Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се разведам?

Дискусија во 'Брак' започната од Temjanuska1234, 2 мај 2013.

  1. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Само едно ќе ти кажам Лила, луѓето не можеш да ги смениш, или ќе ги прифатиш такви какви што се, или ќе се навикнеш без нив. Е сега има мани што се трпат, ама има и мани преку кои не може да се премине. Он кога не се опаметил после детето, верувај нема уште сто години.
    Ако ти одговара да бидеш нечиј спонзор и 13то прасе, можеш да живееш така, ама тогаш не се жали зашто тоа е твој избор и никој не ти е крив.

    Преиспитај се што сакаш, знаеш не е добро кога нешто е гнило. Подобро квалитетно да си живееш сама, може ќе се омажиш повторно или ќе најдеш нов партнер и ќе почнеш нов живот. Упорно сакаш да го смениш маж ти, а и сама знаеш дека не бива и се лажеш себе, дека ај утре ќе биде поинаку. Он не те побарал жено, не се замара, сеедно му е, а ти се нервираш и се тешиш дека ќе го смениш, не гледам овде надеж и желба за промена.

    Одлучи се ти што сакаш од животот, он е таков и се покажал одамна дека е таков, а ти си таа што еднаш е толерантна, еднаш не е, и го сака и не го сака, еднаш и е супер, утре не и чини истиот човек. Ако сакаш кон подобро да иде работата треба да пресечеш тука, ако не живеј си така, ама не барај совет, кога се предомислуваш секој ден за истата ситуација. Бракот ти е еден компромис и почит еден спрема друг, а вие сте далеку и од двете.
     
    На makedonkamak, imelda и lilaaaa им се допаѓа ова.
  2. lilaaaa

    lilaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    22
    Оф бе душо не е лесно туку така да пресечеш. Знам дека неможам да го сменам, но барем малку да се потруди за некои работи. Да не испадне дека се лажам самата себе и си се тешам, знам дека ни нему не му е лесно и сеедно што дојде до ова. А дека ме нема побарано е дека и он има гордост. Јас го избркав него од тука, пред да замине ми дојде плачејќи и ме прашуваше дали сум сигурна во ова, јас да, не сакаш да ме видиш повеќе, да му одговорив го отерав во триста и му реков само јас плачев една година сега ти плачи. Толку беше нашата последна комуникација. Најверојатно комуницира и се гледа со брат ми незнам. Никој не ми го спомнува повеќе во куќава, а брат ми најмалце ќе дојде да ми каже зашто знае дека ќе му се налутам.

    Јас битно сум хронично ненаспана, ете пак нешто сон не ме фаќа, мислам, размислувам само и психа ме утепа веќе. А малово коа ке ми вресне во 06:00h за јадење како ќе отворам очи незнам :)
     
  3. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Па твојата приказна секогаш е различна, сега викаш дека се замарал не му било сеедно, претходно викаше сеедно му е не ме бара, не се грижи.
    Еве сега ти поминала нервозата и одма не е лош како што викаше дека е во претходните постови, многу се предомислуваш и ти сама изгледа се лажеш дека е он како шо треба, или па ептен преувеличуваш дека е лош кога си нервозна и ти е пукнат филмот. Ти си знаеш сепак што ќе одлучиш и што е најдобро за тебе, среќно толку од мене за проблемов ;)
     
    На makedonkamak и lilaaaa им се допаѓа ова.
  4. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Каков човек може да стави гордост пред своето дете?!
     
    На tessie и lilaaaa им се допаѓа ова.
  5. lilaaaa

    lilaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    22
    Знам дека не му е сеедно и дека се замара да точно од коа малце се подсмирив и размислувам со поладна глава, но не го покажува тоа, познавајќи го го зборам ова. А тоа како може гордоста и инатот да си ги стави пред сопственото дете и мене ме мачи :worried:

    Револтот во мене уште го има и нема така лесно да преминам преку ова. Муабет ние кога тогаш мора да направиме, дали утре или за една недела, знам јас кој муабет ќе му го направам на него. Ништо веќе нема да биде како до сега, дали со него или без него јас повеќе не кинам живци и не трпам ништо и никого. Ќе си ги чувам нервите за малиот коа ќе порасне он да ми ги тренира и кине :)

    На сто памети сум бре девојче затоа изгледа со секој пост различен став читаш од мене.


