Дали да се разведам?

Дискусија во 'Брак' започната од Temjanuska1234, 2 мај 2013.

  1. nasmevnise

    nasmevnise Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Здраво Феминки мои драги ...ве читам одамна и секогаш сум во сенка.Гледам сеир и не можам да почнам...хахах а и од каде да почнам,ќе ме направите луда :fubar: .Кога ги чтам вашите приказни некако не мислам толку на мојата ситуација дома.Како и некои други се омажив на 18 години поради несакана бременост и еве сум каде што сум.Имам 2 ќеркички прекрасни една од 15 години и една од 10 и во безнадежна ситуација .Ха не е безнадежна се пласам да го направам чекорт за кој сум свесна дека е неизбежен веке со години.Имам сопруг ,всушност го немам, одамна сме ние свесни дека работава пукна.Се обидевме да ја средиме работата но ништо од тоа .Неговите обиди не се искрени туку одат во правец да ме искористи во секој смисол.Не е битно ке ви кажам во кратки црти.
    -Најпрвин уште од стратот му пречеа моите ,мајка ми ,татко ми ,брат ми ,значи посесивнос до бесвест.Пречеа затоа што тие сватија уште на почетокот со каков човек имам работа.Ок јас наведнав глава,смотана уште бев премлада ,наивна,правев се само да не се расправам.Но тој не заслужувасе ни 10 -тина од сето тоа.
    -Беше склон кон кладилниците,секој денар одеше таму...и од ден на ден дома не оставаше ни денар за домашни трошоци ,освен два три пати гошно кога ке дојдеа да ни ја исклучат струјата поради неплаканје.
    -Инаку женкар по вокација..секоја сукња му е интересна од 15 години до 50 инаку тој има 40.До сега немав докази ,иако интуицијата ми велесе поинаку усте пред 10 години,веројатно потсвесно се надевав дека поради децата ке се промени и ке биде барем добар татко.НЕ никогаш не му е грижа дали јаделе, дали се здрави,дали им треба облека...па сега доаѓа во ситуација да зема на заем од постарат ќерка,од оние кои и ги давам за џепарац јас и моите.
    -Свесна сум дека ми набива рогови во секоја ситуација.Да напомнам дека имаше и семејно насилство,кога јас ке го притиснев за што и да е тој избувнуваше и неколку пати се случи и тоа.Да пријавив во социјални грижи за насилството ,еднаш заминав од дома пред се затоа што се испласив дека пак ке се повтори,а тој ми се заканувашсе на телефон цел ден ,на работа,дури и на газдата му се плачеше додека слушаше .И Леси пак се врати дома.Се закануваше со децата а тие се убија од плачење.Никогаш не би ги оставила , за ништо на светот.
    -Е сега пак е истото секој на своја страна,јас глумам семејство а тој глуми ерген по Скопје.знам дека разводт ке ми ги растревожи децата.свекрва ми знае да прави сцени како глумица ,одма ке почне да умира тој ке скока колу неа како петел и ке се заканува дека ке ме згази на улица со кола дека ке ме пуак.Ма у пм се нека оди,знам што да направам,и знам дека никој нема да ме осуди за тоа само тешкое тоа со лудак да се излезе на крај верувајте.Поздрав ке ми биде мило некој да ми пише нешто барем да видам нечие мислење или совет.
     
  2. nasmevnise

    nasmevnise Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Инаку работам ,со договор на дело во државна институција ,а за викендите чистам куќи,па и попладне ако ми јават ,не ми е тешко ништо само да им овозможам на децата нормален живот.Картоните си ги плакам сама по 1100 ден затоа по некој нов закон сега секој сто има прилив на сметка сам си плаќа.И за тоа Него не го интересира ,ама ич.
    -Уште нешто му ги фатив пораките на фб со некоја теткица,најверојатно утре ке се видат хахахх ,не е смешно но јас одамна го преболев,бљак жената е у годинки ,одвратно ми е.Сега сум сигурна од каде ми беа сите тие инфекции до сега.
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.346
    Допаѓања:
    18.376
    Пол:
    Женски
    Ах мила. Читам, се гневам и ми се плаче што вакви работи стануваат правило а не исклучок.
    За тоа што си требала или не, нема да ти зборувам, ниту јас на 18 години да стапев во брак најверојатно немаше помудро да изиграм.

