А зошто мислиш дека ќерка ти не е свесна дека ти си веќе несреќна? Она е свесна сигурно и го гледа тоа, и го осеќа. Едноставно ќе ја седнеш и ќе и објасниш, некогаш доаѓа до ситуација каде што мажот и жената повеќе не можат да живеат заедно, им се разделуваат патиштата. Голема е и ќе разбере. Башка во блиска околина сигурно има другарки или блиски што се со разведени родители, не е нешто што е чудно или прв пат нејзе ќе и се случи. Може во прв момент нема да и биде сеедно, ама со оглед на тоа што секако не го гледа често татко и, и повеќе е на терен, а она е со тебе, нема да осеќа некоја којзнае колку голема празнина.
Човекот те манипулира, не верувам дека ќе се самоубие затоа што ти не си се согласила со нешто, те лаже така за да ти ги држи конците во рака. Мислам дека треба да се разведеш, никој не заслужува да биде приморан на нешто, и да биде третиран вака. Детето ќе разбере, нема на почеток да му е сеедно, ама ќе разбере... Кое дете сака мајката тажна да ја гледа.. Осеќа таа, гледа се..
Не можам да замислам човек на 30-40 години со дете и фамилија да се заканува дека ќе се самоубие, да се изразам најучтиво што можам, подетинесто и поглупаво нешто не сум слушнал. Со такви глупости, не верувам дека е до тоа дека има друга или му е потребно подршка во тежок период од животот, по тоа како се однесува со тебе и детето, едноставно човекот има многу "бубачки" во глава, и најдобро е да си гледаш за себе и детето како најдобро да излезете од овој брак.
Извини што ќе ти дадам мислење од подруг аспект. Велиш си невработена, дали сиве години ставаше нешто на страна? Јас сум секогаш поборник за жените да се финансиски независни, зашто кога се, и те како се третирани поинаку од мажите.
Ова е врвот на манипулатор, те врзал свесно да немаш свои пари, за да те манипулира како сака, и за жал тоа му успева, и ќе му успева се додека не ставиш конечен крај, и почнеш да заработуваш свои пари.Ќе се убиел , а он бил тој што барал развод?Не те осудувам воопшто, само никогаш не сум можел да разберам во 21 век, како дозволувате некој да ве контролира како да сте му роб? Немал да ми дозволи, да работам, напредувам во животот и кариерата, па каков сака нека е бре, има да го избришам у моментот од животот.Далеку е ова од брак и љубов, бегај од овој што побрзо толку подобро.
Се сеќавам на тебе. Во темата жени домаќинки го бранеше статусот што го имаш, велеше дека е добро да си дома, да не работиш и да си го гледаш детето сега друго пишуваш. Те направил зависник,да зависиш од него. И лани пишуваше дека ке се разведеш кога те навреди за брчките. Зошто уште чекаш? Има ли шанса да најдеш работа? Детето воопшто не е мало. Претпоставувам си од помал град, таму и кириите се помали, најди работа во некој маркет ако има, бар таму се солидни платите и исели се. Немој веќе да трпиш , да бидеш зависна од него. Плус штом е возач тој не е тука , се можеш да завршиш и стан и работа , а тој појма да нема.
