Со спогодбен развод на брак во кој нема деца не се спроведува постапка за помирување на партнерите во Центарот за социјални работи. Таа постапка е дел од судското рочиште на денот кога е закажана бракоразводната парница (од лично искуство). Во спротивно, има надлежност и Центарот за социјални работи.
Тоа трае малтене десет минути ве прашуваат два пати дали има шанси да се смирите,доволно е едната страна да каже не и тука завршуваат со разговор.
Ви благодарам феминки, инаку немам намера да се појавам на рочиштето, ке го пратам мојот адвокат... што би рекла една пријателка, нека се разведуваат адвокатите хаха, нема потреба, се си е спогодбено и пријатно
Здраво и од мене. Во контесктот на постапката за развод. Консултирав адвокат , услугата за развод е енормна, (прво не ме венчал нели адвокатот и судот) за да морам да се разведувам преку суд, малце не логично нели...Прашав дали постои можност да се разведам вон судски, без адвокати, ми кажаа дека не пости. Инаку разводот е спогодбен, не сакаме ниту двајцата да одиме по судови, сакаме кратко и јасно без гњаважа да се заврши. Која е најкратката постака, ако може некој не ми пише лична порака...Или нека остави коментар, Во бракот има и дете, ама и тоа е договорено кај кој ќе замине детето. Не гледам потреба од парници, мислам гласно размислувам? Јас замислував дека тоа е документ кој го потпишуваме и двајцата и чао пријатно, пријавуваме дека бракот е разведен и готово...П.С Инаку адвокатот побара 400 евра. Споделете искуство, благодарам!
Ne postoi institucija pred koja ke vazi tvojot pedlog. Se znae kako odi postapkata i toa e zakon. Dokolku sakate vie bez advokat togas ke ste samo razdeleni bez zakonski razvod,samo razdelba megu vas. Za se drugo postoi zakon i pari za advokat.
Ова е дури и евтино. Тужбата е 9/10.000, секое рочиште, а во овој случај најмалку се 2, 20.000 денари, вкупно 500€ минимум. Не постои друга постапка за развод освен таа пред судот, ако не сакате така тогаш законски ќе сте сеуште во брак. Едит: сега гледам дека е спогодбен разводов, има можност да поминете и со едно рочиште. Дали имаш блиско лице, правник да ти го намали барем трошокот за тужбата? Па да платиш адвокат само за потпис и едно рочиште? Не знам некој дали ќе ти се согласи ама пробај види.
Имало нешто, се викало бесплатна правна помош. https://www.slobodenpecat.mk/malku-se-koristi-mozhnosta-za-besplatno-angazhirane-advokat/ Не разбирам баш ама проверете, можеби и развод може да се среди. https://pravnapomos.mk/
Ова право може да го користат сите граѓани кои имаат ниски приходи, може да се користи и за развод, постапката за добивање на бесплатна правна помош се остварува преку Министерството за правда, значи ако го одобрат барањето на подносителот, тогаш Министерството за правда ги сноси судските, адвокатските, и сите останати трошоци во постапката. Барателот кој побарал бесплатна правна помош и истата му е одобрена од Министерство за правда, не плаќа ништо ниту судски такси, ниту адвокатски трошоци, ниту вештачења доколку е потребно, итн.
Поздрав феминки и фемови! Нова сум тука. Без малку две год сум во брак. Се зедовме со многу љубов и потреба да живееме заедно после два месеци врска, поради визниот престој оти тој е странец и ако не го направевме тоа ќе требаше два пати годишно да се гледаме. Склучивме партнерство на нотар кое има ненормално многу предности и бенефити. Се склучува за 1 минута а ги има истите права како и општинскиот брак, а за 1 минута може и да се раскине доколку еден од партнерите одлучи дека сака да го прекине, без адвокати, без никакви трошоци. Одиш на нотар и го раскинуваш. Брак на иднината! Проблемот е што доживеав културолошки шок во земјата на мојот сопруг и промената ми се одрази со тешка анксиозност. Исто претходно немав искуства со живеење со партнер, ова ми беше прво. Еден ден отидов на одмор сама во земјата, таму го запознав и уште од истиот ден почнавме да живееме заедно. Бевме како хипнотизирани еден од друг. Меѓу нас немаме некој реален проблем, премногу го сакам, безрезервно се има жртвувано за мене, но, имам паника од земјата во која живееме. Ме фаќаат несоници, тешко ми оди јазикот, постојано сум изгубена. Карантините со короната уште повеќе ми ја влошија анксиозноста и од пред еден месец сум дома кај моите оти бев во многу лоша состојба. Дојдов сама. Сопругот веќе губи трпение, ми префрлува дека сум разгалено дете и дека се плашам да бидам одговорна. Не ми ја разбира анксиозноста. Мисли дека изводам и дека сум нездраво приврзана за родителите. Вчера дури во кавга ми рече биди си во брак со родителите и ако не дојдеш следниот месец ќе те разведам. Дали имате некое слично искуство? П. С Животот во странство и радикалните промени се многу тешки.
