Покахонтас,се всадил сомнеж во тебе и те јаде. Си ја изгубила довербата во него.Сомнежот се јавува кога врската/бракот е во втор план,во текот на бременоста па и сега после раѓањето на бебето сигурно дошло до промени во навиките меѓу вас.Претпоставувам дека се чувствуваш и многу запоставена,а ваму слушаш како тој посветува од своето време на колешката да и ги слуша интимните брачни проблеми...најубаво е да му кажеш што ти пречи и што точно очекуваш од него и за што можеш да правиш компромис а и што тој очекува од тебе (изгледа не сте се запознале доволно) ,бидејќи ако продолжиш да живееш со сомнеж,тој црв ќе те изеде тебе и за година две навистина ќе те читаме тука во темите за развод.Млади сте,а ти си желна за внимание,романтика,нежност како и повеќето жени. Можно е и хормоните да не ти се сеуште на место доколку си доилка.Не ќе да е толку проблем што чувал видео,слики од бивша,тука малите лаги што ти ги кажал до сега.Можеби сакал да избегне натамошна дискусија,кавга или да не се нервираш.А може имал и задни намери,не знам.Но да знаеш дека и малите лаги можат да ја уништат довербата,бидете искрени и реални со очекувањата и не оставајте нерешени ситуации бидејќи кога-тогаш ќе испливат на површина.Но немој и да ги вадиш на маса постојано минати ситуации ако сте ги разрешиле и закопале. Љубомората те дави бидејќи се чувствуваш запоставено,кажи му го тоа и најдете време за вас двајца.Многу сте млади,ќе мора да созревате заедно и да научите како да останете еден покрај друг дури и во најлошото издание(со исклучок на насилство). Знаеш,многу е лесно да сакаш некого поради неговите добри особини,прашањето е што можеш да толерираш од неговите мани,а сите имаме мани.
Најреално мислење досега. Сите се фатија за фолдерот со слики а мене ми боде во очи тоа што членката се чуствува како запоставена од сопругот, нема доволно внимание, романтика итн. Според мене на Покахонтас ѝ е оправдан постот, секој сака да се чувствува посебно и сакано. А според постот тоа е малку запоставено.
@theowndemon многу добро долови. На почетокот, кога активно болеше, не ни можев да ги гледам сликите, на другарка и' дадов да земе да ги стави only mе. Кога бев мааалку подобро, сама ги разгледав и некои избришав, останатите си останаа да постојат така. Помина време и сега кога ги гледам, што е ретко, немам болка, немам тага, не ни размислувам за него сега, се гледам себе, се сеќавам јас што сум мислела, чувствувала, планирала итн. Својот пат, својот момент во животот ми е таа некоја слика. Па има и една слика што е 2007 сликана, предпредбившиот не е на сликата, изгрејсонце е. Ама знам дека со него на плажа чекав изгрејсонце тогаш, и да, иако го нема на сликата, на него ми текнува, на моментот, на јас на 16-17 години Други работи знаат да ме тригернат денес за овој долгава врска, некои негови постапки тогашни што и денес ме афектираат, а врска нема со слики и жални сеќавања истото. Инаку, за останатите, никој не чува врамени слики од бивши дома, моите во албуми оти па во 1985 немало фејсбук, ние на фејс оти немаме албуми Како што нивните стари албуми се на полица и ги гледаме кога сакаме ние, така и овие ги гледаат луѓе со кои сакам да ги споделам. Мислам, колку приказни се имам наслушано и изнасмеано за нивната младост, како нивно дете, баш ми е драго што тие слики ги чуваат и што отворено ми раскажале доста настани од животот пред јас да се родам. Баба ми искрено си раскажува за дечкото што ја меркал, ама таа го нејќела, за тоа дека дедо ми дечко и' бил и тогаш, во тоа време, немажена и неверена одела на викенд со него, преглупо ми е денес толку да се замараме со нечие минато.
