1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се разведам?

Дискусија во 'Брак' започната од Temjanuska1234, 2 мај 2013.

  1. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Осеќам дека ќе падне еден БАН наскоро
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. marinka11

    marinka11 Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    33
    Не оди со главата дирекно во зид
    Значи никој не ти вика да не пишуваш за твојот проблем него само ти напоменувам дека темата ти е згрешена
    Не се жежи толку многу веднаш и не напаѓај веднаш ова за твое добро ти го кажувам со најдобронамерен совет
    Конкретно за проблемот постави го во соодветна тема и ке добиеш совети таму
     
  3. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Jас немам следено што имаш и каде пишувано на која тема и тоа не ме интересира. :tmi:
    девојко ти во црква и матично рече да,прифати нова фамилија за твоја и што се чудиш сега и инает тераш?
    ги сакаш и поштуваш твоите од кадешто си излезена,за поздрав е тоа,но сфати од таму си замина кај друга фамилија што дај боже да ја прифатиш за своја побрзо за да не се експонираш како главна форумска личност.
    ако не ја прифаќаш со среќа во потагата по нова фамилија....
    не те критикувам,така мислам,а и да грешам и ти да грешиш нема ништо страшно во тоа
    еднаш згреши се простува,ама 2пат иста грешка значи ти си виновен/на +ништо не си научил/ла од направената грешка
     
  4. bibush

    bibush Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    28
    Мој совет е да се разведеш. Најдобро за тебе и за твоите деца. Имаш работа и плата, во добра позиција си. Сум била дете во брак во кој имало насилство, кавги, кризи и многу пати сум посакувала мајка ми да успееше да се разведе. Ќе беше многу подобро и за неа и за нас. Апел за сите жени кои трпат семејно насилство, да направат се што можат за нив и нивните деца, да избегаат од таквите мажи.
     
  5. trudnicka

    trudnicka Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    70
    Вака значи јас баш ја погодив темава директно не прашав дали да се разведам но со постот тоа го барам совет дали да се разведам . А пак вие зошто стално рециплирате на постовите мои зошто никаде не оставате да си напишам проблем? Како црна сенка сте се залепиле за моите постови. Зошто пак ако вие немате проблем рециплирате во други теми еве одете и вие постувајте во теми кај што ви е местото.
     
  6. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Девојко не се лажи,не бараше совет дали да се разведеш. Кажа дека не си отишла кај кумовите и не спомна разведување. И ќе те молам немој да се правиш жртвата. Најди си ја соодветната тема која бај д веј не е оваа. :shake:

    Што сега Виножитка те тргна од центар на внимание во темата "Свекрви и снаи" и сега бараш други теми во кои ќе пишуваш за секојдневните проблеми. Гледај колку жени има со поозбилен и соодветен проблем за оваа тема. No hard feelings.

    И ќе те замолам,без преовеличувања.
     
  7. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Абе оди разведи се од самата себе |(
    Велиш не си директно прашала дали да се разведеш, ама извини darling не си ни индиректно. Дали да одиш кај кумовите не спаѓа во таа категорија... :| Никој не сака да те навреди ниту пак да ти одмогне, ама со самите прашања и апсурдни текстови, правиш да е невозможно да ти се помогне.
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. trudnicka

    trudnicka Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    70
    Daj oladete i komentirajte si kade sto vi e mestoto vam.
     
  9. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.100
    Допаѓања:
    8.160
    Пол:
    Женски
    Ајде ќе ве молам немојте веќе да и рециплирате на трудничка, си има девојката сериозен проблем, имено свекрвата не сакала нејзините родители да дојдат на блага ракија и да донесат алва и кокошка и како противодговор на тоа родителите на трудничка не ги викнале сватовите на Поврнич (што и да е тоа).

