Не е контрола, ако самоиницијативно бришеш. Научно барем досега не е докажано дека постои телепатска контрола. А и да ми дадеше таков ултиматум за да бидеме заедно, сама себе ќе се избришев. Затоа што тоа што го имам со него, ми е над било каква слика со бивш. Светлосни години над. Ниту знае што имам во пријатели, ниту јас знам. На социјални мрежи. Но, како и да е и за тоа е безбеден. Нема што да чувам лица со кои веќе не комуницирам ниту па веќе ми се блиски. Обострано, баш ме заболе што споделуваш-не сакам да ја прикажувам интимата во јавност и со тебе. А според тоа што го пишуваш, ти бараш нема буква. Нормално е и другарка да не му чини, твоја е, не е он пријател со неа, да ја бирал па да му чини. Проблем е ако ти брани да бидете другарки. Мене не ми оди со сите пријатели на маж ми муабет, но поради него, се дружиме. И обратно. Нормално е и да не дели исти размислувања со твоето семејство, затоа што тој потекнува од друго со други сфаќања и живот. Не е нормално да се кара со тебе и да предизвикува раздор во твоето семејство. Нормално е да е загрижен, ако колега ти се пушта, не поради љубомора, туку вознемирување. Особено ако ти не сакаш да бидеш вознемирувања. Не е нормално да си фантазира дека некој ти се пушта и психички ти прави рестрикции да не остваруваш контакти. Многу ти се сиви барањата, а има цели нијанси зошто и како тој човек реагира. Што не значи дека те контролира. Битно е да се почитувате и разбирате. Ако не бараш малку љубомора од партнерот, запрашај се дали те сака. И љубомората е пази здрава за една врска. Се додека не премине во посесивност. Чувањето на слики ама најмалку треба да ти биде приоритет при градење на една врска. Си даваш на себе до знаење дека завршуваш нешто, за да вложиш енергија во друго ново нешто.
Како е самоиницијативно ако јас не сакам да си ги избришам сликите (најстарите се 2005-2006 кои ги имам во електронска форма, ако не ги броиме сите скенирани албуми на татко ми каде што сум и јас - на пример полуматура моја со симпатијата тогашен), туку е побарано од мене и ми е даден услов "или послушај ме, или ќе раскинеме"? Самоиницијативно е јас да сакам и да ги избришам независно од партнер, пример сега пошто во моментов сум сингл. Не, барам партнер кој не се замара со моето минато, кој е слободен и сигурен прво во себе, па после во мене и не чувствува потреба да бележи "негова територија". Таков и имав, не сме заедно поради неповрзани причини, ОВИЕ КОНКРЕТНИ, никогаш не биле проблем и да биле, немало да сме заедно толку долго. Имав партнер кој еднакво не сакаше гушење, па не ме гушеше ни мене. За вознемирување, голема девојка сум, не ми треба дечко ми да ме "брани" од удварачи, можам и сама. Значи дека ме контролира ако јас се осеќам контролирана и тоа ми создава нелагодност, ако треба да премолчам работи затоа што има бурни реакции, ако треба да се замарам што ќе му кажам и како ќе кажам. Јас имам 0% љубомора во себе, па ти мисли си дека не го сакав човекот со кого сакав дете да имам. Среќо, и јас за себе мислам дека подобро од мене не постои за партнерот, чуму онда љубомора за некоја што помалку му чини од мене? Па ако му чини повеќе, тој губи, не јас Со такво сфаќање не можам и да сакам да сум љубоморна, ќе треба да глумам И не ми се сликите приоритет, ама ти не разбираш. Приоритет ми е личниот интегритет и не, никого нема да сакам доволно за да му смирам банални несигурности.