Полесно ли ти е што сега низ нос ќе го истриеш тоа што претходно го пишувала? Инаку и наидов на мислењето, таа вели дека немала избор, не дека целосно сакала. И ја сфаќам, затоа што сите сме опколени со некакви карактери и различни судбини и размислувања. Знам кога, поради одредени научени сфаќања, се лимитираш целосно за да просперираш. Инаку, јас од друг аспект ќе напишам нешто. Животот никогаш не знаеш што ќе ти донесе во иднината, може да биде уште полошо, но може да биде и нешто за кое си сонувала да се оствари. Генерално, зависи од тоа што правиш денес. Ако денес не превземеш нешто, иднината ќе ти биде иста. Затоа што ти покажуваш дека ти се допаѓа фактичката ситуација. Од статус на познато, на никој не му било добро, но ризикот скоро секогаш оди во полза на тој што го врши. И светот да пропадне од тој ризик, носи многу голема поука и те прави посилен и помудар за следните предизвици. Јас би рекла, веднаш да бара работа. Маж што не дава да работиш е всушност само твој робовладетел. Не мора одма да си оди. Но, ќе разбие секојдневие, ќе запознае други личности, ќе добие самодоверба за да може да се бори. Според нејзиното напишано, не ми изгледа како да има, уништена и е. А тоа е од огромно значење за оди напред. Ќе си ги крие парите, секако тој го нема со месеци, кога ќе биде доволно спремна со финансии, барем за 4-5 месеци да си приушти кирија, сметам дека ништо не ја спречува да си замине. Без тактика и план, возможно е да успееш, но кога ќе ги имаш, успехот е загарантиран. Нема што за дете да останува. Што фајде од татко, кој ја дроби психички мајката. Единствено од финансиски аспект го разбирам ова, но со наоѓање на работа, веќе немаш пречки. А на детето услуга нема да му направи што ќе расте со таков татко. Затоа што утре, кога ќе дојде време да бира партнер, многу е веројатно да го бара истото, не знае за подобро. Или едноставно ќе сфати дека таков однос е во ред и треба да замижи на навредите од идниот и маж. Зарем тоа се посакува на сопственото дете?! Тоа ли се придобивките од таков брак? Со среќа, се надевам дека ќе превземеш нешто, а не дојде само душата да си ја испразниш. Од ,,Господ" само ништо не доаѓа, туку што ти ќе направиш сега, за да она што го посакуваш, ти дојде во иднината. @No Makeup
Здраво феминки...многу го пратам форумов.Па дојдов да си олеснам на душата.Бев неискусно младо девојче.Може некој му е глупаво ама имав 20 години.Прва сериозна врска.Тој постар 4 години,мислев дека е позрел.Планови за брак ,дом што ти не.Му најдов пораки на фб како се пушта на една колешка...му раскинав правеше драми фами,ќе се самоубиле плачеше ,колнеше ,молеше за втора шанса..по некое време пропуштив реков ок.Човекот стана најдобар на цел свет.Секогаш кога ќе спомнеше брак , му велев види што и да имало кажи ми ,утре може децата да ни патат.Бракот не е играчка ,за мене е свето нешто.Нема тој само така пишувал,сватил дека направил грешка и се кае.Не ме изневерувал.По една година се земавме.Се ок , најнормално посветен маж ми купува ружи ,човек од страна да ти позавиди.Имавме проблем да имаме дете.Шансите 2 %.Се случува некое чудо и останувам бремена ,на среќата нема крај.Едвај чекам да се роди тоа бебуле..Се е спремно за неа.Јас сум пресреќна...Доаѓа пораѓајот.Ме остави во болница.Пораѓајот претежок ,едвај останавме живи и двете...се ок доаѓаме дома...ама сопругот насамо со мене е друг.Ладен, дистанциран човек.Сметав дека дека е од финансиски аспект,му бев подршка дека ете и за него ова е нова улога.Неговата "втора шанса " јас не сум таков човек траеше 2 и пол години.Секоја втора смена од работа ,доаѓа дома и крши предмети.Зошто сум се напила една чаша сок ,зошто не е потопло во собата а топло е.Секоја вечер молчев и плачев..една вечер, барав за грчеви за бебе.Во избришана историја најдов дека додека бев на пораѓај тој барал масажерки за секс.Го прашав.Два саати ме правеше будала.Накрај се заколна во малечкото.Да биде пострашно ,човекот почна да ме дави .Сакајќи да се одбранам ја раскрварив раната од епизитомијата....ме пушти почна да плаче моли не знае што му било се изгубил....Сите веруваат во мојот среќен брак и колку е тој добар човек..По некое време и кажувам на мајка ми.Тој е сменет ,не знам што се случува ама тоа не е човекот за кој се омажив.Мајка ми ми залепи шамар..