И ти си го прифаќаш фактот дека си размазена и мислиш цел живот ќе ти е песна? Гледаш во каква ситуација си?-Нека ти е ова лекција. Тргни ги розовите очила кои ти ги ставиле твоите и почни да не си размазена. Работи на себе ако не сакаш пак и пак и пак да правиш грешки. П.С. Теси јас во моментов се чудам искрено. Јас имам проблем со себе-простувањето а некој види како вика-јас сум размазена и таква сум.... Ич не и е гајле дали згрешила и каде згрешила...не знам кој е побудала од нас две овде. Јас или таа. Без навреда Лилаааа (шмизлички кажано лилаааа)
Епа мило мие штом си сватила дека ти одвратно дури и да му го чуеш гласот на телефон. На време. Очекувате бебе да, но тој изгледа не очекува, сама си девојко , не сум била на твое место но сите во животот сме биле некогаш сами , животот е неопростлив мораш да застаниш на нозе и да престаниш да размислуваш дека тој постој...и онака е исто како да не постој. Еден е животот немој да си дозволиш да доживуваш нервни сломови кога нешто прекрасно ти се случува, и јас сакам тој да е до тебе ама не е ,едноставно тоа е реалноста со која мора да се соочиме. Штом си решила да разговараш немој да паѓаш на неговиот глуп машки шарм или меки зборови, делата покажуваат повеќе одколку што треба иако не сакаме да ги видиме но некогаш е потребно некој да не фати за коси и да ни речи ГЛЕДАЈ!!! пишини што ќе се случи после разговорот.
Диги, тоа е. Јас се согласувам, дека не треба да и` се лутиме и да ја предизвикуваме судбината, според некои религиозни гледишта, ама oд друга страна пак, Господ не би ни` дал памет ако сме требале да седиме со скрстени раце и да го гледаме животот како филм во кино сала. Така те воспитале, но ти си го прифатила тоа воспитување. Не е вината само во твоите. И мене може да ми викаат дека е кул да се скокне од мост и дека сите го прават тоа, но ако скокнам, тоа е моја вина. Јас имам право да прифатам или да не прифатам нешто што не одговара и што не ми носи среќа во животот. Ако веќе сметаш дека си размазена, поработи на својот карактер, ради детето. Затоа што најмалку му треба да расте во дисфункционален брак со незаинтересиран тато и размазена мама. Сфати ме како сакаш, ми прекипе од правдање, искрено.
Ве сваќам многу убаво, очигледно сте нешто постари од мене и со поголемо животно искуство, така што се што сте напишале најдобронамерно сум го сватила. Да ќе поработам на мојот карактер и ќе престанам да го гледам светот со розови очила, можда имам години не бог знае колку, но очигледно детето во мене уште не излегло. Фала ви од срце, да не бевте вие овие два дена ќе шекнев сигурно. Можеби не треба да ја барам вината во моите родители што животот ми го направиле розов, тргнувајки од собава (од младоста) Треба да почнам малку пореално да гледам на животот, сигурно ке ми биде многу полесно. И во собава многу многу да не седам хахаха па да си мислам дека уште сум 13 години . Поздравче до вас, па како ќе кулминира целава ситуација ќе ви пишам.
^^ Убаво е детето од тебе никогаш да не излезе, ниту од него..но во поинаква смисла од твојата. Инаку лила каков е твојот маж денес?
И он ти е едно недораснато детиште, а ми глуми зрела личност. Уште изгледа си ја нема сватено новата улога сериозно и незнае како да се носи со тоа. Незнам што повеќе да кажам за него. Ме нема побарано, нормално нити јас него. Дали контактира со моите или не незнам. Брат ми ми е малку чуден, па мислам дека он контактира и се гледа со него. Кој знае.....сите колку што сакат повеќе да помогнат не се свесни дека само одмагаат повише. Како ќе се заврши сето ова времето и разумот негов ќе покажат.
Лила едно прашање зошто му даваат пари твоите на маж ти ? Разбирам помош за тебе и детето , ама сега ти си дома , со која цел му даваат пари ?