Сама не можеш да се справиш, те разбирам дека ти е тешко, ама ако сакаш љубовта да победи, тогаш мораш да побараш стручна помош од психолог/психијатар. И секогаш труди се да размислуваш од позитивната страна колку и да ти е тешко. Не дозволувај анксиозноста да те победи.
Кажи му отворено дека не можеш да живееш во неговата земја, пробајте да живеете во друга земја, не ти велам да го викнеш овде во мк, затоа што пак него ќе го фати депресија, искрено не секој може да се навикне да живее во странство особено ако се работи за земја од Блискиот Исток или некоја азиатска земја, па дури и за САД, далечината си го прави своето, најлесно е да се навикне човек во западно европските земји. Скандинатските земји се исто така тешки да се навикне човек.
Побарај стручна помош, прво тука, после и во земјата во која живеете. Не можеш сама да се справиш со анксиозноста, помош ти треба да ги надминеш стравовите што те обземаат. Ако успееш во тоа, нема да имаш проблем во адаптацијата понатаму.
Токму така, живеев на 200 км од Африка и сѐ е толку поинакво. Климата, природата. Ох боже, климата е убиствена. Претопло е! Градот бучен и збиен. Полн бетон. Мала верзија на Каиро. Станот во кој живееме не ти дава чувство на дом и спокој. Пребучно е. Само што се зедовме фати короната и немав шанса да се интегрирам во општеството. Да одам во школо за јазик, да запознаам свои пријатели. Ништо. Фатија карантини, всушност освен првите два месеци кога се запознавме, цела година и пол ни помина во карантин затворени во стан. А летото лани, таму доживеав тешка инфекција од бактерија и бев чекор пред сепса. Тоа беше клучниот момент кога почна да ми се развива фобијата од местото. Пред месец дена се случи ескалација, и морав да се вратам дома, оти не спиев две недели и доживеав деперсонализација. Константна анксиозност, панични напади, фобија од градот во кој живееме. Беше страшно. А најстрашното е што премногу ми фали и го сакам, а не сум спремна да се вратам. Секој ден развивам нови фобии. Дури страв ми е да патувам. На терапија сум моментално ама без некој ефект оти многу ми фали и преплашена сум за иднината. Друго, и дома во родниот град ми е чудно и туѓо веќе оти без малку 2 год бев отсутна. Многу тешко другари мои. Многу тескобна неизвесност. Тој не би се преселил во друга земја оти има многу добра работа таму и си го сака местото. И јас ќе го сакав можда, да не ми се случеше траумата. Многумина не ме разбираат оти мислат дека сум разгалена и премногу приврзана за родителите. Исто многу битно. Неговите не се блиски со мене оти сум Македонка а тие се Грци. Многу ладен однос имаме. А сѐ правев за да се зближиме. Лани кога лежев на болница не се јавија барем да прашаат како сум. Тотално сум сама. Колку и да го сакам сопругот, освен него, немам ништо друго таму што би ми дало чувство на сигурност.
Ќе ти кажам само едно, сфатиме ме како што ти мислиш дека е правилно, значи, секогаш ама буквално секогаш ЦЕНИ СИ ГО ЗДРАВЈЕТО И ЖИВОТОТ! Ако не можеш да живееш таму кажи му дека не можеш да живееш повеќе таму и тој ако навистина те сака ќе те разбере, не може работното место да го става во приоритет пред твоето здравје.
