Девојки,конечно денес разговаравме,падна добра расправија не молчев си кажав јас се што ми лежи и дека не е во ред сето ова што го прави.И мене ме фаќа страв не само него и за мене ќе биде сето ново,непознато...но јас за разлика од него не бегам од обврските јас го барав да направиме муабет најмногу за детето што ќе биде,да бевме дечко и девојка немаше да се замарам ајде сме се скарале но вака не е сеедно.... Како и да е јас премногу се разочарав од него кога го видов незнам дали имаше љубов,бидејќи ова што тој го направи нема никакво оправдување и јас најмалку го оправдувам.Ајде си дадовме друга шанса,тој сега на почеток од бракот дојде до вакви кавги,зарем требаше да дојде до ова.Дете ќе имаме ете во брак сме,никој со сила не може да се наметни,ниту мене некој можеше да ме натера ниту него,доволно сме возрасни и свесни знаевме во што се впуштаме. Јас и тоа му го реков ти излези си прошетај јас не сум од времето на баба ми,никогаш не сме си правеле проблем ниту тој мене ниту јас него за излегувања,но можеш да се јавиш да крениш слушалка да прашаш како сум дали ми треба нешто,да дојдиш да ме видиш на 5 минути,за тоа до утре ако сакаш оправдувај се ако се сака се се можи.... Да решивме ќе останеме заедно,иако девојки јас искрено не сакам,ваков татко за мое дете не посакував,чисто сумњам дека во иднина ќе се среди.Човек најмногу можеш да процениш каков е во вакви моменти.Ниту ќе заборавам ниту ќе му опростам за ова.Бременоста е нешто најубаво а јас го доживував како кошмар нервози расправии,а тоа најмалку ми требаше..... Целата совршена слика што ја имав ми се руши,да-сум со човекот што го сакав,дете чекаме,но бадијала е се кога радоста со него неможам да ја споделам тој не беше тука кога ми требаше....Останува да се надевам дека ке биде подобро зарем имам друг избор... Ви благодарам на сите за советите.
Јас навистина се извинувам што не можев од почеток да ја следам оваа тешка животна приказна Значи ете колку само човекот се препознава како лаже...кој ти пере- па што е важно Мислам не само тоа туку и целата приказна. lilaaaa ова е една од темите кои што се поозбилни, тука пишуваат жени на кои животот им се превртува во овие периоди. Многу ме потсеќаш на една ваква иста девојка- трудничка или така нешто затоа што во филм влагате и двете, ако не си истата. ЦЦЦ срамота. Срамота е да замараш со измислени приказни и проблеми, го трошиш времето на девојките.
Ти посакувам се најубаво Клауди. Се извинувам на оние што мислат дека го потрошиле узалуд своето време на мене, нема да замарам повеќе на форумов, па пошто немам другарки на кои би можела да им се исповедам за вакви работи, сите мислат дека мед и млеко ми е животот, ќе ги оставам да си мислат така и фино лепо ќе си платам за некој да ме сослуша. Така прават богатите јбг.
Eиии, не` утепа сеа пааа... :'( ние сеа шо не сме богати како да си го сфатиме ова и да си спиеме мирно навечер.... :'( Ако има некој кој треба да се фали со тие пари, тоа се твоите родители, кои и ги створиле тие пари. Без нив, ти не си подобра финансиски од ниту една невработена жена тука. Не ме сфаќај погрешно, ама според ова гледам како си го фатила маж ти (нели освен со убавината и карактерот). Како што си е по туѓи пари (како и ти меѓу другото, бидејќи тоа НЕ СЕ твои пари), тоа твое фалење со парите на твоите го има освоено на прва. Гарант!!!
