Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се разведам?

Дискусија во 'Брак' започната од Temjanuska1234, 2 мај 2013.

  1. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    6.639
    А со ТОЈ што правиме?Само таа е виновна?
     
    На joy1, Justicija, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Затоа и дојде до развод. . .
     
  3. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.084
    Пол:
    Машки
    Најпрво прости си себе си, после седни со него и пред детето ваше прости му, со тоа што на смирен и сериозен начин гледајќи го директно в очи ќе му кажеш дека му простуваш не заради себе туку заради детето и ако сака вашето дете да има нормален живот ќе размисли што направил, кажи му дека не сакаш да ја знаеш вистината, нека вистината си ја задржи за себе, така ќе му ја активираш грижата на совеста а особено кога ќе те погледне в очи и кога ќе го погледне детето, ќе видиш нема да поминат ни неколку дена и ќе ти признае се' доколку те изневерил, само треба да почекаш да започне совеста да го гризе од внатре се разбира ако ти изневерил.
     
    На Justicija, Women cinde и mira.mira им се допаѓа ова.
  4. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Барам совет што да направам?
    Пред недела дена се вративме од одмор-прв без свекрва ми и свекор ми со нас и она уште дента кога требаше да дојдеме од сабајле си дошле од зад три брда и три дола со свекор ми кај нас да не дочекаат. Ај бев фина се ок, и поклонив нешто што не ми беше за неа планирано. Ај утредента и лекови ми побара да и купам и мислев штом дојдам дома ќе и дадам лековите ќе ручаме и ќе си одат. Ама ја гледам си се раскомотува дополнително. Во спална кај што имаме приватност му се пожалив на мм дека не планирав да ми заседнуваат сега,дека требаше викендов да ги посетиме. Од почит кон мм и нив буквално секој викенд летово ги посетувавме кај нив,а и ко гаранција дека нема да ми се пикне да ми залегне како што знае свеки. ММ се налути и си замина и не е вратен дома,значи недела дена веќе. Си оди на работа, неговиве го посетуваат таму кај што е склонет(или кај пријател или кај кумот е не знам точно) и свекрва ми денес ми вели налутен е итн. му требало време. Значи можда 100ти пат се караме како нејќам она да ми виси со денови по куќа, можда 3пат вака има избегано и кога ќе му помине лутина се враќа ко ништо да не било. Свекрва ми вели се лути што му викаше и го навреди(да го изнавредив дека не е прав маж штом мама и тато ги става пред неговото семејство и му реков дека ако не се оправи ќе си заминам со се дете и развод). Многу имам пропатено од свекрва а и многу сум толерирала, ај фамилија сме, со дете, да се разведувам заради свекрва и мм што не разбира фамилија, детево да расте така??? Ама нит се трпи веќе нит се тера. Моиве знаат и ми имаат речено постепено да се прибирам кај нив. Чаре,совет?
     
    На cresa-jagoda, Aleksandar1212 и IvaSand им се допаѓа ова.
  5. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.445
    Допаѓања:
    38.461
    Пол:
    Женски
    @AURUA јас лично дефинитивно не би толерирала такво заминување, кој знае каде, по цела недела, па ни ти ни детето да го гледате и знаете каде е. Како маж не му доликува тоа однесување, или нека остани да го решите проблемот или заедно одлучете се за развод. Што добивате со бегање не ми е јасно. Па уште се враќал ко ништо да не е после.
     
