Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се разведам?

Дискусија во 'Брак' започната од Temjanuska1234, 2 мај 2013.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.063
    Допаѓања:
    36.129
    Пол:
    Женски
    Сликите иако се скриени, знам каде можам да ги најдам. Исто и маж ми за моите. И не само слики од бивши. Имам и слики од бивши другарки, работи што и припаѓаа на мајка ми. Не гледам потреба да ги фрлам. Со маж ми често се зафркаваме на таа тема.
     
    На nena2010, Mumoftwo30 и Iva.T им се допаѓа ова.
  2. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.268
    Допаѓања:
    13.034
    Пол:
    Женски
    Ок тоа за децата, држи вода.

    А ова глупи шо ти значи? Пошо и наивноста може да е одлика на глупавоста :?:

    Него, кај ти е почитта тука? Почитта кон партнерот/партнерката? Има некоја веза меѓу нив или слабо?
     
    На BlackNight, eliesaab, ArabellaStarfall и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.410
    Допаѓања:
    3.590
    Пол:
    Машки
    Незнам зошто толку се прави нешто од темава, едноставно ако му прече на партнерот и е инсекјур ќе каже на другиот партнер и доколку на истот шо има слики му значи моменталниот партнер нормално дека би ги избришал за моменталниот партнер да добие некоја благосостојба да речеме од тоа.... сметам дека нема потреба да доаѓа до тоа ама ете доколку некој така живее со разговор може да се реши се. Ја лично избегавам да покажувам бивши и не ме интересираат бивши на партнерки најголема причина е затоа што сум расчистил а од друга страна жена како жена може да си направи филм дека бившата партнерка е физички попривлечна од неа па емоционално да страда за глупости, а доколку партнерката чува би ме правело инсекјур да, ваљда поради траума затоа што ете имав партнерка која се врати кај нејзин бивш и девојката немаше слики не дека сликите биле причина ама ете ја удри во глава и тоа е тоа, најверојатно чување слика од бивш би ме асоцирало на траумава..
    какво време дојде, жената до некни факаше детективи маж и да го следат од денеска почна да бара жена за тројка....
    Најдобро е да си гледаш у својот двор и од лично искуство можам да кажам само да се надеваш дека господ нема да дозволи да ти дојде на глава, оти ако ти дојде џабе после и разводи и оставања и мислења зошто како шо.. бракот е комплексна работа и најдобро си знаат двајцата партнери дали е во хармонија или не е, од надвор ние може само да претпоставуваме, затоа и избегавам да коментирам на темата брачни совети.
    Дај боже на сите сликите од бившиот/та да ни се најкомплексен проблем кој ќе го имаме кога сме/ќе бидеме во брак.
     
    На MarijaMi90, Emy867, LiquidLuna и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.732
    Допаѓања:
    175.170
    Пол:
    Женски
    Можеше ваљда да се согласиме дека не се согласуваме и дека различни карактери различно функционираат и тоа може да биде сосема ок.

    Ама потребата за упорно докажување на двете страни, колку нас ни е супер а колку на другиот не му чини, ваков е таков е, несигурен е, па потсмевањето… е тоа е баш симптоматично и кај едните и кај другите.


    За конкретниот случај, да. Има право да се чувствува несигурно и да бара одговори. Со партнер кој не почитува леунка, не знам дали може да се дојде на иста фрекфренција. Млади, незрели, хормони, се тоа во коктел.. Само отворен разговор е обично решение за се, ама ако се нема разбирање за другата страна, се е џабе.
     
    На LiquidLuna, BlackNight, arontt и 7 други им се допаѓа ова.
  5. desperate15

    desperate15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Јас не знам ни дали ми се живи бившите Боже ме опрости не па да знам кај се, што прават :D слики не чувам од особи што не ми значат поготово од бивши :emo:
     
    На TrueToMyself, Malesia, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.352
    Допаѓања:
    22.073
    Пол:
    Женски
    Па глеаш различни луѓе има :D
    Тука знаат се за бившите ама за нивните мажи не ги интерисира :rofl:.
     
