1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се разведам?

Дискусија во 'Брак' започната од Temjanuska1234, 2 мај 2013.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Silver.E-едно ее очигледно дека нее е проживеал...знаеш како велат старите дека порано или покасно едно машко ќе треба да се изнашета(иживее)...ее сега поарно е додека пред да се жени...
    би и советувала да посети брачен советник или како се вика тоа..ако не помогне и тоа тогаш развод..затоа што се нее во разводот..лесно ее да се растири нешто тешко е да се состави..ама едно ќе ти кажам можно еее тоа да му ее пролазно...
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Аууу сешто оди по земјава. Претркај го и ти побарај развод. И не се плаши од тие глупави работи, ќе монтирал фотографии, ќе правел, ќе пустел ... кој може да докаже дека се (не се) монтирани, м? Башка, ако непрофесионално ги направи може само да направи голема будала од себе. Полуголи слики бе? Значи на сите жени на интернет шо стаиле слики од одмор треба да им ги одземеме децата ... :D

    Човек кој 14 часа минимум во денот не се врти дома, има ставено пинови, крие компјутер, телефон, све живо од жена му, сите другари го откачиле ради неодговорното и неозбилно понашање, НЕ НОСИ ПАРИ ДОМА, детето му седи гладно... Поголеми се шансите тој да го изгуби детето отколку ти. Не му се плаши, ако дојде до поголем скандал или караница, директно викни полиција ,објасни им уште тогаш што и како е работата, дади изјава па да видиме дали ќе ти го земе детето така лесно. Јас би се плашела моето дете таков човек да го вика татко, не па да сум во брак со него и да делам кров со него.

    Најарно ќе биде со детето да си се вратите тука. Си имала тука еднаш работа, пак ќе имаш, подобро тоа отколку да седиш под ист кров со таков манијак оддалечена од сите твои блиски.

    Да, згрешила. Не видела на време со каков скот си имала работа. А потешко од ова не може да биде. И аман ќе ве молам престанете со вакви коментари, не треба жената да е мазохист за да биде достојна за својата вера.
     
    На okcenzi, mimiiiii и Temjanuska1234 им се допаѓа ова.
  3. 007-007

    007-007 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Совет ве молам
    11 години сме во брак,Имаме две деца а тој Никако не може да престане да оди во казино , должен е на многу места , пробав да му помогнам но не оди, не сака да разговара и негира дека оди во казино, а неколку пати сум го фатила на лице место

    Сега веке престанав мојата плата да ја трошам на неговите глупости .Почнав да си купувам работи работи што мене ми се потребни .Пред некое време ми го скрши комјутерот кој сеушто го плакам на рати , и не можев да издржам и си заминав .3 недели не бевме заедно , еј колку добро се осекав , ама децата не ! децата сакаа да се вратиме дома , тој звонеше и ме молеше вети дека ке се смени , ми поверував не знам по кој пат , ама му поставив услов дека дека секоја сметка дома што до сега ја плакав јас ке ја плакаме по пола , прифати , си реков кога ке знае дека треба да плати сметки ке се откажи од комарот , а и не беше воопшто насилен како што знаат некои да бидат .Но пред некој ден како сосем друг човек да беше покрај мене , ми побара пари и не му дадов и ме удри , почна да ме тушка низ соба , цркаше , викаше , јас само викнав по децата да излезат надвор да не гледаат ...Модрици имав на рацето, вратот ,образот.. но не доби пари од мене .Моите велат да си одам , да го оставам , дека сум способна да живеам сама , имам добра плата ,работа.. ама не знам , се плашам од животот сама , се плашам од равод а се плашам и тука во оваа куќа , спијам со страв дека пак ке бара пари , дека пак ке биди можеби пијан и пак ке имаме караници ,повеке заради децата ми е страв да живеат таков живот .Керка ми дури и ми рече да сум ја отпишела од тренинг и парите да сум ги дала на татко и за да не се караме.Ало? моето дете се откажува од нејзината желба за да не гледа караници дома а има само 11 години??ствархо сум во голема дилема дали некогаш ке се поправи се ,Сум пробала и со раговор но тоа за него е навредлива тема.
     
