Не е само свекрвата крива, таа што и да сака нека направи, мм треба да те подржува, ако не за се, барем да ти верува, да прави муабет со неа да не те замара сега тебе со бебе, да и чистиш да и средуваш. Па уште и ти го рече тоа, да си одиш од дома, демек бебето ќе ти го земе. Па тој не е човек бееее. Не ти треба тебе таков, како не го сети порано што човек е, да си заминеше од таму. Греотка за бебето ама пак што си крива тука ти и цел живот само да те третираат лошо. Ова не е ни прво, ни последно што ќе ти го прават ако останиш таму. Појди кај твоите и побарај мислење и од нив. Мој совет е да се разведиш. едит Се омажи за некој со љубов, не вечна робинка да му бидиш и да прави со тебе што сака. А како што гледам ти и со мајка му си мажена. Замисли ги тие двајца против тебе цел живот. Па не си казнета да го трпиш. Ако мислиш за бебето дека и подобро ќе биди да расти во таква фамилија, помисли повторно. Ќе дојди ден и детето ќе го свртат против тебе. Ако се разведуваш сега е најдобро време, кога веќе е бебе, тоа со тебе ќе биди и ти ќе го воспиташ најдобро што знаеш. Многу е полошо понатаму да се разведеш, а ќе сакаш оти тие само полоши ќе станат спрема тебе, на дете во развиток многу е лошо развод.
Развод никако. Тоа што Бог го споил, човек да не разделува! Бог е Бог на Љубов, а Гаволот сака разводи, да го сруши Божјото!
Ако гледаме така Господ ли ги сопил да се мажи со ѓаволот. Грешки се прават, луѓе со маски постојат, но ни Бог нема да сака да гледа неправди и омаловажувања.
Mislam deka nemam dovolno zivotno iskustvo za da delam tuka soveti,ama revoltirana sum od nekoj komentari pa resiv da dadam svoe mislenje.. Nemoj vednas da se odlucuvas za razvod,probaj uste ednas,razgovaraj so soprugot,zemete poseben stan,probajte uste ednas. Razvodot ostanvit kako opcija na krajot na kraistata,ama sepak daj se od sebe,probaj ustr ednas,za da ne se kaes pokasno... Ti posakuvam se najubo,daj Boze da sledat ubavi denovi. Te baknuvam
Адина факт е дека мм е шофер, многу често го нема дома, таа е врзана за свекрвата која наместо да и помогни околу бебето и најдува мани, ја навредува секако и после тоа се жали кај синот. Тој наместо да ја среди ситуацијата оди против неговата жена, ништо не и верува, па дури и ја уценува(да не се гледа со нејзините дома) така да идеата за развод доаѓа од него или ќе ја трпиш мајка ми или оди си и ќе ти го земам детето. Кај го има тоа бе? Во која нормална фамилија? Дали е тоа маж? Кој место да се грижи за бебето и за жената, тој да оди по постапките на мајка му. Таа не се венчала за свеки. Таа е човек, мајка , жена, си има семејство, тоа е нејзиното семејство, не свекравата. Ако свекрвата не и помага, не треба да и одмага во бракот. Мажот треба да застани зад жената во оваа ситуација, не да оди против неа. Лесно е да се кажи ама не и сме во кожата за да знаеме колку и е тешко. Ако не можи да го натера да живеат одделно, што да прави? Не е должна да трпи.
Koga velam ajde da se odelime sami da ziveeme mi veli nema problem nie na edniot tie na drugiot sprat i gotovo. Pa cekaj toa ne e isto pa pak ista kuka e pak ke go gledat deteto koga sakat zosto neli mm ke go svaluva kJ NIV I NELI SAMI da ziveeme a mm pak kaj mamicka i beter da ni e.
^ Да се одделите де, да си бидете свои на свое. Не е муабетот да се одродите. Оти и уџум да фатите, пак тие ќе се баба и дедо и ќе сакаат да го видуваат внучето и пак таа жена на маж ти ќе му е мајка, и да не ја видува секој ден, на телефон ќе ја слуша ако тоа им е нормалната врска меѓу нив. Тоа нема да го спречиш или да го смениш. Што може да смениш со одделното живеење е чии лочки во чија кујна неизбришани на кого ќе му претставуваат проблем, па да биде причина да се прават делби со мене тебе мои и твои, така од ништо нешто лесно се стигнува до кавга па и закани за развод во афект.
