Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се разведам?

Дискусија во 'Брак' започната од Temjanuska1234, 2 мај 2013.

  1. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.643
    Допаѓања:
    18.982
    Пол:
    Машки
    Само слаб и мизерен карактер изневерува и потоа се правда со тоа што бил несреќен.


    По некоја математичка равенка ова не ми е нормално, да си несреќен и да не преземаш ништо околу тоа, а настрана да си боцкаш. Се има барем малку чест и образ?
     
    На Pocahonttas, tambelina, joy1 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. TrueToMyself

    TrueToMyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    277
    Пол:
    Женски
    А, шо има добро во кафе со бивши/бивша!?
     
    На Emy867, glosipgirl, Anyshka и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    885
    Веќе навлегуваме во тема психологија. Па обично тие дома што те клукаат, се прават жртви, те набедуваат дека си виновен дека комуницираш со колеги на работа и слични работи, тие те боцкаат и ти ја сјебуваат психата. Тоа во ред ли е? Психичка тортура за мене лично е еднаква со физичко неверство. Дури и полоша. Затоа што дирекно влијаат на моето здравје и свест. Од тоа потешко е човек да се излечи. Верувам дека човек така потпаѓа и доаѓа до неверство. Не од што му било убаво во брак. И до некаде имам разбирање за истите.
     
    На DragonFly22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.510
    Допаѓања:
    201.494
    Пол:
    Женски
    Јас не судев, јас си го кажав мислењето, мене ме осудија што сум чувала слики.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.920
    Допаѓања:
    132.907
    Па ти треба за нешто, другар ти е, има муабет, помош... Не знам зошто ги сметате за непријатели бившите, и опасност бившите на партнерот.

    Да сум се испокарала, да бил некој идиот со мене, да е злобен човек, океј. Ама ако си сфатил дека не е за тебе како партнер, зошто омраза?

    Јас со сите освен со еден сум сосема океј. И здраво, и си застануваме, и лакови на слики, и родендени на деца и наши и на партнери си честитаме, успеси си честитаме, си помагаме кога треба... Зошто омраза? И маж ми знае се тоа, и јас знам дека честита родендени и лајкува и застанува со нив, тоа е културно однесување.

    Ако не можеш да преболиш некој, ти е болно, бриши, мрази ако ти е полесно, ама возрасна личност е над се ова.

    Јас еднаш имав прилика да застанам и да се поздравам со љубовницата на бившиот со која ме изневери, девојчето ќе умреше од срам, страв... И јас и реков, опушти се, знам која си, уживај, опуштена бев да не се осеќа дека јас би ја мразела.

    Може па јас сум таков човек, гнев не држам во себе. Или па да му речам на маж ми, аха имаш слики со бивши, значи ги сакаш, а човекот гине за нас.
     
    На Mumoftwo30, Annath, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.046
    Допаѓања:
    12.454
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш има контакти на луѓе кои ќе ти се најдат некогаш?

    Зашто и сама можеш да создадеш куп контакти, секогаш и секаде.
     
    На Anyshka и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.920
    Допаѓања:
    132.907
    Он е контактот, не негови луѓе. И јас им помогнам кога треба. Имам куп контакти, и бившите се контакти. На 40 години имаш огромен круг на луѓе, а ако си бил злобен со бившите или они биле злобни, или сте се испичкариле, не ви се контакт. Добро, со сите бивши имате нерасчистени емоции? Уште имате љубов, омраза, тага, желба?!
     
    На Mumoftwo30 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. DragonFly22

    DragonFly22 Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Затоа јас пишав има цака кога станува збор за преголема контрола или опсесија. Пишав и за вистинска љубов што треба и мене ми делува дека е вакво нешто во прашање. Слично како во коментарот на @CameliaMiller со тој во 10 год. брак.
     
    На Iva.T му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.046
    Допаѓања:
    12.454
    Пол:
    Женски
    Ама не знам зошто лично да сум огорчената ако ти реплицирам. Логично е за тоа да ти се најде, ако ти се најде (иако еве и ова не го сфаќам зашто ти спомнав дека и сама можеш да создадеш контакти и пази, тоа не мора да биде на 40 години).

    Нормализирате нешто што на некој начин во реалноста не функционира баш така.
     
    На Anyshka, butterflysk, ArabellaStarfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. TrueToMyself

    TrueToMyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    277
    Пол:
    Женски
    Немора да се испокараш со бивш за да не го сакаш како дел од твојата сегашност.
    Не за џабе сме прекинале контакт кој притоа бил романтичен, сеа јас после тоа ќе градам пријателства со бившиот па и пакетчиња за децава ќе си купуваме.
    Нит го мразам нит го сакам.
    За шо ќе ми е, личност што сум била со него во минатото да го викам на фамилијарна вечера со сопругот, само затоа шо нема нишо лошо во тоа и не го мразам ?
    Немам таква потреба да очекувам одма корист од бившиот у случај да не ми се "најде" за нешто во животот.
    И не станува збор за омраза, гнев,љубов туку станува збор за карактер на човек и став во животот.
    Културно е и да не контактира човек со некој шо несака ,а без притоа да го мрази.
    Ако бившите не ти се другари ,не значи дека им посакувам лошо.
    Секој по свој пат.
     
    На LiquidLuna, glosipgirl, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    22.035
    Пол:
    Женски
    Аха, значи оправдуваш неверство ако не ти е хармоничен бракот.

    Па не е ни чудо шо си чувате и контакти и слики и се и свашта од бившите, на еден крив поглед од маж ви и одма трчате кај нив. :D
    Поинаку од тоа нема да ме убедете, ма ако сакате и 2 години тука правете се дека сте многу модерни.
     
