Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се разведам?

Дискусија во 'Брак' започната од Temjanuska1234, 2 мај 2013.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.938
    Допаѓања:
    267.684
    Мене ми смета, а тоа што ми смета не го правам на друг.
    Буквално, најбуквално, за 15 години ниту еднаш не му имав чепкано во телефон. Нит ми бранел, шифра му знаев од практични причини, на сè (тој секој можен пасворд го забораваше), па сеедно. Му ѕвони тел пример и не сум се поместувала ни да видам кој ѕвони.

    И тоа ми е некако не знам, ептееееен црвено знаме и граница која не може некој да ја помине, да ми чачка по тел.
     
    На DragonFly22, SummerGirl и Букерко им се допаѓа ова.
  2. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    5.923
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам, очигледно не има секакви. Ама па мене ми е црвено знаме да се граба за телефонот кога ѕвони и да ми каже не смееш да чепкаш. Што криеш тогаш?!
    Се сме поминале заедно во бракот и да го крие телефонот е премногу чудно.
     
    На Anyshka, Трагедијаупмм и Adidas888 им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.130
    Допаѓања:
    88.201
    Пол:
    Женски
    Чепкањето и проверувањето во телефонот на партнерот се вика контролирање !
    Не секој нешто крие туку зошто не сака да го контролираш.
    Му бараш слики, фолдери, пораки.,
    Тоа е несигурност на тој што чачка.
    За 20 год никогаш си немаме чепкано во телефон ниту маж ми седнал да листа кого се следам на инста.
     
    На Iva.T, Mother of 2boys, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  4. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    924
    Пол:
    Женски
    Ниту чачкам, ниту сакам да ми се чачка и ете замислете не кријам сметки со милиони.:cash:
    Не кријам ниту муабети, ништо, поточно немам лозинка. :D
    Секој си има право на сопствена приватност или ако им одговара се нека си изнараскажат и споделат од раѓање, прва пелена со слики до бескрајјј....
     
    На Iva.T и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.974
    Допаѓања:
    179.823
    Ајдееее.
    Му ѕвони телефон, и си станува и се јавува. Зошто би се грабал за неговиот телефон:^)
     
    На Iva.T и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.421
    Допаѓања:
    20.748
    А ова дека колешкава му кажувала интимни проблеми, стварно ви е нормално?
    Едно е да си кажуваш со колеги некои мрсни вицови, друго е да мелеш дома што ти се дешава во кревет. Па имало некои поотворени. Не се тие поотворени туку се безобразни и прости. Неќам колешката на мој партнер да знае дали и каков секс имаме, мислам ај. Па и да почне колега да ми кажува со жена му кога и како се опнуваат, дефинитивно ќе се дистанцирам, не да го слушам
     
    На Lanna89, TrueToMyself, Tea SK и 10 други им се допаѓа ова.
  7. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    5.923
    Пол:
    Женски
    Па баш. Што ако погледнам? Не ви се случило на вас? Телефонот го оставил до мене, тој работи нешто, да видам кој го бара, за да му кажам. Или и тоа е нарушување на приватност?!
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    924
    Пол:
    Женски
    Пак ја отупевте темава.
    Не разграничувате дека некому нешто му одговара, некому не.
    Телефон ниту џапам, ниту ми џапаат. Не ми смета да биде видено Трајанка или Трајче ме бараат и да ми се довикне те бара...Јас разговарам и не мора крај краева гледам, уочувам, капирам сака да му довикнам или не. Ако сака ќе видам и кажам, ако не сака не чепкам навистина. Тие што му се нему битни и мене ми се ако не стапат во контакт со него секогаш можат со мене и завршена раб.
    Леле колку тупење за ништо.

    Таа има проблем не еден и не е се околу сликите и додавањево колешки (јас не читав дека зборел за секс со колешкава, ама и тоа укажува на нешто во врска со него и нив во браков), ама се гледа отприлика што е проблемов или околу што им се вртат проблемите.
     
    На Alek90, CameliaMiller, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.325
    Допаѓања:
    113.976
    Пол:
    Женски
    Толку и сече на таа... мене ми е простачки.
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.121
    Допаѓања:
    36.330
    Пол:
    Женски
    Имав јас еден колега. Малку простичок е. Еднаш ме праша Се е*еш со маж ти? Му реков Не. За украс го чувам :x

    Не сум прашувала колеги и колешки за интима. И не ме прашувале. Освен будалата.
     
    На nena2010 и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.325
    Допаѓања:
    113.976
    Пол:
    Женски
    Секакви пациенти има..
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.938
    Допаѓања:
    267.684
    Не го криел ни тој, ни јас. Едноставно никој не земал да посегне по телефонот на другиот, за тоа дури без разговор сме се "договориле", не сме имале некој посебен и специфичен разговор.

    Втора работа кај што апсолутно двајцата не сме пипале, е новчаникот на другиот. Инаку имавме заедничка банкарска сметка, не дека парите си ги криевме, туку едноставно е неубаво, барем мене ми е, да брцнам и да ми брцнат во новчаник.

    И види, не викам дека твоето е погрешно, ти избрза да донесеш заклучоци за нас останатите што нит се проверуваме едни со други, нит се замараме со слики од бивши, нит знаеме кој имаат маживе по социјални мрежи. Истрча да ни кажеш дека не сме расчистиле со минатото, а вистината е многу едноставна - сите сме различни.

    Како таа што зема да пали слики од свадба кога се разведе, јас од мојата веридба ги чувам, не оти ми било веридба која не ни сакав да се направи, колку што на тие слики има луѓе кои денес не се ни живи.
    Баш ова ти го кажав - НЕ.

