@marchi-cool Седни ги заедно со сестра ти. Кажи ја искрено твојата ситуација дека е бил насилен повеќе пати, вклучително и додека си била трудна. Дека е бил насилен пред децата и дека и детето го има удрено. Дека те брка од дома ти ја има фрлано облеката и дека оди по други жени. Без многу детали ама искрено ќе си кажеш. Кажи дека се плашиш за својот и животот на децата ако останеш таму и дека ти треба помош. И посети адвокат што се занимава со разводи. Он ќе те упати што како да правиш. Чувај пораки ако има каде што ти се заканува.
Со таков насилник јас живеев, кога отидов на психолог, психијатар, социјален работник, тогаш сфатив дека треба да го напуштам. Ете, она има татко и сестра, се надевам ќе ја поддржат. Има многу работа.
проблемот потегна друга насока за жал. Не сакам овој проблем да го продлабочам тука. Инаку секако дека ми помогнавте со споделените мислења. За овој период видов кој ме напушти и кој ми помогна. Очистив некои пријателки од мојот живот. Воглавно се почнува да се средува. Ви благодарам на сите
Ти разведуваш брак, не родителство. Ќе се договорите за чување, дали за викенд кај него, дали по 1 недела ќе се менувате, ако е добар родител, нема што да те плаши.
Лесно е за објаснување. Не знам колку години имаат, но ако се доволно години за да сфатат, ќе им ја кажеш вистината директно. Е сега не до детаљ зошто се разведувате, ама можеш да им кажеш дека (ќе) се разведувате и дека ќе живеете одделно со нивниот татко. Ако го сакаат премногу таткото, ќе те (за)сакаат и тебе. Можеби тој поминувал повеќе време со нив и затоа повеќе го сакаат, но и не мора да значи.
И мојот е многу врзан со татко му, ама ќе се навикне.Не трпам заради детето да седам со некој кретен. Поубаво во мир сами, отколку во драми и расправии заедно.
@marchi-cool извини може се средила ситуацијата не знам, но сакам да ти дадам ОГРОМНА ПОДДРШКА НИЗ ШТО ПОМИНУВАШ! Слична ситуација имаше во моето семејство пред неколку години, каде исто беше со семејно насилство. Можеби искуството ќе ти помогне. Прво нешто ако се одлучиш за напуштање на маж ти, најди заштита. Разговарај со сестра ти, пријатели, некои кои можат да те заштитат привремено. Ваков тип на насилник, откако ќе кажеш дека ќе го напуштиш и увиди дека нема да може да те задржи со манипулација, ќе почне да ти се заканува, може да почне да те следи и да ти прави дополнителни стресови со пораки, закани дури и вознемирувања на телефон. Бидејќи ќе разбере дека навистина ќе го оставиш и бесот ќе порасне а со бес се раѓа и насилството. Чим ја најдеш заштитата, почнува силна борба... Мораш да почнеш со пријави и во полиција и во социјално. Ова е потешко, бидејќи на секоја негова закана ќе треба да пријавиш. Но бидејќи овој тип на луѓе, покрај заканите ќе се обиде и да те манипулира.. на пример: Ќе ти вика дека ќе те убие, дека ќе оди во затвор но ќе ти донесе пресуда, највеќе ќе те погодува околу децата дека ќе останат без мајка... но после откако ќе го пријавиш ќе сврти на манипулација.. Те молам врати се дома, за децата, ќе се променам, да не растат децата без родители и слично... Обиди се колку и да те боли, да не паднеш на манипулација. Бидејќи еднаш ако те удрил, ќе те удира многу почесто. Големиот добил шамар, утре ден може и да го претепа. Малото еден ден ќе порасне и тоа, сигурна сум дека ќе биде почесто насилен спрема нив. Најбитно е да ја најдеш заштитата и поддршката во овој случај. Извини, убаво е и татко ти да знае но е премногу стар за да те заштити на некој начин. Он ако е насилен, може да дојде и кај татко ти да те истепа... Обиди се кај сестра ти, ако имаш зет да те заштити, пријател, колега... Не си свесна колку многу луѓе се со домашно насилство... ќе најдеш голема поддршка. Исто така, најди адвокат. Можат исто така да ти доделат и преку социјално. Адвокатот ќе те насочи како да постапуваш понатака. Знам дека е многу тешко поради децата, но замисли како ќе биде кога децата ќе пораснат и ќе гледаат како мајката ја бркаат од дома бидејќи одбила односи. Каков пример им давате како родители? Подобро е да се отргнеш од тоа место и да започнеш (на почеток турбулентно) но после одреден период ќе биде многу помирно и хармонично. Но очекувај борба. Тешка борба. Но ќе се среди. Само биди упорна. Немој да се казнуваш да бидеш со човек што не го сакаш. Се што чувствуваш и притискаш во себе ќе ти се удри на друг начин, дали психички дали здравствено. Заслужуваш да бидеш среќна, а во таа ситуација кај што си сега едноставно не си. Нека ти биде цел да се грижиш за себе и за децата. Ако си ти несреќна, верувај ми и децата те чувствуваат, го осеќаат твојот немир и твојата несреќа. Мисли на себе и мисли на нив. Не заслужуваш да трпиш нешто во кое ти создава чувство на гадост, кај што немаш љубов ...
