Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се разведам?

Дискусија во 'Брак' започната од Temjanuska1234, 2 мај 2013.

  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.984
    Допаѓања:
    67.814
    А зошто им дозволуваш да ти го зимаат детето, да те навредуваат, да присуствуваат кога го доиш? Имате ли клуч од собата ваша? Да сум на твое место би jа заклучила, само да пробаат да влезат, има у пм да ги отерам. Зошто така им попушташ? Од твојов пост очигледно е дека маж ти го вртат против тебе или пак тој секогаш бил таков, само не си забележала.
    Нареден пат кога ќе сакаат да те зjапаат додека доиш, кажи им дека ти треба приватност. Крај краева клуч на врата стави. Маж ти веќе избрал да биде на нивна страна... Самата си знаеш наjдобро како ти е, дали вреди да се бориш или не.
    Искрено, не би им ќутела на таквото безобразно однесување. Тоа е твое дете, а не нивно. Ако сакаат уште едно да растат нека си посвоjат!
    А зошто маж ти jа дава платата на маjка му? Сте правеле муабет за ова?
    Неговото однесување е безобразно и неодговорно.
     
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Ојесил ... за промена време е да почнеш зрело да се однесуваш.
    Со мало дете, во заедница, сабота сабајле си клапнала на компјутер.
    Прашуваш дали да се разведеш? Разведи се!...зошто поинаку и не сакаш да биде. Да сакаше ти да го подобриш твојот брак сега ќе си лежеше до маж ти (бидејќи како што гледам немаш др. обврски). Очекувам да ми кажеш - маж ми е на работа ... епа супер, мрдни го га***, фати нешто по дома, прошетај го детето. Се е поубаво од твоето кукумавчење.
    И да не заборавам, храната од мајка ти (за да не се расипе) зготви ја денес за ручек на шпоретот од свекрва ти, зошто ако не ти е проблем да живееш во нејзината куќа, не разбирам зошто би ти било проблем да готвиш на нејзиниот шпорет ( и тука очекувам да ми кажеш дека нема да ти дозволи... па уште подобро - дај и ја храната на свеки да ја зготви, зошто на крај пак ќе се клапнеш на нејзината маса да јадеш)
     
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ^А што има врска дека е сабота и чупето седнало на компјутер да кажи тоа што ја мачи и да ги прочита советите?што треба?демак нема да престигни да направи тоа што треба или ова е недолично однесување |( господе боже...
     
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Види невесте, на крајот на насловот на темава има прашалник, и ако не си дојдена по памет кажи си, јас не можам вака веќе и ќе се разведам, и толку. Со среќа понатаму.
    Очигледно бараш памет, ама некои совети не ти се допаѓаат оти се бара од тебе да пораснеш и земеш во свои раце што и како вашето мало семејство треба да биде. Од страв ли е од што ли е па не смееш или не сакаш, ама ако сакаш да функционираат работите дома како што треба, значи немаш избор, мораш да се уозбилиш, или исчеличиш во зависност зошто веќе не си, и да си ја превземеш одговорноста во свои раце.
    Додека сте на купче во една кујна, ти месо имаш за готвење, ќе се расипе ама нема ни свеки да јаде од него, така нели. Па зготви го бе жено. И ти ќе јадеш, и на маж ти убаво, жена му какво јадење му спремала, па нека апнат и старите де, може и ќе се изненадиш ако те пофалат. А не да не го готвиш оти немаш твој шпорет.... ама што јадете вие моментално? :?:
    Друго, што ти треба? Електричар ми треба. Нема што маж ти да молиш да бара некој, ти не знаеш како да најдеш човек? Тој оди работи, ти превземи домаќинските работи за средување што чекаат. Нека види маж ти дека има одговорна жена до себе а не уште едно дете кое од него или од мајка му чека за се. Почит така нема да добиеш од никој.
     
    На artemidis му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.078
    Допаѓања:
    134.814
    Ојесил, и мене ми треба електричар, ама тебе тој освен шпоретот ке ти ги реши и брачните проблеми. Повели, имаш 12 електричари http://www.najdimajstor.mk/oglasi/23-elektrichari
    Најди си еден, и реши си ги брачните проблеми. Ако немаш кредит на мобилен, и на титка работат :)
     