Луѓе никогаш не верував дека ќе дојдам до ова ама не можам веќе а стварно ми треба совет. Доколку мојов проблем го раскажам кај моите дома не знам каков совет ќе добијам ама знам дека ќе имам поддржка но сепак не сакам да го вознемирувам додека не донесам здрава одлука. Постов може ќе биде подолг но би сакала доколку е некој расположен да ми пише и во пп за да си ја доолеснам душава. Мажена сум веќе 12 години. Имам 2 деца едното големо другото мало. Со 35 години добро се држам психички но сум во брак само заради децата. Останав непланирано бремена па се зедовме. Секако на почеток се беше супер како и во многу бракови но веќе после 1вата година почна психичкото малтретирање. Јас сум во принцип човек кој се врзува многу кон луѓето кои ги сака па тогаш и многу продавав значење на зборовите. Почнав често да слушам зборови од типот да не беше детево немаше јас да бидам овде (тогаш живеевме кај моите) време за мене малку имаше ама не обрзнивав толку внимание бидејќи мислев ајде работа обрски деца.. Како идеа годините се потешко ми паѓаше дури и паднав во депресија со дете тогаш од 4 години. Имаше и знаци на неверство ама ги занемарував бидејќи ајде што да правам кај ќе одам со дете разведена (27 годишна со незрел памет) после разговор се одлучуваме се да се смени и да одиме на 2ро. Ама таа "промена" траеше можеби 2 месеци. Јас бремена тој афера со една колешка. Пак истото - нема шанси така ми се причинува љубоморна сум хормони бла бла... На 3тиот месец во бременост и физички ме нападна. Кога добив слаби болки се освести и ми се извини. Една недела одев со модрици на работа а на контрола лажев дека ми пукаат капилари и ми излегуваат модрици без причина. Пак ќутам трпам за децата. Мајка болна полупарализирана со мозочен удар како уште да и задавам болки. Иде живот даље. Се преселуваме во нова куќа која ја изградивме за 2 години додека бевме во брак за на крај после кратко време да почне да ме брка од дома. Еднаш дури низ прозор ми ги исфрли алиштата. Спремна да си заминам деца пиштат никако не можам. Морам тука заради нив. Поминува време како ништо да не се десило една вечер му го исклучувам компјутерот зашто беше касно деца не спијат поради него и добив кубење на коса пред нив влечење и фрлање низ врата надвор. Зимам телефон и заминувам. Недела навечер. Вртам броеви каде можам да се обратам да пријавам да ваѓам лекарско. Во меѓувреме деца вриштат дома. После пола сат ми се јавува децата плачат по тебе врати се. Пак се правиме како ништо да не се десило. Нели за децата. Иде ден јас прва смена за на работа треба да станам во 5 а легнувам касно и одбивам односи со него нормално уморна од обврски а треба да станам рано и добивам во 2 саат бркање низ врата и будење на децата. Пак ќути због нив. Ама врв на се беше кога големиот доби шамар зашто не јадеше па на школо одеше со прсти видливи неколку дена (11годишен). Тоа не можам да го пребродам. Спремни сме со него да заминиме и тоа веќе и на "мажот" му е кажано само проблем ми е малечкото. Има 5ипол години не сакам да го оставам а не сакам ни да го делам од татко му зашто со него е сосема поинаков. Баш како што треба. На мои 35 години веќе не ми е гајле каде ќе одам со деца разведена битно ми е да имам мир. Не ми требаат ни врски ни бракови ни ништо веќе и фала му на Бога имам сила да си се носам сама со животов, нешто што го немав пред да се одлучам на 2ро. Во моментов немаме кавги, баш е се нормално, излегуваме сите заедно(нешто што порано воопшто не го правевме) ама џабе е се кога јас ништо не чуствувам према него. Навистина сум спремна да си одам. Само уште ми стои во глава *што со малечкото* како да го оставам или како да го разделам од татко му кога повеќе е приврзано за него? Навистина не знам од каде да почнам да ставам крај и каде да се обратам за почеток на крајот. Секој ќе мислење ми е добредојдено. Искуствата од деца на разведени родители и разведени мајки со мали дечиња навистина би ми значеле