  4. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    007-007 на прашањето дали да се разведеш или не јас нема да ти одговорам ти најдобро си знаеш јас само ке ти укажам на некои работи
    знаеш и самата дека комарот е нешто најлошо на овој свет кој не живеел со комаргија не знае и може да јаде трици тука на форумот и да дава совети а да нема ни една минута седено со човек кој што приоритет му се парите и казината
    Од него не очекувај дека ке се грижи за децата , не очекувај дека ке се грижи за тебе,нема да го интересира дали има доам за јадење дали имаш прашок да ги испереш децата дали имаш пари да ги испратиш на училиште
    Него у моментов најбитно му е да се докопа до некој динар да оди во казино и се надева дека ке фати поголем износ и ке се извади малку од малку
    Ама тоа нема да се случи и секој ден ке тоне се повеке и повеке ке се задолжува кај пријатели роднини ке се вади со различни изговори за да дојде до пари
    Ти ке трпиш трпиш се додека можеш акога нем ада можеш ке се собериш парталите и ке си заминеш од него ако имаш срека здрава и права да си заминаш ако недај боѓе не добиеш напад на нервоза и да те однесе на болница па ем ке те направат нервно болна и како таква нема да бидеш способна за деца да чуваш па утре на судот ке ти ги земе и децата
    ова сето го имав јас во мојота фамилија и не е завршено он сеуште си игра комар она е ни жива ни мртва
    децата кај без татко оти дома не е прибран па и со нервно болна мајка така се намаанати самите се чуваат тарашуваат по куките и улиците
    Жалам што ке те разочарам ама на ова му нема лек значи не е до тебе и ти тука не си мокна ништо тука веке станува збор за него неговиот карактер и неговите чуства а него тиа одамна му се по пат изгубени
     
  5. 007-007

    007-007 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    'Од него не очекувај дека ке се грижи за децата , не очекувај дека ке се грижи за тебе,нема да го интересира дали има доам за јадење дали имаш прашок да ги испереш децата дали имаш пари да ги испратиш на училиште '


    tokmu ova i se slucuva vo posledno vreme, poslednite 4-5 godini , duri site mi velat kako sum izdrzala tolku ..
    sekogas koga prasuva za jadenje , stvari za doma , mu velam ostavi li pari za da zgotvam nesto , i odgovort e sekogas imas pari , zemas plata.Pa toa sto jas go zarabotuvam e za celo semjstvo a negovoto nikade go nema !?
    Milsam samo na decata , kako ke im bide ako se razvedeme, ziveeme vo mal grad , ozboruvanjata ?
     
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Не те разбирам... :^) Имаш поддршка од твоите, велиш дека имаш добро платена работа, по постот сфатив дека и онака ти сама се грижиш за се, сметки, тренинзи, околу децата, околу домаќинството итн. Знаеш ли колку жени што го имаат овој проблем што се би дале да ги имаат овие услови за самостојување како ти? И сеуште се мислиш дали да си отидеш? Незнам стварно што чекаш. Да те заглави и тебе со долгови? Да те претепа, децата да го гледаат тоа, трауми да имаат? Они се деца, можеби ќе го бараат и нормално он им е татко ама ти си возрасна и треба да знаеш дека тоа е за нивно добро. Тука веќе не си ни ти, а ни маж ти во прашање тука најбитни се веќе децата. Не си играј, собери си ги парталите кога он нема да биде дома и бегај. Ич не се ни врти назад, не го ни гледај. Зошто со вакво негово однесување стресот како на тебе така и на децата ќе стане секојдневие, а тоа е најлоша работа. Размисли убаво ова е само мој совет.

    Сега видов дека си допишала уште нешто. Велиш како ќе им биде ако се разведете. А си помислила како им е сега или како ќе им биде ако не се разведете?
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.
  7. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    убаво ти има пишано погоре ева...
    размисли убаво и така веке се сама правиш и за маж и за зена во едно семејство ти веке и двете работи ги извршуваш :!: од твоја страна се е убаво и работа и пари и самата ти си ок :!: проблемот е тој и сам нека созреа и нека се реши на што сака да биде :!: ама немој повеке ти да се мачиш со се.
    грижисе за себе и децата и гледај тие да бидат добро и да не толку забележуват се што се случува ипак се греота така да гледат и девојчето да се откажува од некои работи што треба да бидат :^) хм види девојчеето сватило а мажот не може да разбере што треба и како :x
    остави го нека си решава сам он,немој веке да му помагаш остави сам нека одлучи дали ке биде за својата фамилија или за коцката и други работи,ставиго на тоа и продолжиш напред а не да си трошиш пари и време на ништо :^) грижисе за децата и себе а он нека мисли малце,остави го некој период да мисли :^)
     
