Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се разведам?

Дискусија во 'Брак' започната од Temjanuska1234, 2 мај 2013.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.544
    Допаѓања:
    201.664
    Пол:
    Женски
    Си кажав што мислам, нема зошто да се повторувам. Тој што крие слики или ги фрла, има проблем, дали со несигурност, љубомора, или едноставно нерасчистени сметки, не е мое да судам.
     
    На Snowflake97, CameliaMiller, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.699
    Допаѓања:
    19.150
    Пол:
    Машки
    Ги фрла и не му се потребни дома затоа што се чувствителни. Мене пример ми требаше да преболам година и пол за да тек после влезам во нова врска. :)

    Никој никогаш нема да ме разбере со какви очи сум ја гледал личноста што ми беше платонска љубов долго време и потоа бевме во сериозна врска од 3 и кусуро години. И после се што се случи ми требаше време и сигурно не би сакал да имам нешто нејзино дома така од специфичен карактер. А под тоа подразбирам слики, пишани честитки, писма, тетратки и цртежи што црташе и ми подаруваше. :)


    Емотивна личност сум и познавајќи се себе си ќе ми смета и воопшто да прам муабет, особено ако слушателот и не е на исто/слично рамниште со мене во врска со емоционална интелигенција.
     
    На Anyshka и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.966
    Допаѓања:
    179.739
    Па и јас зборам, за со бивши, од бивши што знам, ако бил некој манекен, па за лепота8-|.
    И сите слики се во некој контекст, не, еве јас и бившиот седиме на тревата. Или се лапаме|(, мислам богдачува. Патувања, споменици, на Европа, такви ствари - значи ради моментите, не ради бившиот.
     
    На CameliaMiller и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.639
    Допаѓања:
    7.808
    Пол:
    Женски
    Постоело решение и за вашето.

    Сликичка од лицето на мужот и со лепаче на фацата на бившиот. Ем совеста мирна, ем мир низ куќа:smirk:
     
    На Manako2, Anyshka, Трагедијаупмм и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    22.549
    Пол:
    Женски
    Е зар немаат на пример слики од самите тие како се сликани на патувањето? Па мора да ја чуваат и бившиот или бившата на слика?

    Ај за порано, можам да разберам, немале сите апарати и плус правеле по малку слики.
    Ама сега на модерново, со телефоните, не верувам дека некој ако оди некаде со партнерот, нема сам да се слика на тоа место. И тоа по 100- 200 слики се праат на телефоните.

    Така да, нема потреба да се чуваат слики од нив.
     
    На Anyshka и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  6. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.699
    Допаѓања:
    19.150
    Пол:
    Машки
    Сеа че играме игра на зборови овде кој попаметен. А во реално време надвор од форум за вакви работи само се создава тензија, сомневање и голема број на прашања и нервоза. Особено ако тајно криеш, уствари не криење, не кажуваш... па се објаснувате. Не че да е вака релативизирањево ко на форум, само ајде.. :)
     
    На Erika.greeneyes, Pocahonttas, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  7. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    5.916
    Пол:
    Женски
    Како фрлањето е поврзано со несигурност? Баш затоа што сум сигурна, сум ги избришала. Каква љубомора, какви бакрачи. Не дека ако начекам слика кај маж ми со бившата ќе бидам љубоморна, но што ќе ни се и на двајцата.
    Јас имам проблем, ама вие немате што ги чувате сликите со бившите за туршија.:D Нека биде така.
     
    На Anyshka, eliesaab, TrueToMyself и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    955
    Затоа што пиша погоре Старк, објасни. Едвај ја преболел, не сака спомени, емоции и сл. Ете затоа е поврзано со несигурност.
    Ние сме сигурни и не ни смета. :) Не треба да фрлам нешто за да докажам дека сум избришала. И да, глупаво е тоа “што ке ни се и на двајцата”… нека одлучи сам дали сака да ги има, па ако одговорот не ти се допаѓа разведи се. Не наметнувајте ставови, не заплашувајте.
     
    На Maca Macka, CameliaMiller, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.544
    Допаѓања:
    201.664
    Пол:
    Женски
    Јас немам никаков проблем дефинитивно. Ако ти сакаш да веруваш во обратното, слободно, мене не ми смета.
    Тие што потешко ги преболуваат раскинувањата па се' од бившите им смета, никогаш всушност и не преболуваат, па најчесто имаат проблеми во идните врски. Не тресам од ракав, гледам. Имам безброј примери околу мене, ама не е мое да пренесувам туѓи животи тука.
     
    На Maca Macka, Snowflake97, Cka и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    22.549
    Пол:
    Женски
    Таа острица има две страни :).
    Некои ги чуваат заради непреболена љубов а некои ги фрлаат заради несигурност.
    Така да, џабе ќе се убедуваме меѓу себе како е и шо е.
    Ама пак ќе кажам, на модернпво време со телефониве, да кажеш дека чуваш слика со бившиот само ради позадината, е смешно. Никој не е до толку глуп да поверува во тоа.
     