‘Не можеш да му забраниш на мажот ти да го носи бебето кај неговата баба..таа му е баба сакала ти или не.Исто како што и тебе не ти е мило кога свекрвата ти пререкува зошто го носиш кај твоите родители.Не паѓај на исто ниво со неа..докажи дека си подобра. Околу разводот ти советувам да не брзаш..два пати мери еднаш сечи. Не е мала работа, сепак имате дете кое ве поврзува до крајот на животот, небитно дали ќе бидете во брак или разведени. Мислам дека најпаметно во твојава ситуација е целосно да се одделите од свекрвата во секоја смисла..контактите сведи ги на минимум и не подлегнувај на нејзините провокации.Не покажувај дека нејзините навреди допираат до тебе.Научи да ја игнорираш! Што се однесува до мм маминото синче ..очигледно е дека не сватил досега кое му е примарното семејство и што всушност значи да имаш семејство..жена и дете.Е па време е да научи..промени ја малку стратегијата.Со викање ,карање и нервоза не се постигнува ништо.Ниеден маж не сака една нервозна и исфрустрирана жена која постојано нешто се жали и приговара...Прави го спротивното секогаш биди позитивна и насмеана...врати ја топлината во вашата врска,сепак тоа е човекот за кого си се омажила и си му родила дете.Со тек на време самиот ќе увиди кој е секогаш покрај него..кој му го топли креветот,кој се грижи за него, кој му помага.Тоа секако нема да биди неговата сакана мамичка.Огнот не се гаси со оган туку со вода!Само немој да очекуваш дека дека се ќе се смени преку ноќ пред тебе е еден тежок пат за кој ќе ти треба многу трпение,добра волја и компромиси..Тоа е клучот на успехот но,не велам дека е лесно!Најлесно е да кренеш раце и да се откажеш од се!
Ако тој може да ми забрани да го носам кај моите детео зошто јас да не можам? Па и свеки да ми вели дека детето се разболело зошто сум го однела таму, дека рипкало во сон таму го преплашиле , дека газето му било вцрвено (со резултат на сменета павличева) мајка ми не гледала што ставила(за разлика од свеки мајка ми 2 деца пораснала тотално сама а свеки со помош на свеки). Што ке ми смени мене тоа што ке готвам посебно само за нас 2 ца со се дете 3ца , кога од ист ходник излагам надвор ? Сметките си ги плакаме којк какко фтаси кој како има пари?Нашиот пробем не беше за куњата но таа беше само цел да пукне топката.Никој не е должен да слуши навреди од свеки или ако се омажив не се омажив да перам само гаки на мм , па како жена и јас имам потреби , малку внимание од мм а не само в кревет мислам стварно ехееј која би стоела во таква кука кај што мм е тотално пијавица за мајка му кој наместо мајка му да ја прекори кај греши ја прекорува сопругата па и пред луге, каде ја навредуваат на секој можен начин , каде мм разговара со неа само в кревет за спиење,каде ја милиува само кога сака секс?...?Не сум сигурна дали веке го сакам овој живот. Значи се беше во ред додека свеки не почна да се меша во се (од кога се породив) .
Ojesil па знаеш ли колку луѓе во зграда делат еден ходник? Сите заедно не готват/јадат или перат гаќи сигурно. Додека си играте големото семејство во склоп со свекрвата, така ќе е. Една жена домува во едно домаќинство. Затоа маж ти неа ја слуша. Имаш спрат на располагање. Грабај! Еве и маж ти кога вика нема проблем да се одделите, што уште чекаш не знам, озбилно. Некои го немаат тој луксуз и мораат да бидат на куп, па од таму се овие проблеми секојдневни и паѓања во депресии. За тегнење ортома играчка каде ви е детето, прочитај си ја таа прва реченица, па врати се во реалната голема слика и признај си, како колку годишна се осети кога тоа го напиша. Уште да скрстиш рацете да почнеш да тупкаш со ногата по под и да викаш „па не е фер!„ фали.
Толку страв си набила од свекрвата што немаш сили да се бориш за семејството. Колку повеќе слабост покажуваш толку повеќе ќе ти се сили. Штом маж ти сака да се делите, искористи ја шансата и пробај да си го подобриш бракот. Со позитивност, со малку повеќе женски шарм и итрина (не за сплетки, туку да го освестиш малку тој твојот), секс, топлина во домот, добра храна, добра атмосфера. Тешко ти е знаеме, и тебе ти требат работите кои ги набројав, ама пред да кренете раце и двајцата пробај да промениш нешто. Ако сам не е свестен како треба да стојат работите кога си во брак, пробај покажи му. Ниеден маж нема да трча да седи со мама во соба, ако во собата на сопругата му е подобро. Направи да му е подобро, со надеж дека ќе ти се врати со иста мера. Ако нема ефект, тогаш размислувај за развод.