Maski deca ako rastat so takov nasilnik,psihopat golema e verojatnosta i tie utre da stanat takvi. Treba da se misli prvo za tie deca,pa posle za sebe i definitivno clenkata treba da se razvede od takov necovek.
Ова многу ми личи на оние моменти не бил тој крив, јас сум крива и другарките. Стварно се надевам дека не е така и дека сте го оставиле ❤️
Здраво. Би сакала да споделам некои мисли што ме мачат,па можеби ќе добијам некој совет. Во брак сме 12 год. Возач е 7 год ,имаме едно дете. Пред да почне да работи како возач ми побара развод. Го молев да не ме остава каде со дете ќе одам. Сега мислам дека ми е грешка. Не сме среќни,воопшто,немаме комуникација,се е во ред ако е по негово. Веќе не сакам вака да се чуствувам,сакам да сум среќна. Најмногу ми е за детето, има 10 год многу работи разбира,како да и го објаснам тоа на неа. Немаме разбирачка ,ништо. Можеби и далечината си го направи своето,што би кажале ,брак на документи. Тој си има свои навики,јас со детето свои. Кога дојде ,се чувствувам како да се гушам. Не сакам веќе да се чуствувам така.
Зошто побара развод така од никаде? Ако пред да замине да работи како возач ти побарал развод, значи не одел да работи за вас, туку за него. Колку често се слушате? Врските на далечина бараат многу време да се помине на телефон и многу посветеност. Сепак друго е и врска на далечина и брак со дете на далечина.. Ама чудно ми е тоа што заминал и 7 год веќе така, разбирам 2-3 ако било криза за пари.. Колку се труди тој за бракот? Колку му е гајле за детето? Ако осеќаш дека не ти е убаво во бракот разведи се, детето ќе те разбере секако татко му го нема постојано тука исто ќе му биде ако сака да го види ќе го види кога ќе дојде тој тука..
Не ни одеше воопшто тогаш. Не дека сега е подобро но тогаш беше страшно. Никакво почитување, нон стоп кавги,претење дека ќе се самоубие, ако за нешто се побунам,се треба да кажам да,дека ќе се согласам за се. Долга е приказната ..
Како што кажав ,долго е и широко, но секогаш треба да биде како тој ќе каже. Седев ради детето, немам поддршка од моите,но веќе не можам. Му велам не сакам да одам кај што ми е непријатно,во смисла негова фамилија колеги,итд тој веднаш реагира бурно. Не сакам да глумам веќе дека сум среќна. Но,како тоа да кажам на ќерка ми, мн е емотивна и позрела за нејзините години. Како ќе влијае тоа на неа? Јас чувстувам дека нема љубов меѓу нас, но и огромно непочитување, понижување. Имам пишано како ме беше понижил и од тогаш не можам веќе. Тоа се случи минатиот мај. Оттогаш се смени во мене нешто, сфатив дека тоа што посветив 10 год само со детето, без да работам бидејќи не ми дава,треба да бидам дома да гледам куќа дете итд,дека само е потрошен живот. Едниствено успеав ќерка ми да ја воспитам правилно , сите ја фалат колку е добра и културна и добар ученик. Само тоа ми е светла точка. Но,таа си расне а јас сум и осамена и невработена и без мн социјален живот. Не сум среќна