Како јас на родител од 76 години да му објаснам зошто се враќам дома со деца? не знам ни како би се снашла сама да ги издржувам децата.
Со оглед на тоа што си во многу тешка ситуација би ти рекла да ја кажеш вистината, така како што е. Ако кажеш дека си потскарана нема да те разбере дека е сериозна работата, башка за потскарување никој не си оди од дома со децата. Се надевам дека ќе биде во твоја полза.
Не знаеш какви луѓе се постарите, може тешко ќе му падне ако му каже директно. Можеби е многу емотивен. Затоа е најдобро во поблага форма, па со тек на време и целата вистина. Јас на баба ми кога и кажав дека раскинав со бившата, притисокот 200 и отиде. Ептен ја сакаше.
Знам какви се, затоа викам дека може да не ја разбере сериозно ако каже дека се потскарале, сигурно ќе мисли дека е некоја ситна кавгичка во прашање која може брзо да се реши. Мислам дека членкава е во многу тешка ситуација и нема простор за поблага форма. Секако вистината мора еднаш да се каже, дали сега или утре исто е.
Не е исто дали денес или утре. Барем кај постарите не е исто. Најдобро е да му кажува на ,,епизоди" за да не му дојде наеднаш. Сепак ова не е мала работа.
Сепак јас не мислам дека е паметно да се цепка приказната. Денес едно, утре друго, во меѓувреме прашања еден куп, притисок од сите страни, уште тоа и фали секој ден ко на испит. И секој ден да дознаваш по некоја лоша информација не е на добро. Крај краева членката си го познава родителот каков е карактерно и ќе си одлучи како да постапи.
Или сепак најпрво со сестра ми да разговарам. Немам мајка за жал. Ама па од друга страна (да не се изразам лошо) да богу што не е тука за да го дочека и доживи ова.
Со кој мислиш дека е полесен за разговор и за разбирање, со тој. Ако сестра ти е поразбирлива прво неа објасни и ја ситуацијата, за да имаш плус поддршка.
Ти си го знаеш татко ти, и во каква состојба е и што би му било маката. Со паметот како е, со темпераментот како е, повеќе мака би му било од што ќе кажат комшиите или ти што си трпела. За издржување, штом имаш кров над глава, ќе се издржува некако. Најбитно е за децата да не растат со насилство, ама и ти, колку години трпиш и уште колку треба да трпиш, и за што уствари?
Ако ти е проценкара прво со сестра ти тогаш прво со неа. Не е страшно да се вратиш кај татко тинсо две деца. Страшно е децата да растат со насилство. Ама побрзо реагирај. Ти пишав и да се јавиш во ХЕРА или слично место. Имаат психолози и тимови што ќе те советуваат како да пристапиш.
Ќе ја кажеш вистината. Најпрво ќе кажеш дека тоа се случувало долго време и ти во обид да го зачуваш семејството си го криела тоа. Но, дошло момент кога мораш да ставиш крај, опасна е ситуацијата за тебе и за твоите деца. Биди искрена и верувам дека ќе добиеш разбирање. Не знам како одат работите за добивање алиментација, но треба и тој да сноси дел од трошоците.
Не се проблем алиментација и трошоците. Вака додека сум на работа тој е со нив знам не се сами. А кога би заминала ќе треба повеќето време да се сами. Којзнае дали ќе сака да го зема и да ги гледа. Инает голем е. Егото - зошто сум змфмаинала и го оставила ќе ми направи уште проблеми. Еднаш дури и ми рече ќе те прежалам ќе одам и во затвор и тогаш ќе биде тешко на децата.
Краток му е фитилот или само брз јазикот? Ако е првото, па и не е безбедно да одиш кај родител, ти треба друг град и безбедна куќа, да нема поим кај сте дури да му помине беснилото. Повеќето мажи се само брзи на јазик, ама па им поминува, но само ти знаеш колку може да е реално опасен.
Дали те тепа? Ова е закана, пријави го во полиција и бегај од таму, оди во центарот за социјална работа, од таму ќе ти најдат засолниште. Зашто го трпиш ова?
Нема шанса спогодбено да се разделите? Он секако те брка, иде со други жени, со твоето одење ќе му дадеш слобода да прави што сака, и со жени и со животот. Децата сеуште може и треба да ги гледа, исто може да седат со него додека си на работа. За издржување, он работи? Сепак 12г сте во брак, може треба со арно да му кажеш дека подобро е ра се разделите без закани. Не знам, бар да пробаш. Со неубаво секогаш може да си отидеш.
Марчи те знам одамна од форумов, секогаш си била стабилна, интелигентна, силна, снаодива. Искрено, не очекував дека се соочуваш со таков брак. Мислам дека многу добро знаеш што треба да направиш, јасно ти е, смао ти треба или храброст и поддршка, или капката што ќе прелие. Татко ти иако е 76 години, не е прост човек чим израснел ќерка како тебе. Оди сама и кажи му се, пап книга да раскажуваш. Од почеток како те малтретира, како те исфрлил, како те тепал трудна, како ти го тепа детето. Извини му се што не си му кажала порано. Кажи му дека немаш ниедна друга опција и човек у животот и дека само тој е да те заштити. Замоли го да те заштити. Прво, родител е, второ маж е, и тоа му е крвта - да биде заштитник. Не му дои со зборовите - ќе се разведам и ти ќе не чуваш. Така правиш шок и негирање. Ќе мисли дека е импулсивно. Вака, смирено, збор по збор, кажи му дека он е единствена гранка во твојот живот за која можаш да се фатиш. Не верувам дека ќе рече не - кога сте живееле сите кај него, не било проблем, сега па без маж ти подобро. Додека си на работа децата се во школо/градинка. Запиши ги на часови некаде. Објасни на работа дека поминуваш низ ужасно тежок период, дека ќе дадеш се од себе да работиш, ама ти треба малку разбирање во случај да мораш порано да излезеш или што и да е. Многу жени се самохрани и успеваат. Ќе успееш и ти, ама под услов да не те убие дотогаш. Гледај си ги децата, живеат во терор. Малото може го сака, ама и оно гледа дека мајка му ја тепаат. Не е ни за нив ни за тебе добро.