За да се оделам да навистина сакам ете сакам да пробаме сами , но за жал немам услови . Иако ке сме на посебен спрат немам најпрво на што да зготвам имам шпорет нема електричар да го поврзи едниот со другиот дел.Платата на мм е 15000 од кој 9500 даваме за сметки со остатокот купуваме памперс млеко и се др за бебето. Ете за почеток моите ке ми помогнат па додека да го оставам син ми в градинка мора да сум дома . Исто така порано имавме некоја расправија и проба мм да разговара со свеки арно ама нели чуждото е секогаш криво па таа излезе права не таа се шегувала со мене , не таа не рекла ... И секогаш кога си идеше мм од работа наместо со нас двајца да биде да биде да разговара тој со мајка му по 1 час разговараше кога ке прашав што разговаравте/шепотевте секогаш добивав одговор „ништо„.Се обидувам на секој можен начин да ја сочувам врската и таман се ке се среди оп излева некој проблем.И пак иста песна може да бидеме 2 3 дена се ок како најзалубен пар и оп некој ке не раскара во повекето случаи мајка му.
Епа да дојдам јас да ти најдам електричар да ти го врзи шпоретот на спратот? И твоите се нудат да ти помогнат со сметки, а ти само изговори бараш за да не застанеш на свои нозе и сносиш одговорност. Или така ти годи, друг да ви бере секојдневно гајле и врти куќа, ама ако не е како ти сакаш тогаш не чини. И пак се чудиш и нервираш зошто маж ти свеки ја слуша? Па и треба да ја слуша неа додека ти не пораснеш.
Јас молам да дојди некој да го поврзе печката со плотната бидејки ни е дводелен шпоретот. Не реков дека моите се нудат да ми плакат сметки туку дека ке ми помагаат во др смисла . Со 12000 нивните тросоци да ги платат или моите? Како и да е лесно е да обвиниш некого и да му солиш ПАМЕТ како да постапи но да си во негова кожа ... сепак ви благодарам
Ojesil, со инает ништо не се добива. Предходно ти пишаа дека не е поентата веднаш да се разведеш, туку како возрасна личност да се соочиш со проблемите. Се согласувам со последниот постот на Imelda во темава. Ако сакаш промени, тогаш направи ги. Ако може свекрва ти да има толкаво влијание, тогаш можеш и ти сигурно. А тоа што свекор ти пегла и чисти, големата работа. И маж ми пегла, готви, мие садови и ред други работи низ дома, ама тоа сигурно не значи дека jас сум болна манипулаторка. Пишуваш дека пред да се роди детето сте биле наjсреќниот пар на светов. Ок. Се случуваат огромни промени после раѓањето и за жал постојат парови кои што се одалечуваат, наместо да станат уште поблиски. Можеби маж ти на почетокот се трудел да ти укаже дека ти некаде грешиш, ама ти не си сфатила, па решил да се оддалечи. Мисли малку. Нешто меѓу вас пукнало во еден момент или пак воопшто не било така цврсто, туку додека сте биде вљубени не сте обрнувале внимание на тие ситници. Како што разбрав син ти има 2,5 години и ако е така тогаш може да го праќате во градинка. Деца и на многу помала возраст одат. Наjди работа. Подобро е да живеете скромно, ама потивко и сами ќе си бидете. Не ги слушаj комшиите што зборат или пак свекрва ти. Зборуваj со маж ти, без викање и закани. Направете муабет. Ако навистина се сакате тогаш сѐ може да се среди.
