Немам искуство што како каде да направиш да се обратиш. Поискусни нека кажат. Ама ќе ти кажам на народот и на сите останати нема што да им се објаснува. Освен на твојте дома да им објасниш и на оние каде ќе се обратиш за помош, на другите ич ама ич гајле да не ти е. И најдобра да си и најлоша да си пак ќе си збори народ. Ич да не ти чуе за тие што немаат никаков фактор во твојот живот. Конкретно за психолог стрикно за себе да посетиш за да бидеш стабилна за сбе и својте деца.
Не ги оставај децата, ако заминуваш, замини со нив. Ако заминеш сама, после ќе имаш проблем за старателството, големи се шансите да му ги доделат на таткото.
Да, можеш да се обратиш во ЦСР и да замолиш да те поврзат со психолог. Друга опција е да се обратиш тука https://glasprotivnasilstvo.org.mk/our-services/psychological-counseling-and-support/ Зависно од кој град си, имаш е-маил да им пишеш и телефони да се јавиш. Првиот чекор е најтежок Марчи. Поврзи се со други жени кои поминале низ истото. Сè можеш, само прекини го кругот ти, оти некој мора
Одлично штом си вработена. Прво разговарај со татко ти. Објасни му што се случува, кога ќе добиеш негова подршка ќе ти биде ветер во грб. Психолог може да ти закаже матичниот доктор преку мој термин исто така.
Има броеви за семејно насилство, собирај храброст пријави го и избркај го куќата на оглас. Децата ќе си ги гледате по пола и тоа е тоа. Со таков мисир не треба 1 ден да трошиш...млада девојка тек е животот пред тебе. Ич да не те боли за фамилија. Само ти и децата.
Не треба да ти е тоа важно, најважно е да се спасиш со децата од таму. Не ти треба одобрение и дозвола од никој. Само гледај си ти и децата да бидете добро.
@marchi-cool држи се, имаш поддршка и од мене. За народот што ќе збори ич да не ти е гајле. Во секој случај секогаш ќе има некој што ќе каже по нешто па макар и да си најсовршена. Нискиот менталитет кај други луѓе никогаш нема да можеш да го издигнеш. Најбитен е твојот менталитет и тоа што си собрала храброст да го смениш за себе и за децата. Верувај дека и децата ќе ти бидат преблагодарни за овој храбар чекор.
@marchi-cool види јави се во ХЕРА. Имаат Центар за советување на жртви на семејно насилство. Претежно работата со луѓе од Скопје ама ќе знаат да те упатат што и како да направиш. Повели информации Прв семеен центар на Град Скопје – ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување. (02/3200 007, +389 70 249 596). Има и СОС линија за жртви на насилство Кризен Центар „Надеж“ – 15-315 (Национална СОС линија 15 -315 и Телефонот на Доверба 02/3 173-424). Секако дека треба да стапиш во контакт со Центар за социјални работи особено ако се работи за семејно насилство. Е сега добро е да имаш и некои докази за насилството (кога е документирано полесно се докажува. Дури и ако на гинеколог при втората бременост има во картон забележано дека имаш модрици тоа може да биде доказ). Она што сега се случува е период на примирје и тоа е всушност тоа што ги тера жените да останат со насилниците (извинувањата, нормалноста и слично). Храбро е да решиш да почнеш нов живот, особено после насилна врска. Штом веќе си решила почни со конкретни чекор. Отвори се на твоите и јави се во ХЕРА или на СОС линијата. Ќе добиеш добри насоки што понатаму. Односот на децата со таткото може да продолжи ако не е насилен кон нив. Мали деца секако на мајката најчесто се доделуваат при разводи така што и малото дете би ти припаднало тебе, а таткото би имал право на заедничко време со детето (пример секој викенд или еден викенд или неколку дена месечно и слично). Така што нема да му го земеш таткото на детето туку само ќе го заштитиш од насилство.
Закажи си сама на психолог, ти кажав, тоа ти треба не зашто ти си инат, туку дека имаш реални проблеми. Пред да помислиш дека нешто не е во ред со тебе погледни ги тие околу тебе.
Пробај преку матична, образложи зошто ти треба и ќе те поврзи со психолог. За вакви работи излегуваат пресрет со лице кои има претходно работено со жртви на семејно насилство, нема да се осетиш ,,заглавено" дури споделуваш. @marchi-cool
@marchi-cool Единствената правилна одлука е да го напуштиш и да се заштитиш себеси и твоите деца. Излези од улогата на жртва и не му дозволувај така да се однесува со тебе. Биди силна, законот е на твоја страна. Имаш предност затоа што многу жени немаат поддршка од фамилијата. Ти имаш поддршка плус работа плус место за живеење. Се ќе се среди. Најди добар адвокат за развод и советувај се со него. Таму ќе ги добиеш најдобрите совети за почеток на крајот. Децата и двете ќе си ви земеш , не ги разделувај, треба да растат заедно и сигурно тој нема да се грижи подобро за нив од тебе. Дефинитивно на твојот маж му треба помош од психолог, психијатар. Агресивен, не може да го контролира бесот.. Ама ти не си одговорна за него, само за вашите деца и за себе. Немој да чувствуваш вина. Си ја донела најправилната одлука. Ако и тебе треба професионална помош барај психолог за поддршка низ процесот.
Ама полиција што имаме... Ене ја онаа Емилија Пешева пријавувала во октомври во полиција дека дечко и ја тепа, зљ да во ноември дечкото ја убие. И кај е тука полицијата да го спречи тоа? Нема заштита тука од полицијата.
@marchi-cool не се познаваме, но сакам да ти кажам да останеш силна и да бидеш решителна во одлуката, а одлуката можеш само ти да ја донесеш. Пред се заради себе и твојот раат и мир, а секако и заради твоите дечиња. Никој не заслужува да трпи насилство од било каков тип и да живее секојдневно во немир и страв. Децата не се ништо криви, а веќе се доволно истрауматизирани. Секако ќе им биде тешко да се одвојат од домот и од татко им, ама нема поголема траума од тоа да останете таму каде што тој што треба да ве заштити и сака го прави токму спротивното. Како вика изреката: ПОДОБРО УЖАСЕН КРАЈ ОТКОЛКУ УЖАС БЕЗ КРАЈ! Ти посакувам да бидеш храбра и силна, и иако те чека борба издржи, бидејќи после се ова ќе се препородиш и ќе можеш повторно да дишеш слободно.
Имам блиска роднина со 2 деца,колку години треба да биде детето за да му го увазат ставот во социјално дека по своја волја сака да живее со еден родител ,сопругот има врски и адвокати .Таа се плаши дека ке и го земе помалото дете од 9 години,не се разбирам од закони и не знам кај да упатам?
https://esem.org.mk/ +38971266101 Побарај ги, имаат бесплатни адвокати и психолози. Ќе помогнат се надевам.
Колку што јас знам, детето треба да има 13 години. Толку години имаше моја другарка кога ја прашале со кого сака да живее по разводот на родителите.