Скришно од цел свет, не скришно од партнерите. Знаеле сите и сум им ги покажала, со последниот бивш баш си гледавме и двајцата слики од младост и убава смеа падна
Ги извадивте од контекст работите. Не се проблем сликите како слики туку чинот на криење на истите. Ако си расчистил со некој, и да ги чуваш сликите нема да ти биде проблем да ги покажеш на партнер па и да се пошегуваш за истите. Зборувам за двајца созреани партнери. Нејсе, сликите се најмал проблем. Треба да работите на комуникација и отворено разговарај со него, кажи му што ти смета и гледај како ќе се одвиваат работите. Зближете се повеќе. Оти некои работи се ред флег кај него за личност која треба да му значи - се. Оти е причина за развод - не е.
Ти си во некоја фаза на преболување. Да ми беше жена, и да го правеше истото со сликите, ќе ти го дадев самарот и правац кај бившиот. Мислиш дека е во ред да си во сериозна врска или брак и да го начекаш дечко/маж ти истото да го прави од третиот пасус? Биди искрена. Ама слики се. Не се проблемот сликите, него што ти будат истите. Мислам, за мене е вон секоја граница женет маж да го прави истото што и ти. Ќе гледа слики од зајдисонце и ќе се потсеќа на девојките. Оди издупи се, расчисти со минатото, па жени се. Не е наивна работа, тоа што го правиш, а да бидеш со некој што целосната доверба ти ја дал. И што е поентата на постоење на тие слики тогаш. Нит минатото можеш да го вратиш, се врзуваш за нешто мртво, ја ризикуваш иднината за мочани слики. Ти си баш пример зошто слики од бивши се црвено знаме. Овие печатениве кај теткиве, мање више
Спомените се дел од сечие минато, ама толкаво големо придавање значење на нив, а истовремено необрнување внимание на тековниот партнер мене ми е преголемо ред флег.
Значи, според писанијава, да резимираме: Со секој нов дечко, се брише минатото?! Пошо, слики еве не чувај, ама меморијата на минатите врски каде оди? Или лоботомија, па после нов дечко? Или недај боже маж?! Ем, лоботомија, ем прочистување од минатите гревови, па после нов живот. Шуботака
Бившата на муж ми е водителка на тв. Чат пат ќе ја фатиме, па ќе се посмееме дека му пишуваше писма дека ќе го чека. Ама да фати да ми ја гледа сам....па што знам дали ќе ми биде пријатно, ваљда не. Сигурно нема да се разведам. Слики ваљда нема принтани, hi5 имаше на времето, фб уште не постоеше.
Убаво си објаснила и јас во моето додадов дел што повеќево го пропшуштаат занемарување или необрнување внимание на тековен партнер. Спомените и бившите се дел од сечие минато, бегање од тоа нема, ама да се подзатрескува пак, да крие нешто и не ме есапи и рачуна во живи е алармантно.
Не ја сфаќам потребата да се враќаш во минатото, притоа имаш нешто во сегашноста со кој ја планираш иднината. Еве ти чуваш слики. Што правиш со нив?
И шиење доле за невиност, а на прашање од каде знаеш што да правиш. Па гледав порно.. а бе и он фудбал гледа па не е Меси.
Ништо. Стојат на хард диск како и сите останати слики. И не гледам причина за да седнам и да ги бришам. Имам слики и со бивши другарки, па и тие си ги чувам. Едноставно тоа било дел од мојот живот некогаш, пред да го запознаам сегашниот партнер и истото не можам да го променам. Ако му смета на мм, еве нека се разведе слободно. Во рамка, закачени на ѕид, на фб и слично стојат слики какви што треба да стојат. Со него, а не со бивши.
Какви сакате слики чувајте и било каде, поентата е ако не си посветувате доволно внимание и љубов со тековните партнери залудно е се. Минатото е дел од сечиј живот, ама да е секојдневие во сегашноста и препрека пријатно да си го поминуваат денот е тогаш е да се запрашаш што правиш во сегашноста и со кого.
Што ти е планот со нив? Да ги гледаш? Пази ако му смета на сегашниот партнер, нека се разведе. Значи попрво да сочуваш слики со бивш, него да го зачуваш сегашниот партнер. Дали само мене ми личи дека повеќе имаш емоции кон сликите од партнерот?
Кога вистински сакаш и љубиш некого пред се имаш почит кон таа личност, па почитуваш што ја усреќува и што ја растажува. Сепак има една цака захтевите на партнерот да не се мамка за контролирање и опсесивност. За се во врската треба пред се огромна љубов, разбирање и толеранција и способност за правење компромис.