Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се разведам?

Дискусија во 'Брак' започната од Temjanuska1234, 2 мај 2013.

  1. desperate15

    desperate15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    1.046
    Пол:
    Женски
    Јас сум радознала и сакам да ги знам бившите на партнерот ама не сум баш согласна дека ако некогаш направил кикс па бил со некоја "неквалитетна, дека он не е човек на место или е лош итн.
    Инаку мн пати тука на форумов се има развиено дискусија да не кажам караница хаха во смисол што има да те интересираат бивши, тие се минато, завршена работа итн.
     
  2. TrueToMyself

    TrueToMyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    281
    Пол:
    Женски
    Не го биваше ко партнер па пак го врати во френдзон ? Од френдзон во френдзон :rofl:
    Ај битно сте се пробале и тоа е нешто.

    И ти распни ме ако сакаш ама ја не го делам тој принцип на функционирање.
    Шпанско турска серија ќе праам пријател, љубовник, па па пријател па швалеер, а може и син на крајот. 8)
     
    На Anyshka, eliesaab, Elf и 2 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.139
    Ле-ле :D
    Не ме интересираат детали, општо инфо. Не копам, него го прашувам. Секако ако е некоја подолга врска, значи му била битна. Секако ми е важно да се гледал со асални жени, не со простакуши.
     
    На desperate15 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.139
    Немавме контакт јас и тој, а нема да објаснам понатаму затоа што не е за на форум.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    22.130
    Пол:
    Женски
    Ок.
    Тогаш тоа е веќе психопатско понашање од неа.

    Али на пример, некој маж да има контакт со бившата, на сегашната тоа да и пречи, а овој упорно да го одржува контактот со бившата, не ми е океј.
    Тука се гледа веќе која му е побитна, а тоа е бившата.
     
    На Anyshka и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.139
    Еве ќе ти дадам пример за мене, значи тотално небитен бивш имам со кој соработувам службено.

    И сега да имам дечко што тоа ќе му смета, нема да ми биде веќе дечко.

    Не затоа што бившиот ми значи, ич не ми значи тој, туку затоа што мразам некој да е посесивен кон мене. Немам зборови со кои можам да опишам колку не трпам контрола, а меѓу сама себе и дечкото - секако дека сама себе ќе се одберам.
     
    На An-na, theowndemon, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    22.130
    Пол:
    Женски
    Абе друго е службено.
    Проблем е кога ќе прекине да биде службено и кога ќе стане неслужбено.
    Неможеш ти заради некој си, да ја изгубиш твојата работа.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    5.719
    Пол:
    Женски
    Имаш од него слики?
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.139
    Мислам дека немам, ама можно е, некоја со друштво заедничка да имаме. Во купот сешто се наоѓа :D
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.139
    Како да ти кажам, ама ако човек реши да изневерува, не мора со бивш лол, ќе си најде швалер/ка. Тоа замарање и давење, се сомневам дека некого спречило во неверство, единствено подобро да се крие може.
    Еиииии а најпоследниов дечко, јавно има куп слики од бившата, до душа и така го најдов, му лајкнав слика од неа :D Фотограф е, па сесии убави, едитирано итн. До ден денес ги има, скроз ич не ми сметаше, сега ми текна :D
     
    На senjorita-v, Mumoftwo30, Iva.T и 3 други им се допаѓа ова.
  11. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    5.719
    Пол:
    Женски
    Ама не е проблемот за изневерување. Бившата никој не ја прашува дали сака. Проблемот е што покрај мене сакам маж што има расчистено со минатото. Со сила, не сакам да биде покрај мене. Дополнителна драма исто не ми треба.

    Да седи покрај мене и да гледа слики, да крие по фолдери од старт ми кажува дека нешто смрди. Тоа е поентата со сликите.
    Слика е да, ама баш дека е слика, избриши ја. Ако сакаш да ја чуваш, нека си го дрка сам со сликата:D
     
    На Anyshka, eliesaab и Adidas888 им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    22.130
    Пол:
    Женски
    Па немора де со бивш :D.
    Ама чим веќе сум се разидела со бившите, ми нема смисла да одржувам контакт со нив. Да бил добар, ќе бил со мене.
    Така да, едно здраво на улица може, а слики и контакти и фејсбуци, не.
     