Девојки утре најверојатно ќе дојде дотичниот. Така нешто наслушнав по дома, брат ми на мајка ми скришно и збореше нешто во кујна, дали кафе пиеле денес или незнам....не препрашав, изреагирав како ништо да не сум слушнала, а они не продужија со муабетот нормално од кога ме видеа. И што сега? Што ако дојде стварно? Јас мислам воопшто да не го ни приметам дека е тука, да го оставам некој саат да си го виде детето и да зборам со мајка ми, да не се прават сцени, драми или сл. да си замине исто како што дошол. Незнам дали сум спремна да зборам со него. Што ми препорачувате вие? Некни брат ми му даде за да си иде, зашто нормално немаше скршен денар во него. А инаку онака директно не му давале, преку мене да, знаат дека парите што ќе ми ги дадат ќе ги потрошиме заедно.
Јас ти препорачувам ти да не правиш сцени и драми него да си седнеш со маж ти на само и да си направите здрав муабет Прашај го што планира да прави во врска со вас сака да бидете заедно или сака да се разделите ? Ако сака да останете заедно тогаш начни некои работи што ти сметаат тебе замоли го да се потруди околу тоа и прашај што него од твоја страна Морате да видите и да утврдите каде ви се пропустите за да во иднина не дојде до исто Напомени дека ова е последен пат да се прават вакви драми па пиши ни што ке испадне
Не профилот ми е направен набрзина, безврска. Нешто помалку имам, 23 и пол. Не ми е ни името лила нормално, но заради анонимноста доволно податоци мислам дека дадов.
Не ме интересираше твојот идентитет, туку чисто возраста, зашто многу незрело ми делуваше за 25 години да имаш.
Како е ова возможно?! Извини, или се тролаш со сите или си многу наивна! Нели ти пишуваше дека си била трудна и те оставил без денар сама дома да си идеш?!
во најголем број случаи годините не се толку важни колку емоционалната и психичка зрелост,а за утре лилааа бре не си тинејџерка па кога ќе си го видиш симпатијата да не прашуваш како да реагираш,дај пораснете и тоа 2та за доброто на детето,и на крајот на краиштата ти сама најдобро ќе знаеш што да правиш утре,зошто се што си правиш за себе си правиш.
Да да се тролам.........ц ц ц ц........ Да јас бев онаа трудната што ја остави маж и 6ти месец мислам дека бев трудна, на сред гтц и си влезе во такси и си замина во диско, во Парадизо поточно. Маж ми бај д веј има 27 години, незнам колку зрело ќе ви изгледа оваа негова постапка за неговите години. А знаете зашто ме остави? Бевме искочени со друштво и требаше да се продужи накај диско, се беше ок, имаше некои мали тензии помегу нас вечерта но ништо страшно и ништо битно. Пошто бевме поголемо друштво, сите отидоа посебно, останавме јас и он сами да идеме. Тргнавме да бараме такси, но на дечкото му се примоча, и знаете кај се измоча ПРЕД БИТСИАНИ!!! Мене ми се крена коса нормално, зашто за мене тоа е крајно некултурно, неможам да поднесам коа ќе го видам како плука по улица а камоли да моча на сред гтц. Му префрлив нормално, но он малку повеќе поднапиен си го свати ептен лично изгледа па се искаравме до немај каде. Се отеравме у триста, ми викаше, ме врегаше....дојде таксито си влезе во такси, ми отвара прозор од такси и ми се дере ајдееее влагааааај ко да сум ти некоја распуштеница од улица што ја нашол. Се свртев на др страна и очекував да излезе од кола и да дојде ко човек да смириме топката па да продужиме, но не он викна неколку пати јас не се ни свртев и си продужи. Од тука ми идат луѓе девојче се ли е во ред, да викнеме полиција, и јас што да правам крајно изнервирана, картицата ми беше во него зашто не носев новчаник, носев мала ташничка, викнав такси и директива кај моите. Му ја оставив ташната на таксистот со телефон, шминки...дури ги разбудам моите да ми дадат пари да го платам таксито. Ете вака беше цела ситуација.
