Абе форумче душо читај што пишувам реков дека треба да има поголема причина за развод а тоа ти што го пишуваш не да е туку уште одма да се разведете јас сум против луѓето што се разведуваат без големи причини
Прељуба тебе не ти е голема причина? Порано не се разведувале многу, да, ама сега се повеќе и повеќе имаме самостојни жени кои не се плашат да прекинат нефункционален брак и да му слугуваат на мажот и баш им е гајле што ќе речат комшиите.
А бе трол е или некој затуцан фрик што не мрда од пред компјутер. Игнорирајте го, и онака бара само внимание. @Leo-nora што направи? Како сте?
Абе се знае. Не ме прави повеќе среќна, ме понижува, вреѓа. Седнуваш правиш муабет како со човек со смирена интонација на говор. Вториот пат си одиш.
Така е драга. Ете мојата свекрва , на изјавата моја ова веќе е „неиздржливо“ што го прави син ти, за воља на вистината и таа потврди дека типот ептен ги помина сите граници, значи секој ден кавги, навреди, напнато, ама онака баш си бара закачка човекот и оваа демек да точно, ама како сме трпеле години и години еве и јас и твојата мајка, да не се растури куќата, да не не покажуваат со прст. Имам почит кон неа, ама само ми излета и и вратив, реков Абе вие сте трпеле ама јас не сум ниту Стојна, нуту Васа, јас сум друго и нема да трпам долго. Само во конктекстот на муабетов, дека сме пусто турско уште, за жал. А мајка ми бетер е , таа ако нешто малце и се пожалам, (зашто ако многу почнам да и кажувам коса ќе и се крене на глава), ја уште не доакажа ме, стопира, ајде ради детето мора нешто и да голтнеш “нема месо без коски“, демек нема иделано...Е поради тоа, после кога ќе пукне, пука. Чувајте се!
Феминки, женички сум открила прекрасно советувалиште ќе ви пратам линк во пораката, значи не е у склоп на државно,социјалното де, (зашто таму седат само време да им пројде и те откачуваат за 5 минути, дават образец за развод и марш) поради природава на работата ги знам , овие се сосем друго. Значи имаат тим од социјални работници, психолози , правници, се, Невладина организација се у суштина ги плаќаат веројатно странци, а за клиентите е бесплатно се. Се јавив денес на телефон имав краток разговор со девојката што е социјален работник, ми закажа средба за 16.30 понеделеник, многу добар впечаток ми остави. Значи кратко и подобразложив, сослуша, насочи ми закажа термин и рече затоа што долго време живеам во стресна средина ќе ми овозможат и бесплатна психолошка помош. Еве ви линк кој /а има проблеми слободно нека ги контактира. https://zk.mk/prv-semeen-centar?choice=Xi
Кај мене е се уште исто сум каша-попара, подолго време трае, неиздржливо е, скекој ден кавги, напнато, ме навредува, ме понижува, ме прогласува дек а сум лоша мајка, ама за ич ништо, абе пекол живи маки. Не можам да потегнам да се разведам , моиве тоа никако не го прифаќаат, тешки тежини, поддршка од никаде...А овој мојов до некаде беше добар, ама последниве 2 години,особено последнава, абе скроз полуде, се му смета, на се наоѓа маани, абе катастрофа, баш овие последни два дена баш сум во солзи...многу ми е тешко и на душава и на срцево. Она вечер дур, тој јадеше во кујна, ние со детево бевме у соба, ама дете ко дете , сака трчка, да фаќа се, се пушти една здела стаклена турна од реглачето со некои ситнурии внатре , негови,безвезни, гумички, грицкалица, ништо битно...Кога дотрача од таму, жени, кога почна да вика (уште имам трауми), за ништо не те бива, едно дете не можеш да допазиш, сите коцки ми ги рушиш, сум ти кажал се мое да е на свое место( а неговите работи,иако некои глупоштии, начичкани се у собата и се чуваат како антиквитети, а врска немаат со вредност, дури и некои стрипови и ЦД-а чува од тинејџерските години, заглавен у време и простор, што да кажам малку е), мавни ми се од пред очи да не те гледам , марш да си одиш, абе нема што не ми кажа...Жени , вратив и јас, урлав и јас, ама што фајде ништо, само детенцето се расплака и преживеа стрес, среќа старава дојде го зеде кај неа у соба, да не слуша и греда...Синоќа бев на мисла дури да не идам да спијам дома, една колешка има празна гарсоњера ја издаваше сега ради коронава и е слободна, таму да одам да преспијам...Мачни, мачнини...Ама сепак се вратив ради детенцето...Не знам кој пат и јас да го фатам. А разговор не можеш да имаш нормален, со него, напаѓачки приоѓа и мене тоа ме вади од такт , после и јас напаѓам и станува каша -попара само што не сме се истепале...Ужас. Пишете ако имате слично искуство, дајте некое охрабрување....Првиот чекор кон ова е што одам на советување во понеделник, ама сама, зашто коњот е тотално интровертен, дури и самобендисан до тој степен што на него нема шанси некој да му соли мозок и да го молам нема шанси, нит со булдожер да го креваш , не можеш да го покренеш да оди на советување...
