Па тука е, се сретнуваме по улица, се поздравуваме. Очигледно не бил тој вистинскиот. Ама ЦИВИЛИЗИРАНИ луѓе бре. Не можеш да разбереш, џабе ке ти објаснувам.
Епа видиш, нема што да се "начека" кај нас, тоа ти објаснуваме. Не ги криеме сликите од партнерите Ни седиме и жално гледаме, леле бе
Не кријам ни јас. Само не им придавам значење на работи и личности кои веќе не ми се ништо, освен биле таму во тоа време и место покрај мене. Бришењето не е криење. Расчистување е.
Ако некој не ни е соодветен за интимен партнер, не значи дека е погрешен човек, лош, никаков. Луѓето се разделуваат од милион причини, не мора да е се' трауматично. Јаоо што се објаснуваме овде. Да, еве денес баш солза ми капна мене за дечкото кога бев втора средно.
Од грешките се учи и се продолжува понатаму. А ако уште си ја чуваш грешката, значи пак сакаш да погрешиш... Грешна си чедо божјо
Ама за тебе е, твое право, што сакаш прави, ништо мене не ми значи како ти се справуваш со минатото. Една кога се разведе зема и фотограф најми и ги палеше сликите од свадбата и од тоа фотосесија има, која сум јас да и' судам? Не знам какво значење мислиш дека им придаваме на сликите, не знам како моиве се неразведени после 40 години заедно и албуми со слики во дневна на полица, повеќе значење дава човек што е несигурен и посесивен очигледно. А да земе да ме уцени некој "јас или сликите", лол, сликите. Не ради сликите, туку не трпам уцени. Едит: Арабела ме потсети на сегашната на бившиот, да може и мене ќе ме избрише од лице на земјава, колку е опседната со мојот лик и дело Му презема "контрола" на социјалните мрежи на бившиов, недајбожеслучајно да не ми пише Абе ако сакаме (јас и тој) нешто, не може никој да нè спречи, само како ви се живее во таков страв не знам. Па подобро сама да бидам него да се замарам со бивши, потенцијални швалерки и слично.
Добро сфативме, едни чуваат други не. И едното и другото е во ред сѐ додека не се става минатото пред сегашноста, а тоа се гледа на мн други начини коишто немаат врска со спомени. Едноставно е, не знам што толку комплицирате.
Можеби бившиот сам си ги брише по логиката јас што се бришам. Мора некој да те натера да бришеш? Не сте заедно, нема што да те чува. Си има друга. Зарем сериозно мислите дека толку сте центар пажња, па некој некого тера да ве брише. Никој никого не тера. Станувате небитни во животите на луѓето. Барем мене ми стануваат небитни.
Нема да ти објаснам затоа што треба да објаснам работи кои не се за на форум, како знам А и за ова "небитни" само ќе ти кажам дека е пријавена во мвр, од што сум и' небитна па не можев да мочам од неа (и тој со неа во комплет). Баш тој вајб го даваш, ама ти си знаеш како си се осеќаш кон бившите на партнерот. Јас се интересирам до душа, важно ми е квалитетни жени пред мене да имал
А зошто те замарала? Оти толку сте си биле небитни со бившиот шо упорно и упорно сте останувале во контакт?
Квалитетни жени пред мене сигурно немал. Јас сум најдоброто што му се случило, така да, не ме интересира пред мене што имал и како имал. Тој ме интересира, не неговото минато со жени.