Како несакајќи се наоѓаат скриени фолдери во туѓ телефон? И тоа Е проблем. Како и дека те лажел додека сте биле во врска, па не знам зошто мислиш дека е сега променет? Решение за твојот проблем нема, ако тој не сака да се промени, ти на сила нема да го промениш.
Prikaznava ne e izmislena, skireniot folder se pojavi koga go azurilal telefonot i mu se vratile podesavanjata, koga razgleduvav sliki slucajno go najdov, da ne bese azuriranjevo do den denes nemase da znam
Ete taka go azuriral telefonot i site podesavnja se vratile, koga razgleduvav sliki go najdov i togas vidov
Можеби има разлика во женското и машкото размислување за чување слики од бивши. Се присетив на тоа дека имав еден бивши кој прво чуваше а потоа кога влезе во врска и криеше моја слика. Наводно не ме преболел и ја чуваше за да се присеќа на нас. Потоа таа му стана жена, имаат деца а тој сеуште чуваше слика. После многу години ме сретна и застана да направи здраво. Застанав од култура, си викаш долги години поминале, културно се разделивме, ама..Почна со муабетот како сум била иста и сеуште ништо не заборавил. Воопшто не ми се допадна муабетот и мислам дека на наредно не би ни застанала без оглед што сака да ме поздрави. Затоа понекогаш има разлика и меѓу бившите и тоа како се чувствува и другата страна, дали уште има чувства и можеби со муабетот даваме лажна надеж. Веројатно има бивши кои оставиле длабоки траги и комуникацијата со нив не е наивна и бивши кои биле детска љубов и сл, другар од детство со кои си пробала врска, две три излегувања и сте сватиле дека не сте за тоа. Сте продолжиле да комуницирате па дури и сте заборавиле дека сте излегувале. И незнам што толку се распаливте со совети заборавајќи дека членката има само 21 год. Како вие на 21 год да бевте совршени и размислувавте ок. Таа е сеуште дете која веќе и има свое дете. Тој исто така сеуште недозреан и недоволно дефинирани приоритети. И не и е толку проблем бившата, која што впрочем и не е толку далечно минато туку веројатно тргнало од односот со колешката и тие останати гестови на невнимание. Се обидела сама да најде заклучок за тоа која е причината за вакво однесување. Мене несакам да ми доаѓа колега и да ми кажува колку има секс со жена му. Може да му се случи еднаш, двапати и повеќе сигурно нема да се дрзне бидејќи апла ќе му речам дека нема потреба од такви муабети. И ако на мм му се доверува колешка за такви работи нормално е да мислам дека се многу блиски познавајќи го него. Ама и во тоа има секакви мажи, ќе слушаат, ќе фаќаат сеир, ќе се понашаат ко трач баби, ќе се преправаат пред неа па и пред жените дома. Јас тука би се запрашала кого имам за партнер. Ете што ако ја слуша кај му се жали, ќе и помогне, ќе ја советува или ќе го замени мажот за колешката да не е потиштена. Еве незнам што правите со ваква информација па уште и дома кажувате, очекувате ли и партнерот да помогне на некој начин. Ако живеете со такви мажи затоа и се понашате вака, глумејќи дека сте толку либерални а всушност проблемот е друг.
Аман како се фалите се мажите кога одат со колешките како да го достигнале врвот во својот живот, да одат со нив и да не изневерат. Не е врвот тоа е нормално однесување на една личност без оглед на пол. И тоа што не ти смета што оди го правите како најголемо ваше достигнување. Кога ќе почне да доаѓа дома и да ти кажува муабети како колешката му се доверува за нејзиниот секс, како секоја тема на муабет му е тоа, дали би ти било сеедно. Дали ако ти имаш проблеми со маж ти одма одиш и кажуваш на колегата " абе колега на мојов пак не му се дига, некако му е мек кога се сексаме, не ми е убаво да сум со маж ми па дури несакам ни секс веќе, ти сигурно не и правиш вака на жена ти" и нормално колегата продолжува да се фали како он е најдобриот сопруг на светот...ти онака со проблеми почнуваш да си правиш проекции како и ти заслужуваш некој толку добар и оп. Не ти треба да одиш и да паднеш на к.р, доволно е вакво понашање. Или уствари вие сте толку идеални со партнерите што немате никакви проблеми па затоа и нема да се жалите. Тогаш која е потребата да слушам за интимата на колешката, или треба да е "исповедалница" од велики брат..да му ги доверуваат тајните.