  8. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    007-007 биди срекна што твојата плата ти останува за да си ја израниш фамилијата
    ке следува период каде што ке ти бидат крадени твоите лични пари мислам и дека пиша погоре една таква случка затоа парите криј си ги ако сакаш да не изцркате за парче леб
    По овој дел сватив до кој степен е дојден он во неговата коцкарска кариера
    Уште ни сам не е свесен до кај и колку е навлезен во гомненици
    Пази да не подигне кредит и да го изкоцка ,пази да не ти собере од дома се и злато за да го продаде и дојде до пари ,пази на се верувај точно го знам ова и точно знам што да се очекува од комаргија кога ке се осети загрозен без пари у стање е да те натепа и земе парите затоа имаш две варијанти или криј парите и помири се со судбината живејте заедно а уствари ти нема да знаеш со кој аживееш бидејки он не е веке тој стариот и нема никогаш да биде или пак земи си децата најди си станче под кирија собери си се што имаш и замини си
    Ако можеш снимај го со тел кога ке се карате и кога ке ти бара пари верувај една ден ке ти биде од корист кога ке ти ги бара децата на судот тоа ке ти биде доказ дека он не е способен да се грижи за нив
    совет од мене парите у гаки пикај по едно дизиапамче секој ден заради смиреност оти у спротивно ке паднеш нема уште долго да издржиш верувај и земај си дечињата под рака и излевај си од тоа што ке седиш дома нема лезет ке побрлавиш жено а него ни око нема да му трепне
     
  9. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Ајде она парите ќе ги скрие, ајде и дијазапамче ќе се напие, децата што ќе трпат трауми они што да се напијат? Пак ќе повторам како и на предходниот пост, она веќе не е на прво место ни па маж и', туку децата. Она треба нив највеќе да ги заштитува, а не себе.
    Не те нападнав само дискутираме. :)
     
  10. BuBeMa

    BuBeMa Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    zdravo, vo brak sum 8 godini imam edna kerkicka 7 godini mazotmi e postar od mene 15 godini toj prethodno imal eden brak ima dve deca so prviot brak. prvite godini od brakot bea dobri kako i sekoj brak kavgi imase ama ne tolku strasni poslednite 2 godini uzasen e covekot psihicki me maltertira se e vo vrska so parite kako su trosela mnogu kako taka kako vaka neznam so li ne vo posledno vreme se pocesti i pocesti se kavgite sekoj den toj ne e ni svesen kolku e skapo sve kako prvo lebot ne znaj kolku pari e a za drugite raboti i da ne zboruvame mislam psihicki ke se obolam ako prodolzam vaka ili ke vika ke se deri site da go slusat ili ke molci nisto ama nisto nema da zborni ne kako sekoj maz i zena da sednat da porazgovaraat da spodelat nesto pocnuva i kerkami odbivnost od tatkoi da ima pocnuva da go nejki iako jas ja sovetuvam deka toj i e tatko deka site maz i zena se karaat a dete kako dete si go bara svoeto so i da zemam samo se deri.sakam da se razvedam oti ako ostanam so nego znaci skros ke se obolam psihicki a od druga strana strav mi e da ne mi ja zemi kerkami oti zivotot bez nea nemozam da si go zamislam,ima golem krug na sudii i advokati pa mnogu mi e strav kako so napomenav od prviot brak decata sudot nego mu gi dodeli ve molam kazete go vaseto mislenje so da pravam
     
  11. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Седни прво разговарај со него (ако е воопшто можно тоа).Кажи му дека ќе се разведеш од него ако продолжи да се однесува така со тебе и дека со тоа и создава трауми и на ќеркичката.Ако успееш. со разговор да го убедиш да се промени во ред,остани со него,но доколку не се согласува да го смени однесувањето и да продолжи така веднаш поднеси барање за развод.Не си должна да трпиш такви испади.И ти,а и твојата ќерка.
     
    На BuBeMa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BuBeMa

    BuBeMa Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    znaci jas sum resena da se razvedam a i veke nemam nikakvo custvo kon nego ne go ceni toa so sum 15 god pomlada od nego so sum mu vtora zena a jas sum menala brak prethodno mene me plasi da ne mi ja zemi kerkata za nego veke oko ne mi trepnuva
     
  13. BuBeMa

    BuBeMa Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Никој ништо не цени Бубе. Во животов треба да се прави добро на другите само за мир на сопствената совест. Тоа јас го научив.

