Ти ја посакувам целата среќа на овој свет. Не ти ја знам целата приказна меѓутоа од овој пост сфатив дека ни малку не ти е лесно. Си претрпела голем стрес. Оди кај другарката во гарсоњерата и баш поради малото не смееш да го трпиш тоа. Размисли дали ќе му биде поубаво да расте со два родители заедно но секојдневни трауми да има поради вашите караници. И остави што зборуваат останатите и што те осудуваат, гледај тебе и малото да ви биде подобро. Сметам дека твојот сопруг нема да се промени а покрај таков човек нема да имаш убава иднина, и ти и детето. Несогласувања да, секаде ги има, во врска, во брак, сеедно. Ама моментот кога ќе крене рака на мене е крај. Не ме интересира дали е во состојба на афект, дали бил пијан и слично. Па утре пу пу извини не се важи. Толку е. Или пак да е само пијаница или коцкар нема да трпам. Барем јас си имам поставено граници што би толерирала а што не.
А ти женет си или си од оние луѓе што се најдобри сопружници кога не се во брак? Сите знаеме како треба, фала што ни кажа, сите знаеме дека разводот е тежок за децата, фала што ни кажа. Тоа што порано помалку се разведувале е затоа што трлеле све и свашта, затоа што немале друг избор, а денес имаме и не мораме да трпиме. Ти глеј прво помини низ брак, имај деца, па после ќе збориме
Миличка мојот статус нема врска ова се мои ставови и секогаш ќе бидат е токму тоа сакам да ти кажам порано демек трпеле и од што трпеле само Трпе и Трпана ги крстувале а сега демек модерно време во мода е развод како да ако се разведете мед и млеко ќе ти тече ...ги оправдувам тие што од мака се развеле а тие одвај што чекаат да се разведат и да се вратат на авантури тие никогаш не требало да се мажат или женат .
Не можеш да имаш став за работи за кои немаш искуство. Најдобри родители се тие што немаат деца, така и ти, ни брак ни деца ама најдобро знаеш дали требало или не требало да се разведуваат. Чекај, помини низ искуства, друго ќе збориш, а ова ти е млатење празна слама.
Povekjeto razvodi se od bes, primer preljuba?!?!?! Dali ova znachi ako zhena ti te izneveri, ke i prostish i ke prodolzhish isto da funkciomirash so nea kako i porano i nema da se razvedesh?
Зошто би правела муабет со некој кој не те прави среќна и не те исполнува повеќе?! Направениот муабет нема да те усреќи ако во себе не чувствуваш ништо. Не чекаш ни втор пат, си одиш веднаш.
Од една страна ќе биде тешко. Од друга па ќе имаш огромно олеснување. И верувај, за детето е секогаш најдобро да расте во здрава околина. Народ ко народ. Да им удоволиш не можеш би да си светица, тоа ич да не те тангира.
I mojata majka pred 38 ,39 God se razvela od prviot maz I sekogas vika deca ako ne vi cine vratata ví e otvorena ne ste dolzni nikoj da trpete
Едно дете, супер си е тоа...Само што иако убедена бев дека е иделен татко, и тука падна. Што ме немаше овие денови два, дур бев у транс, го напуштил детето скроз. Не му сменил пелена на време, целото црвено го најдов вчера во препоните и плус со осип околу половината. А не и сменил , зашто штедел на пелени, оти он е таков коњ да простите, што штеди на се, па ете и на своето дете. Абе тежок човек, што ви кажам. Колку јас сум широка, ко планина, колку јас сум толерантна, он толку е стегнат и со срце ко орев...Не знам у што гледав пред да се омажам, кај го земав кај се запустив...А инаку, рака на срце, он не ниту женскар ( тоа не доаѓа у предвид, зашто ќе мора некоја да ја части у кафичи, а то нема шанси), ниту коцкар, ниту пијаница, дури ни цигари не пуши-0 пороци...Ама не било се во тоа.Ќе го нјадам чарето некако , ќе морам. Фала ви на сите на поддршката!
Душо те поддржувам во се што правиш ама не му го оставај детето, и да е најдобар татко детето е многу мало за да се дели од мајката, мораш да си го земеш со себе, не се преселувај сама.
@Angel_G што и да правиш, секогаш гледај да бидеш со детето и околу него. Нека тоа биде подмирено со храна, чиста пелена, наиграно (колку можеш-толку) периодов. Децата се најважни и мора да ги заштитиме. Многу ми е жал за сцената што ја направил кога се истурило тоа кутивче со негови работи. Бесот кон тебе му влијае и на детето, и тоа ќе има трауми од ваквите сцени. Кога-тогаш и твоите родители ќе се помират со тоа дека не можеш да продолжиш со таков човек.Се случуваат грешки во животот, мора да се обидуваме да ги поправаме колку можеме. Добра работа е што си независна, вработена, па не мораш од финансиски причина да го трпиш. Затоа што такви случаеви ги има за жал премногу. Пак ќе кажам, многу ми е жал кога мали деца трпат трауми од несогласувањето на возрасните.
Ќе ја седнеш свекрва ти и ќе и кажеш се. Па она си го воспитала, не ти ќе го превоспитуваш. А и, за сопствено дете ќе штеди пелени, боже да било арно гаќи не ќе постоеле.
Секако свекрва и ќе и ги реши брачните проблеми, посебно од овој калибар како што она ги има. Стари вовлекување во брак - НИКАКО.
А што мешаш комшии сега?! Гледаш каква си кога некој има различно мислење од твоето. Членката кажа дека еднаш разговарала, не е лошо да се разговора. Ти ако нејќеш да се разговара во твој брак ќути си и трпи си. Просто ко грав.