    Ќе ти кажам што е лошо во целата ситуација. Тоа што сте чекале. Сега развод би бил уште потежок отколку ли да сте се одлучеле порано (велиш со години сте свесни дека е неизбежно). Затоа што, како за огромна беља имате две деца во пубертет. Ама пак со одолговлекување уште потешко би било за нив да прифатат, па подобро сега отколку ли подоцна.

    Мислам дека немаш премногу причини за страв. Еднаш си се вратила дома, значи имаш поддршка од родителите, сега читам и вработена си во државна институција така што имаш и услови да се грижиш за децата и неговите закани се малтене смешни. А за заканите, можеш да снимаш телефонски разговор и да си дадеш изјава во полиција доколку ти се случи нешто тебе или на твоите деца, него да го сметаат како сомнителен со снимката од телефонскиот разговор. Не знам колку ќе заврши работа, но сепак е нешто, сепак е чекор. Па да видиме дали така лесно ќе дадат деца на некој кој е спремен „да ја упуца“ нивната мајка колку и да го рекол во афект. А куче што лае, не каса, па ќе видиме до кога ќе се сили ако покажеш малку став.

    А не е лошо да направиш и принт скрин на пораките негови со теткицата на fb. Ќе ти се најдат можеби.
    Сума сумарум, гледај периодов да документираш негови зборови и постапки колку што можеш. Нека неговите закани работат против него, а не против тебе. ;)

    Ти посакувам многу среќа.
     
    На friendy, KuklickaSk и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  4. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    292
    мила под хитно принт на пораките снимање на закани и правец полиција,можеш да прочиташ и мои постови во темата развод бидејки и јас минав нис тоа...сега фала богу тоа е само минато но знам колку е тешок периодот додека е разводот,бегај од тој крт....пријави го за семејно насилство и плус за неверство....секој ден колку повеке чекаш и се двумиш правиш децата да се несрекни и тажни....обрати се кај адвокат и одма тужба за развод,плус на полицијата кажи ја цела ситуација и барај заштита....
     
    На rici.aaaaa и tessie им се допаѓа ова.
  5. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.387
    nasmevnise јас ке ти го напишам ова.
    Ти цел живот си опкружена со смет кој ти попречувал да го почуствуваш убавиот воздух на животов,кој еднаш го живееме.Прочитав што си напишала значи ти се убаво си кажа и стравот кој го имаш тоа е нормално...кој би го немал?Мегутоа ти имаш 33 години имаш работа и мислам дека заслужуваш да си дадеш воздишка мир на душата,сакам да речам тој никаквец исфрило од твојот живот.Децата знаат кој е виновник никој нема да те гледа поинаку,но ке те гледаат поинаку ако продолжиш да се уништуваш...
    Можеби се тешки овие зборови за тебе,а мислиш лесни јас да ги напишам или некој друг да ги каже разведисе....Но подобро е да си без него отколку со него...Тоа е смет,безвредно нешто....недвоуми се земи си го животот во твои раце си имаш работа и децата ке се со тебе може ке биде тешко,сега секој почеток е тежок,но мирно и лесно ке спиеш....и секој залак што ке го каснеш ке биде убав без солзи во очи....
    Биди храбра,храбра nasmevnise
    Знаеш ако сакаш твојте деца да се срекни, прво ти треба да бидеш срекна,ако твојте деца не сакаш да имаат трауми прво ти треба да ги отфрлиш тие трауми бидејки живеење со таков човек е тешко и страшно...
    Немој да се плашиш ....
    Знаеш како велат ако има карпа пред тебе јасно е дека неможеш со глава да ја срушиш,ке се повредиш,но затоа ке ја заобиколиш и никогаш нема да се вртиш назад....
    Ти посакувам срека и се надевам nasmevnise дека следниот пат ке има насмевка на твојот лик и во твојата душа биди ми срекна
     
