Не знам кои шали палат на 40+, мене барем не ми се смешни. Али и на вас повозрасната популација треба да ви биде интересно. Еве ти @nena2010
Богами алал да ви е на паметот со што се замарате.. ама секој со своето.. јас не би била со некој ако го проценам дека е таков кој не можам да имам доверба во него. И он во мене. не поднесувам љубомора, драми и глупости. Од секогаш сум била таква. Не сакам окови, не сакам правила не сакам гушење. зашто ако сум решила да те варам, брате пред очи ќе ти го донесам и нема да занеш.. исто и маж.. кога ќе реши да вара на маса ќе те седне со та со која бил пред 2 саата што се вели и нема да знаеш..
Па затоа после гледаме 40годишни чичковци со 20 годишни швалерки И сите се задоволни. И мажот и жената и швалерката. Никој за никој не се замара
Мисли си ти дека тие во хармоничен брак не изневеруваат. Познавам многу такви. Дома се' им е ок, имаат супер жена и деца па изневеруваат. И жената или не знае или па се прави дека не знае, ама во денешно време се дознава.
А извини, може ти или тие што се согласуваат со ова мислење да ни објаснат, што според вас е хармоничен брак?
Ти МИСЛИ си дека познаваш такви. Ти може да знаеш што се случува само во твојот брак, а не можеш ни да претпоставуваш што се случува во бракот на брат ти. Колку и да ти изгледа тебе хармонично.
А ти знаеш за сите бракови? Пошто еве, јас не знам за други, освен за мојот. Другите не ме интересираат, битно ми е мене оџакот да ми чади. За вашите не сакам да знам. А да ми ставате зборови во уста дека не сум ги преболела бившите само оти имам слики со нив дома, и оти сум уште во контакт со нив, тоа не сакам. Жалосно е колку немате самодоверба и во бракот се плашите и не му верувате на човекот што сте го одбрале.
Имам самодоверба и воопшто не се плашам, му верувам на човекот што сум го одбрала, ама немаме потреба да ги чуваме сликите од бившите, што ќе ни се, за во туршија. И вие ставате зборови во уста дека ние што не чуваме слики од бившите немаме самодоверба и не му веруваме на партнерот. И не, не знам за сите бракови, ама имав сега брзо еден пример од блиски, нема што да објаснувам. Едит: вие многу знаете за бившите кој со кого е, дали има девојка, дали се оженил, јас па за ниту еден бивш не знам што прави, не ме интересира. Имам сегашност и иднина, назад немам потреба да се вртам. Минатото останало назад.
Па самиот факт дека кој било изневерувал од тие двајца, значи дека не биле во хармоничен брак. Ниту па ти си им во бракот за да знаеш најситни детали, верувај, не знаеш, за никого.
Па пак не знаеш што се дешавало позади затворени врати. И не треба да знаеш. Или пак заклучок носиме по слики? Објавени на фб? Нг фотосесија на хармонично семејстви?
Проблемот е шо во бракот едните се мислат дека им е хармоничен, а другата страна изневерува. Е тоа е проблемот. Затоа не треба многу наивен да се биди.
И да немаат хармоничен брак која е потребата од изневерување? Постои развод. Изневеруваат само тие што се без карактер.
Зборуваме за слики, не за Хаваи, многу е бедно да се иссилуваат изјавите за да се добие поента. Не, туку тие што не си ги сакаат децата, ако имаат деца. А ако немаат, бидејќи се глупи изневеруваат.
За други магацини не знам, ама за болнички знам... што би се рекло, од овие поштениве (што ноќна не работеа оти мажот не ги пуштал, па не си одат сами доаѓа да ги земе...) ние курвите без кур останавме....