    Три месеци по сите тие драматични случувања, на свекрвата и текнува да прави Поврнич, но кај кумовите, арно ама, трудничка, сеуште истрауматизирана поради неостварените планови за блага ракија, категорично го одбива сето тоа и бара совет од нас дали да се разведе.
    Јас лично мислам дека ти, не само што треба да се разведеш, туку треба да се јавиш во Центарот за справување со кризи, Центарот за известување и тревожење, на СОС телефон, во полиција, пожарна и брза помош и на сите нив да им раскажеш за твоите проблеми, кои се несомнено исклучително сериозни.
     
    На artemidis, Li0ness, Agrona и 4 други им се допаѓа ова.
  10. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Трудничке мила, драга и напатена!!!
    Те читав во темата за свекрви и снаи. Нели свекрвата беше лоша, зборувала дека си го убила нероденото дете, а ти си испила апче не знаејќи дека си бремена. Сега си втор пат бремена 7-ми месец, имаш патолошка бременост, а свекрва ти те тера да готвиш ручек. А во брак си 2 години. Те блокираа во темата и што да прочитам. Во оваа тема ти пишуваш дека свадбата ти била пред 3 месеци. Дај те молам барем убаво смислувај ги приказните, кои ги пишуваш од досада и остави простор за тие кои навистина имаат проблеми да пишат. Бараше некој да те жали-еве јас ти кажувам дека навистина те жалам. Не би сакала да сум во твоја кожа, и со твој памет!!!
     
    На SV1911, Li0ness, cecilia и 7 други им се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    јас сакам да ја прашам трудничка
    1. Дали навистина размислува за развод?
    2. Зошто и покрај сите проблеми не оди со мажот под кирија?
    3. Како иде бременоста?
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. trudnicka

    trudnicka Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    70
    зарем свадбата не се прави и подоцна хаха глупости па да ние се регистиравме во матично пред 2 години бидејки моравме имавме причини а за свадба се одлучивме кога останав 2 пат бремена , мислам свекрва ми посака иако јас не сакав искрено.
     
  13. thebestgirl

    thebestgirl Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    7
    Не сте први ниту ке бидете последни кој свадбата не ја прават веднаШ дури имаше случај после 4 год свадба правеја
    А инаку феминки па дај вие оставете ја девојкава некаде нека си пишува а кога вие ке видите нејзин пост игнорирајте го штом не и верувате. И ве молам имајте почит и култура какви се тие зборови со кој и се обракате не да ја бранам трудничка за која и да е исто ке ви напиШев ЗА СРЕМОТА е вашето рециплирање на трудничка.
    Стварно веке ја претеравте човек за јазик го тегнете да ви ја каже.
     
    На pikolino му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bibush

    bibush Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    28
    Јас мислам дека не треба да се напаѓаат членовите што овде пишуваат, дури и ако некој ја промашил темата, или може претерува со постови или незнам нешто слично што ги нарушува правилата на форумот, треба културно да се укаже, да се насочи на друга тема и слично, ама да се задржи некое ниво и да не се навредуваат членовите. Секако има помалку и повеќе сериозни проблеми,но може нешто за некого е мал проблем, но некој да го доживее како огромен проблем.
    Сакам да кажам администраторите културно да ја насочат колку , како и каде да пишува, ама не е во ред да се напаѓа.
     
  15. trudnicka

    trudnicka Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    70
    Размислувам многу често за тоа но нешто не ми дава да го сторам тоа РАЗВОД .
    Финансиите не дозволуваат живот под кирија.
    Бременоста според лекарите е ризична и не е лесна но сепак сум срекна што сум бремена. Драга бибусх кај и да пиШам е на погрешно место за феминките. Тие ме упатија на овие теми сега пак од овде велат НЕ Е НА СООДВЕТНА ТЕМА :lol:
     
  16. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Трудничка, еве затоа што тврдиш дека си на соодветна тема, јас пак ќе кажам: ТЕ МОЛАМ РАЗВЕДИ СЕ. Барем некого ќе усреќиш на сета мака... И искрено, ти верувам дека не е лесно да си ти, не ти е лесно, дефинитивно :x
     