    На artemidis му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ojesil

    Ojesil Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    13
    Не го дојам веке 4 месеци одзимајки ми го неколкупати синот од града повеке не фати да цица се заикнуваше штом го зимав да го подојам.Платата ја дава на мајка си зошто таа му рече вака „жената пари на сопруг има право да ги има само ако и таа носи секој месец иста плата„ (а јас со критична бременост па се породив). И овој мојов мамина маза нејзе и ја дава.Па да чекам со мојата пшлата мајка да раководи да немам пари леб да си купам додека таа полни чанти за на работа(лично сум ја видела како се врака од продавница мислеше дека спиам а јас бев будна, потоа собира фискални за награда и гледам што купува). И пред некој ден реков дека мм е на пат . Критикувате ме дека сум рано на сабајле на компјутер а не прашувате дали имам заспано цела нок дека син ми рипа во сон и око не склопив(резултат на тоа што кога и да заплаче свеки и свекорот му викаат ан сиот глас и детето уплак доби од нив).Станав во зори дур син ми си играше во дубаче ручек зготвив си исчистив на нашиот спрат перална вклучив и сега дур спие јас одмарам зошто пак рипка во сон неможам око да затворам го наблудувам.САНЈАЕВА користам нивен шпорет дур не се дома зошто нели струја се троши а тие плакаат.Сега ке кажете на се има оваа одговор но навистина е така на секој мој збор на сдекоја моја постапка имаат одговор и тие.Ме правите недорасната но дали вие знаете што значи да се расправаш и да си кажуваш свое јас додека мм не те заштитува додека ти викат ако не ти се допагаме оди си остави го детето ... ке ти го земеме детето??????Да ме пофалат за јадење хахах ке умри попрво магаре бидејки нели кога јас правам не е убаво свеки си правела поубаво а мм еднаш не кажа дека не е убаво дури кога еднаш и јас и свеки ставивме сол в јадење пресолено го изеде и не кажа не чини.Ама на свеки и свекорот н еим се допага тоа што снаата прави подобро или поубаво од нив , бидејки јас не сакам јадење (чорбичка) без морковче,патлиџанче,домата пиперка(а они готвеле само со кромид).Во моментов готвам на мало рашо .Кое го позајмив од соседи додека се на одмор во италија.Благодарам з аелектричарите бидејки јас во овај град незнам никој освен комшии од моја возраст
     
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Нели од платата на сопругот давате 9 ипол илјади за сметки, како сега они плаќаат струја?
    Нели на ист спрат сте, како ти го чистиш вашиот спрат, па еднаш готвиш на нивен шпорет еднаш на решо од комшии. Ништо не ми е јасно.
     
    На zalosna и Glasna им се допаѓа ова.
  8. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Ojesil, не се разведувај жити све. Електричар не можеш да најдеш, а камо ли адвокат и нотар. |(
     
    На zalosna, srcence1607, imelda и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Ojesil

    Ojesil Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    13
    pogore rekov 9 iljadi za fiksen mobilen i kredit. Gotvev na nivniot sporet do v4era no denes se pozajmiv od komsii i resiv malku da se odmoram od niv dur ne e mm doma.
     
  10. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Ојесил-што и да направиш треба да мислиш и за детето.
    Разговарај :!: ама да разговараш со мт и да се решат овие кавги и расправи,а ти мила освен проблемов со свеки имаш ли и проблеми лични/интимни проблеми со мт?
    Искрено не разбирав сите што имат проблеми со свек прашуват дали да се разведам?!. Па не сте венчани за родителите од мт?!.... треба почитување,разбирање и се тоа ама кога неоди и неоди е па небива бре секој ден со карање да се зивее!
    Мора со мт да се ставите на едно ова ова и тоа за вас тоа и тоа за нив и да нема после вака и така :^) ако не мора некое решение :!: ама развод со мт само ако имате ваши лично од вас двајца а не од свек...
     
  11. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Читам и не можам да поверувам,јас би се развела од мажот ми само ако почне да ме малтретира физички и ако почне да оди со други жени ојесил знам дека ти е тешко,но животот е таков мораш да се бориш за она што го сакаш и што ти припага,свекрвите ни се најголем проблем на сите,ама мораш да стиснеш заби и продолжиш натаму,лесно е да е разведеш тешко е да се задржи,во името на љубовта од која што проилегло тоа дете што е денеска со тебе,мораш да останеш силна,знам дека ти е смачено и дека не можеш да издржиш но мораш да гледаш низ прсти на свеки и свекор ти,заради тоа дете.Јас би ти препорачала да си седиш горе на спратот и да си го средите и да не се симнуваш долу,а тие ако дојдат преправај се дека ке си легнеш да спиеш уморна си и легни си во спалната со детето и ич гајле да не ти е,направи ручек мажот ти кога ке дојде да има ,а он ако сака да јаде кај мајка му нека си се спушти долу,е сега најголем проблем е што ти си зависна од него,јас би ти советувала да го убедиш мажот ти детето во градинка да го пратите и да си најдеш работа,така полека ке можеш да допринесуваш за куката а и за тебе и детето и проблемот е решен.Запомни лесно е да се предадеш,потешко е да задржиш,не се откажувај.Животот е да се бориш и соочиш со различни проблеми,животот ти е борба за опстанок. :*
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ojesil

