувам што јас читам, драга Kлауди па ти си била во тешки маки, многу ми е жал за тебе и твојата ситуација што мора тоа да го трпиш од човек како тој твој маш, незнам како само може да постои таков идиот извини те молам за изразов идиот, неможам да кажап подобар збор за таков бесчуствителен човек како него. ако не те сакал зошто те зел на душа што се вика, зошто сте правеле свадба и зошто бебе ти направил,,,,зошто ако не бил спреме на брак и семејство.....лелле како можат такви гадови да постојат. Tи пробај да не се нервираш, мислиси на тоа тоа што те очекува, мали слатки очиња ке те гледат и животот ке ти биде сосема поинаков, нема повеке никогаш да бидеш сама....немој да дозволиш тоа бебе уште во стомакот да пати затоа што ти страдаш поради нервозата и маката што ти ја прави тој никаквец.мисли позитивно и само на таа нова улога што те очекува, породисе со лесно и потоа ке видиш како ке се одвиваат работите, се надевам ке се освести тој идиот откако ке си го види сопственото дете и ке размисли што прави, јасискрено се надевам дека се ке биде добро, но во спротивно ако истото го прави побарај развод уште одма, зошто со таков човек н евреди да се нервираш и животот д аго упропастуваш-не вреди човекот верувај...секое добро и се најубаво
Велиш не бил таков,убава ви била врската сега се променил. Добро ти најдобро си знаеш како било, но тоа што ти го прави мене не ми личи на љубов, посебно делот во кој наведуваш дека 1 месец не се јавил ни гласот да ти го слушне. Но како и да е ти веруваш дека вашето може да успее. Штом е така седни и сериозно поразговарај со него. Кажи ми се што ти пречи, направете планови договори, тој мора да сфати дека е женет човек и да си ги прифати одговорностите кои ги има. Кажи му дека ќе се разведеш ако не се промени и види како ќе реагира.
Љубов, љубов и љубов ете тоа ни е проблемот Клауди. И јас сум заслепена не викам не, но ти срцка ептееееен многу си. Јас полека почнав да си ги отварам очите и да согледувам некои работи кај мм, твое е дали ти ќе продолжиш да се залажуваш дека можеби ќе се промени или ќе пресечеш. Најбитни се децата, моево ѕверче и твоето во мешкото. Не живееме за нас повеќе, живееме за нив, не треба ние да гледаме да ги задржиме оние идиотине покрај нас зашто мноооооогу ги сакаме. Јебем ти љубов, јебем ти све, се у к**** нека иде, гледам само за детето мое да има нормален и убав живот. Дали со родители разведени или во брак сеедно, најбитно е да расте безгрижно, без трауми што ќе ги памти цел живот и што ќе остават трага врз неговиот психолошки развој пред се а после врз изградувањето на неговата личност и карактер. За оној мојот ај уште можеби има некоја малечка надеж, ама за твојот мила моја немам коментар. Ти си знаеш најубаво, јас најубаво е да останам а и сите други исто без било каков коментар што најмалку ти треба во овие тешки моменти. Ти посакувам се најубаво, со лесно да се породиш, живо и здраво да ти биде бебушко па мирот и спокојот останува на тебе, сама да си ги најдеш, а со тоа да му пружиш на детето и безгрижно детство.
Klaudi, очигледно е дека кај вас работите не се во ред, но јас би ти дала еден сосем поинаков совет- бидејќи ти си бремена, овие нервози не ти требаат, едноставно не го мисли! Што ќе биде-ќе биде, ама сега засега ти посвети му се на бебушот, уживај во бременоста Опкружи се со позитивни луѓе, излегувај, шетај, купувај работи за малото човече, дружи се, читај книги, гледај филмови, прави ги сите оние работи за кои ќе немаш време откако ќе дојде малото. Грижите и стресовите остави ги за подоцна, уживај во сегашноста и стомачето кое расте!
Мене ова да ми се случи јас би превземала конкретни чекори. Тоа седењето дома и чекањето не е решение. Дали работиш, имаш ли примања? Станот што го реновирате, чив е, заеднички? Ако да, до сега требаше дур тој скита, ти малку по малку да ги скоцкуваш работите и да си се сместиш таму. Па да сфати господинот дека глава на бракот неможе да биде он ако скита и троши пари, туку тој што е подомаќин. Па да си легне на брашно. И тоа што си трудна или женско не ти е оправдание дека неможеш ништо да се активираш. Па не се бара од тебе да креваш тешко, туку да ангажираш и надгледуваш мајстори, а тука ќе ти помагаат и твоите родители. Па тек тогаш да видиш дали господинот не ќе се свести кога ќе почне да му се лизга контролата на работите од раце и дека и без него се може. Немаш време да жалење туку за акција.