    А за она дека можеби е за пари со мене, не сум баш сигурна, но не викам и дека не е така. Искрено толку време сме заедно јас никогаш се немав искористено од негова страна, но последниов период почнав малку да се замислувам. Повеќе не гледав љубов иако сеуште ја има, гледав само караници, расправии, вреѓања.......и се подразмислив. Јас се омажив за љубов така, трпам за леб за љубов, нема повеќе љубов ќе те оставам. Е сега он за што се оженил, коа го прашав ми одговори сигурно не за парите, за ова за она.....да му верувам? Искрено незнам.....оние 3 дена коа бевме ок (а пред тоа пак, пак ја направивме голема) па дојдовме кај моите се смиривме и се си беше нормално, тука сеа он слушаше суми на пари бла бла по дома моите што си разговараат, капитал едно друго....и незнам зашто секогаш коа ќе ми кажеше те сакам јас ќе го прашав стварно ме сакаш и он не парите ти ги сакам, куќата и сл (онака иронично). Па може ме сака бе :)


    Кој ми кажа прееска незнам што се навредив, но изгледа најдобро ќе биде јас да си посетам психијатар за малце да си ги средам мислите и се во глава што ми се врти, зашто искрено мислам дека ќе шекнам веќе.
     
  6. Klaudi

    Klaudi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    39

    Tочно дека при ваква ситуација нервите ќе ти попуштат,не мислам одма проблем и да барам развод гледам да размислувам колку што можам пореално но искрено не се надевам дека од овај човек ќе биде добар сопруг и татко.Како за шетање,пијање има пари а јас се сама си плаќам за мене немал пари,и прегледите се скапи и за детето подготовките се што треба да се купи,тој денар нема потрошено за нас.Досега 10000000 пати ќе направев така ќе отидев кај него(како што велиш),но со тоа нема да постигнам ништо познавајќи го кој инает е.Ќе си ја крени цената ќе речи оваа трудна ме бара,значи нема да му дадам до знаење сам да се свести.Мислиш мене ми е лесно вака?Умирам од грижа каде е што прави,зошто ова ми го прави?Но со тоа само ќе го охрабрам да си продолжи и понатаму како и досега бидејќи женаму ќе го побара.

    Иако од тоа мое чекање да му текне да се вразуми поминаа месеци.Под ниеден услов не би останала во брак само заради тоа што ќе речи народот,или да трпам вакви неправди како сега.Ќе гледам нормално ако можи да се подобри ситуацијата за да биди детето со татко му,но ако не бива тоа е.
     
  7. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    Шетање?Пиење? а ти седиш дома и очекуваш од него да биде добар татко? Не мие јасно како досега го немаш замразено, колку убави моменти да сум имала со некој и на најтешкото да ме остави на цедило, да се однесува како ти и бебето да сте предмет посебно ти без никакви чувства...дали навистина сакаш да му го посветиш животот на тој човек?...не сум во твоја кожа, жал мие но ти кажувам јас како би постаипла.Напоменав погоре дека сум била набљудувач на повеќе бракови во кои жената најпрво го идеализира својот сопруг ја бара кривицата во себе, а потоа по 10тина година бара излез од својот лавирин со закачена болест :)
     
    На makedonkamak, Li0ness и Glasna им се допаѓа ова.
  8. Klaudi

    Klaudi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    39
    Мене чувствата ми се скрос према него оладени,дури ни на телефон гласот веќе неможам да му го поднесам,но што да правам ме остави на пола пат,за точно да незнам кај да одам.Решив утре да го побарам да разговараме,ако гледам дека муабетот не води до никаде,ке се разведам.Треба дете да гледам ќе ми требаат нервите за детето неможам јас да се нервирам за некој што не му текнува дека е женет и дека чека дете.Мислам дека така е најправилно,иако не заслужува ни муабет но сепак очекуваме дете.
     
  9. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Знаеш мојот психолог што викаше на тоа-Ама го сакам!
    Само ќе ми поставеше прашање-И?