Извини може ке ти звучам малце грубо али, БРАТ ТИ МУ ДАЛ ПАРИ ЗА ДА СИ ОДИ И ТИ РАЗМИСЛУВАШ ДА МУ СЕ ВРАТИ ПОШТО ТИ ГО САКАШ?! Што сакаш? Аман бе дете имаш размислувај малце, ДЕТЕ ИМАШ, колку да ги зголемам буквиве за да сватиш, НЕМА ЉУБОВ, ЗА ДЕТЕТО МИСЛИ. Мислам стварно. Значи ти кажа толку ствари за маж ти каков е да 90% од феминките што ги читаа твоите мислења ке го оставеле кога те остаил он тебе у 6 месец у гтц сама без пари. Види мила ти тогаш си била трудна, значи пак требало детето да биде приоритет. Значи он пред се го оставил детето и тебе. И ти се размислуваш икс месеци после тоа, откако се десиле уште икс такви испади дали да го оставиш. Значи ја не знам уште што треба да се деси или да се напише за да се решиш што да правиш, стварно не знам
А ланската нова година ве интересира што ми се деси со него, нешто слично на ова, разликата е само што не бев трудна. Славевме кај што славевме нова год и веќе да си идеме накај дома (во станот кај што живеевме сами) а бевме пеш зашто беше блиску, и ја и он нормално се испокаравме (не ми текнува за што, али гарант било некоја глупост) и јас на една страна он на друга. Изнервирана идам, идам, идам....незнам ни кај идам нити ништо коа ке видам километар можда два сум се одалечила од дома. На 16цм штикла, секакви мањаци по пат што сретнав нормално неможев пеш да се враќам. Немав кеш у мене, а картицата дека ми беше кај него начисто заборавив а не ни проверив. Си влагам у такси, му викам вози до банкомат кога отварам ташна картицата ми ја нема, дури тогаш ми текна. И сега што? Најжално од се што немав ни клуч од стан во мене. Зашто нели ко нормални луѓе требаше заедно да си се вратиме. Ме остави таксистот, разумен човек, му ја оставив ташната (не е битно од која фирма) со шминки (исто така небитно колку коштат) му објаснив на човекот дека вредат и дека утре ке му вртам (ми даде број) да му го платам таксито, и дека сигурно нема да го заебам за 200 денари, за работи што вредат. И така мили мои јас стигам во стан, гледам отклучено, дечково си заспал без око да му трепне кај сум и сл. Утре дента му се јавив на таксистот дојде ми ја даде ташната, му платив и што дошол до тука и среќно и весело пак си продужив со дечкото. Е вакви глупости не ми се дешаваа пред да сум со него, но си мислиш искачаш со нормален, не се замараш кај се парите, дали кај тебе или него и си мислиш нормално ке си стигнеш дома. Тоа ти е.....тешка глупача сум изгледа.
И што јас или било кој да ти кажеме после ова? Најјак момент која марка се ташната и козметиката, знам пто сакаше да доловиш али сепак најјак момент ми се
Lilaa кога човек е заљубен, мисли дека некои работи со текот на времето ќе ги промени и партнерот ќе стане подобар човек и ќе има поголемо разбирање. Ова ти го кажувам од искуство. Но, не е така. Ти можеш да се надеваш но џабе е.. Еден ден кога ќе ги нема розовите очила со кои го гледаш, многу работи ќе станат јасни како што веќе ти станале. Оној кој еднаш те расплакал, сегогаш ќе те расплакува верувај. Штом не е способен да те заштити тебе и детето, тогаш зошто ти е?? Знам дека е многу лесно некој од страна да ти каже остави го, мора да поминуваш низ пекол, ама за таков човек тоа не вреди. Друга битна работа, на овој изгледа важни му се парите. Таков впечаток имам. Ти посакувам побрзо да ја решиш оваа работа и секое добро..
зошто го пишуваш ова?мака ти е и сакаш да си олесниш со споделување на форум?дечково ми делува ептен неодговорно,ај те сфаќам си се заљубила ама да затруднеш од ваков и да очекуваш дека ќе се смени и ќе стане одговорен грижлив татко?????