Така е, и двајцата не можат да преболат на 18 години што се шлапале со Ојле и Дојле. 40 години заедно подоцна, сигурно во доцни ноќни часови седат над албумите и заедно плачат, си даваат поддршка и утеха. Ме просветли. Да ти кажам искрено, да ме чува Бог од маж со вакви сфаќања како твоите, се надевам сама имам доволно акл да се дочувам.
И јас тоа викам. Да се замарам со бивши, потенцијални швалерки, која го погледнала, која на фб ја има, па стварно треба да ми е досадно и да немам никаков проблем. Боље сама него ова да ми биде замаранција.
Јас обратно мислам. Дека не чуваш затоа што се плашиш какви чуства тие слики можат да разбудат во тебе, или не дај Боже кај партнерот со неговите бивши. Тоа е несигурност во себе, партнерот и страв од распаѓање на бракот. Ако стварно имаш расчистено и не се плашиш да не те остават за бивша, воопшто нема да ти претставуваат проблем.
Немам друга работа со тоа ќе се замарам.. замисли седиш на работа и само тоа мислиш сега со кој е, леле ако некоја го погледнала леле вака леле така.. или да имам некој што ќе ми зивка на 5 минути. ( имав еден боже сачувај нека е подалеку од мене) ..
И мене Бог ме чувал да не завршам со маж што му е нормално да оди на Хаваи со бившата и будала да ме прави со тоа, колку е он уствари модерен. Најискрено ви посакувам вакви да си имате, штом се тоа е толку нормално.
Реално покрај вакви "срања" што поминувам, ова ни на крај памет не ми било да се замарам кој има на фб, која го погледнала и сл. Попаметна работа имам а и апсолутно немам време да се замарам со вакви глупости у животов.
Охооо колку има што имаат хармоничен брак па сепак изневеруваат. Не мора да значи ако имаат хармоничен брак и деца дека не можат да изневерат.
Па не ми кажувај на мене, знам за такви, на две раце не се бројат. Битно дома жените им веруваат и си мислат дека ружи цветат во нивниот брак. Али ајде, како да им кажам? Кога нема да ми веруваат и ќе ме направат дека им љубоморам или нешто. На крај крива ќе излезам. Едит: една до толку шо му веруваше на маж и, дома шо се вика уште нозете шо не му ги миеше, излезе дека он со години си имал швалерка. Па после раскина со швалерката и си се врати кај жена му. Она уште не знае и си мисли дека бракот им е совршен. Ама за мене тоа не е брак.
Маж ми беше во вторникот со уште 4 жени за Куманово на свирка, синоќа на предновогодишна со 5 жени. Ајде кажете, да се јавувам ли на адвокатот да ме разведе? А да, вечер ја со колеги сум на предновогодишна, да почекам ако не па да помине па после, шо викате? Страшно! Женава не и се проблем бившите, маж и е недораснат а она е уште повеќе детиште, кога ќе го разбере тоа ќе го знае и одговорот на прашањето. Нека си најде работа и нека порасне. Можам со синџири да го врзам, џабе е.
Оти вадиш работи од контекст? Реков дека со најпоследниот бивш толку нема шанси ништо пак да се случи, што на Хаваи да сум со него пак нема да се случи ИАКО не ни имам кого да изневерам. Сигурна сум ВО СЕБЕ со кого сакам и со кого не сакам да бидам, не се сопињам на камен па оп на к*р да паднам директно. Да, таков сакам да имам, ако реши со бившата на кафе да оди, слободно да ми каже, да не мора да крие од мене слики, да не се потресува ако колешка го додала на инстаграм па јас да хистеришам. Баш таков сакам, што слободно пред мене сè ќе може да зборува, оти видиш, таков сакам, пред кого јас слободно ќе зборувам и нема да треба да газам на јајца случајно кревкото его да не му го повредам. Само ако е 24/7 со камера уклучена. Знам вакви.
Апсолутно неточно. Тоа што ти мислиш е дека некој има хармоничен брак. Хармоничен брак си знаат колку е, само тие двајцата во бракот, евентуално децата (мада и нивната перспектива може да биде искривена). И да, во хармоничен брак ништо не ти фали, и НЕ изневеруваш.
Зарем мислиш дека тоа е дозволено во брак од толку затворен круг? И директор да бил и да морал да оди по службени патувања, сигурно има променето струка. Магационер во Стокомак. (да се разбереме немам ништо против ниедна работа, само во контекст на муабетов) Се за мир во домот. Зарем има нешто побитно од квалитетна жена дома, покрај сите тие неквалитетни што ги имал претходно?
Најјако ми е ова дека сите претходни не чинат Бившата на најбившиот е ПРЕУБАВА. Башка што е препаметна, на каков пат е во животот очекувам дека и големи работи ќе постигне. И не знам како може да ми смета тоа, си имале причини што си раскинале нивни, девојката си е супер и не, не се сомневав да не и' се врати случајно оти е убава и паметна
Изгледа ние нешто не разбираме. Мора, значи МОРА да раскинеш со некого оти бил скот, преварант, заникаде, други причини не постојат, и тоа е твоја ГРЕШКА што после мора да ја избришеш, а Бившата на едикојси е некоја караконџула, што ако трепнеш ќе ти го грабне од пред очи (пошто ваљда нема друга работа ). И така тоа, ајде доста модерност и глумење лудило. The end.