    Ако го сакаш не значи дека се имаш. Слушај ја Теси што ти збори, не ти збори на памет.
     
    На tessie и Glasna им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.472
    Допаѓања:
    114.863
    Пол:
    Женски
    Затоа што во брак влегуваат заслепени и мислат дека се е мед и млеко. Мислат дека свабдта аи опа иха е бракот, ама бракот ти е една тешка институција за да ја задржиш. Се сеќавам во еден филм мислам дека беше еден тајкун со 300 бизниси успешни кога се женеше синот му рече: Синко полесно ми е да банкротирам и повторно да створам милионски бизнис отколку што го одржав бракот со мајка ти.

    Јас не сум мажена, но сум дете од лош брак. Не се лажете, нема да се смени. Разведете се додека се мали децата, но имајте на ум дека тој како нивни татко секогаш ќе биде во вашиот живот. НЕма да можете да го откачите никогаш ни да го заборавите освен ако не дај боже рикне. Тоа е што викам ќе се мажат одма трудни и оп проблеми после па деца. Што ве кошта бе да почекате со дете, да го видите дал го бива дал не. Него одма дете. Па сега проблеми. Мислите дека јас немав шанси да се мажам како вас? 3 пати до сега ќе се мажев, ама свесна бев дека со тие луѓе немаше да можам да имам квалитетен брак, да створам квалитетни деца ( карактерно) затоа што бевме како масло и вода. Отварајте ги очите пред да потпишете. Никогаш не се менуваат мажите, тие си се такви само ВИЕ не сте сакале да го видите тоа.
    Реченицата МОЖЕ ЌЕ СЕ СМЕНИ заборавете ја!! Тоа ниту било нити ќе биди.
     
    На Ariana.djm, simply-red, tessie и 7 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.361
    Допаѓања:
    103.079
    Пол:
    Женски
    Лила, едно нешто не ми е јасно, детето викаш има 2 месеци, како бе мила ти на интервју за работа ќе идеш кога има 2 месеци, бар да имаше 6 па да речеш ќе идам почна да подразбира, па викаш и дека месечно ти легнува сума пари на сметка, и толку не ти достигаат за да идеш да работиш дури малото е навистина мало? Да не сум разбрала јас нешто погрешно? Уште еден момент, викал ќе се убие, а во друг момент ти викаш не ве бара да праша, каква е таа гордост бре. Мила, татко ми викаше дека ќе се убие ако не се вратиме со мајка ми кога реши да се разведе, знаеш што, се вративме, ама он не се смени, само 1 месец траеше неговата промена, пак почна по старо, и знаеш што ни рече, ве лажев. Нема да се смени бре Лила, нема да се смени, а дека е со тебе за парите да ти биде јасно дека е така, а твоите ја прават најголемата грешка, му даваат сила со тоа што тебе те обвинуваат. Викаш убаво ти е дома, епа седи си бе мила дома. Твоите ако се прашуваат зошто кажи им го ова што ни го кажуваш на нас, нема родител што пред ова би затворил очи, кога они ти праќале пари додека си била кај него, не знам зошто сега би им било проблем да те подржат.
    Клауди, за разлика од Лила ти си многу позрела, си ја увидела ситуацијата и не се лажеш дека да дојде да те гушне да ти каже некој убав збор ќе му се вратиш, ти точно знаеш што сакаш, ама он мила не знае. Овој човек не е спремен за родител, ни па за маж, како што до сега си седела дома седи си и сега, очигледно твоите те сфаќаат, те подржуваат, тоа ти е доволно. Само една вина мислам дека имаш, тоа што сте направиле свадба и сте продолжиле да живеете одвоено, зар толку беше крај на светот па моравте да праите свадба и покрај тоа што станот не е готов, јас разбирам дете е на пат, ама ете јас сум архитект и со сигурност можам да ти кажам дека за 6 месеци стан се реновира од корен, куќа се гради за 9 месеци а не па стан, ма зграда се гради бре за една година. Вие сте купиле стан, сигурно станот не бил руиниран па да не можелод а се заврши за 6 месеци, па сеуште што седите одвоено. Многу е веројатно да има друга, мене најмногу на тоа ми мириса, а ми мириса и на манџа забиберена со туѓи бибери, некој му ја полни главата чим вака почнал да се однесува. Нека биде маж и понатаму, ама ако ти останеш да му бидеш жена си луда жена. Тој не е покрај тебе во најпотребните моменти, к** го боли за тебе и неговото неродено дете, па што ќе ти е понатаму?
    Ах бре жени, ова живот ли е? И јас сум тазе мажена, без никаква подршка од моите бидејќи не можат да ми помогнат, нит финансиски нит со присуство, на 200 километри од мене, како ќе ми помогнат, мајка ми често ми се јавува од мене да бара совет а не па ја да барам од неа, 10 години сум сама во градов и за се сама се борам, епа јас ова не би го трпела ни под разно.
     
