Premnogu si zamorna od misli i zatoa koga spies go sonuvas javeto ili realnosta. Son ne moze da ti kaze dali da se razvedes ili ne. Sedni pa razmisli si dobro.
Блокни го од секаде, промени број, ако треба промени адреса на живеење, паузирај го факултетот привремено додека не се средиш. Само не потпаѓај и воопшто не му попуштај. Кога ќе остане сам, ама психички сам, ќе ја сфати грешката.
Без разлика дали ќе сфати или не, тоа повеќе не е твоја грижа и вина. Остави го зад тебе, смени passwords, избриши го од социјалните мрежи. Добар совет имаш од @JustFun , смени телефонски број. Се додека очекуваш повици од него, само повеќе ќе тониш и го правиш овој период да остане длабок и тежок за твојата психа. Продолжи.. Покажи дека си многу поразлична и поздрела од него, остави го таму каде што му е местото. Се додека се замараш со него, и по социјални мрежи и по форуми, покажуваш дека не си крајно одлучна за решението. Ние сите те разбираме и ја имаш нашата поддршка. Не ни објаснувај повеќе, само продолжи со животот Good luck @Queen 94 , и покажи им на сите како се зема просек за стипендија
Ви благодарам на сите за прекрасните совети. Ова многу ми значи. Прекрасни сте. Факултетот ми е при крај, апсолвентка сум, имам уште еден месец испити. Поздрав до вас. Ве гушкам.
Ајде сега со среќа.. да си дипломираш ако имаш можност и да си магистрираш и не се оптеретувај со негативни мисли. Ја имаш целата моја подршка ❤
Ќе одел за Англија да работи во вторник ме вика и мене. Секако нема да одам. Му викам за развод ќе треба да се вратиш. Ми вика планирам прво за Англија па од таму за Америка и не се ни враќам. Цело време ги негира работите... прво си ја признава вината... после пак јас сум преувеличувала.. што да правел дома додека сум учела ..само истите муабети ... Јас незнам дали е тој сериозен. Го прашав а што ќе работиш ми вика поштар, аплицирал пред нова година сега му пишале меил. И тоа право за на работа да почне во канцеларија дури ни на интервју да не оди. Too good to be true. Има бугарски пасош само.
штом си заминала од него ич нека не те интерсира кај ке оде и што ке праве заврши го подглавието со него позади англија ке оде он не се секирај нема кој баш него го чекаат у англија поштар да биде терај си твојот живот а со неко контакти на нула ни фб ни месеџер ни вибер
Мора да се договориме за разводот што и како поради тоа уште контактирам. Инаку за работата чудно ептен, тоа дури државна работа било, зарем таму толку нема друг? После 3 месеци ти ја качувале платата и ќе земал 1 000 евра неделно хаха
ти вчера замина од него ке се договарате за разводот де молим те не си барај изговори за да контактираш со него ионка ке оде Англија после 1 година разделено живеење ке имаш право да се разделите без проблем тоа може твојот адвокат и неговиот да го средат нема потреба од контакти
Јас мислам дека таа потајно се надева на него,а тој си игра како му свирка. Немал што да прави додека она учела. Абе ај...си се е процедура девојче,меѓутоа љубовта кај тебе не згаснала. Тој знае дека дома нешто го чека,а кога ќе си одиш ти пишува. Тек кога ќе оди таму ако оди ќе сфати што е живот. Пушти го нека научи што е печалба а не колку на збор да се каже. Не сака да се разведе тој.
Изгледа вистина бил сонот што си го сонувала, дека бил ненормален и што чекаш уште, поднеси документи за развод и кулирај, што има да разговараш со него веќе, што ќе делите? И кажи му дека во Англија во фунти плаќаат не во евра, кого мота тој.
Зошто мислиш дека несака? Јас го сакам, нормално и од љубов се омажив ама неможам да ги прифатам тие работи тој што ги прави.
@Queen 94 ти имаш бугарски пасош? И да имаш, тоа така се летело во Англија, ко да ќе одите на Водно со жичара. И не ми кажа, што ке договарате околу разводот што не може да се договори во присуство на адвокат?
Знам дека во фунти, ама тој си пресметува во евра. И кога бев таму нонстоп гледаше на нет каде даваат најмногу пари за каде да оди. И за пари лаком е и тоа многу.