Болдот: Нека ти е здраво и живо малото ама да те прашам, со кој памет си планирала дете а уште неземени. Ај да ви се згрешило ( мада и тоа не вервам во денешно време) ама велиш си планирала дете со него а ништо не средено!!! И зашто не седиш кај неговите додека да се среди станот? Или тој кај твоите?? Овде мене не ми е све на чисто.
Паметно кажано теси Како и да е јас би и препорачала од сега па натака само оптимистички да гледа на животот. Животот е еден, вреди ли вака да се помине? Само со оптимизам за подобро утре, бори се за себе и за своето најмило да го изнесеш на прав пат, се друго е небитно. Сме направиле голема грешка, тоа ти е јбг, неможеме да се убиеме или да се дрецкаме од земја зашто вака, зашто не е поинаку. Јас од се едно нешто го извлекувам само позитивното, ма за што било и да станува збор. Таква сум по природа. Да седам и да се самосожалувам, или пак бог да чува да чекам другите да ме сожалуваат не иде во предвид. Од целава моја ситуација и не е се така црно Место да идев по фитнеси, анти-целулитни масажи и да се мачев со диети разноразни (која како сака нека ме свати за ова ) јас на нервна база се стопив, послаба сум и од пред да останам трудна шо бев. Гледате се си има и свои добри страни
Жалосно е што многу бракови се склучуваат од финансиски интерес-било од женска страна да е или пак од машка страна.И бракот ќе „биде супер“ се додека се даваат пари,прилив од старите или од финансиски јакиот парнер.Кога ќе секнат парите...е тогаш се гледа љубов дали има.... Да,Теси добро вели-кој дава пари-инвестира во бизнисот-тогаш на негово име да биде и бизнисот....останатите за плата и мал дел од добивката. Најмногу ме нервира кога на туѓи пари некој се прави газда,а гол ко пиштол-ништо свое нема.
^^ Од таков пасивен оптимизам си дојдена на ова дереџе лила. За некои работи во животот треба и разумот да го вклучиме и сами да се избориме. Сеа првенствено е детето да ти е живо, здраво, спокојно. А твојата линија, фитнес салите и козметичките салони доаѓаат во втор план.
Кога ќе си направам една мала ретроспектива, да има логика да е со мене од интерес. Можеби уште неможам да си го признаам најпрво сама на себе тој факт, а после да го кажам на глас или во случајов да го напишам тука. Искрено многу ме навредува самата помисла дека он бил со мене само од интерес. Не ме познавате, да не испадне дека се преценувам, но искрено никогаш не сум се ни потценила. Си имам јас и други квалитети освен што имам т.е моите имаат пари. И ај да не биде муабетот ја нема циганката што ме фалеше сама ќе се фалам, но реално фала му на Господ ништо не ми фали. Убава сум, згодна, паметна, нормално со свои доблести и маани, но никој не е совршен така? Пред него сум имала две врски, една подолга и другата околу 2 год. Не ми одговарале, ги откачив. Дека ме сакаа во тоа не сумљав никогаш. Така што не гледам причина зашто мм да не ме сака и да бил со мене само од интерес. Да постои фактот парите, но што може да променат тие. Единствено можат само да ти го олеснат животот на материјален план, ништо повеќе. Незнам можеби грешам, дека јас не сум материјалистка си мислам и он е ко мене.....
Не теси грешка си, јас во прв план фитнес салите и козметичките салони ги ставив Бог да чува!!! До мене е или сериозно сум погрешно разбрана????
Lilaa еве јас најискрено се согласувам со тебе во поглед на козметичките салони и се по ред. И јас сум си навикната на тоа да одам еднаш неделно на фризер, два пати на маникир, па на масажи. Но, затоа гледам да најдам некој кој нема да ме тера да го сменам тоа што сум, моите навики и слично. Кога би имала дете секако неговите потреби би биле на прво место, но за ништо друго не би си запоставила моите задоволства.
A зошто тогаш кога ќе ја добие финансиската доза од твоите не се јавува, ни прашува за тебе ни за дете, ни за ништо? Не викам дека не си убава, ама дури и да си, уште подобро за него. Приоритетот се гледа кој му е, а твојот физички изглед може да му е олеснителна околност. Во стил „Барем нема да морам да трпам некоја грдосија, ем убава жена за кога ќе ми се присака, ем шушките од нејзините се тука.“ Ако те сака главно ради парите, не значи дека ти не вредиш повеќе, туку значи дека он е лесно купопродажна роба, да не употребам лош збор, нема потреба. Колку и да те повредува ова, тоа е најблиску според однесувањево до неговите чувства. Не се потпирај на убавината, денес ја има утре ја нема. Лошите одлуки се тие кои ќе те чинат цел живот. И среди си го однесувањето. Никој од овде што те советува не е најден на улица. „Срам да ви е“ и „Бог да чува“ на тие по дома можеш да им викаш. А ако не ти се допаѓаат советиве тука, не ги ни барај. А така.