@Interrupted Girl Да претпоставиме дека случката е реална и не си губам време за џабе. Значиии, заминуваш на одмор, сретнуваш тип, решаваш за еден ден или неколку дена да се преселиш во туѓа држава што допирни точки нема со твојата, да почнеш да живееш со странец и као не ти е јасно од каде ти се проблемите? Анксиозност и депресија е најмалку што можело да ти се случи Во кој паралелен Дизни свет живеете, секоја чест. Остани си дома и помири се дека бајката не е реална. Ако сакаш да продолжиш тој нека дојде и нека се навикнува на Мк. Ете ти си пробала, не оди. Втората шанса нека биде таа. Ако не сака, а колку што читам веројатно нема да сака, тогаш крај. Нека го поништи договорот и нека ти ги скрати маките.
Често викаме не е битно каде си, туку со кого си, ако си со човек кој безусловно го сакаш има живот буквално секаде. Нека не ти биде грижа за неговото семејство што не те прифаќа, и во родното место да си мажена постои веројатност да не си прифатена. @Bridget не знам дали е реална случката на членката, ама едно знам дека не е невозможна, Белата масаи е пишувана по вистинска случка, дечко и девојка заминуваат на одмор во Африка девојката се заљубува и таму останува.
И на крај после еден куп срања се враќа дома. Зошто да не го прескокни делот со срањата и да не си остане дома?
Бриџит, секако дека е реална бајкава и беше тоа додека не се разболев од бактеријата лани. Тоа беше клучниот момент. До тогаш многу добро се носев со сѐ и бев пресреќна, оти бев со човекот со кој имам потреба да бидам и не им оддавав толку значење на надворешните фактори. Значи навистина го сакам! Кога решивме дека сакаме да живееме заедно, немав некој живот што ме исполнуваше во Македонија. Работев во болница на многу стресно одд, немав дечко што би ме исполнувал со години. Бев ужасно осамена, но функционирав. Затоа решив да одам на одмор сама и да размислувам што сакам од животот. Ми беше смачено од животот и во Македонија воопшто. Да, колку и да звучи како бајка, ми се случи љубов како никогаш претходно. Не можевме да се одделиме на еден ден. Буквално бевме заедно од денот кога се запознавме до пред месец дена, колку и да е блесаво. Се најдов себе преку него. Со него бев најдобрата верзија од себе. Тотално своја и опуштена. Со никого не сум чувствувала таков духовен комфорт. Не беше некоја луда сексуална страст па сега поминала. Духовна константна нирвана и нормално ги имаше сите други компоненти . Пред да се разболам од бактеријата многу добро се носев со сѐ. После фати ковидот, немав можност да се интегрирам, работам и слично. Мислам дека ако не фатеше ковидот немаше да паднам олку. Друго, запознав неколку жени таму кои ја имаат истата "дизни бајка" како мојата и им успееала. Дошле во многу подобро време, не фатиле година и пол карантин, и имале среќа да се социјализираат подобро него јас. Ве молам ако не можете да ме разберете не бидете саркастични оти стварно ми е тешко. Тој не би дошол овде оти овде ќе немаме за да купиме цигари. Иначе многу ја сака Македонија. Има прекрасен однос со моите. Научи подобро македонски од мене за да комуницира со моите. И многу се жртвувал за нас вооошто...
Си заминала на одмор во очајна ситуација со желба да промениш нешто и се појавил тип кој изгледал ко да е цела промена што ти треба. Страста, се извинувам, љубовта била во полн ек отприлика година дена, супер, одлично. Неколку месеци или година дена живеење во ново место со нов партнер, страст и возбуда... на секој му посакувам еднаш во животот Може не баш на таков импулсивен начин, ама ок да речеме. После тоа као карантинот е крив, па после бактеријата, ок, така нека биде. Сега не знаеш дали анксиозноста и одбивноста кон тој живот е моментално чувство кое треба да се излечи па пак ќе се врати се во нормала, или поранешното чувство на среќа се изгубило и тешко ќе се врати? Секој ќе ти каже различно. Мојата верзија е дека си имала добар провод и дека треба да заврши. Поточно завршил, ама не сакаш да признаеш. 200 км од Африка? Шпанија?