    На Pocahonttas, Anyshka, butterflysk и 2 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.820
    Допаѓања:
    266.956
    Со најпоследниов дечко, сега бивш, можам и на Хаваи да отидам и ништо да не се случи меѓу нас. Се разделивме затоа што плановите за поскора иднина просто не ни се поклопуваа, нема да сечеме вени побогу, секој по свој пат и да, комуницираме уште и за мноооогу пријателски теми.
    Нит сум му лута, нит го мразам, нит ми смета, баш за одличен пријател го сметам, стварно не знам какви врски сте имале да се толку драматични, моиве освен една, сите ми беа океј разделби, без некои драми. Не идело не оти сме лоши, туку не сме се погодиле како партнери, тоа не значи дека не сме погодени како луѓе.

    И океј е ако такви чувства имаш ти - да не сакаш да комуницираш никако, со тој со кој ми беше и најдолгата врска не комуницирам никако, со тој пред него 18 години скоро не комуницирам никако, но биле дел од животов, од патот кој го одам, сум ги одбрала и ми значеле, во мене нешто предизвикале, сум се менувала, сум раснела итн.

    Исто важи и за пријатели кои не ми се повеќе пријатели, не ги имам во пријатели на фејс, не комуницирам со нив, не се гледам, не мислам секојдневно на нив, но чувам слики и мило ми е што некогаш биле дел од животов, иако патиштата ни се разделиле, некогаш едноставно без посебни причини, некогаш со посериозни причини. Сите оставиле некаков траг на мене и на тоа што сум денес, и сакам да имам спомени од сама себе во сите различни периоди и ситуации во животот.

    Не знам како замислувате, дека седиме дома и мечтаеме над сликите, еве не знам. Бидејќи не е така :)
     
    На senjorita-v, Mumoftwo30 и Annath им се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    22.035
    Пол:
    Женски
    Хахахаха, Старк, за малку ќе ме убедеа овие сношти со тоа сликите :rofl::rofl:
    Ама сега викаат дека и контакти си чуваат, и на Хаваи би оделе :rofl::rofl::rofl:
    Хахахаха
    Е стварно се неам насмеано така одамна, многу ми е смешно кога некој сака да ме дупи во здрав мозок.
     
    На glosipgirl, Anyshka, Tea SK и 5 други им се допаѓа ова.
  14. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    5.701
    Пол:
    Женски
    Баш би било интересно новиот ти дечко да си оди на Хаваи со бившата. Тебе до Дојран нека те носи. Ама шо има врска, ништо не му значи, тебе те сака:D
     
    На Anyshka, Tea SK, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.820
    Допаѓања:
    266.956
    Лол еве се изнасмеав.
    Мноооогу љубомора, не знам зошто. Размисли од каде ти доаѓа поривот да бележиш територија толку ;)

    Бившиот мој (зборам само за сериозната врска, тој што живеев со него), ама за ништо го немам контролирано. Ни каде е, ни со кого е, ни кого на фејсбук има, ни кого следи на инстаграм, ни по цел ден дур сме на работа не сме се слушале - освен ако нешто конкретно за дома треба - купи ручек, или испазари ова или она.
    И сам искачал и сама сум искачала, никој никого не замарал кога ќе се врати дома, мирно како бебе спиев и грам секирација во себе немав - исто и тој, никогаш не бил посесивен и давеж.

    И да, знаеше дека ја имам сликата со изгрејсонцето, како што јас знаев за неговата бивша дека му е бивша уште кога влезе фамилијарно во нашите животи.

    И искрено, само со таков човек можам да бидам, лично јас не трпам некој да ме дави, најмалку да осетам давење, бегам :)
     
    На Iva.T му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.179
    Допаѓања:
    113.069
    Пол:
    Женски
    Јас уште чекам објаснување што сакаше да кажш со постов... ( мислам јас препоставувам ама дали имаш 3 чисти да кажеш, т. е напишеш)
     
    На ALISA0000, CameliaMiller и Annath им се допаѓа ова.
  17. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    885
    Ако сум израсната во хармонично семејство, отворено со комуникација на секоја тема, истото го сакам и во семејството што ке го создадам. Ништо помалку не прифаќам. А во таков случај нема простор за неверство. Ниту би влегла во брак ако не сум сигурна во партнерот. Така да не може да биде нехармонично кај мене. А, знам да живеам и да се носам со се и сама ако бракот ми стане таков. Не ми треба бивши партнер. Независна сум. И преубаво е чуството. :)
     
    На Biljarkata и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    22.035
    Пол:
    Женски
    Не зборам за тебе. Зборам општо.
    Значи оправдуваш неверство ако на некој не му е хармоничен бракот?
     
    На Anyshka, ArabellaStarfall и eliesaab им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.920
    Допаѓања:
    132.907
    Од се ова излегува дека си бираме сами партнер према нашите сфаќања.

    На пример посесивен маж бира жена која сака да биде контролирана.
     
    На CameliaMiller, Annath, Iva.T и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.911
    Допаѓања:
    179.187
    Еве на пример, бившиот ти е лекар, одличен. Му веруваш, пошто сте пораснале заедно, сте се разделиле како луѓе, пред 10 години, немате ништо нерасчистено. И нема на пример да му се јавиш, ако има твој родител проблем, ќе одиш кај некој безвезе, ради што? Да не случајно се сопнеш и паднете во прегратка?
    Реалноста функционира за различни луѓе различно, не разбирам што е толку тешко да се прифати тоа.

    Да повторам, ова нема врска со темата и трол постот што ја почна дискусијата.
     
    На ForeverYoung, Cka, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.