Господ нека ти е на помош. Со лесно,стисни заби, се е минливо, само мирот и здравјето немаат цена!Напред храбра девојко!
Не знам што сакаш да ти пишеме освен земај детето и оди кај другарка ти во гарсоњерата стабилизирај се некој ден па после ќе видиш. Стварно не знам што правиш таму кога ти рекол да си одиш?да те исфрли ли со сила чекаш? Ти кажал да си одиш веќе стварно не знам жени што очекувате. Ете не сака да е во брак ете може толку веќе не те сака си помислила дека може нема љубов веќе кон тебе? Извини може брутално ти звучам ама тоа е терај жено
Земи го детето и не останувај ни ден веќе со мажот. Баш поради детенцето направи го тоа. Нели ти е жал да присуствува на такви стресни ситуации, расправии, викања, дерење, урлање.. Работиш ли, имаш ли некоја пара на страна заштедено за да се оттргнеш?
Работам ко коњ како не, пари немам баш на страна , зашто сум глупа како ќурка, оти се оставав дома, ама пак не чинам. Ама за живеачка ќе има, имам плата, две раце, две нозе, паметна сум , вредна, не сум мрза...тоа е. Само немам поддршка од никој (напади од сите страни, дрва и камења се фрлаат по мене и од мојата и од неговата страна, кога ќе спомнам дека не трпам повеќе)...Јас од секогаш без противник на разводи, особено кога ќе дојдат децата, зашто сакав детето да ми расте со двајца родители, од тоа поубаво нема, дури ко комплекс ми е тоа.Ама судбина ли е, мој лош избор, не сум отварала очи изгледа, сум зажмурила на едното и тоа е ...Но, кај и да е ќе пукне, зашто многу време стискам заби, не можам ,се осеќам , се изморив веќе...
Добро е што си имаш свои пари и работа и не зависиш од никого. Луѓето ќе озборуваат за се. Ако не си се омажела, зошто не си се омажила? Ако не си родела дете, зошто не си родила? И така натаму.. Никој не ги преживува тие трауми освен ти и детето, ни комшии, ни родители, ни роднини... Секој од нас сака да имаат неговите родители добар брак. И се разбира секој кој се одлучува да стапи во брак сака да има добар и успешен брак. Кога не бива, не бива. Добро е што си свесна за тоа. Се сеќавам еднаш кога бев многу мала, 5-6 години, присуствував на голема хистерична кавга кај пријатели на моите. Јас до ден денес ја памтам целата кавга, се ежам какви тешки зборови и навреди паднаа. Верувај имам трауми од кавги од тогаш. А не беа мои родители, па сега замисли како му е на твоето дете додека го слуша татко му како урла цело време.
@Angel_G Нема абер за функционалноста ваша како брачна заедница, сосема ви се нарушени односите, се однесувате како непријатели. Не мора да те поддржуваат твоите, ете велиш можеш и сама да се избориш, земи го детето со себе и оди под кирија во гарсоњерата на пријателката. За негово добро разведете се, ако ви е барем малку жал и ако барем малку мислите на него. На што личи тоа расправање во негово присуство, што ќе научи од тој однос ваш меѓусебен, само го трауматизирате. Повторно може да расте со двајцата родители, ќе се гледа и со едниот и со другиот.
Morav... neznaete kolku vreme mudro molcev i se smeev pred site. Dobro glumev deka mi e dobro. Puknav preku nok,nemase mesto vo mene veke. Dusata partal mi e. Ne se plasam da sum sama. Nikako. Imam prekrasni semejstvo so site uslovi za ziveenje i Zadovoluvanje. Se plasam najmnogu za deteto dane mi go zeme. I okolinata so ke zbore..period ke e. Ke bole. ama moram vaka...
ајде секое чудо за 3 дена ке зворуваат абе петкана се оставила и ке зборуваат 3 дена и толку кучињата лаат караванот си врве
Па се знае има повеќе причини и ситуации на пример изневерување тепање и сите работи што не сакаш некој на тебе да ти ги прави затоа не треба да му ги правиш и ти на партнерот...кај сите парови има несогласувања ама може е период и ќе гледаш да го надминеш ама ако не се трпи последна опција е развод