Мислам дека тебе ти е малку тешко лила(нормално) да прифатиш дека можеби бил со тебе заради парите. Значи никој од нас не може да тврди дека 100% бил со тебе ради тоа, ти најубаво треба да знаеш. Ама ти си заљубена.Најубаво ако веке решиш да му се вратиш не зимај пари од твоите, па со ВАШИ пари изнајмете си стан па почнете од 0. Кога ке му предложиш вакво нешто и кога ке почнете така да живеете ке видиш дали е стварно со тебе ради парите или има и други причини. Многу е потешко кога од многу пари треба да се навикнеш да живееш со помалку, и ретко кој може да се навикне на тоа. Али нема ништо поубаво кога ке знаеш дека ти сам си створил се што имаш и колку си се борел за тоа.
Фала нена што сме свати, нормално дека пред се гледам и ќе гледам на детето, да не давам примери па пак погрешно да сум сватена. Пред се за него да има, ништо да не му фали, па после за мене што ќе остане ќе си го искористам на моите потреби, навики и сл. Но јас со мм наидов на проблеми и за ова. Зашто најскапото млеко, најскапите пелени, шишиња, влажни и сл. Божем он со негови пари купува. Само му одговорив зашто сакам моето дете да го има само најдоброто, кога можам да му го овозможам тоа (т.е моите) зашто да не, нели? Теси не е само и физичкиот изглед, најмалку пак на него се потпирам. Карактерот мила моја, човечноста и ред др работи играат најголема улога врз личноста на една индивидуа. Сето тоа знам дека го поседувам, дали ме сака мене ко личност или парите на моите тоа само он си знае. Ние можеме колку сакаме да нагодуваме и да се убедуваме.
Tи реков ли ја дека не ги поседуваш? Ако продолжиш вака да ми ги искривуваш зборовите, ќе почнам искрено да се сомневам во вистинитоста и интензитетот на сериозност на работите кои тука си ги пишала. Ако некој е нечовечен, знаеш колку му вреди твојата човечност и карактер? Компирче, нула. Тој не знае ни да ја препознае. Ако тој не ги гледа квалитетите кои ги имаш е негов проблем, не твој, тоа сакам да ти кажам, ама очигледно освен мт сите тука сакаш негативно да ги разбереш.
Абе од првиот пост се гледа дека или дефинитивно е растроена па затоа и сама со себе се буни или е до толку размазена што ете..., а не па нас во прав контекст да не разбере.
Баш така и планирам ако останам со него. Пари од моите ќе зимам само јас знам за што. А за него да го облекувам, пари за на работа секој ден да му давам и ред др работи нема повеќе. Ете му ги неговите, нивен проблем веќе. Не сакам во детали да зборам но пукнат ми е филмот веќе од сите. А од неговите пак....ќе останам без коментар. И да решението за да се спаси бракот дефинитивно најпрво што треба да направиме е да се иселиме од таму.
Па ако се отселите ке го уценуваат нема динар да му даваат и пак ке е на твој терет. И тек тогаш кога нема да се умараш со тоа какви се неговите повеке со него ке се умараш..ке сконташ дека требало да се разведете. Врти-сучи на крај исто му доџе.
Вака да те прашам кога ке ти се скинат фармерки купуваш нови или ги шиеш милион пати? Ке ги сошиеш еднаш, два пати, три пати, ама не иде после така да ги носиш нели?
Теси ги поштувам твоите мислења, а така напишав зашто ти никаде не го спомна мојот карактер и човечноста во мене, па само се надоврзав на твоето мислење. Сорри ако грешка си ме сватила, нити те нападнав нити нешто сл. Да диги, размазена сум. Што да правам сега? Не сум јас крива што сум ваква, криви се моите што малку повеќе ме размазиле. Незнам што ти е финтата со муабетов? Мислам дека знам....за купувањето алишта, секој месец идев у шопинг и си купував нови алишта, од коа сум со мм, од мојот буџет за шопинг ќе издвојам и за него, или пак ништо нема да ми се свиѓа па се ќе иде за него. Се свативме?
Лолаомном метафорички се изрази не буквално, ако успеав добро да сфатам. Не мисли буквално на фармерки, туку на нешто друго што ти упорно пробуваш да го поправиш, ама пак не е како што треба. Мислам дека сега е јасно, нели?