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.966
    Допаѓања:
    179.739
    И да дополнам- не сите раскинале изневерени, скршени, трауматизирани- некогаш едноставно се разделуваш, оти сте сфатиле дека имате различни погледи на битни ствари. И тоа е ок. Звучи неверојатно, ама прекинување со некомпатибилен партнер е подобро отколку подоцна развод. И не мора ни да се мразите, ни коси да кубите.
     
    На Maca Macka, Snowflake97, Cka и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.699
    Допаѓања:
    19.150
    Пол:
    Машки
    Јас сум емотивна личност и сметам такви личност не ми требаат во животот и да чувам нечии работи што повеќе ми немаат некакво значење и да ми влијаат најчесто негативно во некоја идна врска.

    Сметам дека не е во ред да се чуваат дома. Не беше едвај, ама ми требаше доста време, за да вака кога би имал следна врска, да сум доволно цврст и силен и да знам што сакам со себе си понатаму и КОГО сакам.

    Ко че читаме меѓуредови барем да допрочитаме се. Не рипам од врска во врска за да преболувам по теркот клин со клин се истерува. :)

    Туку гледам да си решам со себе дилемите и слично.
     
    На Pocahonttas, Anyshka, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  13. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    5.916
    Пол:
    Женски
    Старк може за него да објасни.
    Јас кажувам за мене.
    Не ми требаат.
    Или можеби ти знаеш повеќе за мене, зошто не треба да ги бришам и ми требаат.
    За една година правам над 10.000 слики, плус 4к видеа. Лап топот ми е веќе надграден со рам, кој и тој полека дава знаци дека ќе прегоре.
    Уште слики од бивши да чувам.
    Имам повредни мемории.
     
    На Anyshka, TrueToMyself, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    22.549
    Пол:
    Женски
    Како и да е, во првичниот пост на членката пишуваше дека они и двајцата се млади и дека она му нашла слики и видеа од него и неговата бивша СКРИЕНИ во некој фолдер во телефонот.
    И незнам тука шо повеќе треба да се каже. Кога вистината е очигледна.
     
    На Erika.greeneyes, Pocahonttas, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.966
    Допаѓања:
    179.739
    Што е очигледно бе Адидас? Родила дете со тој човек. И треба да се разведе ради фотките ?
    Дури и кога би била вистинита приказнава, што мене лично не ми личи.
     
    На Snowflake97, Annath, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.699
    Допаѓања:
    19.150
    Пол:
    Машки
    Мене искрено ако ме прашуваш пошто ја прочитав и дека го разбрала дека тој се допишува со негова колешка и тоа за интимни работи во смисла како таа не спиела со сопругот нејзин не знам што, ми е апла ред флег и чудно.

    По мое искуство и мислење, со тек на време ако си се спријателат да речам и си се дружат вака константно може во најмала рака да се плеснат/секс. :)

    Така да јас ја охрабрувам девојкава да си постави здрави граници и да му објасни на то мажето убо. Наместо да користи моментите да разговара и споделува и спријателува што е можно поинтимно со ЖЕНА, колешка која притоа и не му е пријателка некоја стара туку нова, да си се фокусира малце на фамилијата и жената малце од малце ако му значи. :)

    Толку ќе имам на темава да кажам и тоа е тоа.
     
    На Erika.greeneyes, Pocahonttas, glosipgirl и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    22.549
    Пол:
    Женски
    Јас незнам на вас шо ви се мота во главата и како живеете, ама јас не би можела да живеам со човек кој крие слики од бивша некоја, и мисли на неа и ја сака.
    Да, ако треба ќе се разведам за такво нешто. Нема да бидам негова очајна домаќинка а друга да му биде несаница.
     
    На Unread, Pocahonttas, Anyshka и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    22.549
    Пол:
    Женски
    Баш така.
    И мило ми е ова шо го пиша маж.
    Оти ние жените многу поинаку размислуваме а вие мажите поинаку, и овие неможат да прифатат дека едноставно сме различни.
    За нас жените постои машко женако пријателство ама за мажите не постои. Маж ќе си чека и со години ако треба, додека не му дојде редот.
     
    На Pocahonttas, Anyshka, Stark и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.966
    Допаѓања:
    179.739
    Да, тоа се вика несигурност.
    Јас, ако сум родила дете со некого, ќе верувам дека сум негова сопруга, една и единствена , не дека бившата му е несоница. Ама тоа сум јас и мојот метод на бирање партнер.
    А приказната, ако не е измислена, е многу незрела. Као, по две години, ќе најдам скриен фолдер и тоа е тригерот за паника? Поверојатно е нешто друго да е проблемот, ама ај, ќе измислиме бивши и идни швалерки, за полесно да ја соџвакаме ситуацијата. Од толку напишано, толку можам да проценам.
     
    На Pocahonttas, butterfly6223, Snowflake97 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    22.549
    Пол:
    Женски
    Незнам за приказната, ете сега за фолдерот збориме.
    И тоа шо си родила дете на некого, нема да направи тој некој да се вљуби во тебе магично. Или и да е вљубен, може ќе му помине еден ден и во друга ќе се заљуби.
    Бар милион такви примери има меѓу нас.
    Некогаш, тоа во шо веруваш и тоа шо навистина е, се два различни поими.
     
    На Pocahonttas, x-MajaEsposito-x, LizzyGrant и 8 други им се допаѓа ова.