    На cresa-jagoda, Glasna и Justicija им се допаѓа ова.
  6. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Не изневерува за тоа ако мислиш кој знае каде е. Неговите т.е мајка му-портпаролот за односи со јавност вели се плашел да дојде,да се соочи со мене дека ќе му викам многу му пречело. Плус му требало мир за на работа дека му беше турбулентен периодот,а еве денес ми вели она дека му одобриле унапредување од октомври. Мене ми пречи што откако се тргаат неговите од тука он се враќа како ништо да не било и се по старо си тера. Мајка му вели он се лути што му се развика и навреди а јас немам право да се лутам што она се залегнува тука и се меша во се и сешто, во приватни работи.
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    @AURUA не се разведувај, сепак си дала заклетва дека ќе го чуваш и маж ти и детето, од секакви влијанија. Ако тој не превземе нешто во врска со проблемот, превземи ти, и уврти си го мажот околу тебе. Нема да е лесно да го сториш тоа, но ќе си имаш фамилија за која ќе се грижиш. Со добра намера се ќе постигнеш. Размисли што може и како да излезе на добро твојот проблем, и придржувај се кон тоа.
     
    На mira.mira и Justicija им се допаѓа ова.
  8. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.482
    Допаѓања:
    96.957
    Татко ми правеше така до пред неколку години. Сега е веќе стар, па не му одговара повеќе нормално. Исто така после кавга не се враќаше дома (не изневеруваше и овој, после му го откривме тајното место каде преспивал - собчето на нивата на татко му|(), ние по цели ноќи треси се да не си направи нешто на себе, со душа сме чекале утрото да осамне да видиме дали ќе отиде на работа и да чуеме нешто за него. Ние немавме ни интермедијатор каков што имаш ти. Немавме поима каде е. Јас ептен малечка па ќе се јавувам на телефон на работа, ќе го молам со плачки - тато дојди си, ако ли дојди си, те молам дојди си, ќе си дојдеш ли?... па ајде вечерта пак неизвесност и нервози дали ќе се удостои господинот да си дојде по сите молби... Сум имала страв после секој кавга со мајка ми дали ќе се прибере вечерта. Оти не беше еднаш, ни два пати, туку безброј пати. И кога ќе се вратеше дома пак надуван, пак мајка ми крива, пак не збори, пекол. Taкви трауми имам од ваквите негови епизоди што кога ќе ми текне сега што ни правел, не можам да го гледам. Безобзирен, мамин син, ист како твојот. И кај него мајка му беше алфа и омега.

    Ако си решена и штом твоите те поддржуваат, замини си. Тој така ќе си тера, да се промени, нема. Јас бев студент, па нашиот уште имаше вакви испади. Значи на 50 и кусур години.
    Мисли и на детето. Не знам колку е големо, ама кога ќе почне да ги разбира работите и нему ќе треба да му објаснуваш кај исчезнува татко му од време, на време.
     
    На Victorian, dunika, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  9. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.445
    Допаѓања:
    38.461
    Пол:
    Женски
    @AURUA не мислев да изневерува, ама пак не е во ред тоа што бега од проблемот. И наместо со тебе да решава тој преку мајка му. Па и таа не го советува да дојде, да разговарате, а таа да се тргне малку на страна, туку продолжува да е на средина и ги зголемува уште проблемите. Детско однесување во секој случај, и стојам се уште на тоа што кажав претходно.
     
    Последна измена: 25 септември 2017
  10. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.375
    Допаѓања:
    171.447
    Ем кавгите се за мајка му ем мајка му главен шериф и се преку неа оди
    каква мајка каква шајка шати детето у раце и тргни кај шо мислишдека престојува најди го и дај му ултиматум за пола саат да си дојд дома у спротивно кажи му дека повеке нема да ве види ни тебе би детето
    па и ти му се тресиш му се чудиш па преку мајка му ке контактираш со него ебати мажот ебати на секој проблем по туѓи кревети ке се валка
     
    На Alisa22, Victorian, Βικτωρία и 4 други им се допаѓа ова.
  11. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    @AURUA што не му замафташ со дрвена лажица и кажи му следен пат не мора ти да бегаш како мало пајче,јас ќе си одам со детето.Срамота па и тие свекрви аман заман веќе болна нека си седи дома,не иживеани,искомлексирсни,арогантни се ги интересира.Ако она не си го живеела животот во младост,ајде сега снаата нека трпи како мене.Не им се давај.Друг пат кога ќе ти бега така клуч на врата па нека седи како кученце пред врата,нека иде кај мама:envy:
     
