И јас баш така размислувам, не заради партнерот туку заради мене. Сум чувала слики од друштва и од цел мој живот, али ми немаше смисла едноставно да чувам слики од бившите партнери како се гушкаме и лапаме, кога спрема тие личности веќе ништо не осеќам. Кога ќе ги поледнев тие слики, едноставно осеќав како да сум се лапала со некој странец и ич убаво не ми беше чувството, и ги избришав.
За жениве незнам, еве јас си кажав дека не ми е пријатно да чувам слики од бившите. Али за мажите 100 посто сум сигурна дека ги чуваат од некоја причина, а тоа не е за да се потсеќаат на претходниот живот. Имав двајца бивши шо чуваа слики од бившите, еден за да се фалеше дека имал многу женски, а другиот се гледаше дека нешто чувствува спрема поранешната. Дури чуваше и тетратки во кои пишувал поезии за неа. Не бев вљубена во него, се гледавме чисто онака, и ми рече дека никогаш нема да ги избрише или фрли книгите оти многу ја сакал таа личност. Е сега е женет и шо и има кажано на жена си, незнам.
А бе сликите и минатото не се проблем. Гледајте да не ви направи нешто во иднина.. Колку ги знам со извришани бивши, демек мажени/женети ама машала си имаат идни.
Јас не знам што ви се врти во глава кога ќе кажам дека чуваме слики од бивши, од минатото и слично, општо сите печатени слики што ги имаме се во албуми, не се врамени на ѕид. Не се тоа порно слики кај што правиме којзнае што, едноставно се слики од друштва со кои сме излегувале, од дешавки, концерти, патувања... Сигурно нема да ги фрлам, оти кога ги гледам ми е убаво, исто како што уживам во бракот со сопругот. Си имам расчистено со минатото и нема зошто да ми смета или да се нервирам. Тоа е, било, поминало. А да фрлам слики од убави места само затоа што бившите ми се на тие слики....баш и не би сакала. Оти погледот на тие слики ми враќа убави спомени кои остануваат само тоа, спомени. Ништо повеќе. Ако гледам понекогаш стари слики, не значи дека сега не ми е убаво или дека сакам да се врати она што било - не. Секоја слика ми е убав спомен. Исто како што уживам и во спомените што ги градам со сопругот и децата, документирано со слики. Да не се сликите, освен сеќавањето кое некогаш ќе потфрли, како би имале убави спомени и потсетник на различни периоди од животот?
Маж ми чува слика од бившата. Таа му беше бивша пред мене. Ја видов сликата. Ама не ја чува во албум. Сокриена е кај неговите. Не знам каде е Јас чувам писмо од еден бивши. И тоа е сокриено. А за развод ќе почекам уште 2 години.
Ништо, ни слики, ни сеќавања-едно бришење на мозок, најарно. Сега ќе одам да го прашам мм, како се викала бившата. Ако памти-развод. Секоја генерација со своите проблеми. И многу амерички филмови, и ако не ја исечеш сликата кајшто е бившиот, не си чоек на место. Сега додуша и помодерни решенија постојат, чорба за нас со слики од пред 20 години
Зошто тогаш скриени ги чувате ако се дел од тоа кои сте биле? Можам да разберам слика од друштво каде бившиот е на слика. Ама заедничка, јас и тој, за таквото ми е. Завршила таа етапа, нема на што да се потсеќам. Да требало да вреди, по текот на настаните, немало да биде бивш.
Блазе си ви. Ваљда ќе бидеме ние последните генерации што не се развеле ради слики со бившите. Мора да се одвои темава како посебна, значи мора, плиз. Нема ли ваква тема уствари? @theowndemon врски да фатиш?
Како е можно да релативизирате чување на бивши и тоа скришно. Потсвесно знајте дека не е во ред па криете... За мене е претеризам ова и буди негативни чувства и чувство на сомнеж.
Е па еве вулгарна да бидам... ти девица ќе земаш? Зашто ако не е имала некој пред тебе со која го правела она што го прави со тебе, ја учеле бившите она што сега го знае.. и сега?
Не е скришно Криеш само ако имаш неразбран партнер, опседнат, што мисли ако сум го земала него - толку. Не постои минато, не постои ништо освен него. Не дај Боже. И плус она клише “да бил добар немало да биде бивши”.
Не ги чуваме во визба врзани. Spoiler пишам во контекст дека сме чувале бивши, а не слики, и ме фати смеа Јас мислам дека не се прај и разлика од и со бивши. Да чувам слики од бивш би било проблем, пошто шо к*р ми е да го гледам без контекст на некоја ситуација само него. Да чувам слики со бивш (значи со мене на нив, и не со лапање, ко кој спомна такви слики????) е скроз друг контекст. Барем јас коментирав за вторите. @Biljarkata знам дека имаше тема за чување поклони од бивши, а слики конкретно мислам нема?
Сигурно ако некогаш сум имал слики, пишани поезии текстови книги, писма, честитки нема да ги чувам дома скришно.
Дали тебе конкретно те спомнав? Прочитај колку напишаа дека чуваат скриени. Но, кога веќе се чувствуваш прозвано. Што мислиш ти на таа тема?
Па и ние не ги чуваме скришно.. си седат во кутии со спомени. Во албуми, на SD card, vo hard disk od star kompjuter.. со сите други спомени од детство, тинеџерство, факс, први љубови, слично. Ама не значи дека седиме скришно од партнерите и си гледаме и си маштаме што би било кад би било. А членкава не кажа какво видео гледал мажот и од бившата.. експлицитно, од некоја забава со друштво.. зашто ако е ова првото богами не е во ред и има многу поголем проблем. Тоа видео гарантирам има уште неколку копии ако не и претходни видеа на некој usb што не му е дома или вешто го крие.