Клауди А зошто ти отиде кај твоите да живееш? И генерално какво ви е ова одвоено живеење? Имате проблем и оп кај мама и тато, кај го има тоа. И плус одма адвокати одма ќе се разведуваат аманте бре жени полека малце.
Хахаха ах бре цецилиа ме изнасмеја Мила многу е лесно од страна да кажеш, но на своја кожа не дај боже да осетиш.
акциија бива само за разумен човек не за таков каков што е нејзиниот, таа е бремена жена и поминува низ посебен период, емотивна, чуствителна, сама по доктори оди, не и се јавува д апраша како е и што е со неа....епа тоа ептен е нечовечки, нормален човек такво нешто не ни помислил и ти бараш тој да се освести, тој ја оставил да седи кај нејзините а тој како говедо седи кај неговите, ако има еден кревет кај неговите ке спиие и таа со него, па и во едно собиче од 1 метар, тој ја оставил на немилост оваа жена и не е заинтересиран за ништо, па ни за сопствено дете.....тоа е нечовечност ништо друго, не барај леб со таков човек нема.
Секој сака да биди среќен во животот така и јас,зар да знаев дека вака ќе биди дали би прифатила да бидам со него?Нормално дека не.Се надевав и јас на убав живот со него.Но сега не се надевам повеќе,зарем е толку тешко да одвои 1 мин време да ме слушни како сум?Тешко му е да дојди да ме види што правам,дали нешто ми треба?Сите одат со мажите на доктор овај ништо не го интересира.Реално ја гледам ситуацијата и знам дека кога тој мене ме остави сама тогаш кога најмногу ми беше потребен кога двајцата требаше да се радуваме за детето него го немаше си се веселеше а јас секоја вечер плачев зошто сум сама.Го прашувам што е зошто е ваков, се мене ме обвинува,а јас што правам дека дома седам дека се нервирам што сама поминувам низ се.Го прашав дали има друга?Ми вели не си прави филмови.Но порано скоро секој ден имавме односи сега одкако забременив немаме,не му било дојдено до ништо.Му реков ако имаш друга кажи јас не ти се испречувам на патот ако ете ме отсака не е проблем ке се разведиме,подобро детето да расти со мене одколку да расти заедно со нас а меѓу нас кавги да има.Причината за ваквото однесување сум била јас,аха да за малку ке поверував која мајка сака да и расти детето без татко јас пробав секако на сите начини но него не го интересираме. Најмногу ме повреди кога го прашав каде си дали си прашал како ми е,дали си прашал какво дете ке имаме.Душата ме здоболе кога ми рече к*** ме боли шо ќе имаме. Не добивам одговор за развод почнува со навреди кон мене јас крива сум за се.
Абе и јас сум сакала да одам кај моите не еднаш 50 пати, ама еве јас во странство сум и неможев па работите се средуваат полесно кога не трчаш кај мама и тато. А тебе конкретно ќе ти кажам не си ти печена за развод, и нека не те лаже ѓаволот дека е лесно да си самохрана мајка. Сега е мало, јаде и спие. После ќе ти треба повеќе помош, ако можеш да го избегнеш разводот поарно за сите ќе биде. Видете и стручна помош, некакво советување дали има? Или земи спакувај се и оди им таму и јади им од салатата со лигава виљушка (шала малку да се насмееме).