Излегува дека сосема нормално е да си чуваш слики од бивши во телефон и да ги гледаш повремено. Баш ме интересира што ви поминува низ главата ако го начекате партнерот да си ги скрола онака и се потсеќа на тоа што бил Како да не се знаете што сте биле Еве не поради враќање на чувства, ама што ви фали, сега немате, па треба да се потсетите на минатото со бившите? Сликите со бившите ќе ве потсетат кој сте, што сте После зошто ви роварат по телефоните. Подвижен повод се вика тоа. Мене тоа ми е бесмислено, нема поента. Да, најголемиот проблем во приказнава е тоа што несакајќи некоја нашла скриен фолдер со интимни слики, видеа од бившата, кај партнерот во телефон. Никој не чепка во туѓ телефон, ако нема повод. Доволно е еднаш несакајќи да дознаеш, за тоа после да ти стане рутина. Не ја криви неа, тој е крив. Заборавил кутриот дека чува порно од бившата. Ама не заборавил да ги скрие видеата. Добро, чување на порки со бившите и тоа ли е во ред сега? На што ве потсеќа тоа? И тоа ли ве прави тоа што сте денес? Значи се ќе голтнете, само во право да сте и да оправдате апсурд од изговор.
Сакам да се надоврзам. Не е симптоматично чувањето фотографии само по себе колку причината, што лежи зад тоа. Ако личноста сеуште има неразрешени емоции, а сликите ги гледа како потсетник ради неможност да продолжи понатаму, тогаш има причина за грижа. Слично и за пораките.
Чачкање во телефон е граница. Јас не кријам. Своеволно се би покажала во телефон шо имам евентуално (најчесто кога прам годишни чистки). Ама ако смета дека тој нема доволно доверба во мене - е проблем. Наречи го принцип. Врска се заснова на љубов, почит и доверба. Без едно од трите - тешко функционира. Контролирачки и посесивен партнер нема доверба. А, ни почит. Ако партнер сака да ми ровари во телефонот ќе му дам да види и чепни се шо сака. Ама ќе му нагласам дека на крај од то роварење, нема да најди ништо и воедно јас и тој сме готови оти не е способен 1) да ме почитува и 2) да ми верва. Таков партнер не ми треба. Ова Е проблем. Пошто фала богу ништо не е црно бело и не е ова назад опфатено со дискусијата шо беше. Лично, не би вервала дека "заборајл дека има". Интимни слики од партнер после врска сум била свесна дека се тука за нив први комплет да ги избришам пошто зошто ми се интимни слики ако не ми е партнер? Која е целта? Ќе имам тажна мастурбирачка сесија? Не сфаќам. Друго, јас не знам да апдејт напрај скриени папки да не се поќе скриени. Некој назад имаше пишано шо е скриена папка. Кога скролаш во листа на слики во телефон, сликите да не излезат. Кога скролаш во листа на папки, та папка да не е наведена. Кај мене мислам со долго тргање на долу или на горе се влегва во "скриениот" дел. На претходниот телефон требаше да се обележи да се покажват скриени папки. Ама во никој случај апдејт на телефон не ги открива овие (сем ако е некој баг ама тешко ми е да вервам во то). Шо сакам да кажам е, не мислам дека беше скриена папка. Или беше скриената претходно, ама заборајл да ја врати таму од после. Уште "сама си го барала" фали како cherry on top и да го завршиме муабетот. Мислам стварно, никој муабет не е црно-бел. Така ни ова со сликите. Ама дека никој не чепкал во туѓ телефон без повод ... Мислам, среќна сум дека немаш осетено таков партнер ваљда, или некој твој близок. Некој ропак шо има проблем со себе и свое его и осеќа потреба да те контролира тебе зошто можда си out of his league и осеќа дека можи да го остајш. Па не само шо ти ровари во телефонот туку активно те омаловажува за да ти намали самодоверба. Или партнер шо и самиот изневерва па ја има мувата на капата и мисли дека ако тој е таков мора да си и ти таква па пробва да те контролира за да се осигура дека не сте исти. Па ова втората е толку честа ситуација шо дури и е греота за сите партнери кои заглавиле со таков.