    Ojesil Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    13
    Со интимата???? Скоро ја немаме многу ретко во една категорија кажав дека гледа порничи повеке него што неговата сопруга . Добро нормално повеке време сум со дњетето навечер или кога с доага од пат може сум со менструација или е на пат. Фаири90 токму заради тоа останувам во брак стискам заби но понекогаш ми иди да оставам се и да ме нема нигде. Најпрво пред да го оставам помислувам каков живот би бил тој ако син ми рсте без еден од родителите. Плус друго ставам татко ми исто како сега мм што прави (разлика што не ме удрил досега) ја слушал баба ми како ке каже ја тепал мајка ми ја избркал од дома и го зеле брат ми па со полиција отишле да ја молат да се врати дома . И тек кога се преселивме после 10 год нивен брак јас имав 6 тогаш си видовме раат. Ке стискам заби уште некое време па ако нема промена ... Пишав на темава за совет дали е правилно да се разведам или и покрај се да останам во брак. Ви благодарам на сите за советите ете од денес сум сама со син ми горе им го носам и доле да го видат ама за тоа време јас не сум со нив зошто кавга ке избие знам.
     
  13. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    A ,ти овде нас не фарбаш или :emo: ???
     
  14. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    па тогаш ти и со мт имаш проблеми :^) малце или малце по повеке не разбираm тука ко на филm ти е ова или :o
    ма стварно ако е таква ситуацијата превземи нешто,оти ова на ништо не ми личи,вака не се живее.
    ако не те сака и мт тогаш нема потреба да живеете заедно и плус згора проблеми со неговите :!: а најважно вие двајца како сопруг и сопруга,раззговарај со него и тоа најбрзо и решитего овој проблем а не вака ни лево ни десно.
    ти посакувам да се среди ситуацијата и затоа мораш да разговараш со мт за се а најпрвин за вас :^)
     
  15. Ojesil

    Ojesil Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    13
    Се надевам на најдоброто. Утре мм си доаѓа од пат па ке ви пишам понатака за резултатите.
     
  16. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.338
    Допаѓања:
    148.163
    Пол:
    Женски
    сомнително ми е уште кога почна да пише во сите категории. а и начинот и стилот и приказната многу потсетуваат на една која некое време ја нема откако ја прозвав и избришаа неколку страни од темата.ама ај си реков да не изигрувам детектив само јас.од вакви ликови кои нема што да прават не ми се отвора форумот понекогаш.
     
    На Glasna, artemidis и darcy им се допаѓа ова.
  17. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Worried.bt,ете прочитај во темата "донираме средства за оние на кои им се потребни" и ќе ти стане уште појасно .Oд вакви како што се Oјесил,не стигнуваат во прави раце било какви донации!!! луѓе навистина што патат во животот,без покрив над глава(што живеат под ведро небо),што немаат јадено со денови,болни луѓе што немаат пари да си купат здравје...е таквите не можат да ја осетат хуманоста од народот,поради овие лажниве.
     
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.078
    Допаѓања:
    134.814
    Океј, женска, не е проблем. Маж ти работи, ти имаш свој спрат, ама ти требаат пари за електричар. И затоа ние место на друг, треба тебе да ти ги дадеме парите.
    освен пари, нешто друго дали може? Еве јас да дојдам да ти го врзам шпоретот, Гласна да и акне една на свекрва ти, Ворид.бт да го успие бебето додека ти штракаш на форум, Капетанот да го однесе маж ти у кафана и да го опие за да те опне кога ке си дојде дома...друг начин на помош?
     
    На Hipica, zalosna, imelda и 3 други им се допаѓа ова.
  19. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Еве јас доброволно ќе го пријавам маж ми да го поврзе шпоретот 8) И мене немаше кој да ми го поврзе, ама си купивме кабел, седна го проучи упатството, побара на интернет (верувале или не и тоа го има) и си го поврза. И сега јас имам шпорет и готвам храна што сами ја купуваме. А и сметките сами си ги плаќаме и рата за кредит и мене уште ни една од феминките не ми помогнала финансиски. ФЕМИНКИ СРАМ ДА ВИ Е |( .
    Значи по ова што го читам разводот веќе не е на дневен ред доколку се има финансии, доколку не ќе се разведуваш. Еве јавно ти кажувам дека адвокатот за развод јас ќе ти го платам, очигледно ќе немаш пари за него :fubar:
     
  20. Ojesil

    Ojesil Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    13
    Феминки јас ви се извинувам за ова што побарав помош од вас. Овде никој нема да ми помогне финансиски но ете јас пак си ја пробав среката . јАС КЕ СИ ЈА ТРГАМ МАКАВА ПА АКО СЕ РАЗВЕДАМ КЕ ВИ ПИШАМ ВО ДРУГА ТЕМА.