    На Βικτωρία му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Еве си заминав вечева кај моите. Утре од сабајле ќе се средам кај нив дека се ми е таму и по обврски што имам за утре,сепак да не ми трпи животот ради ова. И одма и се јавила на мајка ми и и рекла демек му треба мир за 2 дена ќе си дошол,ме сакале сите поготово он, бацки за мене и малото. А јас пред да тргнам накај моите му звонев и на 2та телефона и вели корисникот недостапен. Значи немам зборови повеќе.
     
    На Βικτωρία му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Му ја најдов колата на паркинг на работа и му пишав да не се крие како пи*ка. Џабе. Уште им рекол на неговите го манјачам а мене сосем по пат тој ден ми беше неговата работа и баш му пишав во пораката на кола дека сосем случајно се најдов. Му имам пишано на смс се што правиш во животот полошо ќе ти се врати,ќе видиш и овој им рекол на неговите дека тоа ќе видиш му било закана по живот одмене а јас му пишав ќе видиш-демек ќе научиш. Мислам дека страда од параноичен страв,јбг. За детето ми е жал,мало е не разбира,ама....немам зборови.
     
  14. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Јас ради таа заклетва трпам со години ама што фајде ?Да чекам мамичка да ја снема?
     
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.375
    Допаѓања:
    171.447
    Какви пораки бреее
    оди кај шо мислиш дека престојува
    две реченици кажи му и тргни си
    овоа се детски глупости од вас ни фамилија ни луѓе не бива
    ептен детската ја терате

    Цело време ти се очите во свекрвати па поради тоа си слепа и неможиш да видиш дека маж ти е едини кривец у ситуацијата
     
    На Victorian, Βικτωρία, carangigia и 4 други им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    Си пробала ли да не го бараш додека е отсутен?!
    Па кога ќе се врати однесувај се како да е воздух.Никакво внимание не му обрнувај.Како да непостои.
     
    На mira.mira, BabyStyle, Βικτωρία и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Знам,јасно ми е и тоа му пререков дека он не се поставил како маж. Се навреди и дека му викав и се заканив со развод си избега. По се не е созреан-зрел човек. Он ме убедува дека родителите се најважни на свет,живот ти дале и се и треба да се почитуваат, да им се дозволува да се пика носот во се итн. дека тоа е сосем нормално,одраз на љубов е да те прават родителите полтрон.
     
    Последна измена: 25 септември 2017
  18. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Не, не можам да држам лутина. Кај мене или со многу добро минеш или сечам и крај. Никогаш не сум можела да живеам со некој и да игнорирам. И свекрва ми колку да ми згрешила пак имам контакт,не можам да вртам грб да глумам дека некој е воздух.
     
  19. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.445
    Допаѓања:
    38.461
    Пол:
    Женски
    @AURUA сега кажи им дека тебе ти треба мир и време, и ако е спремен да се реши ситуацијата тој да те бара. Размисли убаво, стави на кантар позитивно, негативно, и одлучи сама дали вреди да пробате пак и дали ќе се смени некогаш. Ако те побара кажи му се што мислиш, се што ти смета, смирено, без викање и ќе видиш како ќе се однесува понатаму.
     
    На zalosna и Nausicaa им се допаѓа ова.
  20. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Кристина сум му кажала и секогаш е исто. Он ми вика јас го разделувам од родителите. Напротив ич не ми треба мир. Имам премногу обврски кои ради ова ќе бидат одложени на некое време,ама ќе ги завршам со тек на време. Немам сили нит емоции љубовта да ја делам со недозреан мамин син. И на неговите убави им е речено,а и со многу лошо им е речено дека ми пречи нивното мешање,ама они велат од љубов тоа да не им се мачат децата(facepalm).