Стварно ми е жал што си го поминала сето ова и ниту една жена не заслужува да има ваков живот. Морам да ти признаам дека си можеби една од најхрабрите жени што дури и после се што си поминала ти стоиш на нозе. Според мене најголема грешка ти е што си во браков само поради децата. Да, децата ти се мали, но кога ќе пораснат ќе им објасниш и ќе разберат зошто мама и тато не се заедно. Искрено, многу си се понижила, т.е. он те има понижено. Кубење, неверства, бркање од дома и ти пак си му се вратила. Тоа му доловува и му дава него уште повеќе сила и му се билда егото дека што и да ти направи ти пак ќе му се вратиш. Не можеш да ги одвоиш децата од татка им, но ти можеш да избегаш од него. Сепак, како што сфатив, он е коректен према децата, особено што викаш дека малечкото е повеќе поврзано со него. Тоа што му врзал шамар на големиот искрено според мене не треба да ти биде којзнае што, пошто сепак деца се, знаат да те извадат од кожа, а и на крај на денот кое дете нема јадено ќотеќ (јас како мала многу јадев морам да признаам). Мој предлог ти е, доколку имаш услови и доволни примања да си изначмиш една гарсоњера под кирија, или да се вратиш кај твиите, брат, сестра слично, барем привремено додека не се стабилизираш. Кога ќе си 100% осигурана дека си стабилна и силна, поднеси документи за развод. Гледај децата да бидат најизменично и кај двајцата. Сепак, тоа се ваши проблеми и не треба нив да ги мешате. Се надевам ти помогна малце моево мислење. Биди само силна и се ќе надминеш.
Дете од скоро 6 години не е мало и разбира доста, воедно куќа градена во брак значи дека ти следува половина. Ако следен пат те нападне, не се враќај и немој да те вовлекува во манипулација заради децата. Тоа му е сигурна карта и затоа тешко ти е да се решиш на поголем чекор. А тоа што те нема, не значи дека децата се сами, туку ти треба да се изолираш од напаѓачот и да не носиш пристрасни одлуки. Поголемиот верувам сфаќа многу повеќе, така да би имала поддршка дури го тераш до крај. Еве чисто и ќе увидеш пропратно кои ти се блиски, без разлика дали тоа ќе се пријателки, роднини или ниту една од нив. @marchi-cool
Имам пример, скоро ист...ако не и ист. Една познаничка...24 години, баш трпела поради децата (сега е 40+, она), и секако тие не сакале да замине, за на крај децата да пораснат( сега 19 години и другото не знам, може и поголемо) и да видат дека стварно не е до нив. Па така, она си го задржа односот со нив, и повеќе време се кај неа, колку се може.
@marchi-cool јас сакам само да ти пишам прво дека ми е екстремно жал за ситуацијата во која се наоѓаш. Воедно, сакам да кажам дека само за децата да седиш во таква ситуација, не само шо не е добро за тебе - не е добро ни за нив зошто ја учат динамиката шо ја гледаат и им влијае иако не целосно разбираат зошто. Па фактот и дека го удрил и поголемото е тука. Не сум паметна да кажам кој е следен чекор кога се прај разделба/развод, поќе сакав да ти дам поддршка. За децата е подобро некогаш раздвоени родители ама со мир, него вака. Имај тоа на ум. Со среќа шо и да ти е следен чекор и се надевам ќе најдиш мир.