и сакаш да кажеш дека помеѓу шпоретот и заедницата,ти го избираш по малото зло ,а тоа е заедницата .. Cметки???Cметки секогаш има ,ама сметки се дуплираат во заедница,а кога си одделен помалце се плаќа,на место 5-6 души да трошат вода,струја,храна и итн,автоматски ти е преполовено на 2-3 -ца души,па ако ти посака душа можеш и да си поштедиш на нешто без да се консултираш со старите..па макар у договор со муж би јаделе цела недела грав
син ми е 7 месеци.Несакав да кажам јавно за проблемот поврзан со детето зошто има феминки кој лично ме знаат. Откако се породив на секое заплачување на детето свекорот и свеки доагаа и од раце ми го зимаа детето јас не сум знаела како и што. Од цицка ми го зеде свеки детето само затоа што сум кивнала дур го дојам. Потоа видов не видов се качив горе со син ми и спиев на двосед како казнета само за да имам мир.Додека бев долу дур го доев свекоропт ми зјапаше во гради . от тогаш мм се смени целосно . Почна кога си иди од работа да поминува повеке време со свеки наместо со мене и син ни. Ајде во ред реков несака да ме вознемирува. Почна да доага и да се расправа зошто сум била горе а не долу . Како да одам долу цел ден (мада го свалував детето да го држат и милуват) кога свеки од цицка ми го зеде зошто сум кивнала , свекорот во гради ми зјапа дур го дојам не сум била способна дете да гледам тие имале изгледено 2 па и ова ке го гледале ... ММ ми се развика пред 2 месечно бебе за оваа работа . И от тој ден мајка како свири така син игра. Почна платата да ја дава на неговите јас без денар (пари само од праводија на дете) немам пари храна да купам , цуцла пелена ... Кога на свеки ке и прдне тогаш купува и не прашува какво туку најефтиното др било скапо. На 4 ипол месеци син ми падна од двоседот дур прав лимонада да се освежам бидејки имав серија на непреспиени ноки . Дојдоа ми го зедоа од раце и ми рекоа дека сум нездрава неспособна дете да гледам таква снаа ним не им требала тоа што сакале да го имат го имале (демек внукот) сега сум била нпотребна,. ММ како фатена устата ништо не преговори. Побарав да се поделиме на сметките да си живееме сами на аншиот спрат зошто несакам во интима да ми буричка свеки (спие на нашиот брачен кревет ко не сме дома, чепка по гардероба разговара со нас за интимата како да ни е брачен пар а мм на ова вели е добро де не слушај ја и јас спиев како дете на нивниот кревет). Ете го молам мм да повика електричар да ми го вклучат шпоретот веке 3 месеци ама абер нема. За тенџере ,плех или тавче од мајка зедов зошто немав горе ништо. За почеток мајка ми пушти месо , замрзната храна за да готвам зошто неам ништо . Ја ставив в замрзнувач и ете ке се расипи нема абер за да вкл шпорет . На мало плинско можам ли да готвам па таа боцичка од 30 денари едвај кафе можеш да вариш на неа.Несакам повеке да зборувам зошто со мн феминки лично се знам
ништо друго не ти преостанува,освен да се разведеш ,бидејќи никаква подршка немаш од партнерот,а кога немаш никаква подршка од партнерот,што фајде од него,тој заборавил за што те донел кај него дома,за што му служиш
Добро бе Ојесил една работа не ми е јасна и те молам или тука или во лп да ми објасниш. Значи како прво ги прочитав сите твои постови и советите,абе девојче добро вие пред да се земете ни најмалку не правевте муабет каде и како ќе живеете?NITU еднаш е ги виде неговите какви се по карактер?колку што светив подолго време сте биле заљубени и тоа во убава врска,ама како што гледам само изгубени сте биле,не сакам да те критикувам далеку од тоа,но пред да стапиш во брак со некој треба сериозно да рзмислиш не е работата само цуци муци цекс ова она значи,ти сигурно знаеше каде и колку работи,знаеше дека подолго време ќе остануваш сама дома со неговите,не ми е јасно како воопшто не размисли како ќе живееш со нив и дека и простор и све ќе делиш според ова што го кажваш ти со мм мн сте се залетеле за брак без никаква организација... Друга работа незнам дали прававте свадба или не,но од свадбите сите си собират по некој денар па тие пари се користат бе за домот ако не ти е среден да се среди да се купи шпоред фрижидер тел.и ај да не ти набројвам и самата знајш што сте правеле вие навистина не ми е јасно... Ти како што кажуваш вие едвај преживувате,и зошто да плаќате вие 9000 и нешто сметки?само вие ги плаќате сметките?па треба по половина со свекрвати нормално вие сте млади и имате бебенце и имате поголеми потреби од свакрвати и свекорти,мажоти да не е ќор случано?неможи со 15000денари примања вие толку сметки да плаќате тоа е многу,детето кога треба да си го храниш ќе си влезиш во посебна соба нормално мислам за такви простотилоци некам ни да зборвам кој што сака за тоа нека ти кажува влези нахранисиго детето и готово а не пред сите без разлика кој и да е во просторијата... Мн работи кај вас не ми се јасни погоре напишав што и затоа незнам конкретко што совет да ти дадам...