  6. nasmevnise

    nasmevnise Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Благодарам многу за утехата и разбирањето ...полицијата е запознаена со него ,веќе неколку пати дојдоа кога ме нападна и последниот пат ,полицаецот ,негов некогашен другар му се закани дека тој ке се пресмета со него доколку пак се јавам.Сега тој го пресметува секој негов чекор,децат му се бариера,ги користи затоа што знае дека покрај нив добива оброк и се што у е потребно дома.Инаку самодовербата последниве година дена ми е на видоко ниво.Сега само собирам докази .Пораките ги копирав во мој меил и ке почекам уште малку па ке го направам чекорот.Премногу е премачкан со сите бои ,но постепено сите маски му паднаа.А стравот уште малку и ке го совладам целосно,верувајте и најхрабриот човек се плаши за себе,а пред се доколку мене несто ми се случи ,проблем е кој ке се грижи за децата.Знаете јас сум им единствен заштитник и хранител.Уф не сакам ни да мислам.
     
  7. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    2.141
    Kako vikaat: podobro uzasen kraj ,otkolku uzas bez kraj ;) ...moj sovet ti e- izbori se za svojata sloboda .
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.351
    насмевнисе твоите деца не се мали и сигурно го гледаат ужасот секој ден. имаш ли разговарано со нив на таа тема да седнете и да позборувате еве деца вака и вака е ситуацијата што мислите да си одиме развод ова она? така децата ќе ти помогнат ќе ти дадат сила и сигурно нема да се чуствуваат предадени ако ти само еден ден им речес пакувајте се одиме. сепак тоа е шок за децата сепак тој им е татко. мислам дека со нивна помош многу подобро ќе успееш.

    и немој да се плашиш тој нема ништо да ти стори. покажи малку заби, кажи му дека ако уште еднаш ти се закани ќе се јавиш кај пријател ти, ке побараш забрана за пристап нема да ги види децата и сл. нека почуствува на своја кожа како е.

    за свекрвати ич уво да не те боли не е таа таа што трпи а ако ги сака внуците ќе ти помогне.

    и уште нешто. кога ќе решиш да си одиш обавезно имај некој со тебе, родители, брат, сестра, полиција без разлика. не се оставај сама.


    поздрав и со среќа, се надевам ќе си ја пронајдеш среќата и мирот.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.387
    Ете баш тоа и ти го напишав дека е нормално да се плашиш и дека е сосем нормално и човечки да се плаши.Но за да успееш да бидеш добра и да бидеш силна за себе и твојте деца мора да направиш чекор,а се додека чекаш само ке се уништиш себе и дури тогаш ке треба да кажеш сега има проблем кој ке се грижи за децата?.Пак ке речам прво себе треба да се заштитиш од сите тие нервози ,за да имаш сила да си ги штитиш децата,да можеш да работиш и да се храниш ти и твојте деца....Со срека nasmevnise :*
     
  10. nasmevnise

    nasmevnise Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    7
    Токму така,15 години толку пати ме повреди што чуствата ми отапеа,веќе не му остана ништо со што би можел да ме изненади.Сеедно ми е веќе се.А децата ,веројатно по моја вина ,се навикнаа на ваков начин на живот-мама мора се да поднесе,мора да молчи,само да нема дома расправии,мора да донесе дома се,да ни купи се што ни треба,од комјутери до мобилни ,до гардероба.Се навикнав на еден начин на живот ,кој не е својствен за мене ,да бидам жртва.морам само да соберам храброст и да се решам,се зависи од мене во моментот.Многу сум лута на се , затоа што создавав дом од нула градев нешто и сега еден морон не свесен ке сруши се за момент,а јас ке морам да почнам одново.
     
