Хахах. Одбрав одличен партнер. Одлично се разбираме, комуницираме, се поддржуваме. Не сме си инспектори еден на друг, не се ограничуваме во нездрави работи, не си даваме забрани, не се контролираме и слично. Ако беше со став и начин на размислување како твојот, дефинитивно немаше да биде мој партнер.
Ние барем имаме што да гледаме. Овие ПОШТЕНИВЕ инспектори мораат да си замислуваат и да се потсетуваат Остај тоа, туку мора да мислат и на партнерот... дали он размислува? Замисли.. кај смее..
Нема емоции на маж, или на жена. И жени плачат и мажи и не плачат и мажи и жени, и исто преболуваат. Сум видела и поемотивни мажи и посилни жени. Па нормално дека сме коментирале. Јас секогаш викам дека една бивша негова има јаки цицки, тоа не значи дека маж ми не би го дал животот за мене Љубомората е несигурност на оној кој љубомори.
Добро, оти го тупиш? Или обожаваш да даваш дијагнози оти ти не си го преболела минатото па сега другите ти се виновни што патиш по бившиот?
Никогаш нема да се разбереме, а и нема потреба. Никој не кажа дека пати по бивши ако чува спомени. Едноставно не патиме од комплекси. Не ми смета да чувам, да чува. Затоа што толку многу сум сигурна во нашата љубов, нема од што да се плашам. Ако бев несигурна, може ке размислував вака, што знам..
На темава има различни мислења да прочитаме, што е добро. Сите немаме ист багаж зад себе. Има жени што претрпеле неверства и за нив секоја слика или додавање пријателки или колешки сметаат е повод за следно изневерување на партнерот. Има исполнети жени што не ги допира ништо, среќни си се со партнерите во љубовта.
Ме тригернува оти даваш дијагнози. Тебе што те тригернува што чуваме дома слики и си ги гледаме? Ко што кажа членката погоре, сигурна сум во она што го имаме со мм, нема зошто да ми пречат спомените. Имаме здрава комуникација, солидна заедница и не сме луди да дозволиме да се замараме за глупости и нешто што поминало.
Баш сум сигурна. Ама веројатно не си го осетила тоа чуство на сигурност, па не знаеш што пишуваш. Кога си ја имаш мувата на капата, ја бркаш. Јас ја немам, па си ја чувам. Ако си сигурна во љубовта од твојот партнер затоа што нема слики од бивши, супер. Секој има различни стандарди, твоите се на тоа ниво и ок. Искрено мило ми е што си задоволна. Ние имаме доста поголеми стандарди, не се задржуваме на вакви ниски.
Имаш повисоки стандарди затоа што чуваш слики од бивши? Учи ја ќерка ти дека така се креваат стандардите. И да си бара маж кој ќе има бивши на хард диск. Ништо помалку.
Ако ти кажат дека си црнец ќе се тригернеш? Тогаш што те тригнернува моето мислење? Или можеби чувањето слики сепак не е така наивно.
Никој не ви дава дијагнози, сама си спомна сама си назначи дијагноза Тука сите бе многу либерални сте со совршени партнери шо нишо не им смета па и со бившиот на кафе да отидете . Од Утопија да не ви се партнериве ? Ја мислам колаж да направите со сликите од сите бивши. Така најарно за да се знае кој како ве оформил.
Вие чувате и ви е ок но ниту една не кажа дека вашите партнери чуваат во скриени фолдери и повремено гледаат и дека тоа ви е ок.
Имам повисоки стандарди затоа што не се замарам со глупости. Имам доверба, самодоверба и сигурност во себе, во партнерот и бракот. Фокус на битни работи. Керка ми ке ја учам како треба и што треба да гледа. А уште повеќе од што да бега. Да бега од ограничени умови, да бега од луѓе што ке ја ограничуваат, што ке и бришат минато. Не дај Боже, ако се закачи со таков, тој и нас ке не брише сигурно, нели?
И јас го имам истото. Но, не ми требаат сликите за да го имам. Ти ваљда мислиш дека некој ме тера да бришам. Никој не ме тера. Кога завршувам нешто, бришам од секаде. Не вреди мојата енергија да ја трошам на нешто мртво. Ја трошам на она што го имам сега. Со чување на слики што ќе постигнам? Еве кажи ми, за што ќе ми се? Никој не ми одговори.
Пишав. Затоа што за мене ми било убаво во тие моменти, во тоа време. Имам убави спомени. Врските завршиле затоа што сме биле деца и детска љубов, не сме се согласиле со начинот на живот за иднината и се разделуваш скроз коректно... тие слики можеби ке ги отворам за 20, 30 години. Ниту ги гледам, ниту ги перцепирам па и затоа не гледам причина да ги бришам. Оние што останале вдовици на пример, дали треба да избришат се за да почнат нова врска? Или ако сакаат да сочуваат спомени треба да останат сами до крајот на животот? Која е разликата? Треба ли да кријат слики? Или да си живеат нормално, слободно?
Споредуваш детска љубов, со љубовта која ја имала таа вдовица? Таа вдовица имала маж и татко на своите деца. Не мешај семејни слики со небитни и пролазни врски. Мислам убиство ти е споредбава. За 20 години кога ќе ги отвориш, верувам ќе те мава средовечна криза. Нема друго објаснување
Па што тогаш те таргетира тебе детската љубов? Зошто ти е претставува проблем и болна тема? Зошто ти се проблем сликите, ако си свесна дека била пролазна врска, небитна? Дајте опуштете се. Во се гледате проблем. Негатива до максимум.