  17. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Прости ми trudnicka но самата си правиш проблеми,знаеш да ја претераш некогаш и си им здосадила и затоа овака ти напишале....
    [​IMG]
    Промени се,
    извини се
    тоа не е ни срамно ни страшно.
    Имаше феминки кои ќе напишеа одговор ти со пцовки им одговараше и затоа е така ....јас сум на форумов веке една година незнам дека во овакви теми кои навистина служеле феминките да си ја кажат маката едноставно да си ја отворат душата и покрај маките никој не се служел со пцовки....Можеби и мене ке ми упатиш но јас ке се возджам и нема да ти возвратам културата не ми го дозволува тоа однесување!!!
    Запомни не сакам да те навредам само промени го однесувањето тука има г-ѓи кои имаат потреба да си напишат и да добијат совет....секако советот нема да го бараат од 18 годишни девојки кои се во врска,но ке го побараат од сите кои се во брак и ќе можат да си помогнат! се надевам дека не те навредив,не ми е тоа намера....но промени нешто кај тебе потоа кој сака ке ти пише одговор!!!! поздрав
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.100
    Допаѓања:
    8.160
    Пол:
    Женски
    The best girl i trudnicka се истата особа.
    Имаат ист стил на пишување и ги прават потполно истите правописни грешки, пишуваат к наместо ќ и ја пишуваат буквата Ш со голема буква.
    Трудничке, тебе ти треба помош од некој добар психолог, најсериозно.
     
    На Agrona и Daydream им се допаѓа ова.
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    ^ Се согласувам со Asparagus. И уште којзнае колку други членови се trudnicka. Може да се запримети.

    Него друго сакав да кажам. Зошто воопшто и' обрнувате внимание? Ете темата "Свекрвите и снаите" ја уништи, па ја заклучија, па не може таму да пишува итн. Зошто и со оваа тема да се случи истото. Мислам ок, на сите ни е јасно, ете се обидовме да и' помогнеме, резултат нема, очигледно е дека си има некаков проблем со себе, сите го сфативме тоа и крај, тоа е тоа. Како не ви здосади да и' реплицирате на секое и да и' објаснувате, а знаете дека сето тоа нема да има позитивен исход. И јас се обидов да и' помогнам, и' напишав неколку совети во темата Свекрвите и снаите, видов дека џабе си губам време и дека истото време можам да го потрошам на некој друг да му помогнам можеби, и се откажав. Толку, едноставно е. Откажете се и вие. Џабе е се. Само ќе ви ги крене нервите и ништо не се постигнува. Игнорирајте ја кога ќе напише нешто, исто како да не постои. За доброто на форумов и за доброто на сите, да се поштедиме од заклучување на теми и нервози. :) :)
     
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Мораш да дознаеш што е тоа што не ти дава да се разведеш, можеби е страв, можеби срам, можеби личен неупсех итн
    Ако финансиите не дозволуваат живот под кирија, ќе мораш да ја трпиш свекрвати и да не и враќаш на секој збор, зошто ти си дојдена кај нив а не тие кај тебе. Некогаш ке мораш да премолчиш и да си мислиш на хармонијата.
    Мило ми е што бременоста е ок и дај боже се да биде во најдобар ред

    Е сега, останатите феминки се обидоа да ти помогнат, те советуваат, те поучуваат, ама ти сепак си тераш по свое и секој ден се поголем и поголем проблем имаш. Од наша гледа точка - според тоа како нас ни враќаш на зборовите и советите, ние одма замислуваме што и правиш на свекрвата и на мт, па затоа не очекувај голема поддршка додека не го смениш пристапот и речникот.
    Навистина се обидоа феминкиве да ти помогнат, те сожалија и трошеа време размислувајќи како да те посоветуваат, но ти не бараш совет (иако на почеток кажа дека го “бараш“), а сега кажуваш дека сакаш само да се олесниш, па ако ти олесни се ама и други овде имаат маки и сакаат да се олеснат, нмо од тебе на ред неможат да стигнат. Аман мисли на бебето и не се замарај и себе а и нас со ситници што ги рекла свекрвати.
     
    На Agrona и rici.aaaaa им се допаѓа ова.