Ако ти е за детето, подобро е да расте само во здрава околина, без кавги, да не слуша навреди, омаловажувања и да не гледа насилство. Викаш нема љубов ни почит, а врвот е насилство, работиш, тогаш што чекаш? Промена е, тешко ќе биде, но на полошо не може. Детето ако расте во токсична околина, ќе има многу проблеми и трауми. А за тебе да не зборуваме. За жал многу жени запаѓаат и остануваат во ваква ситуација мислејќи дека тоа е подобро за детето, но реалноста е спротивна.
Јас ти пишав лп, за околу финансиската независност,никогаш не ми одговори. Небитно... Финансиска независност ќе најдеш ако бараш, тоа гарантирам. Детето сигурно помалку ќе биде збунето, ако го шеташ наваму натаму два-три пати годишно Ок, пандемија, финансиска зависност, остани таму и не се труди залудно. Не сакаш ти да се разведеш, сакаш да ја вратиш страста и илузијата дека сте еден за друг створени, ама такво магично стапче немаме, тоа е.
Мајка ми се развела од татко ми кога сум била уште бебе. Не бил никогаш насилен. Ниту неверен. Постоеле други х причини. Прабаба ми (која веќе одамна не е меѓу живите), уште во тоа време се развела од нејзиниот маж. Причина: неверство. Имала 2 деца. Никогаш не се премажила. Иако е одамна почината, многу добро ја памтам. Неа и нејзиниот дух. Карактерот. Поентата ми е: не се гази себе. Друг живот нема да имаш. Извлечи максимум од овој сега. Не барај оправданија за да си го продолжиш мизерното коегзистирање со маж ти, убедувајќи се дека е тоа помало зло. Или полесен пат. Уосталом, немој ни да преферираш “полесен” пат. Лош брак со погрешна личност е тежок. И почнувањето одново сама, е тешко. Ама добрата вест е што можеш сама да си го одбереш “твоето тешко”. Веќе премногу си дозволила со тоа што си продолжила понатаму со некој што бил и насилен со тебе. На страна ужасниот однос со тебе. Партнерот треба да ви го олеснува и разубавува животот. Не знам што не е јасно. Никој не те нападна. Ете, дискутиравме и заклучивме дека треба да се разведеш. Ти сама го постави овој проблем во оваа тема и доби одговори. Не си нападната, само не ти се свиѓаат одговорите.
Неубо е шо ја напаѓате. Статистички, жена која живее со насилен партнер, 7 пати заминува и се враќа (во просек), пред конечно да го остави насилникот. Жртвите на насилство немаат самодоверба... ниту верба во идината. Поарно да ќутите, отколку да осудувате.
Ај молимте. Детето гледа кај што се тепаат. Ја фрла пред паркет и и прави модрици пред детето и кога ќе и речеме замини вика не заминувам од што имам грижа на совест за детето. Возрасна личност си ако те тепа маж ти и одлучиш да не заминеш твоја работа. Ама детето кога ќе го користат ко изговор, не ми е гајле колку пати заминувале статистички.
Ок. Ќе ќутиме. Следен пат нека ја бутне по скали и пак поради детето нека седи со него. Да растело и со татко, пази молим те.
Се' што сакате да и' кажите, можете без напади и навреди. Како е поарно да се учи? Да ти се дери и да те вреѓа наставникот, или да ти објасни смирено ко чоек?
Вајлд, никој не ја напаѓа. Треба да и кажат искрено, да прифати совети. Ова е 9485 пат како бара совет и не прифаќа. Ја малтретира, ја тепа, ја навредува, а она се грижи за детето. И уште па и се нервира што маж и не сака секс со неа, па јас ќе се радувам што таков насилник нема да сака да има секс со мене таа овде се треска зошто маж и ја одбивал.
Во свет кај што 216 пати ти е кажано со убаво и на крај пак тие што ти кажуваат да отвориш очи ти се криви, а тој што ти прави модрици го чекаш за секс и притоа велиш дека тоа го правиш за да не страда детето без татко, а забораваш дека детето страда кога го гледа тато кај што и се заканува со боксови на мама.
Абе знајш како.... Или ќе кажиш уште 216 пати... ако сакаш да помогнеш. Или ќе си молчиш.... ако немаш нерви да објаснуваш.