    На TrueToMyself, Stark, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.885
    Пол:
    Женски
    Се случило низ муабет да прашам за бивши. (Ама ете останало добро). Слики не чувам. А и не сум во план да се разведам. :D
     
  8. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.352
    Допаѓања:
    22.073
    Пол:
    Женски
    Треба приказнава со сликите да се премести во посебна тема. Се изнапишаа многу страни за ова, мислам дека има многу шо да се каже.
    @RainBow ? :?:
     
  9. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    891
    Знаеме и за нашите мажи, не се секирај :D
    Знаеме многу повеќе од повеќето, што спијат на таа прича и “удварачка” фора дека се најквалитетни нешта што некогаш некому му се десиле во животот. :makeup:
    Ама, секој со своето.
     
    На CameliaMiller, Mumoftwo30 и Malesia им се допаѓа ова.
  10. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.352
    Допаѓања:
    22.073
    Пол:
    Женски
    Па ок, знаете си, јас си знам и дека во денешно време има многу швалерај, па шо да прајме :D
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.074
    Допаѓања:
    66.865
    Пол:
    Женски
    Премногу е измешана темава уште од почетокот со прашањето на членката, да префрлам ќе настане каша попара. Можеби е подобро да отворите, или ти @Adidas888 посебна тема, Чување на слики од бившите, па таму без расправии и оф топици да се почне.
     
    На Mumoftwo30, st-el и Adidas888 им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.352
    Допаѓања:
    22.073
    Пол:
    Женски
    Мене ме мрзи, еве некоја од членкиве нека направи :)
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.839
    Допаѓања:
    267.064
    На женава најмал проблем и' се сликите, од сè што наброја. Изговорот негов зошто ги крие воопшто е посимптоматичен, а најсимптоматично е тоа што се обидел да ја омаловажи бившата, истовремено чувајќи ја во скриен фолдер.

    Така што, фактот што постои недоверба е проблем, сега со причина или не - не знаеме доволно.

    Тоа ми е исто како овие што си копаат по телефони еден на друг, ама вториот телефон не го чуваат дома и партнерот не ни знае дека го имаат. Или бришат разоговори, или имаат апликации кои личат на едно, а се друго итн. Или лажни профили по социјални мрежи, итн итн итн.

    Нема таа сила што ќе спречи човек што решил да шврља, само @Realist1 ќе се согласам, да не ни се навее некој хроничен изневерувач(ка), знаеш оние невини, сè бившиот крив, они ништо не погрешиле, жртви вечни? Е, тие.
    Апсолутно, и тој што крие место да зборува, и таа што копа по телефон.
     
  14. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.646
    Допаѓања:
    8.182
    Пол:
    Женски
    Ама проблемот е кај двајцата во случајов, само женава што не сфаќа.
     
  15. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.046
    Допаѓања:
    55.420
    Пол:
    Женски
    Уште не дочитав сѐ што сте испишале, но сакам да кажам пред да ми замине мислата:

    За мене не е нормално дечко или маж да ми чепка в телефон со цел да провери дали имам слики со бивши. Тоа е едно од најголемите црвени знамиња и вришти љубомора, контрола и посесивност. Ништо повеќе од ова не ме вади од такт и нема ни малку да трпам вакви испади.

    Прво, телефонот е моја и само моја приватност. Јас ако сум со некој сум оти го сакам, не настрана да си чувам други за резерва па тајно да гледам слики или да се допишувам.

    Второ, јас чувам слики со бивши во телефон. Не знам каков е тој скриен фолдер, мене ми се во "нормален" фолдер. Не сакам да ги избришам, тоа се спомени, дел од мене, период од животот кој некогаш бил и што и да направам нема да се смени. Искуство кое денес ме направило попаметна. Не било сѐ како на крајот, имало и убави спомени. Јас сум човек што сака да се навраќа назад понекогаш чисто ради носталгија, и во врска со сѐ, детство, стари друштва итн. Тоа не значи во никој случај дека потајно имам чувства. Еве цела година еднаш двапати ако се погодило да ѕирнам постари слики. Ако имам уште чувства нема да влегувам во врска/брак in the first place.

