Прочитај го ова како друга да го напишала а не ти. Тоа што ќе ја посоветуваш е тоа да направиш за себе си.
Во право сте потполно Тоа што некој је го советуваш и себеси си даваш одговор Ти благодарам ❤ Секогаш велев , ке се подобри состојбата ... Дадов и време и енергија !Меѓутоа ми остана една лажна надеш на која и дојде крај !Ти благодарам за мислењето Со сила убавина не бидува
со свекрва не контактираш ,со маж не спииш заедно со тоа немаш ни со него којзнае каков контакт шо живот имаш ти уствари таму? те влече нешто таму сеуште? за што си таму за кој? одговори си ги прашањава и ке ти се разјасани се
Ништо ,ама баш ништо не ме влечи таму веке , желудник ми се превртува ко ке треба дома да влезам Затоа јас веке донесов одлука , разделба со сигурност ☺Но ете сакав ваше мислење на кое сум ви многи благодарна
немој да се замараш шо ке рече народот еве ја оваа се врати знаеш секое чудо за три дена кучињата лаат караванот си врви за еден месец и ек те заборават хахаха затоа собери си парталите и замини си ни ни а ни б директ на судот ке се видите нематезаеднички имот немате деца за два месеци ек бидеш слободна ајде па пиши ни како ек биде понатаки
И да знаеш , очекувај одговор за максимум недела дена Поздрав и уште еднаш ти се заблагодарувам за одвоеното време ❤Поздрав и се читаме за брзо
На сите ви се заблагодарувам што одвоивте време и дадовте свое мислење !!!Верувајте , ми значеше многу ❤❤❤
Потполно иста ситуација имавме со сестрами. Немој да бидеш жртва. Може брзо да те снема. ВЕДНАШ НАПУШТАЈ ГО!!! Сестра ми го напушти и се препороди, да знаеш.
Здраво на сите. Еве ме и мене со мојата приказна и мене ми треба мислење,совет. Во брак сме веќе 2 и пол години и имаме ќеркичка од 14 месеци. Иначе не живееме во Македонија. Неговиот брат живееше со нас. Јас откако останав бремена напуштив од на работа и требаше да се селиме и му кажав дека сакам да живееме сами. Реално сите имаме услови и мажот ми прави добри пари и брат му зема добра плата. Меѓутоа брат му е алкохоличар а мојот маж си идеше само викенд дома. Цело време јас бев сама со брат му тој нон стоп пиеше, повраќаше низ станот јас бремена чисти. Мажот ми нон стоп ме убедуваше сега после ќе се исели сега после. И почна многу да ни љубомори во се да ни се меша, да ни влегува в соба во 7 ч. На сабајле, почна да се буни дека гласно сме имале секс и мажот ми почна да се оддалечува од мене да ме одбегнува да станува ладен. И така ни почнаа и кавгите јас кога се породив брат му секоја вечер идеше пијан дома не сакаше ни бебето да го види, му сметаше плачењето не можел да спие почна и мене да ме вреѓа и тогаш пукна се. Тој ме вреѓа мажот ми ќути и страшно се испокаравме и брат му си замина, се исели. Од тогаш мажот ми е опседнат со брат му. Ми кажува дека ако треба да бира меѓу мене и брат му би го одбрал него, дека ќе се остави со мене само заради брат му, ние мора за празник да сме со него, стално ме вреѓа, ме има удрено неколку пати. Иначе мажот ми има сопствена фирма и брат му води. Се се става на негово име, се што купува препишува на негово име на мене нема ништо. Нон стоп ме лажи за се што е во врска со брат му и во денот се слушаат по 50 пати на телефон а со мене едвај и 3 пати и никогаш нема што да зборни со мене а пак ќе напоменам само викенд си е дома. И на крај кога и да си дојди мора да го викни брат му кај нас иако знај дека не сакам воопшто и дека ми смета . А за брат му јас имам и на слика докази дека брат му му кради пари од фирмата и тој знае за тоа и ќути како да му е страв да му речи било што. Иначе летово јас додека си бев Македонија брат му беше цело време кај нас трошеше наши пари, спиеја во заеднички кревет т.с на спалната наша, буквално се користи се му е дозволено и кога и да му се јавев на мажот ми секогаш одеше во друга соба да зборува Оти не смеј пред него да биди нежен со мене зошто го вика папучар а и во глобала кога и да се заедно или не ми крева на телефон или ладно зборува. Ве молам за мислење веќе одамна размислувам за самостоен живот
Со оглед на тоа што си го проживеала разводот е излез од ситуацијата. Бракот е заедница од двајца партнери. Во твојот случај е вклучена и трета личност, па и алохоличар која има целосна контрола на вашиот целокупен живот заради лабилниот однос на твојот сопруг. Зборовите и постапките негови упатуваат на незаинтересираност за решавање на брачните проблеми. Брат му не му е само брат, туку и бизнис-партнер. Сопругот не сакал, не знаел или не успеал да постави граница меѓу бизнис- интересите и брачниот живот. Повеќе ме упатува на фактот дека бракот со тебе не го доживува како институција која се гради врз почитување, разбирање и толеранција. Не знам како и досега си издржала во средина каде што некој бил "сведок" на вашите интимни случувања, па згора на тоа си претрпела и физички напад од сопругот. Нивната блискост се сведува на дрско и безобразно непочитување кон тебе. Соочена си со игнорирање од сопругот и поднесување на нездравите постапки на брат му. За хармоничен и смирен живот за тебе и за твоето дете најдобро е што побрзо да донесеш одлука и да си заминеш од таму. Секој има право да биде среќен. Далеку си од сенката на среќата во средина со двајца дегенереци чии постапки не се надминуваат, туку го продлабочуваат јазот. Тие нема да го прекинат заедничкиот живот, а ти си сама и без поддршка во обидот за решавање на ситуацијата. Не можеш да ги отстраниш проблемите кога другиот не се соочува со нив. Кога ќе бидеш сама не само што ќе постоиш,, туку и ќе имаш смисла за живот.