Еве мене ми е океј да имам такви слики со мој поранешен партнер, ќе си ги гледам од време на време и ќе се потсеќам на минатото од кое бил и он дел, нема ништо лошо, џабе ја буцкате членката непотребно да се кара со партнерот, башка рече има 22 години, млади се, не се работи овде за луѓе кои што се имаат остварено во животот, па да им е битно тоа..
Чување интимни фотографии е друга приказна. Причината зошто се чепкало во телефонот не ја ни знам, не ме ни интересира. Сигурно не рипнале од нигде никаде фотографиите додека си му го подавала телефонот да се јави, верувам дека си знаела што бараш. Премлада си @Pocahonttas, прерано си се омажила и тоа за човек кој нема расчистено со минатото. Не знам каде брзате, сами секако нема да останете. Во брак се стапува кога си сигурен и доволно зрел да избереш соодветен партнер, а не како мува без глава, оти за брак особено со деца нема "пу пу не важи". Седни го, имајте искрен и отворен разговор, барем замоли го да не ти мачка очи со глупи приказни. Ако не сте способни да го расчистите ова, никогаш повеќе нема да имаш доверба во него и секое негово однесување ќе ти биде сомнително. А во таков брак не се живее. Ти си знаеш како понатаму. За сите душегрижници за кои е ненормално да се чуваат слики од минатото, фала ви што ми ги отворате очите за да знам какви ограничени луѓе не ми требаат во животот.
22?Јас си помислив доцно тинејџерство, како и да е и спомнаа дека се незрели и нереализирани во животот по многу основи. Сепак таа зборува во низа од мислењава што ги испишала вечерва и се како од под индиго исти за огормна недоверба кон него што ме става да се запрашам ако тој и во врска бил ваков што ја мотивирало да се омажи за него? Убаво и пиша @CameliaMiller тој нема да се промени по нејзии желби и мерки, освен ако самиот не сака и тука им е најголемиот проблем од кои произлегуваат сите дополнителни проблеми. Ме изнасмеа по сабајлечки, ќе си го исплукав кафето за малку еве вака
Абе остај се, штом не ја искрши од ќотек, муле е. Како така да чува слики од бивши?! А, за децата, што да се каже?! Тие иначе не знаат што е дечко и сл. со стројници ќе се мажат Какви ограничени умови мајко мила!!! Гарант на вас сите дечковци ви се втори
Абе па вие за слики во телефон пфф, моја познаничка ги чува на фб сликите од бившиот дечко , на секоја скоро гушнати, бакнати, сите можни одмори на кои биле заедно, веселби , мажена е со деца иначе, ама ете сликите и седат. Маж и е малце муле да не кажам па си ќути утре ден децата кога ќе ја прашаат кој е овој чичко со кој се бакнуваш мамо а не е тато ќе биде интересно
Ако ти извртува одоколу, ти менува тема или те прави ненормална/параноична би требало да ти е јасно со каков си имаш работа. Не сакам да те наведувам да тераш инает, да го казнуваш со пуштање да спие во друга соба; но сигурно е дека довербата не ти е на истото ниво (и џабе тука сите пишуваат како не е ништо лошо, и те како нема да им е сеедно. Ама зашто не се они, туку си ти - рандом членка и затоа си гледаат сеир. Правам споредба чисто за да не сфаќаш лично сѐ што ти пишуваат тука). Евентуално набљудувај извесен период, зашто секој понатамошен разговор само ќе придонесе за кавги. Понатака ти е како ти ќе си процениш. Совет, за теми како што се доверба (нејзино стекнување, задржување, негубење..) подобро ти е да си направиш муабет со некоја повозрасна, па дури и стара жена. Не зашто си премлада, него зашто ќе си добиеш и лични примери кои ќе те натераат поинаку да размислуваш. И најчесто форумов е суров кога си бараш совети за лични проблеми. Подобро следен пат напиши во одредена тема дали има член/ка за совет. Па избери внимателно со кого ќе се советуваш.
Ау еве ја неограниченава теткица се јави ко и секогаш За да бидеме неограничени треба на светов и децава да им кажеме за нашите љубовни сексуални искуства и обавезно слики да им покажеме. Море се забегало, Боже, Боже. Ма каков втор, прв ми е маж ми Одма си го земав добра прилика не се испушта . Ајт .