    На lolanomnom, lilaaaa, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    Драга моја гледај да бидеш смирена колку можеш повеке и уживај си со ангелчето кое довага со нервоза ништо неможеш да смениш само правиш лошо на бебето ,не е лесно да си сама во ваква ситуација но најбитно е здравјето на малецкото, биди силна и храбра за малото ангелце од ситуацијата во која се наогаш моментално можеш само лошо да направиш на бебето затоа биди смирена колку можеш иако е тешко во вакви проблеми ти посакувам работите да поминат на подобро
     
  13. lilaaaa

    lilaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    22
    Да ангел, свесна сум дека малото има само 2 месеци и дека сум му најпотребна, но што да правам кажи ми? Почна сериозно да станува помеѓу мене и мм, од моите никаква подршка и нормално дека ќе си барам работа. Ми излезе прилика, аплицирав ми ја прифатија апликацијата, требаше да идам на интервју, најдов и некои контакти што можеа да средат 99,9% да ја добијам работата, но вечерта ко што знаете муабетот со маж ми, па и брат ми имаше влијание со истиот муабет ко тебе. Детето е 2 месеци рано ти е, јас ми рече можам одман да ти средам да работиш таму, но почекај да пркне малечкото. И ја испуштив шансата....а после неколку дена знаеш што беше муабетот од моите повеќе ништо од нас нема да добиеш бла бла бла......И???? Знам дека муабетите беа во афект на нервоза и пак ке застанат зад мене, но зарем било кој нема да го изиритира ова да го слушне?

    Јас секако ќе си останам тука кај што сум, пред се ради бебушко, многу подобро за него овде отколку таму. И на моите им кажав, зашто ептен ми го пукнаа филмот, дека во куќава сум само ради детето, дека му треба соба, креветче, топло и услови кои ги има тука. Да бев сама до сега никој немаше да слушне за мене ниту да ме види повеќе.
     
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.215
    Допаѓања:
    139.872
    ^ Лила, ако ти треба работа, ќе почнеш и на два месеца, или еве додека завршат интервјуа и се по ред, би станале и три. Дека е извдодливо, изводливо е, ама е проклето тешко. Треба да процениш убаво дали ти е критично барањето на работа сега, во моментов.

    Јас се вратив на работа ќерка ми кога имаше 3 месеци. Тој период, особено додека бебето наполни 6 месеци никому не му го посакувам. И тоа јас работата добро ја знаев, работев таму веќе 3 години претходно. А да почнуваш нова работа е многу потешко, треба да учиш нови работи, да се покажеш, тешко е. И на крајот на краиштата, ако не мораш да работиш, поуживај си малку со детето.
    Од друга страна, ако излезе прилика што не се пропушта, или ако мислиш дека работата позитивно ќе ти влијае на самодовербата, со оглед на сите глупости низ кои поминуваш, тогаш може вреди да стиснеш заби, во случај да ти излезе друга добра прилика.
     
    На lilaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lilaaaa

    lilaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    22
    Сакав Клауди да ја прашам:
    А добро неговите како реагираат на ова негово понашање? Го прифаќаат, му дозволуваат така да се понаша со жена му? Ти контактираш со нив? Идеш воопшто кај нив? Во какви односи си со неговите?