Да, знаеш мене ме плаши блискоста нивна која во многу наврати преминува во болен однос и до сега 90% од кавгите биле само заради брат му и тој незнам дали е свесен за тоа зошто секогаш упорно истото го прави а јас секогаш се прашувам дали сум во право што ми смета брат му до толку ? Јас брат му не го гледам како бизнис партнер го гледам некој кој што само користи од таму а нема ни денар вложено. Иначе јас лично од мажот ми бев отпуштена од работа само заради тоа што брат му требало да ги зема тие пари што ги земам јас а требаше да продолжам да работам од дома после пораѓајот. Се трудам индиректно да постапам брат ти или јас и детето ама само се лажам самата себе. Фала на одговорот
Ако си одлучна да го средиш твојот живот во кој нема простор за сопругот, не размислувај каков е нивниот однос, иако не делува здраво. Свесна си дека не можеш да ја промениш таа глетка.Тоа што те отпуштил од работа поради брат му е причина повеќе за да ја согледаш нечовечноста во него и да заминеш.
ионака ти цело време си сама и сама опстојуваш суштински веќе си се осамостоила. Со два дена во неделата што ќе дојде дома и нема да ти посвети внимание не гледам јас живот
Се разделивме Сметам дека тоа беше исправна одлука Ве поздравувам сите , и благодарам што поделивте и одвоивте време за мене кога ми беше потребно Ви испракам безброј бакнежи И да еден е животот , треба да се живее !!!
Девојки здраво , како сте ми ? Еве ме мене повторно со едно прашање : јас си заминав од кај сопругот кај моите , без драми и театри.Смирено се спакував и заминав , и он беше присутен кога се пакував но збор не кажа !Еве помина месец и кусур , нит трага нит глас од него !!!Па се прашувам со кој тоа јас сум живеела Мислење ваше , благодарам однапред
Сама си даде одговор, тоа што си заминала ти било вистинското решение. Ќе започнеш ново поглавје во животот, убави работи за тебе допрва следуваат.
Мислам дека кристално јасно ти е со кој си живеела толку време и на која стока гаките си му ги перела Ама си се спасила од него не се врти назад гледај само напред Допрва ти предстојат убави моменти
Читам и се чудам.Така ми налета темава и си реков дај да ја прелистам да видам, да прочитам. Него го осудувам !!!!! Но, жено ! дали си ти свесна што те чека тебе и твоето дете? како досега не си го увидела тоа однесување кај него? после месец дена се покажува тоа егоистичко,нарцисоидно и социопатско однесвање! И не викај не, не видов,Си видела и те како ама ти сакаш да му се вратиш веројатно убаво ти е да те тепа и веројатно сакаш утре и пред детето да те тепа и негода го тепапа да завршив лошо.Тој е опасен за тебе и за сите околу тебе.Се се почнува од закана,навреда и тепање подоцна стасува и до полошо кога насилникот ќе си ја види територијата ќе види дека си под негово влијание, ти и веќе си кога веќе бараш одговор од нас а потсвесно знаеш дека истата секунда коа те удрил си требала да си одиш дома и да го пријавиш и да има забрана за пристап и само така да се ослободиш од него ама ти изгледа сакаш да трпиш некоја си таква мазохистичка тортура, потсвесно мислам дека тигосакаш тоа, сакаш да бидиш под негово влијание и контрола, а кај ти е почитта? немаш веројатно,чим прашуваш дали да останиш со таков монструм.ТОЈ Е ЗАКАНА ЗА ЗА ТЕБЕ БЕ ! ОПАСЕН МОНСТРУМ КОЈ МОЖЕ ДА ТЕ УБИЕ И ТЕБЕ И ДЕТЕТО, ГЛЕДАЈ РЕАЛНО НА РАБОТОТИТЕ!СЕ ЗАКАНУВА ЌЕ ТЕ УБИЕ ! АЛО ??? ОДИ ПРИЈАВИ ГО ТОА КОПИЛЕ НЕКА ЦРКНИ! Сакам да знам што си направила, пиши ако некогаш го видиш ова.Затоа што гледав и живот прича и таа приказната ме трогна ама жената пријавувала, пријавувала тука веќе надлежните се криви и не презеле ништо. Само едно не ми е јасно, како ли правите деца со такви луѓе? како се осудувате на таков чекор ? мислите ли со таа глава? Се надевам сега имаш убав живот и среќен со детенцето без тој гад.Позз и пиши ако видиш некогаш.