Не јас не им дадов никакво значење на парите, освен што спомнав дека постојат и дека можеби мм ради тоа е со мене, што ми е и главен проблем. Но добив доста иронични, саркастични и незнам какви коментари што ме натераа муабетот да го терам во др правец. Незнам што е проблемот со луѓето, некои имаат повеќе, некои помалку и сега што. А некои пак мислат дека сум измислен лик ц ц ц....може треба името презимето матичниот број да си ги ставам на профилот незнам....секако дека сум пишала прво име што ми паднало на памет и дата на рагање исто така. Но комент повеќе, ајде да пробам да заспијам. Добра ноќ
Ок, али премногу го потенцираш тоа и боде очи премногу. Може и ја сум богаташка, и теси и уште 500 души на форумов ама нема потреба да се потенцира тоа у секој можен пост. Мислам тука си на темава за одреден проблем а не за да ни кажеш како со такси си се возела, како ташната ти коштала премногу и сите шминки во неа, картици, и ред други работи, како реклама звучиш понекогаш, океј дел од причата е ама не е главно тоа. Супер за тебе што имаш ама боде очи посебно што ситуацијата е таква да 70% од народот нема за основни потреби и сеа ние да праиме муабет за тоа колку сме богати не иде, спомни еднаш и ок доста е.
Чекај ти не ме мислеше за измислен лик??? Нејсе да си го кажам моето и онака неможам да заспијам. Изгледа вас ви боде очи само што спомнувам такви работи а и незнам зашто, кога зборевме за мене и мм, за тоа колку ме има повредено и како се испонашал во одредени ситуации. Ајде за ланската нова год и не ме погодува толку мн, може и јас бев крива што се искаравме не ми текнува, но ми текна на таа случка од коа раскажав за другава трудна коа ме остави на сред центар у 1-2 навечер. Е сега тука сакам нејќам морам да ја спомнам картицата, да беше во мене може поинаку ќе завршеше вечерта. Или пак во претходниот случај ташната коа му ја оставав на таксистот, брука невидена, а и смешка што коа кошта незнам колку коа немав 200 ден таксито да си го платам. Срамота! А ради кого сето тоа??? Ради љубениот мој
Очигледно не си можела да заспиеш.. Значи, темата е "Дали да се разведам?". Објасни ги конкретно главните и основни причини поради која бракот дошол во таква ситуација, пред развод, и толку. И што и да напишаат феминките, тоа се си индивидуални мислења и совети. Ако сакаш прифати ги, ако сакаш, не. А не тука, та тој ден, па оној ден, раскажуваш ни приказни, детали безпотребни, случки, па тоа пусто такси, и итн. Не бива дневник тука водиме. И едноставно, кога човек е соочен со проблем (посебно за таков сериозен проблем), оди и го решава, не седи тука по форуми и бара совети, кога уствари не ги бара. Досега 500 пати ќе се решеше проблемот, да сакаше. Кратко и јасно. Почни да се однесуваш како возрасна личност и разбери имаш дете. Доста со твоите глупирања. Мажот ти цело време го обвинуваш, а од што се увиде подобра од него? Тој очигледно,си е бил амбициозен да си се ожени за богата и да си тера неговиот бизнис. Тој бил дете, а ти дете што "чува" дете. Абе камо да беше измислен лик, а не вистинска мајка.
Гледам темата активна,па решив и јас да напишам свое мислење.Ги прочитав сите мислења на лила во оваа тема и дојдов до заклучок дека и двајцата не сте спремни за брак и за поголеми обврски.Лила ти сеуште сакаш да живееш како девојка шминка,коса и сите тие работи што е и нормално за девојак од 23 години(и јас имам толку) а маж ти без разлика на годините и тој недораснат ,си сака излегување,пиење,другари и сл. Но некои работи не сте ги ставиле во ред.Се ова може да се прави и во брак доколку двајцата си воведете некој ред.Дошло дете на пат за што вие дефинитивно не сте биле спремни,но се случило.Ви смета и тоа што живеете со неговите(што е нормално според мене бидејки сите млади сакаат сами да си бидат) ,слаби сте со финансии т.е тој,тебе тоа ти пречи...едноставно многу работи се случиле така брзо одеднаш и сега нормално дека ке пукне. Мојот совет е да седнете вие двајца како возрасни луѓе,родители на мало бебенце и да поразговарате.Ова сте требале да го направите и пред брак,за да видите како ке функционирате натаму.Значи седнете и разговарајте (без караници и ставање на себе во преден план)Детето е на прво место сега.Не се залетувајте сега, мал проблем на пат и веднаш развод.Јас верувам и ви посакувам да се смените,смирите и да бидете заедно. Тешко е да бидеш самохрана мајка без разлика што твоите ке ти помагаат.Види дали нешто ке се смени,па тогаш барај адвокат.Развод е најлесно решение.