    Телефонот му ѕвони пример, а тој е во ВЦ. Не се поместувам ни да видам кој го бара (ако бил некој близок и итно нешто е, ќе ме бараат и мене), туку кога ќе излезе од ВЦ ќе му речев - ти ѕвонеше телефонот.

    Буквално мразам мојот телефон да се пипка, а немам што да скријам, затоа на другите не им пипкам и готово.
     
    На senjorita-v, Iva.T, DragonFly22 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.974
    Допаѓања:
    179.823
    Ама баш, бил во веце, на балкон, спиел, се туширал. Ќе му кажам и ќе си види, не дека повик од лотарија ќе му остане пропуштен. И не оти мразам да ми чачка по телефон, апсолутно екстра напор ми е да трчам и по негов телефон, доволно ме нервира и мојот ко ќе треба да станам и да одговорам. Евентуално да е излезен надвор на подолго, тогаш би се поместила, иначе ни под разно.
    Сдк, очигледно нит телефони криеме нит телефони чачкаме.

    Од кај излезе сега и овој муабет со криење телефони? :?:
     
    Последна измена: 28 декември 2024
    На Cosmi, Букерко, Autumn Love и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.064
    Допаѓања:
    55.598
    Пол:
    Женски
    Мене ми е ептен незгодно било чиј телефон да земам да чачкам. Други едвај чекаат шанса да изроварат низ телефонот на партнерот. Не знам ама мене тоа никако во глава не ми влегува ко нормално нешто. И не сакам да ми чепка никој по мојот, побогу што би барал да ми ровари по слики и пораки? Тоа е моја интима, не е дека кријам нешто, ама едноставно сакам приватност да имам. Не е дека активно би го грабала телефонот да не го види повикот или известувањето, не до толку. Ама таман работа цела доверба во партнерот да се базира дали те остава да му чепкаш во телефонот. Бирам да му верувам додека не ми го докаже спротивното.
     
    На Букерко, Iva.T, DragonFly22 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Pocahonttas

    Pocahonttas Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2024
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Mnogu
    Ти благодарам за советот и што не ми префрлаш како некои жени овде дека сум опседната и љубоморна

    zboruvavme, dzabe

    Jas ne mu go proveruvav, tie rabbit go nadjov nesakajki, I toga ja najdov private rabiat, znaev deka ima I drugi rabbit sto ne znam, pa togas mu go proveri Telefonot

    Pa tokmu zatoa sto imame dete, treba da bide covek malku pozrel i da krene koga go baras, zar ne? Koga si vo brak ne Mozes tuku taka a da ne krenes. A za koleskata problemot e vo toa sto, taa ocigledno mu se pusta i mu pobarala imnstagram toj i go dadol, a kota gi prasav za sto zborele kaj nego u kancelarija rece deka samo mu se zaleza za soprugot, pa kako stigmal do instagram. A za biovsata, problem e sto toj mene mi kaza druga prikazna i me izlaga, da ja kazese vistinata drugo ke bese. A za poklonot, ne ziveeme vo mk i ne se rabote za poilant se rabote za l'agate deka go ima I deka ke stigne i jas cekav kako budala da stigne.

    Po toa sto na kolega mu zbori deka nemala spieno so maz i, deka ne go saka, deka bi go napustila da ima podrska od nekogo. Sto go interesira na ozent covek toa?

    Snack za tebe, lagite ne se realen problem I set toa e ne zrelost, da cries raboti od soprugata isto taka ne e problem I da I dates instagram na koleska sto ti se pusta ne e problem?

    Snack za tebe, lagite ne se realen problem I set toa e ne zrelost, da cries raboti od soprugata isto taka ne e problem I da I dates instagram na koleska sto ti se pusta ne e problem? Znaci tebe maz ti da te laze ne ti e problem?

    Koga si ozenet sto ke ti se slitti od bivi i toa vo skrien folder za da ne bidat videni'?

    Koga si ozenet sto ke ti se slikii od bivi i toa vo skrien folder za da ne bidat videni'?

    Zosto naivno?

    Znaci moze da bides intimna so soprugot ama cackanje na teléfonot ti e po privatno?

    Slikite bea Intimni, ne bea na ubavi mesta tuku vo krevt, toa e problemot

    Fotkite i videata bea intimini

    Зборував но ншито, не може да сфати како се чуствувам

    нуту сум опседната ниту правам проблеми каде што нема. Значи мојот проблем се кажатите лаги и скријаниот фолдер со интимни слики. Таа колешка му се пушта, затоа и ми е проблем

    Зборувавме но ете не може да свати од каде поаѓам, и ви што е навистина проблемот.

    Не се работи за поклонот се работи за лагата, а колешката на работа му се пушта затоа ми беше проблем тоа што го заследила. А за бившата проблемот е во тоа што тој мене ме лажеше за многу работи и во текот на нашата врска го прашувал другар му за неа

    Зборував но ништо од зборувањето зато што тој не гледа ништо лошо во сето тоа. Не сум љубоморнљ за бившата, ме мачат кажаните лаги, скриениот фолдер, прашувањто на другар за неа, и така натаму

    Колешки да ама што има мажена жена на женет маж тоа да му збори

    Се работи за лагите и за кришните работи

    А ти како знаеше дека го прашувал другар му за бившата?

    Госпоѓо, дај размислите малку на сите вас фб и телефонит ви е по интимен од самиот брак и вашето тело.
     
    Последна измена од модератор: 28 декември 2024
    На Adidas888, Anyshka и eliesaab им се допаѓа ова.