стана хистерична како јас сум безобразна ,дрска,што сум сакала од животот.Не и кажав за давањето ниту што прави.Пред светот беше најдобриот сопруг.На само ме игнорираше.Домот ни беше во изградба.И да го прашував за нашата врска ако лажел сега ,значи тој цело време лажел.Стануваше насилен , арогантен....потоа ќе дојдеше со цвеќе и коленичеше да му простам.Ок и му простував.Секогаш мислев ете тој беше најдобриот човек .Секогаш имаше изговори неговите биле проблем,работата....луѓе дознав дека целата врска ни била лажна...му реков најдобро е да се разделиме.Почна да ме уценува дека ќе ми го зеде детето.Потоа не знаел што рекол,па плачење и така у круг..решив да и кажам на мајка ми.Зошто сепак имам малечко бебенце и ми треба подршка.Пред неа се правеше дека тој ништо не ми прави добар човек е .И така јас испаѓав луда.Притисокот од мајка ми беше нереален...кога виде дека сум сама ,тој стана монструм.Непланирано останав бремена по втор пат.Не сакав абортус.Знам како ми беше кога ми рекоа не можеш да имаш дете.Премногу ги сакам децата.Ама си ветив дека ќе имаат среќно семејство.Не им го дадов.Не можам да си простам самата на себе...премногу се каам.Од толку стресови ,имам дереализација ,телото навечер ми се стресува покрај него...и така цели 6 години.Милион разочарувања и празни зборови.Минатите празници се вративме од кај пријатели. Оддеднаш се смени.Почна да вика ,да ме навредува како јас ќе сум одела за нова година кај моите он е на работа ,он не знаел.Почна да ме дави.Всушност, брат ми не покани да имаме дочек кај нив, и маж ми рече не можам јас ете они нека дојдат. Секој ден плачам.Јас имам маж за пред светот ,а во домот сум најосамена, малтретирана жена...сакам да се разведам .Во текот на денот е ова: те сакам не можам без тебе,до сите најгрдни работи. Човекот цело време ме изневерувал во врска ....дознав и место да се покае ете имаме семејство тој стана монструм... Толку сакав да бидам мајка,ми ги уништи сите мои соништата.Станав дух...
Колкави ти се децата моментално? Дали одат во градинка? Дали си ти вработена? Татко ти не е спомнат, ама дали имаш поддршка од него и брат ти? Блиска пријателка, роднини било што да ти помогне да бидеш кај нив? Те прашувам пошто ако имаш било какви шанси и пари во тебе, да собираш парталите и децата и да бегаш од таму. Децата не може да ти ги земе туку така. Старателство ретко даваат на татко, во вакви случаи па ич. Овој си го покажал лицето уште кога пишал на колешка, ама биднало што биднало. На изневерувач не се дава втора шанса, а на насилник па ич. И да сакал да се смени, ќе се сменел, немало да се повторува истото стопати и да трае со години. А мајка ти да не ја есапиш више ич. Многу пати сум рекла, родител што не го боли за тебе, тебе ич нека не ти чуе за него. Абе прстот да ти го повреди некој, она треба да те фати за уши ќе те донесе дома со децата, не уште да те удира и да ти прави притисок.
Многу ми е жал што низ ова поминуваш. Прво седни разговарај со мајка ти и брат ти дека помош ти треба, не го криј каков е, кажи и ја целосно вистината. Капак ти е и таа што го брани, тоа се тие генерации кои разводот го сметаат за срам кој што ќе каже. Ако од нив немаш помош вработи се и прва прилика кога ќе имаш финансии разведи се. Лудак, преку неверство не осудувам кога некој поминува секој си знае за себе, ама кога има насилство гледај што побргу да се разведеш. Пријави го кога ќе бидеш нападната, колку сака нека те моли. Не се оправа таков човек. Прибери се колку што можеш, верувам дека ти е многу тешко ама мораш поради децата. Не мисли на тоа што си замислувала а што си добила. Најважно е дека имаш дечиња на кои им си потребна. Дали имаш финансии? Објасни на твоите се до ситница каков е, ако не те примаат по фб ќе се најде нешто за под кирија. Дали работиш? Секако консултирај се со адвокат ама немој да му ги сокриваш нападите и повредите, реагирај, пријавувај!
Бидејќи се обидува според текстов да ја манипулира и мајка ти, не сум сигурна колку би ја добила поддршката. Консултирај се со адвокат! Адвокатот ќе ти даде насоки како да постапиш, секое насилство да го пријавиш, најди заштита кај пријателка, брат било кој. Но, остави го бидејќи не си среќна ти со него. Он ти дал две прекрасни дечиња и доволно е, биди силна за нив и дај им ти спокојна мајка. А спокојна ќе бидеш подалеку од него