    Трето, не можиш да му забраниш на партнерот да комуницира со секое лице од спротивниот пол што не му е роднина. Јас со колега од работа што е 10 години поголем и во врска имам дебатирано на долго и широко за минатата моја врска, се разбира освен за сексуалниот живот, и јас сметам дека тоа не е ок. Со тројца мои work besties кои се мажи имам групен чет на инста кај што си пишиме понекогаш, со еден од нив во дм често рилс си праќаме, и ништо не значи, ниту на секунда сум помислила.
    Ако толку некому му смета партнерот да следи на Инстаграм колеги/колешки, да зборува со нив на работа, проблемот ќе да лежи или во неразрешени трауми од порано или во нешто друго што се случило во врската или бракот сега но останало нерешено.

    Така да, најдобро е да се искомуницира и постават здрави граници, без кавги, за да сте на иста страна. Ако сака некој нешто да направи ќе направи без да знаеш, нема да ти дава секогаш "знаци" дека има намера за такво нешто. :)
     
    На Annath, nena2010, Iva.T и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.366
    Допаѓања:
    20.455
    Бивши немам ама и да имав, не би гледала причина да комуницираме. Можда ако сме биле ете некоја кратка безвеза врска па ок да останеме другари. Ако било долга со сексови со све, не сакам комуникација, воопшто. Луѓе со кои сакам да расчистам, значи сакам да расчистам, да не постојат за мене воопшто. И за другари истово мислам.
    Слики ретко сликам и неќам да трупам беспотребно оти и така само ми стојат и зафаќаат место.
    А ако си го направил тој напор да направиш скриен фолдер и во него да преместиш слики од бивши, епа не е сеедно, како да кажам. Едно е да останале, си заборавил дека ги имаш, скриен фолдер веќе нешто кажува.

    И општо, преглупо е кога некој прашува за вакви совети, упорно едно исто да тупите дека бил несигурен, со ниска самодоверба. Да, партнер слободно може да те прави будала, до тебе е проблемот што се сомневаш.
     
    На eliesaab и Adidas888 им се допаѓа ова.
  17. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.965
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, сите овие ситни работи се производ на недоверба и љубомора, а проблемот со не чистењето и не помагањето треба да го решиш пред да стане долгогодишна навика и извор на фрустрација и кавги.
     
  18. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    5.707
    Пол:
    Женски
    Не знам ни што трагично сфаќате во чепкање на телефон.
    Немам тајни па да го кријам. Само не си ги чепкаме пораките од пријатели, пошо сепак не се наменети за друг, туку за тој чив телефон е.
    Но, сум гледала слики. Некогаш тој слика, па гледам што имам што немам и си префрлам.
    Баш поради тоа што сме ,,несигурни" си ги даваме телефоните еден на друг.

    Јас разбирам дека во брак не треба да има тајни. Нема што да смислувам пасворди или да го кријам, кога се знаеме еден за друг. Не го сфаќаме телефонот како средство што е off limits.

    Ама баш не ми е гајле ако ми го чепка телефонот. Имаме обострана доверба, си кажуваме се. Барем јас кажувам се, не можам да тврдам за друг.

    Така да, не значи дека некој е несигурен во себе. Туку не гледа проблем во тоа да си гледаме во телефон. Као, што криеме и двајцата, не знам.
     
    На eliesaab, Anyshka и TrueToMyself им се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.106
    Допаѓања:
    87.947
    Пол:
    Женски
    Многу ја за комплициравте.
    Зошто не земате во предвид дека тоа пто го рекол и самиот е вистина, дека го заборавил фолдерот со нејзини слики.
    Па вие знаете точно кои слики се ги имате:o
    Како и да е, ништо од ова не припаѓа во тема за развод.
    Ако за вакви работи се разведува денес, не чуди бројов на разводи.:emo:
    А особено не поради следењето на инстаграм.(facepalm)
     
    На SummerGirl, CameliaMiller, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. DragonFly22

    DragonFly22 Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    425
    Пол:
    Женски
    Секој има право на сопствена интима.
    Опсесивната желба за проверка и контрола или е дел од дијагноза или карактерна црта или некоја личност силно се изгорела со сегашен/претходен партнер со неверство или низа неверства. За нормално функционирање на партнерство сето ова не е во ред (да не би пишала не е нормално тоа константно проверување и контролирање).
    За се друго која што сака личност нека си прави, ама спомнаа и погоре тука најмал проблем се сликите и се поврзано околу нив.
    Друг е проблемот, ако не се и други проблемите (во множина не ќе да е само еден проблемот:?:).
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.