    Сега не знам како тој успеал од првиот брак да си ги земе децата, распрашај се како дошло до таа ситуација, но одоколу, преку други, затоа што тој може да ти даде лажна информација па самата увиди колкави се реалните шанси тој да ти ја земе ќерката (иако мислам дека се минимални). Има жени (лично имам просведочено) кои буквално си ги откачуваат децата после развод (со свои очи имам просведочено, значи не биле само мажите такви). Доколку против нејзина воља и со валкани игри и` се одземени децата, тогаш размисли уште еднаш со каков човек живееш, човек кој има срце да ги раздели децата од сопствената мајка...

    Размисли од твоја страна да не имаш направено нешто што кај него разбудило таков отпор. Kaков е твојот однос кон децата од неговиот прв брак? Како се согласува твојата ќеркичка со нејзините полубраќа/полусестри? Дали во твојот однос се рамноправни со твојата ќерка?
    И ова е многу важно. Те молам не ме сфаќај погрешно, прашувам бидејќи имаш споменато како ова влијае на ќеркичката, а другите деца не се споменати.
     
    На BuBeMa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. avita

    avita Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    31
    за темајнушка.. па вака .. пробај да се распрашаш во социјаното.. дали можат да ти помогнат .. околу сместуванјето во оние социјани домови за самохрани невработени мајки.. мислам дека ги има и во swiss. ги има во германија.. од како ке те .. префрлат ти помага државата некое време .. таму живеат само самохрани мајки.. потоа државата превзема - грижа за детето и тебе ти наогаат работа .. знаци тоа е привремено решение.. знам многу луге така . си го средија животот .. бидејки ти си таму сама .. знам една жена што имаше сличен проблем со твојот .. таа се смести во тие домови ете сега и работа и најдоа.. и си најде стан ,жената се врати.. во .. нормала .. секое добро ..ти посакувам
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    да не се лажеме.....нашава мила држава ама баш никако не ги помага самохраните мајки, од мое искуство баш напротив.толку!
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Pepaaa

    Pepaaa Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    21
    ми треба помош феминки .. пред пораѓај сум ама мм никако да сване некои работи .. завчера ме фатија болки ама тој не сакаше да стане барем да ме испратеше до таксито .. не можел бил многу изморен .. никако не дојди во болница .. кога си дојдив никако не праѓува како помина туку уште колку пари имаш/ значи него само парите му се потребни .. крена узбуна зошто мајка ми дошла во болница ... сабајлево кога станав да одам во болницата да ги допримам системите гледам уште 20 денари ми ги оставил ... веќе 15 пати може дома ме има бркано .. во 4ти месец крена рака на мене па више не можам да трпам .. за бебе никако пак не се интересира ... помагајте
     
  18. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.179
    Pepaaa,a zoshto se imash vrakano nazad ushte 15 pati????Ako neshto ne biva,ne biva :x ,neznam kako nekoi luge uporno trpat vakvi torturi(od tepanje,vreganje,psihichko i fizichko maltretiranje,pa se do brkanje :fubar: ) ,navistina ne mozam da svatam kako si dozvoluvaat nekoi zeni da bidat od partnerot maltretirani(a se zemale od pregolema ljubov)
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Ако не ај оди натепај ја! Може била бремена и не сакала да абортира па се земале? Можеби како и 90% од женската популација што трпи и поднесува, еден е во врска а друг е во брак? Можеби нема каде да оди? Можеби нема финансии? Која будала би седела како статуа да трпи се што трпи освен ако не мора? Бремена е пред пороѓај, кај на мајка и да оди со толкав стомак сега? Дај Боже да се откачи од таа будала, ама не вака да ја напаѓа никој, жената си има доволно маки без да ја суди некој јавно. Згрешила што му верувала, ама бракот е мачка во вреќа понекогаш...
     
  20. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Оф душа мила па како да ти помогнам?????Верувај сакам ама искрено незанам како а и не гледам излаз од ситуацијава
    А да го пријавиш во социјални грижи малку да го дрмнат ????Тоа ми падна прво на памет
    Зошто срцка си се нафатила на второ дете со ваква стока ?
    И не свакам како може да е толкав идиот има луѓе што за деца плачат а он ен се интересира за неговото дете значи неможам да се начудам Со другото детенце како се однесува со тебе????
    Имаш разговарано со него на тема развод чисто онака да видам дали се плаши од развод или око не му трепнува? Незнам стварно незнам што би те советувала тешка ситуација е
    твоите дома знаат дека вака се понаша они те подржуваат ?