    На Anyshka и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.139
    Како да ти објаснам за да сфатиш дека ако јас и ти сме пријателки на фб, нема да можеш да ги видиш сликите, ако си ми дечко, не ги кријам?

    Ниту седам и мечтаам и жалам по бивш (било кој од нив), ниту сум скрила на некого, ниту па сум изневерила со бивш божесачувај. Таман да сакам да изневерам, со бивш сигурно нема :D

    И не сум ич несигурна во себе, ако во многу други ситуации сфатам дека нема расчистено (на пример поставувам директно прашање и се мачи да ми одговори или избегнува) може да размислувам на темата, ама вака затоа што имал замисли слика да се потресувам... искрено, ама ич.
    Па немај, никој не те тера.
    Јас со овој со кој имам контакт, и жена и дете има, на крај памет не ми паѓа во сегашноста нешто со него да имам, а стварно супер човек е. Немам што лошо да кажам за него вака. Го имам на фејс, му лајкнувам слики со семејството, баш ми е драго што супер жена има и супер семејство си створи.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    5.719
    Пол:
    Женски
    Епа што е тоа што те тера само да ограничиш кој да гледа, а кој не или едноставно да избришеш.
    Кои чувства се тие што се будат кај тебе?
    Секако си тргнала да правиш нешто со нив. Зошто би ги чувала?
     
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.219
    Допаѓања:
    113.387
    Пол:
    Женски
    Каме џабе се докажуваш на жени што не знаат дека ако се оженил нкој со нив не значи дека баш она е вистинската туку ете она се нашла кога му требало да има жена и дете кога се осетил спремен. А секој ја има онаа или оној за кој се прашува What if... е тој ни бришани слики , ни не сретнување ни ништо не го/ја брише. Песна е доволна, парфем, место да врати емоции.. Без оглед дали го сака сегашниот партнер. Човекот е многу комплексно суштество и нема 1+1=2.
     
    На senjorita-v, tambelina, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    267.139
    Ај што мислиш ти вака стручно, зошто моите родители имаат слики од бивши, од пријатели, од фамилија - во албуми достапни на полица, а во рамка имаат слики од нив, од децата, од поблиска фамилија.

    Еве размисли и кажи ми зошто знам бивша девојка на татко ми, бивш на мајка ми, зошто раскинале, и зошто не се тие слики во рамка.
     
    На Annath и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  17. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    8.283
    Пол:
    Женски
    Ич не ме занимало и да има бивши на фб, баш ич ништо не ми значи, не морало ни да ги брише, ниту сум се замарала за тоа, имам и јас бивши на фб, и што? Сигурно нема да идеме на вечера, ама едно здраво ќе си кажеме.

    Бивша девојка на мој бивши, со која што бил во врска 7 години, ми викаше здраво и си правевме муабет кога ќе се сретнеме, иако не се знаевме претходно, а и со него си застануваа и си правеа муабет, јас дури и со сестра и се здружив зошто беше фина и ми беше комшика.
    Ниту се замарам, ниту ќе се замарам во иднина, ако гледам дека добро се согласуваме, почитуваме и сакаме, сликиве не ми значат ништо, апсолутно. Ако не сме еден за друг, нема да сме ни со слики од бивши, ни без нив.

    Камо овие да ми беа проблемите, и да мислев дали да се разведам поради ова...
     
    На riba79, LiquidLuna, Cka и 5 други им се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.219
    Допаѓања:
    113.387
    Пол:
    Женски
    Е тоа .. немаат вистински проблеми.
     
    На Annath и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  19. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    5.719
    Пол:
    Женски
    Ниту една логичност не ми стои околу чувањето слики. Освен нерасчистени чувства и минато.
     
    На TrueToMyself, Anyshka, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    5.719
    Пол:
    Женски
    Што се вистински проблеми за тебе?