    Не го подржувам она мешање од страна на мои-твои, но понекогаш е потребно.
    Мене кога ми почнаа со мм проблемите да ми стануваат посериозни, јас седнав со татко му. Му реков, јас син ти ќе го оставам ако продолжи вака. Го замолив да седне со него, да збори, како возрасна личност и како негов татко да го воспита како треба со жена му и со детето да се понаша. Он му е татко, он го воспитувал цел живот, јас неможам да направам ништо тука.
    Мене никој не ме свати сериозно, ниту татко му, ниту мм.
    Е па ете сега сум тука кај што сум.
     
  16. Klaudi

    Klaudi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    39
    AngelOfArh....И јас според мене мислам дека има најдено друга,замислете жената и детето ги заменува за да биди со некоја за една вечер,мали се шансите да дознаам дали е така,ма не маж што сака нека ми биди доколку е така пред очи нејќам да го видам.А да му ја имаат главата полнето со глупости,па не е дете мало да слуша други,или можи некој од другарите му има кажувано кои правила треба да ги применува во бракот.Свашта....

    За тоа што седиме одвоено,јас дознав дека сум бремена дури вториот месец од бременоста немав симптоми,имам нередовен циклус.И кога дознав(а пробуваме некое време за да останам трудна) му кажав и пак свесно седнав му реков што ќе правиме бидејќи станбеното прашање не беше средено.Тој рече одма ќе се земиме,ние нејќевме свадба,нашите инсистираа да направиме.Преголеми трошоци,давачки сето наеднаш се насобра,и испадна да седиме разделено додека да се среди се.Знам дека за брзо време се средува стан,но тоа не одеше едноставно како што мислите па баравме поминаа 2 месеци додека да најдиме стан и одкако најдовме па да видиме што ќе се прави како ке се прави...И наеднаш времето летна.

    Што и да биди дали ќе се разведам или не со него живот ќе немам.Јас неможам да се помирам дека сама ме остави ма и sвезди да ми симнува понатаму вакво нешто не се заборава.Ова е полошо и од неверство и од се.Каков е тој човек кој остава трудна жена,што се вели ете има случаеви каде што мажите гледаат туѓи деца,па се поодговорни а тој за негово дете како се однесува.Ми останува уште денеска да пробам иако топката ја смирувам со месеци.Дома со моите разговарав и тие се нервираат,не сакам да ги нервирам му кажав дека сакам да се разведам ми рекоја да не избрзувам да почекам,ма вероватно нема да падни камен од небото да го чукни по глава и да се свести.

    Кој сака нека му зборува тој сам треба да увиди дека греши,еве и јас да не се однесувам убаво со него,мене нека ме занемари да си речи чекај дете ќе ми роди не смее да се нервира....
     
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ради офтопикот ставам во споилер.

    Баш ради овој начин на влегување во брак сум против Принцезите на Дизни кои сите женски деца ги гледаат, идеализираат, мајките им купуваат фустани и кукли од Бела, Снежана, Пепелашка, Ариела, Јасмина, Трнорушка...ако ми текнат сите ќе дополнам. Ама видете кое перење на мозок се.

    Бела - Сонува за адвентури, едуцирана, паметна, а се мажи за човекот кој ја држеше како затвореник против нејзина волја. Стокхолм Синдром. Затвор се лежи за овоа во реалниот свет. И пазете, Бела го смени Ѕверот.

    Снежана - падена од дома, се мажи за првиот маж што ја залапал, и тоа додека е оваа во кома. Морници да го полазат човек :D

    Пепелашка - вредна домаќинка, чисти, готви, пере, пегла, еднаш излезе од дома и се мажи за првиот маж што ја погледнал после само еден состанок.

    Ариела - гласот си го продава, што е душата на една сирена, за да добие нозе нели, при тоа и се откажува од се мило и драго фамилијарно, и другарите и за човек кој не го ни познава.

    Јасмина - и покрај тоа што е принцеза, богата, мазена, чувана, што сакаш, од пиле млеко сакаш, тигар сакаш тигар добиваш, и пак и е малку, за пак да маж и е тој што станува цар и господар(маж на куќата), а не она.

    Спанката - Спие колку ти знам години, се мажи со првиот што ќе ја бакне и разбуди од сон. Оти така е магијата. Ќе се омажи со оној што ќе ја разбуди. Организиран брак.