Филџанот ќе го скршев цел кафич eyes on me, сета се збркав на мало масиче простор. Колку се изнервирав значи не е реално. Сѐ што е создавано во брак е пола пола, нека не се газдинува тој мрсул (се извинувам, татко на децата ти е, ама и ова му е комлимент кога ќе се помисли на стореното) без покритие. Посебни мивки ми се маживе што бркаат од дома. Еден имам имаше на видео, вика ако си се налутил на жената месје, ти ќе си искочиш, што е тоа жена ќе бркаш ќе лишуваш од деца или деца ќе си бркаш. Требало додека се познаваат прсти и твои модрици да пријавиш, да си имаш црно на бело. Овој човек е биполарен и е штетен за своите деца. Да не личи големото дете на тебе а малото на него па така ги двои. Мисир. Инаку воопшто не е мала работа што го удира и кој рече дека е нормално да се тепа дете, демек биле посаглам тие деца, да потсетам дека и најголемите диктатори и криминалци на ова време пораснале така. Колку е човек потивок полесно доаѓа до целта. На гласовна или физичка дразба го условуваме да мисли дека е тоа нормална комуникација. Имаше една жена од западниот дел не знам кое село, викаше јас го тепав синко ко мал, сеа порасна поголем од мене од татко му, да не почне он нас да нѐ тепа. Разведи се,не се секирај за делење, децава знаат колку е саат, а тој е должен и пред закон да ги гледа и да се грижи за нив. Сигурно и многу поубаво ќе им биде. Мало дете со коешто работев со тежок OCD и ADD се оправи кога неговите се разведоа. Што тепаници и глупости тоа гревче гледаше да не ти раскажувам. Сега со татко му за викенди се гледа, кај мајка му си е, препородено е, смирено расположено. Порано имаше тик ќе се стресе, сега тоа го нема. Уште да ти бара интима, повраќаница една. Бракот завршен презавршен. Ручекот завршил тој сол бара. Јас би одделила соби. Тоа што го викаш ти добро е темпирана бомба никако не наседнувај. И што е најлошо ваквите утре друг ден се жалат како досадиле на бившата жена па уште и алиментација им барала, жртви самци у браку биле. Од ваквиве на мажи што се вистински жртви нема да веруваме. Само цврсто и храбро. За бркањето од дома имаш право да го тужиш не смее такво нешто, а за ударите, кешки да си собирала пријави и лекарски извештаи на времето
Душо ти си жртва на психичко и физичко насилство. Извини ама вака ми делува дека те манипулира т.е.е класичен манипулатор а ти остануваш заради себе не заради децата, постојано од кога почнале проблемите си наоѓаш изговори. Ако е заради децата треба да си одиш што поскоро, она што го доживеале со твое бркање од дома тој стрес ќе го памтат цел живот. Тој стрес само ќе продолжи да им ствара насилно и депресивно однесување зошто како што растат се повеќе се свесни за работите околу себе. И самата кажа дека големиот сака да оди, тоа е затоа што веќе разбира, и за малиот е подобро додека е помал да си оди за да не ги доживува тие стресови. Од личен пример (фамилијарен, близок) мајката остана затоа што немаше каде а детето сега на 30 години е анксиозно и редовно на психијатар заради последиците, сликите од тоа што го гледал и дожививал уште го прогонуваат. Ова со последното како малечкото да го оставиш заборави го, судот секогаш ги дава децата на мајката, бори се на суд и изнеси ги деталите. И ако е заради децата верувај од искуство ти кажувам жногу подобро е развод отколку насилен и токсичен брак. А тој типичен манипулатор кога сака те малтретира а кога сака не, зошто знае дека нема да си одиш. И не, нема да престане малтретирањето, никогаш нема да прекине, ќе си продолжи. Посети и психолог, психијатар, сепак си жртва на насилен маж.
Марчи, одлуката да го прекинеш кругот на насилство е храбра и правилна. Децата ќе имаат подобра иднина ако растат во стабилна и мирна средина, без разлика на тоа дали се со двајца родители или само со еден. Немој никогаш да се сомневаш во твојата способност да се справиш со ова. Природно е и нормално да се грижиш за тоа како ќе ги разделиш децата од таткото. Само не заборавај дека твојата присутност за децата е исто толку важна. Малото, секако дека треба да го земеш со тебе. Нему му останува правото да биде родител и тоа никој не може да му го одземе. Што значи, можете да имате и заедничко старателство. Иако, со сопруг кој врши психичко и физичко насилство и со родител што удрил дете, треба да размислуваш во правец дека истото може да му се случи повторно. Дури и со малото.