  11. invisible13

    invisible13 Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    zenska od iskustvo mazite ne se manuvaat bez navreda za sprotivniot pol ..se mozis da napravis a da go smenis toa nikako nema da ti uspee .. bidejki si probala na razlicen nacin i so razgovor i so se drugo krajno vreme e poseriozno da razmislis za razvod :worried: koga veke toa e edinstveniot nacin ..isto taka imas i dete sto sigurno mu mislis dobro i jas da sum na tvoe mesto vednas bi se razvedila .. ako denes se odnesuva taka sto ke bidi utre koga i deteto ke vi porasni i potrebite ke bidat pogolemi ..podobro da si go izrasnis vo zdrava sredina otkolku da gleda kavgi i da zema primer od negoviot tatko
     
  12. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    202
    Драга Насмевнисе,најдоброто за тебе и за двојте деца е Развод,ова не е развод од инаетење,развод од размазеност,ова би бил Развод со голема причина за Развод.Вие немате љубов,немате разбирање,немате почитување,вие немате Ништо повеке ,за да останете во брак со човекот кој веке е повеке и од странец.Страдате Вие ,страдаат и вашите деца.Иако велите дека тоа ке ги скрши,дали мислите дека сега им е убаво,тие потсвесно секогаш во секој момент,во секој поглед на некое семејство посакуваат да имаат и тие нормално функциониранје на нивните родители,тоа им е секогаш во нивните глави,Зошто да живеат во лажна надеш дека тоа ке се случи? Ти си млада,зошто да го поминеш остатокот од животот во заблуда,радувај им се на дечинјата,радувај се на секој нов ден ,но во нормална средина,за се има решение,само треба РЕШИТЕЛНОСТ,,,биди ми многу поздравена,,,
     
  13. trudnicka

    trudnicka Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    33
    И само што помислив дека мм се откажал од „МАМИНА МАЗА„ пак настанаа проблеми.Еве од синока не збор со мене . Ја навредив госпоѓицата затоа. Вчера вракајки се од град мм ми вели утре фамилиарно ке одиме кај кумовците му велам одете јас не доаѓам. Прашува зошто му велам „МИЛО ЗА ДРАГО ЛУБАВИ„ .
    Свадбата ни е правена пред 3 месеци но обичаите уште не се завршиле. Кај нас има обичај утредента после свадбата семејството на невестата да оди кај сегашното семејство на керка им и да понесе блага ракија , домашна алва и кокошка. Но свекрва ми тогаш не дозволи да дојдат кај нив немало таков обичај не во местото каде што живеат туку во куката нивна. Јас се налутив но не реков ништо. Исто има адет „ПОВРНИЧ НА НЕВЕСТАТА„ кој с еправи со одење на вечера кај родителите на невестата и кај кумовците. Но мајка ми бидејки беа мн налутени и понижени од свекрва ми не сакаа да го правиме обичајот и јас се согласив. Замислете после 3 месеци на свекрва ми и текнало да правиме поврнич кај кумовците јас само реков „Кај вас немаше адет за моите кога требаше да доагат кај мене нема адет поврнич да се направи„ и тогаш мм ми рече „АКО НЕ ДОЈДЕШ КАЈ КУМАТА УТРЕ И ЈАС КАЈ ТВОИТЕ НЕ ДОАГАМ ВЕКЕ НИКОГАШ ЗАМЕНЕ НЕМА ДА ПОСТОЈАТ„ . Се навредив со уцената ама сепак не попуштив велам „Како си решил така , затебе моите непостојат за мене твоите нема да постојат и завршено„ . Мм кога виде дека не попуштам ми вели доста веке брат ти ме навреди прв . Велам ма немој уште кога сум дојдена во куката мајка ти ме колне ме понижува па дури и ме обвини дека сум си го убила нероденото дете ,вели не е точно нема такво нешто , велам како не кога цело место знае за тоа сите велат како си го убила? Тогаш мм се смршти и уште не ми збори. Незнам дали постапив првилно со тоа што возвракам вака за понижувањата ама сепак ми е криво што свекрва ми не ги сака моите а се немат скарано , па како јас почит да правам. Мило за драго вракам само незнам дали су на вистински пат
     
  14. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1.954
    Допаѓања:
    30.711
    Пол:
    Женски
    Добро бе Трудничка ке пројде ли ден без ти да имаш фрка некоја со свеки со маж ти а како тргнало и со домашното милениче ако го имате... Мислам стварно се сфакам ,ете и ние сме можеби грешка што во Снаи и Свекрви дрско ти пристапивме ,можеби не го разглобивме твојот проблем како што треба,ама како читам ти бре дете сама си ја бараш бељата. Сама.