    И оваа Долгокосата, како се вика? Бега од дома со ајдук/криминалец спаѓа во денешно време во лоши момци, чија глава се бара со награда. Прв маж што видела и готово, љубов. Се смени лошиот дечко и стана добар во меѓувреме.

    Принцезата и Жабата. Принцезата ја смени грозната жаба во убав човек, со бакнеж. И после се чудиме како не сфаќаат децата дека не можеш да смениш човек.

    И така, ај доста е, се испомажат и после се свирка, секоја си знае како и е :^)
     
    На Ariana.djm, Thallia, WORRIED.BT и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Klaudi

    Klaudi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    39
    И неговите и моите се мешаа сакаа да се среди целата ситуација.Ајде ќе се средеше до кога една недела ќе беше ок и пак по старо тераше.Кренаа раце и од кај него и од кај мене веќе ни тие незнаат што да прават.Него умот не му иде никој не слуша ниту пак се страми од сето ова што го прави,нема ни почит ни ништо демек не смеат да се мешааат ова меѓу нас е.Не идам веќе кај нив,ова иди како јас со сила да го терам да ја преземи одговорноста,тој треба да биди до мене не јас да трчам да го барам,да го чекам дома.Пробав секако сите пробавме да се смири дека се ожени и дете чека но до кога.Веќе 100 пати е правено муабет добар 2 дена после пак по старо тера го снемува недостапен е не се јавува си иди дома сабајле и едноставно бега од мене не сака ни разговор ни ништо ќе се договориме и оп некој другар ако се јави тој заминува со него без разлика пто веќе претходно со мене се договорил....

    Значи јас со него пораснав,но гледам дека човек никогаш неможиш да го знаеш каков е....Не сме мали деца да речам ајде имаме по 18 години имаме па избрзавме.Свесно и двајцата влеговме во брак.
     
  19. lilaaaa

    lilaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    22
    Имелда не си нормална (во позитивна смисла) ме изнасмеа бре жено :D

    Клауди но комент! :x Знам дека не ти е лесно, тешко ми е многууу верувај, но тоа е. Живот иде далје ;)
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.343
    Пол:
    Женски
    Klaudi кај вас долгата врска си го направила своето можеби и најмногу.

    Велиш имало расправии во врската, имало проблеми, но не биле сериозни.

    Размисли, дали навистина биле толку безопасни и дали навистина не се надѕирале некои карактерни особини на мт од овие денешниве кои ти пречат? Дали се случило пример, ти болна, а тој сам да излезе со другарите? Размисли дали имало воопшто одреден момент на себичност.

    Знаеш зошто ти го велам ова? Во дооолгите врски постои опасност, од пусти страв да не останеш сам потсвесно да ги поттиснуваме показателите дека нешто во тој спој не чини. Слично на оној страв кога ни` е полесно да ги занемариме малите симптоми на некое заболување затоа што се плашиме да одиме на лекар што би можело да не` чини живот. Можеби мт го почувствувал сево ова како некој вид на заробеништво, го фатила кризата што-се`-пропуштив-од-животот и сега одеднаш ем жена ем дете. Не дека го оправдувам, само се трудам да го сфатам што му се случува.

    Во брак не се менуваат особините на партнерите, само стануваат појасно видливи, ради таа отвореност да се каже и направи се` што се мисли. Примероци како мт и кога се освестуваат (затоа што некои такви вечно глумат верверички во зимски сон) што прават на сопственото семејство, децата, жената со нивното однесување, најчесто се случува кога веќе е предоцна. Кога веќе загубиле се` она за кое требало да се борат. Но, не е тоа тоа. Вазната треба да внимаваш да не ја скршиш, потоа дури и да ја залепиш, секогаш ќе се познава дека била скршена и никогаш нема да биде иста како првиот ден кога си ја донел дома.

    За се` постои оправдување и за периодични кризи и за подвикнување и за караници. Но никогаш немојте да дозволите да простите негрижа кон вас, да бидете запоставени во најтешките мигови и да бидете постојано повредувани. Тука веќе не постои простор за љубов. Дури ни најголемиот злосторник и човек со малку доблести не се однесува така доколку навистина ја сака својата жена.
     
    На vichy, elanor, imelda и 2 други им се допаѓа ова.