Живееме разделено бидејќи кај него е фул полна куката,немаше услови каде да седиме заедно и затоа си купивме стан.Зарем треба јас да преземам акција, што да правам кога тој не се свестува со сила јас ниту сакам да му се наметнам ниту детето да му го наметнам.Можеше само едно, да испадни човек да кажи кој е проблемот,ако не сакаше немаше да се земиме.Треба јас да трчам по него да го чекам дома да го барам за да седни муабет да направи со мене?Кога веќе си стапил во брак и чекаш дете каков муабет е потребен,никакво објаснување и што и да ми кажи ништо нема да го врати времето што јас го поминав плачејќи и со нервози.И да биди утре подобро нема оправдување за неговото.Искрено не се ни надевам дека ке биди подобро ме насмеа на сета мака
Ќе се свестиш Клауди. И јас цела бременост го трпев, јас бев крива за се според него, единствена разлика е што не искачаше без мене, но џабе, ке тргнеме некаде заедно, ке се искараме по пат ајде вракај се дома, со денови не зборевме, идеше на работа се враќаше двајцата по дома ко глушец и мачка бевме. Цела бременост ја поминав во нервози и плачење секој ден. Незнам вака коа размислувам можеби стварно некако негативно ни влијаела бременоста врз нив, можда хормоните малку не мавнале во глава па не е до нив до нас е.
Според вас што да правам кој е најразумниот чекор за да го превземам,и искрено што мислите зошто е ваков спрема мене што е тоа што го промени?
Имам една подалечна батучетка кога се омажи донекаде ова и се случи. Мажот после свадба драстично се шекна. Го фати некоја психа, некој срам, страв што е женет, што има сега фамилија. Абе секоја вечер во кафана (јас мислам дека и твојов е тука некаде). Правеше однеси ја неа кај мајка и и оставија по неколку дена, а тој секоја вечер излезен. А во тие денови нема ни да и се јави. И викаше абе како па да не излезам па сите другари се таму, само јас женет, ќе ме зезаат не ме пуштала жената, сега сум бил врзан. Оваа па му викаше земи ме и мене во кафана, а не може, другите жени не носат, плус трудна си. И женава се утепуваше од плачење кај мајка и. Јас и тогаш и викав, што бараш со денови да седиш кај мајка ти. Епа не доаѓа вика да ме земе. Па патот до дома не ли го знаеш оди си. Така истера еден период, после изгледа се издува тој, па поретко поретко и ене ги уште се во брак повеќе од десет години. Е арно ама нерви ортоми да се па ќе се искинат, како тоа да го издржи човек, здравје кошта. Лично јас не сум човек што чека. затоа и така реков. На крај краева ако си ти одлучена да си го спасиш бракот, што бараш кај мајка ти на чекање да бидеш. Отиди бре кај него, кај неговите, најди го дома, колку и да не разговара за проблемот, кај ќе бега од кај него дома. Седи таму, направете си една заедница. Можеш да ни појасниш како воопшто испадна да живеете раздвоено. Одкако се земавте воопшто не отиде со него да живееш, или беше па после се врати?
Искрено вака ко што кажуваш дека се било во ред пред да останеш трудна, ти одговарал, си го планирала детето со него значи според мене бил човек со кој ти сакаш да го поминеш животот. Наеднаш тој човек се сменил...........исто како во мојот случај. Ајде форумџикиве нека кажат дали е можно бременоста некако да влијаела врз нас и поради тоа мажите наши да се промениле заради што и ние сме се промениле. Како и да е стручна помош мислам дека нема да ни биде на одмет и на двете, па ако треба и на брачен советник да се иде, нормално заедно со дотичните, ако прифатат. Незнам што да те советувам тебе, како да постапиш во целава ситуација, но знам јас како ќе постапам. Нема да потрчам кај адвокатот во понеделник ко што планирав и бев залетена уште денеска, ке оставам да поминат неколку дена, не месец ко ти што си чекала. 3-4 дена максимум, немам намера ниту да го побарам, уште помалку пак да се враќам таму. Шо убаво ми е домче да знаете Оставам на него, дали ќе ме побара, можеби пак ќе дојде (има ствари некои тука оставено) по нив може ќе дојде Може пак некоја серенада ми спрема од кај знам хахахах малце шала на моја сметка Како и да е Клауди истото би ти го препорачала и тебе, да се олабавиш малце, нервози никако, бркај си свои работи, наоѓај си занимации, олади си ја главата малце од се и не мисли на ништо освен на бебушко и на денот коа ке си го видиш и ќе си го држиш во раце. Оние двајцана ја мислам сеа ние малце да им покажеме заби. Доста се правеа факмени, ма кој ги шиша бре. Ич не му се замарај за него. Он се замара за тебе, ти се јавува, е па како он со тебе така и ти со него од сега. Па срцка или-или Или ќе ги напраиме луѓе или ич не ни требат у животот Ако не се сменат они, ние ќе ги смениме нив Добра ноќ