    100 пати ти рекоа покути,понекогаш спушти глава,сложи се и да не ти одговата ти не па не упорно ке исправаш криви дрини. Ко да сакаш да се расправаш и да праиш од ништо нешто. Што те кошта да идеш кај тие кумови. ЗОшто сама си го нарушуваш мирот во кука не ми е јасно. Зарем инаетот што го праиш е побитен од тоа да имаш слога. Што ке добиеш со тоа што се расправаш.Свекрвати пак ке биде проста жена, маж ти пак ке биде таков каков што е.

    Ја да сум на твое место у име мир у кучи ако треба и на месечината ке се качам,само да не се расправам со домашните и да не трпам тензии. Ама ете тоа сум јас ...
     
    На Agrona, vinozito1 и tessie им се допаѓа ова.
  15. trudnicka

    trudnicka Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    33
    види вака ако мислиш дека ем лесно дојди пробај 1 ден биди на мое место па после ке збориме. Таму ти сметав што пишував дај остави ме овде да си кажам што мака имам. А овде проблемот ми е друг не свекрва ми ако добро знаеШ да прочиташ. И можеби сум грешка што така постапив и не одам кај кумовците ама и мене ме боли кога некој ги понижува моите кај беше 3 месеци да и текни на поврниЧ после 3 месеци се сети дека треба да се оди некаде. А зошто за да го придобие пак син и бидејки не ја подржува.Ајде доста овде друго раскажувам немој да ми мешаш една со друга тема
     
  16. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.796
    А кумовите зошто ги казнуваш? :^) Или и тие одат во пакет со сите другиве? Па ако не за себе, ако не за свекрвата, па дури ни за мажот, заради кумовите би отишла... Срамота е што за ова вашево дивеење ќе знаат сите, еве и кумовите. Мислиш ќе те жалат? Па и да те жали некој, што имаш ти од тоа? А од друга страна, ако треба да им откажат на кумовите посета заради тебе, тоа е лошо за тебе, не за некој друг. Ќе успееш да си ги навредиш кумовите... како ти тргнало, машала, нема никој да ти остане за нормална комуникација. Не си прави сама циркус од животот...
    А затоа што темава е Дали да се раведам?, јас би ти рекла- Да. Тебе тие не ти чинат, ти не им чиниш нив, никој со никого не е среќен...
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.150
    Допаѓања:
    20.744
    Пол:
    Женски
    Трудничка темава е Дали да се разведам. Значи ако имаш дилема дали да се разведеш или не пиши тука па да те советуваме. Ако не тогаш не гњави бре во оваа тема јас му реков вака, тој ми рече така. Или си начека овде не си блокирана.
    Само едно нешто ќе те советувам. Не си прави проблеми од глупости.
     
  18. trudnicka

    trudnicka Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    33
    Кога вие го немате овој проблем зошто пак вие овде се упатувате со коментари држете се до темите кај што ви е местото
     
  19. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Трудничка, цела фемина го знае твојот проблем и ако пишуваш секој ден што се случило на разни теми во категорија Брак (не дај боже по други категории да почнеш :worried: ) не оставаш место за другите. Прочитај го насловот на темава па потоа оставај мислење и барај совет. Ти не бараш совет за дали да се разведеш. Ти сакаш да знаеш дали правилно си постапила затоа што со рекла дека не одиш кај кумовите или било како.

    За секојдневните проблеми имаш другарки (се надевам).
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. rak11

    rak11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    76
    ocugledno ti fali vnimanie cel forum sakas okolu tebe da se vrti,imas fmilija daj ispukaj se na niv kazi si gi makite vise mozat da ti pomognat nego feminkite
     
    На Inna5 и tessie им се допаѓа ова.