Приказната изгледа нема крај,бесконечно се случуваат нови дешавки и брзопотезно нашата главна Лила ги менува плановите,речиси како со брзина на светлината. Не знам зошто,ама во последно време како да се појавија многу трудници со нивните труднички и брачни проблеми,што веројатноста да се вистинити ми е еднаква на нула. И како бе така Лили картицата да ја чува твојот сакан маж,со ова демек му го билдаше егото да се смета за селебрити маж а??
Лила трудна жена не шета навечер во 1-2 саат по полноќ по дискотеки и не се лундари натака-навака по град. Ако ништо друго за атер на нероденото бебе по некоја логика би му сметала и гласна музика во диско и гужви.Обичен човек едвај издржува ноќен живот,барем по мене си глеам а нит сум трудна ни па фала Богу у скоро ке бидам. Тука е твојата неодговорност. Не дека трудниците дома седат под стаклено ѕвоно 9 месеци ама се сомневам дека ентузијастички глават во диско петок и сабота. Ако грешам нека ме поправат мајките. Не е крив сопругот што наводно после караница те оставил него криви сте и двајцата што сакате и јаре и паре.Е па тоа нигде го нема. Бременоста ако не бракот носи одговорност и према твоето тело и према суштеството што го носиш во себе.Ако на вас двајца во таа деликатна состојба ви бил побитен ноќниот живот наместо да излезете на прошетка , на вечера или на пијачка со пријатели вие со тие постапки уште тогаш сте докажале колку не сте спремни за бракот и детето. Од целата приказна барем јас добив впечаток дека целиот брак ви е заснован врз непланираната бременост и тоа е тоа што ви ствара фрустрации.Не сте биле спремни за тоа,факт. На вас сеуште ви фали шетање,одење во диско,водење слободен живот. Ама па те разбирам и јас тоа го сакав и го правев кога ги имав твоите 23 години,ама го разбирам и сопругот бидејки сеуште го правам истото иако ги имам 27 години како него. Како што веке кажав вие сте класичен пример дека годините не се мерило за зрелоста.А бракот и детето бараат зрелост и одговорно однесување а не шетање во 2 по полноќ . И за крај тема пари. Искрено не мислам дека е со тебе ради парите,затоа што да беше така ке те чуваше како последна капка вода на на дланка пошто во спротивно ке му пресуши изворот.А он баш напротив не покажува ни најмалку интерес туку единственото нешто доблесно што го направил е што не ти свртел грб кога си му кажала дека си бремена туку покушал да оформи семејство со тебе. Барем по моја логика да најдам шеик како што ти се преставуваш ако целта ми била да живеам на негов грб ке ќутам и ке го трпам по секоја цена. Тој очигледно нит те мари нит се замара со тебе..
Имаше пред 14-15 години една серија „И богатите плачат “(После „Касандра“, таа ја даваа)Така да ....плачат и богатите,ама за љубов,а не за внимание на форум како тебе.