Дефинитивно траба да се разделите, нема што повеќе да се размислува. Јас како мајка на две деца, од кои поголемото е исто поврзано со татко и повеќе, потполно те разбирам. Ни да го земеш, ни да го оставиш, ни пак да ги разделиш двете деца, никако не е. Не е па ни толку мало па да не можеш да го прашаш. Кажи му дека ќе одите на друго место да живеете, види што ќе ти кажи. Дете ко дете, ќе сака може прво да остани, па откако ќе заминете да му фалите и да се предомислува, ама со него на почеток ќе мора да правите така како што тоа ќе посака и на почеток можеби да се "шета" еден ден кај едниот друг кај другиот, но за некое време ќе се прилагоди и ќе сфати каде сака да биде. Прво разделете се, види како ќе биде со помалото, па потоа судски според тоа ќе барате одлука.
@marchi-cool Дали си вработена и дали имаш во прво време каде да се сместиш со децата? Децата ни под разно не ги разделувај, малото немој да го оставиш,таткото ќе си ги гледа како ќе му одредат или ќе се догооворите. Најбитно е да имаш прилив на пари и дом каде ќе одиш.
Прво-имаш ли каде да заминете? Второ- заминуваш со двете деца. Не знам јас какво е тоа, малото е по поврзано со татко му, по дефиниција на помало дете повеќе му треба мајка. Е сега, ако е просторно и/или финансиски тешко да се снајдеш со 2 деца е друго, ама сигурно нема да му биде подобро со татко, отколку со мајка (ко што му е краток фитилот и паметот на ,,мажот,, така ми се чини).
Ti navistina si hrabra zena. Ako imas vrabotuvanje, baraj privremeno nekoe stance i zaminuvaj spasi se i ti i decata. Decata i dvete so tebe,pocetokot e tezok no prepreka po prepreka ke ja nadmines. Obezbedi im miren zivot na decata i samata sebesi. Zivot so takov manipulator ne e zivot.
Штом е куќата стекната во брак секако би требало да се дели, консултирај се со адвокат околу ова. Инаку самата приказна си кажува доволно дека во таков брак не треба да останеш. Децата никако да ги делиш, двете со тебе а старателство и право на гледање ќе си се одреди секако, доколку не можете сами да се договорите. А со ваков "човек" договор тешко. Со среќа и биди храбра само
Пријави во полиција следен пат ако има насилство, полека пакуван се за одење, оди кај мајка ти. Оди на психолог, психијатар, предолго си била жртва. Кога ќе се преселиш ќе му пуштиш тужба за развод. Куќата ќе се дели исто со друга тужба. Пиши ми.
Јас само да ти пружам поддршка, немам лично искуство со ништо од ова и МНОГУ МНОГУ ми е жал што сето ова си го трпела со години. Налет сè останато, најмногу ти посакувам да собереш сила и да си заминеш, НИКОЈ не заслужува ваков живот. Ако е таткото татко, може да биде секогаш, независно од бракот со мајката. Но ти, а и постарото дете, не треба ова да го трпите. Одлуката е секогаш твоја, но најискрено се надевам дека ќе одлучиш да си заминеш. И малото со тебе.
да, вработена сум. Имам кај да идам но секако прво треба да разговарам со татко ми. Само него и сестра ми ги имам. Не знаат во каква состојба сме. За да не ги вознемирувам. Ќе ми биде мисла додека сум на работа што ќе треба да ги оставам. Ајде големиот е самостоен. Друго, му треба информација доколку некој знае. Дали можам да добијам помош од социјален психолог? Дали треба да пријавам во социјално, колку тоа би ми помогнало? Потребна ми е стручна психолошка помош за почеток. Јас не сум тип на човек кој за инат и на нервоза прави се. Сакам да сум стабилна и спремна бидејќи ќе треба и ба народот да му се објасни, на фамилијата на сите со низок менталитет