Децата нема потреба да ги знаат љубовните детали. Ако виделе доволно е да се каже дека бил партнер пред нивниот татко со кој е одамна завршено. Нема потреба од креирање лажна слика за животот и неговиот тек. Секој има свое минато и тоа е во ред.
A, sto ima smesno vo toa nekoj da si se ozeni /omazi za prviot ili vtoriot decko/devojka? Treba od vrska vo vrska da ripame za sme neograniceni? A, za cuvanjeto javno sliki so lapanje i stiskanje so bivsite e nepocit sprema segasniot partner i zaednica izgradena so nego. Tuka site moderni i open- minded da ti bile ...od sliki pa do bidnuvanje drugarki( pazi drugarki ne delovni sorabotnici,sto ti znam kolegi so koi mora da komuniciras radi rabota i sl.namerno go potenciram ova oti odma se znae da se isprevrti) so osobi koi im skokale na patlakot na mazite vi Odam jas da komuniciram so ograniceniot nenormalen svet, ve ostavam vas neogranicenite normalni da si gi uramite slikite da vi go razubavat domot i da si zborite so "drugarkite" koja podobro mu go du*lala na mazot vi.
Се согласувам, нема потреба детали да знаат исто како што нема потреба да гледаат слики од поранешни минливи партнери на нивните родители, чему потреба од тоа? Да оптеретувам деца,или сопружник со минливи небитни особи кои прошле низ нашите животи некогаш? Зар постои некој на кој ќе му е сеедно да гледа слики од својот сопруг/а со бивши партнери во љубовни пози? Навистина зарем постои таков? Нема шанси. Не ми требаат слики ни од бивши партнери ни од бивши другари/ки. Ако вределе и биле добри ќе останеле со мене цел живот . Оние вистинските пријателства и љубов се до мене и кога сакам ги гледам и гушкам.
Па сега... на добар дел од тие „чесните сестри„ секој дечко им е втор, за нив беше муабетот. А, за нормалниот ограничен свет, да, тука на балканите е така, за жал, во нормалниот свет е поинаку. Јас еве одбирам да бидам дел од остатокот од светот, не од балканиве каде што за љубов се смета ако дечкото те крши од ќотек, ако ти го следи секој чекор, ако е љубоморен итн... во спротивно е муле, како што видовме. Среќа, па ја се „мулиња„ бирам. Дека не ги почитувам, затоа, уште на бившиот мислам изглеа? Ќе ве оставам вас со нормалните балканци да се расправате, ама после да не ве читаме по темите како ве млатат физички и психички Секое грнче има свое капаче што ќе посееш, тоа ќе жнееш.
Се смеам оти ова точно е. Јас да го смислував, поубаво немаше да го смислам. Мажите на изволте ќе си ги дадат али телефонот никогаш!!
Чување слики од минатото и чување на слики со бивши за да оправдаш некаква врзана емоција што не ги бришеш, се многу различни нешта. Смешно е да се дискутира дали некој бил ограничен што не чува слики со бивши. Која мерна единица на ограниченост ја користиш? Кажи ми ти, што ќе ми се? Што имам бенефит? Минатото не ми е определено со нивното постоење. Биле тука тој период, завршило, нема што да евоцирам спомени. Еден куп спомени имам со сегашниот, за да имам носталгија према некаков живот со бившите. Па уште и ќе ги чувам за на децата да им покажувам. Не знам, мене не ме интересира со кој се ебавале моите пред да бидат заедно. Ниту па имам намера на мои деца да им раскажувам. Што потреба има било кој од тоа? Не се работи за тоа кој е понапреден или кој е поограничен. Се работи за нелогиката на чување на такви слики. Ти за себе имаш некоја логика, ама не ме прави ограничена затоа што јас сметам дека не е правилно да чувам алманах на бивши за да си правам интересно на старост. Има начини како да си го исполнам животот, а чувањето на слики не е еден од нив.
Ајдее сега ќе испадне дека не е проблем да се чуваат интимни слики со бивши партнери Ваше прогресивно височество сигурно нема да ви смета ако сте во иста ситуација ко членката .. мај ес Сите некако многу прогресивни а темава и слична на неа преполни. Не е нормално ова да ви е нормално .. sorry not sorry.