Селебрити маж...царица... Па ташната му останала кај него, бејби, па следствено на тоа ваљда и ова. Дека парите не го интересираат, чисто сумњам, ама он се лигави на нејзините не на нејзе (затоа што де факто тоа не се нејзини пари). На нејзините и на брат и` им плачел ако добро памтам и нејзе и` викал ќе се убијам ако ме оставиш во случај на такви финансиски кризи. А за чување ко капка, не мора да ја чува, нејзините се тие кои не ја поддржуваат да го прекине бракот и ги користат финансиите за да го задржат зетко. Ова е еден ко шо викаат Србите зачарани круг каде што секој секого користи ко жртва. Ништо Лила, ние кога ти викавме дека е ваков, таков, онаков и ти викавме да се разведеш, ти го правдаше и викаше дека го сакаш и дека со едно гушкање ќе му простиш. Вака, те оставаме отвори се, изнакажи ги сите лоши нешта што ги мислиш за него, потоа пред да дојде кај вас убаво да си ги прочиташ и да си одлучиш самата дали вреди да го туркаш ова сосила. А дека ги потенцираш парите, навистина ги потенцираш. Дури и ако одиш кај како што велиш, кај човек кај кого ќе платиш за разговор, пошо демек така прават богатите, истото ќе ти го рече. Уживај си во сите нешта кои ти ги пружиле твоите, збор да нема, но не го потенцирај тоа колку имаш во твојот круг на луѓе затоа што џабе ти е и убавина и карактер, кога тоа го потенцираш најмногу, санкир највредно е. Тоа ќе придонесе да привлекуваш вакви погрешни луѓе.
Дали може да прашам зашто девојкава одма ја нападнавте со тоа дека има пари , дека може да си дозволи се. Многу ме нервираат речениците од типот Мажена си нема одење во град, нема одење по фризери, маникири козметичари. А бре многу заостанати муабети се изначитав овде. Малку смирете ја топката. Разбирам дека на некој тој начин на живот им е несватлив, не својствен ама ете мене ми е сосема нормалмно. Зар не смее некој да каже дека е ситуиран од неговите, одма се нафрлате, материјалисти вакви такви. Секоја чест на оние кои се избориле сами ама има и девојки кои си имаат од родителите. И сега што? Да осеќаат криривица? Лила јас те сваќам во која ситуација си моментално. Очигледно толку си се заслепила од љубов што си мислела нема врска што сме различни економски моќни, различно образование, љубовта е битна. Арно ама ете не било така. Прва грешка, картицата, парите било што да е не се дава на маж!!!! Кој е бре он со парите од твоите да се курчи а ми извиниш на израз? Втора работа различно образование. Ти со факс тој со средно. Ти амбициозна тој и 10 000 му се тамам кога има златна кокошка (читај твоите). Убитачна комбинација. Седни си размисли си што да правиш. Оди си на психијатар ако сакаш и мислиш дека ќе ти помогне, тоа е нормална работа и пожелна во вакви кризи. Седни со ствоите разговарај убаво без караници без викање убаво. Ама ти и мајка ти и татко ти брат ти НЕ! И прашај ги дали ви е тој СИН или јас сум во Ќерка! Смири се, убаво размисли си, ако треба излези од дома, седни некаде на кафе напиши список за и против останување со тој човек и одлучи. Ајде со среќа нека ти е.
Дека на таксистот си му оставила ташна не верувам,не верувам дека некој ке се согласи на тоа,да му оставиш лична карта или нешто пак ај некако. Може и тоа ти било во ташната па затоа.А за другово верувам искрено бидејќи зелени мажи и мажи од корист има колку сакаш. Ти гледај си што ти е тебе во најдобар интерес. И да се разведеш ехеее колку жени има со деца се равеле па се премажиле па живат ко царици. Дали си лажен профил или не не знам,ти пишав конкретно за проблемот твој, и штом твојот маж ја ужива довербата на твоите родители, не чекај дека тој ке се поправи со тек на време. Што се однесува за бебчето,и моето е на АД млеко, месец ипол има, има ноќи кога не спие,но има и кога спие од кај 1 до 7 сабајле.Ама пред тоа во рок од 1 час пие 2 пати по 100 мл и повеќе. Поздрав.
Се видовме денеска. За прв пат за проблемите помеѓу нас зборевме нормално и цивилизирано. Ништо не решивме, он мене ме криви, јас него.....и така во круг. Си го виде детето и си замина. Моите инсистираа да остане на ручек но за големо чудо свати дека не му е местото да остане и да седнеме на иста маса заедно. Одлучивме да останеме разделени некое време, ќе доаѓа повремено да си го гледа детето. Неможам тоа право да му го ускратам. Со разводот нема да избрзувам, ќе почекам да помине некое време, да се олабавиме и двајцата малку еден од друг, да размислиме подобро за некои работи, кој е крив а кој е во право. Мислам дека вака е најпаметно.
Не знам за другите, јас лично немам ништо против луѓе кои се финансирани од родителите (подетално за тоа сум пишувала во темата „Плата + финансирање од родителите“). И јас сум била и сите сме биле еден период од животот, ама тоа не ми било за дичење. Им било за дичење на моите кои се лишиле од многу лични уживања за да ни` го овозможат тоа на мене и на брат ми. Ја лично мислам не го ни коментирав тоа, туку коментирав повеќе од аспект на апетитиве на дечково кои и самата лила ги има приметено и имаше коментирано случки со брат и` и сл. Едноставно во самава ситуација, финансииве, до цена на ташни и шминки ми беа пренагласени информации. И ја советував дека доколку го нагласува тоа во друштво лоши луѓе ќе привлекува. Во другата тема за што жените ги привлекува кај мажите установивме какви жени се лепат на момци кои на прво искачање лупаат клучеви од кола на маса (како што рече XMaN ако не се лажам). Од тој аспект јас лично ја советував да не ги потенцира толку финансиите. И никој не вели да се откаже од маникири, од излегувања и чуда...барем јас така не реков. Ама приоритетите се тие што се, а во моментов тоа е детето. И различното образование. Секој си има различен став по ова предизвикан од различни искуства. Праксата од мое лично окружување ми покажала дека не е јак фактор за тоа дали ќе се “најдат“ младите или не. Затоа што високото образование сега не е како што било кога сме студирале. Многу полесно може да се дојде до диплома, ако се сака. И што добиваш од таков факултет? Апсолутно ништо (мислам од аспект на некое интелектуално издигнување). Едит: Еве и да не ги начнуваме факултетите и нивниот квалитет на образование. Постојат милион причини зошто некој не се запишал на факултет. Финансии, лични проблеми, многу, многу нешта кои некогаш знаат да бидат посилни од нашите лични амбиции и желби за жал... тоа не му ги менува интересите и гледиштата на некој млад човек и не го прави автоматски затуцан и не мора да значи дека ќе лечи комплекси од повисоко образувана девојка. Знам една личност која не можеше на времето да студира. Затоа сега, на сите обуки од работа оди, учи постојано, потпрашува за некои работи и знае многу повеќе од некои кои мислеле дека со дипломчето завршиле со учењето. Во мое тесно семејство има неколку примери на парови со различно образование и сите добро функционираат. Се гледаат такви работи на маса, особено комплексите на некој од партнерите. Еден ручек е доволен. А имам познаник кој е буквално пред докторат кој има размислувања од пред дедо Ное, како жената без негово присуство не смее никаде да оди и слични ми ти работи ... :facepalm: Ja му викам „Де брее...уште да и` го чуваш и пасошот во сеф фали и да им наложиш на аеродром да и` бараат писмена дозвола од тебе ... па и Саид од Клон се смени после 20 години, а ти не...“
Со кривење тешко дека ќе решите нешто. Особено што двајцата сте криви. Свртете се кон иднината. Проблемот постои, и треба да се бара решение. Прво треба да се договорите дали воопшто ќе се обидете да ги средите односите. Ако сакате да се обидете, тогаш треба да се договорите како. Веќе ти пишав, според мене важно е да почнете да живеете сами. И треба да се согласите дека веќе нема да си терате инает, туку ќе бидете разуми. Или ќе почнете да се однесувате поразумно, или ќе се разделите. Се друго би било самоуништување.
Ајдеее почна да се уништува уште една тема.... Наместо да се дискутира за некој што има стварно проблем и му треба искрен совет,ние ке се замараме за некој си измислен лик што нема попаметна работа освен лажење по форумов,па јасно се гледа дека девојката(ако е женско) лаже и се мајтапи си нас. Човековата глупост нема крај....